feature

Џошуа ја напушти болницата по сообраќајната незгода

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Ентони Џошуа, кој беше повреден во сообраќајна несреќа, ја напушти болницата во Лагос, на последниот ден од 2025 година.

Поранешниот двократен светски шампион и олимписки првак од 2012 година беше примен во болница со полесни повреди по несреќата во која во понеделникот загинаа неговите пријатели Сина Гами и Латиф Ајоделе.

„Ентони и неговата мајка беа присутни на погребот во Лагос“, изјави портпаролот на градската влада во Лагос, Гбенга Омотосо.

Околностите на несреќата сè уште се истражуваат.


Реал Мадрид се интересира за синот на Дејан Станковиќ

ALEKSANDAR STANKOVIC, fudbaler reprezentacije Srbije, daje intervju u SC FSS. Stara Pazova, 07.10.2025. foto: Nebojsa Parausic Fudbal, Srbija

Реал Мадрид активно работи на плановите за иднината и веќе ги насочува погледите кон подмладување на средниот ред, сектор кој наскоро ќе доживее големи промени. Во таа насока, во фокусот на шпанскиот гигант се најде и младиот српски репрезентативец Александар Станковиќ.

Според информациите на „Дефенса Сентрал“, скаутите на кралскиот клуб внимателно го следат напредокот на 20 годишниот фудбалер кој оваа сезона прикажува одлични партии во дресот на Клуб Бриж. Сепак, во Мадрид се свесни дека евентуалниот трансфер нема да биде едноставен, бидејќи Интер ги држи конците во свои раце.

Италијанскиот клуб планира да го врати Станковиќ во своите редови веќе наредното лето и располага со откупна клаузула во висина од 23 милиони евра, што значително ја усложнува ситуацијата за сите заинтересирани страни.

Покрај Реал, интерес за младиот играч од средниот ред покажуваат и Арсенал и Тотенхем, но според актуелните најави, најизвесна опција е негово враќање во Серија А и продолжување на кариерата во Италија.


Познати осминафиналните парови на Купот на Африка

Со завршувањето на натпреварите во групната фаза на Африканскиот куп на нации, сите двојки за осминафиналето станаа познати. Последните натпревари во групата Ф донесоа вистински драми и големи пресврти, при што Брегот на Слонова Коска со победа во дополнителното време обезбеди прво место.

Познати сите двојки за осминафиналето

Мали – Тунис
Сенегал – Судан
Египет – Бенин
Брегот на Слоновата Коска – Буркина Фасо
Јужна Африка – Камерун
Мароко – Танзанија
Алжир – ДР Конго
Нигерија – Мозамбик


Реал ќе ги врати позајмените фудбалери од Италија и Германија

Медиуми блиски до Реал Мадрид велат дека веќе е договорено на „Бернабеу“ да се вратат Нико Паз, Јакобо Рамон и Чема Андрес, за сите овие зделки ќе бидат платени околу 30 милиони евра.

Изминатиов период често има гласини за тоа какви се трансфер плановите на Реал Мадрид, и како тоа приоритет ќе биде ангажман на креативец од средниот ред.

Но како што објаснува „Дефенса Сентрал“ и неколку други блиски медиуми до „кралевите“, пишуваат дека веќе се договорени три трансфери.

Всушност станува збор за добро познати имиња на „Бернабеу“, односно играчи кои се продаде со можност да бидат вратени.

Станува збор за Нико Паз и Јакобо Рамон од Комо, како и Чема Андрес од Штутгарт.

Одлучено е на тројцата да се активираат клаузулите и со околу 30 милиони евра да се вратат во Мадрид


Горецка е опција за средниот ред на Барса

Леон Горецка и Ханси Флик би можеле повторно да соработуваат, сега во редовите на Барселона.

Како што открива каталонскиот новинар Фернандо Поло, германскиот репрезентативец веќе воспоставил директен контакт со Флик, при што му ставил до знаење дека е подготвен за нова соработка и дека без двоумење би прифатил трансфер на „Камп Ноу“ како слободен агент.

Сепак, засега останува нејасно дали Флик воопшто ја разгледува оваа опција, имајќи предвид дека неговата визија во Барселона е јасно насочена кон развој и доверба во помладите фудбалери кои веќе се дел од тимот. Марк Бернал се гледа како долгорочно решение во средниот ред, додека таму веќе се и клучниот Педри, Френки де Јонг, Марк Касадо, како и Гави, кој се враќа по паузата.

Дополнителен аргумент против евентуален ангажман на Горецка е и фактот што Ерик Гарсија оваа есен пријатно изненади на позицијата последен играч за врска, што само ја засилува конкуренцијата и остава впечаток дека средината на теренот кај Барселона е повеќе од добро пополнета.

Инаку, Горецка беше меѓу најважните играчи на Баерн Минхен во периодот кога Флик го предводеше баварскиот гигант. Токму во тој период, двајцата беа дел од тимот што ѝ нанесе еден од најтешките порази во историјата на Барселона со убедливи 8-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.


Се ниша столчето на Мареска во Челзи

Информациите од Англија велат дека ептен е влошена ситуацијата меѓу тренерот Енцо Мареска и раководството на Челси, доведена е во прашање иднината на тренерот.

Ситуацијата почнала да се влошува уште од почетокот на сезоната кога во летниот преоден рок Мареска побарал засилување на позицијата централен дефанзивец, но од клубот сметале поинаку па не му ја исполниле желбата.

Кулминацијата се случува по дуелот меѓу Челси и Борнмут кој заврши 2-2. По мечот Мареска не сакаше да се појави на задолжителната прес-конференција.

Имаше оправдување за тоа во неговата здравствена состојба, но вистината била дека тоа е резултат на неговиот влошен однос со клубот.

Настанатата ситуација се дискутира во клубот, можен е отказ за Мареска и потрага по нов тренер.

Не се исклучува можноста и примирје меѓу двете страни, но тоа сценарио е помалку веројатно.


Динамо Загреб го сака Бојан Миовски

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски би можел веќе во јануарскиот преоден рок да ја промени средината и да го напушти Ренџерс, а како најсериозна опција се споменува трансфер во Динамо Загреб, пренесува Инстграм профилот „xmksport“.

Според истите информации, шкотскиот гигант е во потрага по нов напаѓач, што директно ја доведува во прашање улогата на Миовски во тимот. Токму поради тоа, на „Ајброкс“ размислуваат македонскиот голгетер да биде испратен на позајмица кај актуелниот лидер во хрватското првенство.

Во Динамо добро го познаваат профилот и квалитетите на Миовски, иако неговиот старт во Ренџерс не беше на очекуваното ниво. Сепак, македонскиот напаѓач сезонава запиша 22 настапи за шкотскиот клуб, при што реализираше пет погодоци и една асистенција.

Миовски својата кариера ја градеше во повеќе македонски клубови, Брегалница, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Ренова, додека надвор од земјава беше дел од МТК Будимпешта, Абердин, Жирона и актуелно за Ренџерс.


Брахим Диаз доби нов договор со Реал Мадрид

Браим Диаз официјално ќе потпише нов договор со Реал Мадрид.

И покрај тоа што ретко е во стартната постава, Мароканецот е важен дел од тимот и има голема доверба од Чаби Алонсо и Флорентино Перез.

Реал Мадрид одлучи да му понуди нов договор до 2030 година и сè што останува новиот договор да биде официјализиран.

Браим Диаз пристигна во Реал од Манчестер Сити во јануари 2019 година за 17.000.000 евра, но мораше да оди во Милан. Играше на „Сан Сиро“ од 2020 до 2023 година, а потоа се врати во Мадрид.

Ако се погледне неговиот вкупен учинок од 139 натпревари, тој постигна 21 гол и запиша 23 асистенции.

Чаби Алонсо очигледно смета дека може да биде од големо значење во наредните години, бидејќи може да игра на повеќе позиции и секогаш прави разлика кога доаѓа од клупата.


Верстапен е возач на годината во Формула 1 спортот

Холанѓанецот, Макс Ферстапен е прогласен за возач на годината во Формула 1, и покрај тоа што не го освои светското првенство. Ова беше осмо издание на изборот за возач на годината во кој гласаа возачите, а Ферстапен славеше петта година по ред.

Поените беа доделени врз основа на тековниот систем на бодови во Ф1, при што најдобриот возач на секоја листа освои 25 поени, а возачот на 10-то место освои еден поен.

Пилотот на Ред Бул победи пред светскиот шампион Ландо Норис во Мекларен, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше трет.

За прв пат од почетокот на анкетата во 2018 година, Британецот Луис Хамилтон (Ферари) не успеа да влезе меѓу првите десет.

Во изборот учествуваа 16 возачи, додека Хамилтон, Нико Хулкенберг, Ленс Строл и Јуки Цунода не гласаа.


Вулверхемптон собори рекорд стар повеќе од еден век

Вулверхемптон, синоќа, освои бод на „Олд Трафорд“, против Манчестер Јунајтед. Натпреварот заврши 1:1, а Вулверхемптон урна негативен рекорд стар 120 години.

За прв пат по повеќе од 120 години, тим во англиската Премиер лига остана без победа во првите 19 кола од сезоната. Вулфс, досега освоија само три бода.

Последниот тим на кој му се случи ова беше Болтон, во сезоната 1902/1903.

На половина од сезоната, Вулверхемптон се 15 поени оддалечени од безбедната зона.

Сезоната продолжува, но атмосферата во тимот и меѓу навивачите е сè понапната, бидејќи статистиката не лаже, „Волците“ се речиси практично елиминирани.