feature

Марсијал може да биде џокерот на Анчелоти по повредата на Винициус

Реал Мадрид има проблеми во нападот поради повредата на
Винисиус и е во потрага по нов напаѓач.
Винисиус ќе отсуствува од терените подолго од еден месец, па Реал
ќе мора да интервенира на трансфер пазарот. Шпанските медиуми
пренесуваат дека „кралевите“ ќе се обидат да го доведат Марсијал, кој
е на излезна врата од Манчестер Јунајтед.
Тен Хаг повеќе не смета на него и е спремен да го пушти, а Реал сака
да ја искористи таквата ситуација и да го доведе на позајмица.


Рамос се сели кај Бензема во А-Итихад

Во последните неколку дена се активираше и приказната за
заминување во Турција и да премине во редовите на големиот
Галатасарај, но се чини дека на крајот изборот падна на Саудиска
Арабија!
Се чини дека Рамос не остана имун на повикот на арапските милиони.
Му понудија годишна плата од 15 милиони евра, а на Блискиот Исток
ќе игра со поранешниот соиграч и голем пријател Карим Бензема.
Бензема уште во јуни потпиша за Ал Итихад, актуелниот шампион на
Саудиска Арабија, а потоа дојдоа Н’Голо Канте, Јота од Селтик и
поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Фабињо.
Скај Спортс тврди дека веќе има договор помеѓу Рамос и Ал Итихад.


ЕВРОТИП со поддршка за “Pelister Downhill Cup“

Во периодот од 26ти – 27ми Август 2023 на Пелистер беше организиран традиционалниот 11ти по ред, “Pelister Downhill Cup“ во организација на “Extreme bike team“ од Битола. Настанот беше реализиран со огромен успех во присуство на голем број натпреварувачи и гости од повеќе балкански земји.


Компаниите КС Сервис, Евротип, Голд Фелициа и Голд Слот, со големо задоволство се приклучија како спонзори останувајќи доследни на нивната постојана посветеност на општествената одговорност и поттикнување на силни врски со заедницата.


Преку своето спонзорство на различни спортски настани, овие компании не обезбедуваат само финансиска поддршка тие исто така создаваат платформа за спортистите и заедницата да напредуваат во средина каде спортот станува канал за позитивно влијание и најавуваат поддршка на овај и слични настани во иднина.


Инзаги задоволен како Интер ја почна сезоната

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја пофали играта и победата на
клубот над Каљари од 0-2 во Серија А.
„Момците одиграа многу добро од првата минута, покажувајќи голем
ентузијазам против новајлијата во лигата. Моравме со сета
сериозност да му пристапиме на натпреварот и успеавме. Сменивме
десет играчи во однос на минатата сезона, но јас и мојот персонал сме
сосема задоволни. Тимот се уште е организиран, а тоа е исклучително
важно за тренерот. Многу се променивме, ова е неспорно, но
останавме тим кој знае како да оди напред“, изјави Инзаги.
Да потсетиме дека „нероаѕурите“ поведоа веќе во 21. минута – погоди
Дензел Дамфрис. Девет минути подоцна гол постигна напаѓачот на
гостите Лаутаро Мартинез, а му асистираше Федерико Димарко.
Натпреварот заврши со овој резултат – 0-2 во корист на Интер.


Ѓоковиќ заработил најмногу пари во тенискиот свет во 2023 година

Новак Ѓоковиќ има заработено најголема сума на пари во светот на тенисот во оваа 2023 година.

Според информациите кои ги објави „Еуроспорт“, Ѓоковиќ во досегашниот тек на оваа календарска година има „грабнато“ 38,4 милиони долари. Тоа се пари од турнири и спонзори со што е далеку пред колегите, но и пред колешките.

Втората позиција е резервирана за големиот шпански талент, Карлос Алкарас чија што сметка е побогата за 31,4 милиони долари.

На третото место е најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со 22.4 милиони долари, а во првата петка се уште Данил Медведев (20,1 милиони долари), но и Рафаел Надал (15,5 милиони долари) иако тој не е активен од Австралија Опен.

Во Топ 10 се Ема Радукану (15,3), Коко Гоф (15,2), Каспер Руд (14,4), Наоми Осака (12,1) и Џесика Пегула (10,9).


Лапорта најави засилувања за Барса на крајот од преодниот рок

Барселона не беше премногу активна во овој летен преоден рок во кој како слободни фудбалери ги ангажираше Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез, a за мала сума на пари беше доведен и икусниот Ориол Ромеу како замена за Серхио Бускетс.

Шпанскиот шампион постојано го поврзуваат со многу имиња, ама повеќе од јасно е дека финансиската состојба е далеку од идеална и затоа е мирно на „Камп Ноу“.

Меѓутоа претседателот на клубот, Жоан Лапорта најави офанзива во последната недела од преодниот рок, поточно порача дека Чави Ернандес може да добие две засилувања во наредниве денови.

„Ќе имаме простор со финансискиот фер плеј да потпишеме повеќе од еден играч. Треба да го прашате Деко, тој работи на новите засилување“, заклучи првиот човек на шпанскиот великан.

Едно од засилувањата сигурно ќе биде Жоао Кансело од Манчестер Сити, а за второто име (ако го има) останува да видиме кое ќе биде.


Винициус го чека пауза од шест недели

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор поради повредата заработена на последниот меч со екипата на Селта, ќе мора да паузира околу еден месец.

Бразилецот заработи повреда на задниот дел од десниот бут на мечот со Селта во петокот и пред време мораше да ја заврши средбата. Според весникот „АС“, повредата се покажала посериозна отколку што првично се мислеше.

Винисиус најверојатно имал руптура на мускулот, поради што го чека опоравување и до шест недели.


Миовски интересен за англиски Саутемптон

Македонскиот интернационалец, Бојан Миовски повторно игра одлично за екипата на Абердин, а тоа може да му донесе трансфер во завршницата на овој летен преоден рок.

Имено за него има сериозен интерес од Саутемптон, тим кој до „вчера“ играше во Премиер лигата и има амбиции експресно да се врати во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Менаџерот Расел Мартин многу го почитува и цени нашиот репрезентативец, па лесно може да се случи напаѓачот да заврши во таборот на „светците“.

Меѓутоа за да се случи тоа прво ќе треба Че Адамс да си замине, играч за кого има сериозен интерес од Евертон. Абердин сака четири милиони фунти за Бојан, па останува да се види дали може да се реализира една ваква зделка.


Мбапе пресече: Ова лето ќе остане во Париз

Шпанските медиуми објавија дека сагата околу трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е завршена.

Фрацузинот синоќа настапи против Ленс и постигна два гола, па ова лето сигурно ќе остане во ПСЖ. Шпанските медуми долго време шпекулираа дека Мбапе ќе потпише за „кралевите“, меѓутоа тоа нема да се случи ова лето, а голема е веројатноста тоа да се случи следното лето.

Мбапе седна на преговарачка маса со челниците на ПСЖ за да најдат заеднички јазик следното лето да се пресели во Реал Мадрид, но клубот да добие обештетување.


Алиоски си замина од Ал-Ахли од Џеда

Езџан Алиоски кој летово се врати во Ал Ахли од Фенербахче по три натпревари во саудискиот клуб повеќе не е дел од него.

Алиоски и Ал Ахли ја прекинале соработката и македонскиот репрезентативец сега ќе бара нов клуб. Заминувањето на Алиоски е сосема неочекувано затоа што во првите три натпревари Алиоски беше стандарден и играше 90 минути, запиша и една асистенција.

Но, причината е доаѓањето на младиот Габри Виега и ограничениот број на странци во тимот. Саудиската лигa дозволува осум странски фудбалери, а со доаѓањето на Виега, Алиоски е означен како вишок.

Ал Ахли е еден од саудските клубови кој доведе познати имиња летово од Европа во овој клуб настапуваат: Фирмино, Ријад Марез, Франк Кеси, Роџер Ибањез, Едуард Менди.