Првиот центар на Реал Мадрид, Еди Таварес, најверојатно нема да биде достапен за тимот до крајот на сезоната.
Таварес се повреди во првиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија со Хапоел. По три минути игра тој не можеше да го продолжи натпреварот, а еден ден подоцна, по прегледите, пристигнаа лоши вести за неговата повред.
Реал, објави дека на Таварес му е дијагностицирана руптура на медијалниот колатерален лигамент (MCL) на левото колено, иако не е прецизирано дали е целосно или само делумно, што може значително да влијае на периодот на закрепнување и времето на враќање на теренот.
Во случај на целосно руптура, закрепнувањето трае од три до шест месеци, а од три до шест недели ако станува збор за делумно кинење на лигаментот.
Во секој случај, мали се шансите Таварес да се врати на теренот за крајот на сезоната.
Тој имаше просек од 9,6 поени и 6,6 скока по натпревар во 39 натпревари оваа сезона.
Клоп одби да го преземе Реал Мадрид
Последните информации од Шпанија велат дека Јирген Клоп нема намера да прифати да биде тренер на Реал Мадрид.
Наводно, Германецот не планира да се врати на тренерската работа, тој не е заинтересиран за понуда од Реал Мадрид.
Јирген Клоп беше посочен како фаворит меѓу фудбалерите на кралскиот клуб и дел од раководството на клубот, но тој нема намера да прифати тренерски ангажман.
Останатите тренери кои се поврзуваат со Реал Мадрид се Жозе Мурињо, Дидие Дешам, Маурисио Покетино…
Кристал Палас и Рајо со предност пред реваншите од полуфиналето на КЛ
Кристал Палас со 3-1 победи на гостувањето кај Шахтар, Рајо Ваљекано со 1-0 го совлада Стразбур во првите полуфинални натпревари во Конеренциската лига.
На мечот кој се играше во Полска, Кристал Палас победи со два гола разлика и заврши голем дел од работата за пласман во финалето.
Англискиот тим поведе со гол на Сар по неколку секунди игра на мечот, тоа беше и резултатот по првиот дел.
Во втората минута од второто полувреме Очеретко израмни на 1-1.
Течеше 58. минута кога Камада го врати водството на Кристал Палас, а во 84. минута Ларсен ги постави конечните 3-1.
Рајо Ваљекано со гол на Алемао во 54. минута дојде до победа од 1-0 над Стразбур.
ФФМ на Конгрес на ФИФА: Активно учествуваме во креирањето на иднината на фудбалот
Првиот човек на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, присуствува на 76. Конгрес на ФИФА кој се одржува во Ванкувер, каде заедно со генералниот секретар Леонид Јандреоски и македонската фудбалска легенда Горан Пандев активно учествуваат во носењето на важни одлуки за иднината на светскиот фудбал.
Претседателот Масар Омерагиќ истакна дека на Конгресот главен фокус е ставен на финансиската стабилност и развојните политики, како и на усвојување на извештаите за изминатата година. Дополнително, се дискутира и за дефинирање на буџетите за циклусот 2027-2030, што претставува клучен период за глобалниот развој на фудбалот.
„На 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер, заедно со генералниот секретар, Леонид Јандреоски и Горан Пандев, активно учествуваме во носењето одлуки кои директно влијаат врз иднината на светскиот фудбал. Во фокусот се финансиската стабилност и развојните политики, усвојување на извештаите за минатата година, дефинирање на буџетите за циклусот 2027-2030, како и клучни прашања за управувањето и интегритетот на фудбалот. Нашето присуство значи активно учество во креирањето на иднината на фудбалот и зајакнување на соработката на меѓународно ниво“, напиша првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.
На Конгресот се разгледуваат и прашања поврзани со управувањето и интегритетот на фудбалот, што дополнително ја нагласува важноста на настанот, на кој претставниците на националните федерации имаат можност директно да влијаат врз насоката во која ќе се движи светскиот фудбал во наредните години.
ТФТ во двомеч со Борац Чачак ќе се бори за промоција во АБА лигата
ТФТ сè уште има шанси за историско учество во АБА лигата.
ТФТ ќе се судри со Борац Чачак, претпоследниот тим во најсилната лига оваа сезона.
Познати се и термините на одигрувањето на бараж натпреварите.
Ќе се игра на две добиени, а првиот дуел е закажан за на седми мај во Чачак.
Реваншот на програмата е на десетти мај во Скопје, а евентуалната „мајсторка“ ќе се игра во Чачак, но засега терминот не е познат.
Лазаров го објави широкиот список за бараж мечевите против Словачка
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за претстојниот бараж натпревар за светското првенство 2027, против репрезентацијата на Словачка.
На списокот на Лазаров се наоѓаат:
голмани:
Голмани:
МАРТИН ТОМОВСКИ (БИТИГХАЈМ)
НИКОЛА МИТРЕВСКИ (РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР)
ВАСИЛ ГОГОВ (РК ВАРДАР 1961)
ИВАН ГАЛЕВСКИ (РК АЛКАЛОИД)
МАРКО КИЗИЌ (РК АЛКАЛОИД)
Леви крила:
ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ (РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР)
ИВАН ЏОНОВ (РК АЛКАЛОИД)
ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ (ГРК ОХРИД)
МАРИО СТОЈАНОВСКИ (РК ВАРДАР 1961)
Десни крила:
НЕНАД КОСТЕСКИ (РК АЛКАЛОИД)
АЛЕН ЌОСЕВСКИ (ГРК ОХРИД)
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВСКИ (РК АЛКАЛОИД)
НИКОЛА КОСТЕСКИ (РК АЛКАЛОИД)
Дефанзивци:
МИХАИЛ АЛАРОВ (РК АЛКАЛОИД)
НИКОЛА МАРКОСКИ (РК АЛКАЛОИД)
Натпреварите ќе се играат на 14 мај во Прешов и на 17 мај во Скопје.
МАРТИН ТОМОВСКИ SG BBM BIETIGHEIM(GER)
НИКОЛА МИТРЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ВАСИЛ ГОГОВ РК ВАРДАР 1961
ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД
МАРКО КИЗИЌ РК АЛКАЛОИД
леви крила:
ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ИВАН ЏОНОВ РК АЛКАЛОИД
ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ ГРК ОХРИД
МАРИО СТОЈАНОВСКИ РК ВАРДАР 1961
леви бекови:
ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ПАВЛЕ АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
12 ФИЛИП ТАЛЕВСКИ MOL TATABANYA KC (HUN)
ЕМИЛИЈАН ЃОРГОСКИ РК АЛАКЛОИД
ДЕЈАН КУКУЛОВСКИ ГРК ОХРИД
средни бекови:
15.ДАМЈАН МИТЕВ РК АЛКАЛОИД
ИГОР ЃОРГИЕВ РК АЛКАЛОИД
МАРТИН КАРАПАЛЕВСКИ ATLETICO VALLADOLID (ESP)
18.МАРКО МИТЕВ РК АЛКАЛОИД
19.МАРТИН ИВАНОВСКИ РК АЛКАЛОИД
пивоти:
МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ РК ВАРДАР 1961
МАРКО СТОЈКОВИЌ РК АЛКАЛОИД
САМОИЛ РИСТЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ЖАРКО ПЕШЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ВАЛЕНТИН КАРАСМАНАКИС РК АЛКАЛОИД
десни крила:
НЕНАД КОСТЕСКИ РК АЛКАЛОИД
26.АЛЕН ЌОСЕВСКИ ГРК ОХРИД
АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВСКИ РК АЛКАЛОИД
НИКОЛА КОСТЕСКИ РК АЛКАЛОИД
десни бекови:
ДАВИД САВРЕВСКИ ГРК ОХРИД
ФИЛИП НИКОЛОВ РК АЛКАЛОИД
ТОМИСЛАВ ЈАГУРИНОВСКИ ГРК ОХРИД
МАРТИН ВЕЛКОВСКИ РК АЛКАЛОИД
ДИМИТАР УЗУНЧЕВ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
дефанзивци:
МИХАИЛ АЛАРОВ РК АЛКАЛОИД
35.НИКОЛА МАРКОСКИ РК АЛКАЛОИД.
Натпреварите ќе се играат на 14 и 17 мај во Прешов, односно Скопје.
Паркер си поднесе оставка, Барнли ќе добие нов менаџер
Скот Паркер поднесе оставка од функцијата менаџер на Барнли, објави официјалната веб-страница на клубот.
Четириесет и петгодишниот Паркер беше на чело на тимот од летото 2024 година. Тој има искуство и во Клуб Бриж, Борнмут и Фулам.
Барнли освои 20 бода од 34 натпревари. Тимот ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Премиер лигата, иако до крајот на првенството има уште четири кола.
Се очекува до крајот на денот раководството на Барнли треба да се произнесе кој ќе го предводи тимот до крајот на првенството.
Интер и Димарко пред потпис на нов договор
Интер планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот за уште две години на дефанзивецот, Федерико Димарко, , објави „Калчомеркато“.
Според извор, Интер има намера да го задржи 28-годишниот Италијанец до летото во 2030 година.
Фудбалерот во сезонава постигна седум голови и имаше 18 асистенции во 43 натпревари.
Уникатен рекорд на Ѓокереш по голот во Мадрид
Со голот кој го постигна од пенал против Атлетико Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, напаѓачот на Арсенал, Виктор Ѓокереш стана четвртиот играч во историјата на клубот од Северен Лондон кој постигнал гол за својата екипа во полуфинале од ова натпреварување.
Претходно тоа им успеа на Коло Туре на мечот со Виљареал во сезоната 2005/06, Робин Ван Перси на мечот со Манчестер Јунајтед во сезоната 2008/09 и Букајо Сака на дуелот со ПСЖ минатата сеозна 2024/25.
Пелистер го совлада и Тиквеш и во одлична форма го чека плеј-офот
Пелистер импресивно ги одигра петте рунди од плејоф доигрувањето откако попладнево лесно и убедливо славеше над Тиквеш со резултат 100-93. Нападот повторно функционираше беспрекорно, беа постигнати над 100 поени, како јасна потврда дека битолчани во топ-форма ќе го дочекаат претстојното полуфинале во плјеофот со тимот на МЗТ Скопје.
Пелистер отвори бавно во нападот на самиот почеток, постигнувајќи само еден поен во првите три минути од мечот (1-5). Шутот профункционира, Џенкинс една минута подоцна погоди тројка за 6-6, а истиот кошаркар со уште еден прецизен обид од далечина го донесе и првото водство на „пелистерци“ на натпреварот (16-13, 7. Минута). Малешевиќ беше во главна улога во овој дел од мечот, па токму со поените на српскиот крилен кошаркар Пелистер ја доби првата четвртина со 29-25.
Крстевски ја отвори втората четвртина со тројка, Пелистер продолжи да го контролира резултатот, со неколкуте реализации на Вилсон одржувајќи ја предноста на девет поени (38-29, 40-31). Тиквеш за момент се приближи на 44-42 на помалку од 90 секунди до крајот на полувремето, но самата завршница мина во знакот на „зелено-белите“, Вилсон беше во главна улога и Пелистер замина на одмор со седум поени предност (51-44).
Тројката на Брејси Дејвис во 23. Минута го донесе првото двоцифрено водство на „пелистерци“ (56-46), а со тројката на Малешевиќ битолчани стигнаа и до плус 13 (59-46). Предноста се одржувапше до самиот финиш, завршницата на третата четвртина мина во знакот на Американците на Пелистер, Брејси Дејвис постигна пет, Вилсон три поени, но Тиквеш постигна четири поени во последните десет секунди и ја спушти разликата под десет поени (75-67).
Сите дилеми околу победникот беа разрешени по неколку минути од четвртата четвртина, Вилсон одигра одлично и постигна пет поени во низа, Брејси Дејвис реализираше од контранапад и „зелено-белите“ веќе имаа 82-68 во своја полза. Тиквеш се приближи до седум поени, но Пелистер имаше одговор, а последната четвртина ја одбележа и атрактивното забивање на Вилсон, откако ја протна топката низ нозе и потоа ја смести низ обрачот.
Во завршницата Даскаловски ги повлече дел од најдобрите кошаркари, но и оние помладите кои добија шанса максимално ја оправдаа довербата, па Пелистер рутински го приведе мечот до крај и конечните100-93.
Ленгстон Вилсон одигра одличен натпревар реализирајќи 29 поени и 9 скокови, Брејси Дејвис имаше 24 поени, а двоцифрен ефект имаа и Малешевиќ со 18 и Џенкинс со 11 поени.