feature

ПСЖ ќе се врати во трката по Виктор Осимен

Раководството на ПСЖ е подготвено да даде понуда за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен во јануари, тврди РМЦ Спорт. Францускиот шампион веќе стапил во контакт со претставници на играчот, кој моментално е на позајмица во Галатасарај, за да започнат разговори на оваа тема.

Изминатото лето и ПСЖ го сакаше Осимен, но потоа не беше постигнат договор откако одбија да ги платат 100-те милиони евра што ги бараше Наполи. Осимен одбил да игра за италијанскиот клуб и инсистирал да се пресели во друг клуб, поради што беше префрлен во Турција.

Сепак, сега ПСЖ планира да направи нов обид да го земе Нигериецот во своите редови. Ова ќе се случи доколку клубот се раздели со Рандал Коло Муани.

Сепак, трансфер на Осимен во зима нема да биде лесен. Францускиот клуб мора да подготви доволно добра понуда за да ги убеди и Наполи и Галатасарај да се разделат со Нигериецот.


Тренерот на Мичел ги кажа целите: Сакам да бидеме меѓу првите седум екипи во лигата

Селекторот на шпанската Џирона, Мичел, го поздрави враќањето на неговата екипа на победничките патеки со победата од 3:0 на домашен терен над Ваљадолид во Ла Лига и повика на постојаност во вториот дел од сезоната.

„Видов многу добар тим, особено во работите што ни требаа – поголема агресивност со и без топка. Одигравме многу добро.

На претходните натпревари доминиравме со топката, но не бевме силни во шеснаесетникот, особено во нашиот. Не бевме тим што притискаше откако ќе ја загубиме топката. Денес агресивноста, притисокот беа неверојатни – за мене најдобар на сезоната.

„Мојата цел е тимот да биде меѓу седумте најдобри во првенството. Ќе видиме дали сме способни, се потпираме на нашата константност“, објасни Мичел.


Мурињо принуден на кратка пауза заради здравствени проблеми

Според информациите на „Спортс Дигитале“, португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе го напушти Истанбул поради здравствен проблем. Португалецот ќе замине на операција во странство, што ќе го оддалечи извесно време надвор од клубот.

По тешкиот натпревар на Фенербахче против Ејупспор, кој заврши 1:1, Мурињо реши да им даде одмор на своите играчи една недела. Можноста за одмор ќе им овозможи на играчите да се опорават и да се подготват за следните важни натпревари.

Дел од странските фудбалери веќе го напуштија Истанбул и се вратија во матичните земји за да ја искористат паузата. По завршувањето на овој период, Фенербахче ќе продолжи со тренинзите и ќе ги започне подготовките за претстојниот натпревар против Хатајспор.


Мекинро: Не верувам дека Ѓоковиќ и Мареј долго ќе соработуваат

T9J9GD London, UK. 19th May 2019. Wimbledon Tennis Players Day; John McEnroe interviews Paloma Faith Credit: Action Plus Sports Images/Alamy Live News

Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро е скептичен околу долговечноста на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и неговиот нов тренер Енди Мареј.

„Неверојатно е да се видат двајца ривали кои се бореа на најголемите турнири сега заедно во оваа улога. Сепак, мислам дека ова нема да трае долго. Енди штотуку излезе од својата играчка кариера, а тренерството бара поинаков менталитет и долгорочна посветеност“, рече Мекинро говорејќи во поткастот на Енди Родик.

Мекинро, сепак, изрази надеж дека соработката барем на краток рок ќе даде резултати.

„Би било одлично доколку Ѓоковиќ го освои Австралија опен со Мареј во тимот. По сите повреди низ кои мина Енди, тоа би била фантастична приказна“, додаде Мекинро.


Ецио Марија Симонели е нов претседател на Серија А

Серија А официјално го објави назначувањето на својот нов претседател Ецио Марија Симонели. Тој ќе го наследи досегашниот шеф на фудбалската лига, Лоренцо Казини.

По првото гласање на 9 декември, на кое Симонели доби 13 гласа, денеска се одржа вториот круг, по што беше донесен конечен избор. Така, 66-годишниот, новоизбран претседател, победи во вториот круг со 14 гласа, што беше доволно да ги претекне двајцата противници Паоло Дал Пино (12 гласа) и Казини (11 гласа). Ова е негов прв мандат на слична функција во спортскиот менаџмент, откако двапати ги загуби изборите за шеф на Серија Б во 2013 и 2021 година.

Патот на кариерата на Симонели беше доста разновиден. Дипломирал економија и трговија на Универзитетот во Перуџа и првично работел како новинар фриленсер. Најинтересниот дел од неговата визит-карта е поврзан со периодот како сметководител на покојниот Силвио Берлускони. Во последните години беше претседател на Одборот на ревизори на медиумската компанија „Медиасет“, како и соработник во неговата адвокатска канцеларија.


Усик фаворит според обложувалниците во борбата со Фјури

Најдобрите светски боксери во тешка категорија, Олександр Усик и Тајсон Фјури ќе се борат околу 22 часот во Ријад во реваншот за три од четирите главни светски шампионски појаси. Украинецот во првиот меч со одлука на судиите го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па победникот од оваа борба нема да го освои тој појас.

Усик во борбата влегува со тежина од 102,5 килограми, додека Фјури тежи 25 килограми. Фјури најави вакво нешто затоа што истакна дека тактиката му била погрешна на првиот меч кој Усик го доби. Сега најави дека ќе го „бомбардира“ Украинецот со тешки удари од стартот во мечот за титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО.

Британецот само еднаш загуби во својата професионална кариера, која започна во 2008 година, и тоа од Украинецот во нивниот меч на 17-ти февруари оваа година. Вклучувајќи го и ремито против Деонтеј Вајлдер од борбата одржана во 2018 година, тој има 34 победи. Усик ги доби сите свои борби досега. Направи 22 од нив.

Коефициентот за негова победа е 1,65, а за победа на Фјури 2,10.


Интер фаворит за потписот на Интер

Гундоган не беше задоволен во Барселона, па Гвардиола му ја отвори вратата да се врати на „Етихад“ каде потпиша договор на една сезона.

На крајот на сезоната Германецот повторно ќе биде слободен агент, а силен интерес за него покажува милански Интер.

Интер е познат како експерт за доведување на слободни агенти, па Марота ќе се обиде да го доведе Гундоган без обештетување на лето.


Заврши голготата, Ленард спремен да се врати на кошаркарските терени

Лос Анџелес клиперс од почетокот на сезоната е без својот најдобар играч, 33-годишниот Каваи Ленард поради повреда на десното колено.

Ленард за првпат успеа да одработи целосен тренинг, а ќе патува со тимот во Мемфис соопшти тренерот Тајрон Лу.

„Ленард ќе патува со нас во Мемфис, но тогаш сигурно нема да го користиме. Потоа се враќаме дома за да играме против Голден Стејт на 27. декември. Можеби тогаш би можел да игра“, изјави тренерот Лу.


Халеп ќе игра во Мелбурн по суспензијата и допинг-скандалот

Романската тенисерка Симона Халеп, поранешната број еден во светот, доби специјална покана за учество на квалификациите за Австралија Опен 2025.

Во моментов 877-та на ВТА листата, Халеп ќе се обиде да обезбеди место на првиот голем турнир на годината, кој ќе се одржи од 12 до 26 јануари.

Халеп, која беше суспендирана на четири години во октомври 2022 поради позитивен допинг тест, успеа да ја намали казната на девет месеци по жалба.

По враќањето на терените во Мајами оваа година, таа сега се подготвува за повторно учество во Мелбурн, каде ќе има шанса да се бори за уште еден значаен резултат.


Зијеш заминува од Галатасарај: „Никогаш не сум видел полош тренер од Окан Бурук“

Хаким Зијеш призна дека не е среќен во редовите на Галатасарај и според нееговата последна изјава ќе замине од турскиот гигант уште во јануари.

Зијеш стави потпис на договор со Галатасарај на една година и имаше опција да продолжи, но тоа нема да се случи.

Фудбалерот сега јавно го нападна тренерот на клубот Окан Бурук кај кого одигра само 320 минути во 11 настапи и во тие успеа да запише една асистенција.

„Галатасарај е завршена приказна: Не сакам да играм повеќе тука. Полош тренер не сум видел во кариерата. Жалам што дојдов“, изјави Зијеш.

Во својата кариера пред Галатасарај Зијеш го носеше дресот на Херневен, Твенте, Ајакс и Челси.