feature

Се повредија Рајс и Салиба, Артета со нови грижи

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, информираше за повредите на Вилијам Салиба и Деклан Рајс по победа против Кристал Палас во последното коло во Премиер лигата.

Салиба беше заменет од Кристијан Москера на полувремето, а Рајс мораше да ја напушти играта во последните 10 минути. Артета призна дека не е сосема сигурен за сериозноста на повредите.

„Вилијам Салиба почувствува болка. Деклан Рајс исто така. Салиба се опорави од нокаут што го претрпе. Со Деклан, навистина не знам што е точно, бидејќи беше болно, дали беше на листот или на Ахиловата тетива ќе видиме“, потврди Артета.


Гејб Винсент се повреди, нов проблем за Лејкерси

Уште еден кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс се повреди. Овој пат станува збор за бекот Гејб Винсент.

Винсент го извитка глуждот во третата четвртина од натпреварот против Сакраменто Кингс и куцајќи се упати кон соблекувалната. Рентгенските снимки покажаа дека нема фрактура.

За 18 минути на теренот, бекот постигна 3 поени.

Лејкерси, ќе бидат и без Лука Дончиќ најмалку една недела.


Сребро за Дејан Георгиевски на силниот турнир во Романија

Македонскиот олимписки вицешампион Дејан Георгиевски силниот турнир Г1 во Романија го заврши со освоено второ место. Тој на овој турнир успеа да стигне до потребни бодови кои у се потребни за норма за ЛОИ во Лос Анџелес 2028 година.

Во првото коло Георгиевски беше слободен, додека во четвртфиналето оствари победа над Унгарецот Марсел Хотак, а потоа во полуфиналето го совлада и Тудор Карагеа од Романија. Во финалето поуспешен од Георгиевски беше репрезентативецот на Турција, Хусеин Демирчиоглу.

Дејан Георгиевски на турнирот беше под водство на помошник селекторот Викторија Спасовска.


Европската атлетика ги избра најдобрите за 2025 година

Фемке Бол од Холандија и Арманд Дуплантис од Шведска се прогласени за најдобри атлетичари за 2025 година. Свеченоста се одржа во грузискиот град Батуми, a изборот беше организиран од страна Европската атлетска федерација.

Во е третпат Бол и Дуплантис да го добија ова признание. Претходно во три наврати беше прогласен за најдобар атлетичар на стариот континет Британецот Мохамед Фарах.

Дуплантис оваа година по третпат стана светски првак во скок со стап и по четиринаесетти пат постави светски рекорд – 6.30 метри, додека Фемке Бол ја одбрани светската титула на 400 метри со пречки.

Наградата за „ѕвезди во подем“ им припадна на Одри Веро од Швајцарија и на Хуберт Трошчианк од Полска.


Лацио ја продлабочи кризата на Јуве, Тудор ризикува отказ

Фудбалерите на Лацио го победија Јувентус со 1-0 во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна хрватскиот фудбалер Тома Башиќ, кој беше стрелец во деветтата минута од натпреварот. Тоа беше неговиот прв гол по 907 дена.

Со оваа победа, Лацио скокна на 10-то место со 11 бода, додека Јувентус остана осми со еден бод повеќе.

Екипата на Игор Тудор на тој начин продолжи со серија од осум последователни натпревари без победа во сите натпреварувања, што е најдолгата таква серија во последните 16 години. Исто така Јувентус е во серија од четири натпревари без постигнат гол во сите натпреварувања.

Лацио, од друга страна, ја продолжи својата серија од четири натпревари без пораз.

Лацио поведе во деветтата минута. Башиќ го постигна голот по катастрофалната грешка на напаѓачот на Јувентус, Џонатан Дејвид, кој се обиде да ја врати топката кон својата одбрана со глава, но ја додаде директно до Данило Каталди.

Капитенот на Лацио веднаш ја препозна можноста и навремено го проигра Башиќ, кој шутираше по земја со левата нога од околу 20 метри. Топката отскокна од Федерико Гати и го измами голманот Матија Перин.


Големи грижи за Лејкерси, се повреди Лука Дончиќ

Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе пропушти неколку натпревари поради повреда на прстот. Станува збор за повреда на прстот на левата рака. Се очекува да биде во аут најмалку една недела

Ова значи дека Лејкерс сигурно ќе бидат без Дончиќ против Сакраменто, Портланд и Минесота.

Дончиќ започна силно во првите два натпревари. Тој забележа вкупно 92 поени, 23 скока и 17 асистенции. Значи, ова е голема штета и голем удар за Лејкерс.

Проблемот за ЛА Лејкерс е поголем ако се знае дека поради повреда се зоната се уште не ја започнал Леброн Џејмс.


Борзаш се повреди на дуелот со Еурофарм Пелистер 2

Левиот бек на Алкалоид Урош Борзаш на вчерашниот првенствен натпревар со Еурофарм Пелистер 2 доживеа повреда на левата дланка.

По само неколку минути откако мина во игра, заедно со физиотерапевтот Тоше Трајковски го напушти теренот.

Борзаш се повреди во еден дуел во одбраната. Неизвесна е тежината на повредата, но српскиот репрезентативец ќе мора да биде на пауза.

Отсуството на Борзаш ќе биде големо особено во следниот период, бидејќи за Алкалоид следуваат дуелите: Вардар гости; Охрид гости; Тиквеш дома и Еурофарм Пелистер гости – сите во месец ноември.

Тренерот Лазаров на вчерашниот дуел на позицијата лев бек го користеше Емилијан Ѓорговски.


Синер го освои турнирот во Виена

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на АТП турнирот во Виена. Тој во финалето го совлада Александар Зверев од Германија со 2-1 во сетови (3-6; 6-3 и 7-5).

Синер до победата стигна со пресврт и пред сè со подобра игра во вториот и третиот сет. Финалниот меч траеше 2 часа и 30 минути, а присутната публика можеше да ужива во добриот тенис.

За Синер ова беше четврта титула сезонава, а вкупно 22.ра во кариерата.

Синер веќе најави дека до крајот на годината ќе ја пропушти завршницата во Дејвис купот, но сепак ќе се појави на завршницата на Мастерсот во Торино.


Пелистер го надигра Феникс и победата му ја посвети на Зоран Петковски

Пелистер останува на чело на суперлигашката табела и по комплетирањето на четвртата рунда, во која битолчани славеа над составот на Феникс со резултат 89-68. Иако изморени по последниот дуел со Маџари пред помалку од 48 часа, „пелистерци“ одиграа квалитетен меч и заслужено славеа, победата посветувајќи ја на прерано починатата битолска кошаркарска легенда, Зоран Петковски. Гостите парираа само седум-осум минути во кои Феникс имаше и предност. Со влегувањето на Крстевски и на Стајиќ одбраната на Пелистер доби на интензитет, „зелено-белите“ го свртеа резултатотво своја корист и со тројката на Дамјан Крстевски ја добија првата четвртина со 23-17. Вториот период почна со украдена топкаи положување на истиот кошаркар, една минута подоцна водството веќе стана двоцифрено, по што битолчани рутински го контролираа натамошниот дел од мечот.

На одмор се замина со резултат 46-35, а второто полувреме го почнавме со атрактивно забивање под прекршок на Дејвис. „Пелистерци“ не дозволија пад на концентрацијата, до крајот на четвртината стигнаа и до 20 поени предност (70-50), во последните 10 минути шанса добија и дел од помладите кошаркари, но тоа не се одрази над резултатот,па четвртата победа во низа на домашната сцена беше запечатена со конечни „плус 21“.

Дамјан Крстевски одигра одличен меч со 17 поени, 11 скокови и 4 асистенции, Прајс беше стрелец на 16 поени, додека Ленгстон Вилсон го заврши натпреваот со 15 поени и осум скокови.

Следен предизвик за Пелистер е гостувањето на Кипар против Керавнос во рамките од третото коло од ФИБА Европа Купот.


Реал ја прекина црната серија и конечно доби „Ел Класико“ против Барса

Реал Мадрид победи во 191-то „Ел Класико“. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, Реал ја совлада Барселона со 2-1.

Реал го надигра најголемиот ривал, особено во првиото полувреме, забележа победа и стекна пет бода предност пред Барселона.

На две различни полувремиња сведочеа гледачите на „Сантијаго Бернабеу“. Брилијантно прво полувреме, со многу шанси и бледо второ полувреме.

Започна бурно, веќе во втората минута судијата досуди пенал за домашната екипа поради наводен фаул од Ламин Јамал врз Винисиус. Сепак, по гледањето на видеото, одлуката беше поништена.

Десет минути подоцна, Мбапе постигна брилијантен гол. Додека играчите на реал славеа се огласи ВАР и го поништи голот поради милиметарски офсајд.

Во 21-та минута, Мбапе, по одличното додавање од Белингам, се најде сам пред Шчечин и ја затресе мрежата за водство на Реал.

Овој пат немаше офсајд. 12-ти гол на Мбапе оваа сезона, а веќе шести во натпреварите од „Ел Класико“. Откако Реал пропушти неколку добри шанси, се истакна голманот на Барса Шчесни, казната дојде во 38. минута. Грешката на Арда Гулер ја казни Фермин Лопес и израмни на 1-1.

Четири минути подоцна Реал ја врати предноста со голот на Белингем. Во 45. минута Мбапе постигна гол, но беше во голем офсајд и резултатот остана 2-1

Во вториот дел, Шчесни, најдобриот играч на Барселона, му одбрани пенал на Мбапе во 52. минута. Во следниот напад Фермин Лопз промаши голема шанса за Барселона.

Од тој момент падна темпото во играта, Барселона ја презеде контролата врз топката, но немаше никаква продукција. Можеше Кунде да изедначи во 90. минута, но лошо ја прими топката испратена од Јамал.

Во 98. минута Шчесни го одбрани обито на Родриго од слободен удар. Пред истекот на натпреварот Педри го доби вториот жолт картон.