feature

Тотенхем фаворит за потписот на Лукаку

Иднината на Ромелу Лукаку се уште е нејасна, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи Тотенхем.

Интер дефинитивно се откажа од него откако Лукаку почна преговори со Јувентус. Меѓутоа, „бјанконерите“ не можат да го донесат доколку не го продадат Впаховиќ.

Белгиецот се уште е член на Челзи, но не е дел од тимот и сигурно ќе си замиме, па Тотенхем сака да ја искористи таквата ситуација.

„Спарси“ се во потрага по напаѓач, кој ќе го наследи Хари Кејн и веруваат дека Лукаку би бил идеално решение.

Челзи за слободата на Лукаку бара 40 милиони евра, сума која Тотенхем нема да има проблем да ја плати.


Гравенберх следна желба на управата на Јуве

Јувентус е силно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен, Рајан Гравенберх, пренесува „Калчомеркато“.

21-годишниот холандски талент блесна во дресот на Ајакс и направи трансфер во Баерн, каде не добива голема минутажа и е спремен да ја промени средината.

Самиот играч јавно го изрази незадоволствот од малата минутажа и сака да направи трансфер ова лето, а Баерн за неговара слобода бара 30 милиони евра.

Алегри верува дека тој е алката која недостасува за напад на Скудетото, но „старата дама“ ќе мора да ја победи конкуренцијата бидејќи за него интерес покажуваат уште Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и му нудат централна улога во тимот и голема минутажа.


Марсијал следен се сели во Саудиска Арабија

Mandatory Credit: Photo by Ryan Browne/Shutterstock (13867464gj) Anthony Martial of Manchester United. Manchester United v Sevilla, UEFA Europa League, Quarter-Final, First Leg, Football, Old Trafford, Manchester, UK – 13 Apr 2023

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој ја нема довербата на тренерот, Ерик Тен Хаг, може да биде ново име во шампионатот на Саудиска Арабија, најавија медиумите во Англија.

Тој за екипата од „Олд Трафорд“ има одиграно 299 мечеви со ефект од 88 голови и 53 асистенции откако беше купен од Монако во 2015 година.

Според одредени шпекулации, за потписот на  27-годишниот фудбалер се заинтересирани неколку елитни клубови од Саудиска Арабија кои нема да имаат проблем да ја платат неговата откупна клаузула.


Чави: Неопходни ни се повеќе голови

Барселона со головите на Гундоган и Педри успеа да слави против Кадиз и да стигне до првите три бода во новата сезона во Ла Лига. Тренерот на Каталонците, Чави, потенцира дека не е задоволен од ефиксаноста.

„Немаме доволно трпение кога сме пред противничкиот гол. Сепак, задоволен сум од тимот и од прикажаната игра. Заслужена победа“ – изјави Чави и проговори за Левандовски.

„Потребен му е само еден погодок да го скрши мразот, истото им треба на сите напаѓачи“ – изјави тренерот на Барселона.


Ајнтрахт не брза со продажба на Коло Муани

Француските медиуми објавија дека ПСЖ испратил понуда од 70 милиони евра за играчот на Ајнтрахт Франкфурт, Коло Муани, но истата била одбиена. Тоа доцна синоќа го потврди и спортскиот директор на клубот, Маркус Кроше.

„Само треба да почекаме и да видиме како ќе се развиваат работите во наредните недели. Сега нема смисла да се зборува за бројки. Муани е навистина добар играч“ – вели Кроше.

Деновиве се појави информација дека Муани ги договорил личните услови со ПСЖ. Германците за неговиот потпис бараат најмaлку 100 милиони евра.


Арсенал и Челзи преговараат за Балогун

Челзи разговарал со претставници на напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балогун, за да го купи фудбалерот до крајот на летниот преоден рок. Американскиот репрезентативец се смета за непотребен на „Емирати“, а интерес за 22-годишниот напаѓач има и од Монако.

Се вели дека и Фулам е заинтересиран за потписот на Балогун, откако го продаде Александар Митровиќ, но малиот лондонски тим не е подготвен за него да плати над 35 милиони фунти.


Гвардиола: Ќе ме „убиевте“ ако потрошевме колку што троши Челзи

Челзи и ова лето потроши прилично големи суми, а постави и рекорд во Премиер лигата со трансферот на Каиседо од Брајтон за кого платија 115 милиони фунти.

На оваа тема зборуваше и стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кој често е критикуван поради сумите кои ги плаќа неговиот тим.

„Ако ние потрошевме толку пари во последните два преодни рока, веројатно немаше да стојам овде пред вас – ќе ме убиевте. Дефинитивно сите ќе зборуваа и критикуваа, со Челзи тоа не е баш така.

Ќе видиме што ќе се случи до крајот на преодниот рок и дали ќе се отвори прилика да доведеме уште некој играч. Во 2019 година сакавме да го доведеме Хари Мегваер, но не го направивме тоа бидејќи не сакавме да платиме колку што бараше неговиот тим.

Минатото лето го сакавме и Кукуреља, но повторно имаше тим кој плати пвоеќе од нас. Така беше и со Алексис Санчез во 2018. година. Ќе платиме висока цена само ако сметаме дека е фер…“, изјави Пеп.


Верати ќе стане соиграч со Езџан Алиоски

Марко Верати е многу блиску до трансфер во Саудиска Арабија во дресот на Ал-Ахли.

Верати е незадоволен од ситуацијата во клубот и смета дека сега е вистински момент за трансфер, а ПСЖ нема да му стои на патот.

Претставници на клубот од Саудиска Арабија се во Париз каде имале средба со играчот и неговиот агент.

30-годишниот плејмејкер кажал ДА на богатата понуда од Ал-Ахли и ги договорил личните услови со клубот.

Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена и Верати да биде новата ѕвезда која ќе се пресели во Саудиска Арабија.


Варан пред искушението од саудиските милиони

Рафаел Варан е следен кој е на мета на саудискиот прволигаш, Ал-Итихад, пишуваат француските медиуми.

Претставниците на тимот од Џеда наводно влегле во преговори за 30-годишниот Варан и ќе се обидат да го доведат трикратниот освојувач на Лигата на шампионите во своите редови.

Сепак, според информациите првите контакти завршиле неуспешно, Варан навоедно има приоритет да остане во Европа. Тимот од Џеда веќе оформи силен тим во кој се Карим Бензема, Нголо Канте, Фабињо и Жота.

Варан во Јунајтед дојде летото 2021 година за оштета од 70 милиони евра. Неговиот договор има важност до 2026 година.


ПСЖ го носи и Коло Муани и прави пеколно француско трио

ПСЖ успеа да го задржи Килијан Мбапе, а беше ангажиран и Осман Дембеле од Барселона, па сега клубот се доведе во позиција да формира француско напаѓачко трио.

Од Париз си замине и Нејмар, а според последните информации на медиумите ново засилување на „светците“ може да биде Рендал Коло Муани. За напаѓачот на Ајнтрахт интерес покажаа голем број клубови, но засега германскиот клуба успеа да го задржи, а ќе видиме дали ќе попушти на налетите на ПСЖ.

Ако се реализираат најавите, ПСЖ во офанзивата во новата сезона ќе ги има Мбапе, Дембеле и Муани, тука е позајмениот Гонзало Рамош од Бенфика.