feature

Медведев го освои турнирот во Казахстан

Рускиот тенисер Данил Медведев славеше на турнирот во Алмати, Казахстан, со што ја освои својата прва титула по подолг период.

Во финалето Медведев извојува победа со 2-1 во сетови (7-5, 4-6, 6-3) по повеќе од два и пол часа борба на терен.

Натпреварот беше исполнет со пресврти, но искусниот Русин покажа мирна рака во клучните моменти и успеа да го затвори мечот во своја корист.

Овој трофеј има особено значење бидејќи е прв по подолга пауза за Медведев, кој претходно последен пат триумфираше во 2023 година.

Победата во Алмати може да биде голем поттик за него во завршницата на сезоната и враќање на старата форма.


Аморим ликува: Ова е мојата најголема победа во Манчестер

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, конечно се радуваше на голема, многу важна победа откако седна на клупата на славниот тим.

Неговиот тим го победи Ливерпул во најголемото дерби на англискиот фудбал со резултат од 2-1 на „Енфилд“.

„Мислам дека ова е најголемата победа во мојата кариера на клупата на Манчестер. Денес значи многу, но нема да значи многу утре. Тоа се само три бода и убава победа“, рече Аморим по победата.

Јунајтед започна совршено, поведе во 62-та секунда и совршено го заврши натпреварот – со голот на Хари Магваер во 83-та минута за 2:1.

„Се боревме за секоја топка, ја изгубивме самоконтролата во второто полувреме, но духот беше тука и тоа е најважно. Ако имате дух, можете да победите во секој натпревар. Беше добар ден за нас и сега ме интересира само Брајтон. Ќе уживам, но да се фокусираме на Брајтон“, рече Португалецот.

Аморим е среќен и поради фактот што за прв пат откако го презеде Јунајтед, неговиот тим врза две победи во Премиер лигата.


Хетафе заврши со деветмина, Реал како лидер ќе го дочека „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Хетафе како гости со минимален 0-1, во деветтото коло од Ла Лига.

„Кралскиот клуб“ успеа да ја задржи лидерската позиција пред „Ел Класико“, која ја држи со 24 бода, два повеќе од Барселона. Сè беше решено во последните 15 минути, кога системот на Хетафе се распадна, а Килијан Мбапе стана херој на гостите

Иако, тој епитет можеше да го носи и Винисиус, кој успеа да изнуди два црвени картони од играчите на Хетафе за само седум минути.

За првиот ќе се полемизира во Шпанија, но судијата не ја смени одлуката. Ветеранот, Алан Нијом доби директен црвен картон помалку од една минута откако влезе во игра поради старт врз Бразилецот. Тоа беше во 77. минута, а веќе во 80. минута, Мбапе ја избегна офсајд стапицата и ја искористи асистенцијата на Арда Гулер.

Самоуништувањето на Хетафе го комплетираше Алекс Санкрис во 84. минута, кога заработи втор жолт картон, исто така поради старт врз Винисиус.

Домашниот тим, со двајца играчи помалку во судиското продолжение, речиси успеа да израмни, но Тибо Куртоа го собори голманот на Абу Камара.


Гвардиoла: Не можеме до титула само со Халанд

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се осврна на вчерашната победа од 2-0 дома над Евертон во 8. коло од Премиер лигата.

„Двата гола ги постигна норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Тој можеше да постигне четири или пет гола на крајот. Халанд е наш клучен играч. Во исто време, не можеме до успех само со Ерлинг. Нашите крилни играчи, офанзивни играчи од средниот ред и други играчи треба да бидат поефикасни. Треба да постигнуваме повеќе голови. Ако не создаваме шанси, тоа е во ред, но кога го правиме тоа, треба да ја зголемиме реализацијата“, рече шпанскиот тренер на прес-конференција.

Халанд ја предводи трката за најдобар стрелец во англиската Премиер лига со 11 голови.

Манчестер сити е втор на табелата со 16 бода од осум натпревари.


„Бомба“ во НБА лигата: Мајами го сака Никола Јокиќ

Мајами Хит има конкретен и долгорочен план како да му го „украде“ Никола Јокиќ на Денвер.

Легендарниот претседател на Мајами, Пет Рајли, веќе го празни буџетот. Тимот од Флорида е дури 15-ти по трошоци во НБА лигата и има потрошено само 73 милиони долари за сезоната 2027/28 – токму кога на српскиот центар му истекува договорот.

Иако Јокиќ пред почетокот на подготовките изјави дека планира целата кариера да ја помине во Денвер, тој ова лето одби да разговара за продолжување на договорот, а за две години ќе биде слободен играч.

Според „CourtSide Buzz“, Мајами сериозно се фрлил на работа и планира да донесе ѕвезди како Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо. Србинот би имал добра основа доколку дојде на Флорида, бидејќи Мајами сега има многу млади и талентирани играчи.


Паолини го откажа настапот во Токио

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини се повлече од ВТА 500 турнирот во Токио.

Четвртата тенисерка на светската ранг-листа нема да игра во јапонската престолнина поради „промена во распоредот.

Паолини претходно стигна до полуфиналето на турнир во Нингбо.

Италијанката обезбеди учество на Завршниот турнир во Ријад предвиден да се игра од 1 до 6 ноември.


Холгер Руне ја скина тетивата, го чека операција и долга пауза

Светскиот рекет број 11, Холгер Руне, ја скина Ахиловата тетива во полуфиналето на турнирот во Стокхолм.

За потсетување, 22-годишниот Данец се откажа за време на натпреварот против Хуго Хембер (6-4, 2-2, повлекување). Тој ја претрпе повредата во последниот напад и рече дека „чул пукање“ во Ахиловата тетива.

„Ќе помине извесно време пред да можам да се вратам на теренот. Тешко е. Беше толку одлично да се игра во Стокхолм и е неподносливо да се помисли дека нема да ја чувствувам таа енергија уште некое време. Ахиловата тетива ми е целосно скината на врвот, па следната недела ќе имам операција, по што ќе следи рехабилитација. Ви благодарам на сите за вашата поддршка – сега и воопшто. Без вас, работите би биле сосема поинакви. Се гледаме наскоро“, напиша Данецот по натпреварот.


Асвел ќе ја напушти Евролигата и ќе игра во натпреварување на ФИБА

Францускиот претставник Асвел би можел да ја напушти Евролигата и да се пресели во Лигата на шампионите по крајот на оваа сезона.

Тоа само значи дека францускиот клуб која е во сопственост на легендарниот плеј на Сан Антонио Тони Паркер, има желба да се натпреварува во иднина во Лига што би можела да ја формира НБА- Европа.

Со оваа постапка Асвел би следел го следел патот на Алба, германскиот тим веќе се пресели во натпреварувањата на ФИБА од оваа сезона, откако ја напушти Евролигата.

Што се однесува до другите клубови од Франција, Монако нема планови да ја напушти Евролигата, каде што стигна до финалето минатата сезона.

Од друга страна, првиот човек на Асвел, Тони Паркер, верува дека иднината е во друго натпреварување.


Комо по седумдесет години го совлада Јуве во Серија А

Фудбалерите на Комо во рамките од седмото коло во Серија А ја забележаа својата најголема победа оваа сезона откако на свој терен славеа против Јувентус со 2-0.

Комо и без Фабрегас на клупата кој беше суспендиран за овој натпревар изгледаше одлично и во поголем дел о натпреварот беше подобар противник. Резултатот беше отворен во една од првите прилики кога по асистенцијата од Нико Паз погоди Кемп.

Тоа беше единствениот гол во првиот дел. Јувентус имаше обиди, но тешко доаѓаше до посериозна прилика за гол. Победата на Комо ја потври Паз со еден убав гол на десетина минути пред крајот на натпреварот.

За Јувентус ова е четврти натпревар без триумф, откако во претходните три, избраниците на Тудор ремизираа против: Верона, Аталанта и Милан. Комо со освоените три бода се израмни со „старата дама“ на петтата позиција, двете екипи имаат по 12 бодови.


Фабио Борини потпиша за осмолигаш од Англија

Салфорд Сити се одлучи на интересен потег и во своите редови го ангажираше италијанскиот напаѓач Фабио Борини кој денес има 34 години.

Последен клуб во досегашната кариера на Борини беше Сампдорија од каде што си замина по истекот на договорот, па во англискиот клуб пристигна како слободен агент.

Клубот кој се натпреварува во Лига 2 одлучи да потпише краткорочен договор со Борини по повредaта на напаѓачот Џеј Бирд кого го чека подолга пауза.

Борини е искусен голгетер со големо искуство зад себе и настапи во клубови како: Челзи, Ливерпул, Милан, Рома и Сандерленд.