feature

Димитар Тодоровски го продолжи договорот со Вардар

Екипата на Вардар продолжува да работи на задржување на постоечкиот ростер на играчи со тоа што потпиша нов договор со Димитар Тодоровски.

Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство.

На зедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска Димитар Тодоровски, страните ја обновија соработката и потпишаа нов договор до јуни 2028 година.

23-годишникот дојде во Вардар од редовите на Брера Струмица, а претходно настапуваше за Работнички.


Премија од министерството за спорт за успех на ракометарите во Данска

Министерот за спорт, Борко Ристовски, беше присутен на последниот тренинг на нашите ракометари пред заминувањето на ЕП во друштво со првиот човек на РФМ Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски.

Ристовски им посака среќа и успешни настапи на ракометарите на континенталниот собир. Нашата експедиција в среда рано наутро заминува за Швајцарија каде ќе учествува на подогтвителниот турнир – „Јелоу Куп“ .Македонија на ЕП на 16 јануари ќе игра со Данска со почеток во 20.30 часот во Хернинг.

РФМ во соработка со Министерството за спорт за секоја победа ќе ги награди ракометарите со 2 милиони денари. Истата сума ќе ја добијат и за пласман во втората фаза.


Мароко и Камерун во четвртфиналето на Купот на Африка

Мароко ја победи Танзанија со 1-0 во осминафиналето на Африканскиот куп на нации.

Единствениот гол го постигна Брахим Дијаз во 64. минута, по додавање од Ашраф Хакими.

Во 15. минута, голот на мароканскиот играч од средниот ред Исмаел Саибари беше поништен поради офсајд по интервенцијата на ВАР.

Во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации 2026, Мароко ќе се соочи со победникот од Камерун.


Јапонецот Никаидо победи во Инзбрук на турнејата „Четири скокалници“

Јапонецот Рен Никаидо е победник на денешната етапа од турнејата „Четири скокалници“.

Никаидо попладнево на скокалницата во Инсбрук освои 276,5 бода по скоковите со должина 131 и 128 метри.

Словенецот Домен Превц го освои второто место со 276 бода по скоковите од 129,5 и 128 метри.

Домашниот натпреварувач Стефан Ембахер заврши на третото место со 275,8 бода со скокови 130 и 127,5 метри.

По три скокалници Превц е лидер со 895,8 бода, пред Јан Херл со 854,4 и Ембахер со 854,1, Никаидо е четврти со 841,7 бода.

Новогодишната турнеја ќе заврши на 6 јануари со скоковите во Бишофсхофен, Австрија.

Домен Превц е лидер и во Генералниот поредок со 1.130 бода, пред Кобајаши со 762.


Мареска е џентлмен, замина без опремнина од Челзи

Поранешниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, одби надомест од 14 милиони фунти за предвремено раскинување на договорот поради несогласувања со раководството, објавува „The Sun“.

Италијанецот бил толку лут на раководството на Челзи за поткопување на неговиот авторитет што одбил да разговара со нив за условите за раскинување.

Мареска бил исто така огорчен од обвинувањата дека го ризикувал здравјето на играчите со тоа што ги ставал во составот и покрај лекарските забрани.

На 1 јануари, Челзи го отпушти Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на 45-годишниот Италијанец, лондонци ја освоија Конференциската лига и Светското клупско првенство.

По 19 натпревари, Челзи е шести во Премиер лигата со 30 бода.


Гонзало Гарсија го повтори постигнувањето на Рув ван Нистелрој

Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија Торес, постигна хет-трик во натпреварот од 18-то коло од шпанската Ла Лига против Бетис (5:1), со што го повтори реткиот успех на познатиот поранешен напаѓач Руд ван Нистелрој со мадридскиот гигант во 21 век.

Според статистичкиот портал „Опта Спорт“, Гонзало Гарсија стана вториот играч на Реал Мадрид во 21 век кој постигнал хет-трик во своето деби во Ла Лига. Руд Ван Нистелрој претходно го постигнал овој подвиг во септември 2006 година во победата од 4:1 против Леванте.

Вкупно, 21-годишниот Гонзало Гарсија Торес одигра 18 натпревари (418 минути) за Реал Мадрид оваа сезона, постигнувајќи три гола и запишувајќи една асистенција.


Кејн најави продолжување на договорот со Баерн

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, одговори на прашање за продолжување на договорот со клубот од Минхен.

„Продолжување на договорот со Баерн? Да, тоа е дефинитивно можно. 100%. Овие преговори треба да се одржат, како што реков и претходно. И сигурен сум дека ќе се одржат, но во моментов сум фокусиран на тековната сезона. Постои голема можност за продолжување на договорот. Нема место каде што би сакал да бидам во моментов освен во Баерн“, изјави Хари Кејн во интервју со новинарот Флоријан Плетенберг кој го објави на своите профили на социјалните мрежи.

Во летото 2025 година, Хари Кејн го освои германското првенство со Баерн Минхен – првиот трофеј во кариерата на 32-годишниот фудбалер. Напаѓачот подоцна го освои и германскиот Суперкуп со клубот. Оваа сезона, Англичанецот има 30 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 33 гола и четири асистенции.


Олимпијакос ќе го откупи Тајрик Џонс од Партизан

Грчкиот тим Олимпијакос, постигна договор околу откуп на договорот со кошаркарот на Партизан, Тајрик Џонс.

Американецот со тоа ќе ја продолжи сезоната во „црвено-белиот“ дрес на тимот од Пиреја.

Денеска во Израел се појави информација дека Џонс ќе оди во Макаби, но според последните информации, тој, сепак, се одлучил за преселба во Грција во последен момент.


Реал пред договор со Упамекано

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број еден.

Шпанските медиуми открија дека Реал Мадрид го „олади“ својот интерес за Конате, но се насочи кон другиот Французин – Упамекано, кој исто така е во последната година од договорот.

Реал е познат по тоа што знае да доведе големи засилувања без обештетување, а Упамекано може да биде следниот.

Баерн се обидува до продолжи договорот, но Реал веќе започнал преговори со неговите агенти и двете страни се блиску до договор.


Интер лесно ја надигра Болоња и пак се врати на врвот

Интер одигра одличен натпревар против Болоња и без проблем дојде до трите бода откако славеше со 3-1.

Првпат мрежата беше затресена во 39. минута кога Зиелински постигна гол за водство на Интер од 1-0. По само три минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез реализираше со глава за 2-0.

Мартинез имаше шанса да даде уште еден гол, но ја погоди пречката.Во 74. минута Турам даде чуден гол за предност на Интер и од 3-0. Почесниот гол за Болоња го постигна Кастро во 83. минута од натпреварот.

По 17 одиграни натпревари Интер е прв со 39 бода, Милан има 38, а Наполи 37.