feature

Укината суспензијата на Луис-Скели

Независна комисија ја разгледа жалбата на Арсенал и ја укина суспензијата од три натпревари на неговиот играчот Мајлс Луис-Скели, кој беше исклучен во натпреварот од 23. коло од англиското првенство со Вулверхемптон (1-0).

Судијата Мајкл Оливер по грешка му покажа црвен картон на фудбалерот. Видео судијата (ВАР) Дарен Ингланд не се обиде да ја поправи грешката и не интервенираше. Фудбалерите на Арсенал залудно протестираа кај судијата.

Луис-Скели направи прекршок за опомена, а не за црвен картон. Одлуката на Оливер доведе до огромен скандал. Во медиумите се потенцираат симпатиите на Оливер кон Њукасл, со кого Арсенал ќе игра во Лига купот на 5 февруари, како и статистиката на натпреварите на „Топџиите“, на кои овој судија често им исклучува фудбалери.

Ова не е прв пат оваа сезона судиската одлука за црвен картон да биде прогласена за неточна и да се поништи исклучувањето. Есента, капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, кој беше исклучен на натпреварот против Тотенхем, избегна суспензија. Исто така фудбалерот на Брентфорд, Кристијан Ноергард, кој доби црвен картон на натпреварот против Евертон, подоцна беше ослободен од суспензија.


Бенитез пред промоција во Ботафого

Шпанскиот фудбалски стручњак, Рафаел Бенитез би можел да стане тренер на Ботафого.

Како што пренесува „As“, сопственикот на Ботафого, Џон Текстор, дал официјална понуда до Бенитез. Текстор сака тренерот да го води тимот и да освојува трофеи.

„Marca“ и „Daily Mail“ го потврдуваат фактот за преговори меѓу Текстор и Бенитез. Се очекува Шпанецот да го преземе Ботафого во февруари.

Рафаел Бенитез е без клуб од март минатата година, кога ја напушти Селта. Тој претходно беше тренер на Реал Мадрид, Наполи, Интер, Валенсија и Ливерпул, со кои ја освои Лигата на шампионите во 2005 година.

Бенитез го освои и Купот на УЕФА, Лига Европа, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство на ФИФА, Шпанското првенство, ФА Купот, Купот на Италија и Суперкупот на Италија.


Португалија ја победи Германија и избори историско полуфинале

Репрезентација на Португалија го обележа 29.Светско првенство во ракомет. Португалците кои славеа над велесилите Норвешка, Шведска, Шпанија, во четвртфиналето ја шокираа Германија, славеа по едно продолжение со 31-30 (натпреварот во регуларниот дел заврши 26-26).

Мартим Кошта е херојот на Португалија, погоди на четири секунди до крајот на продолжението. Португалците успеаја да ја поништат нестварната партија на Андреас Волф. Голманот на Германија забележа 21 одбрана. Португалските голамани, Мартинш и Капдевил, заедно имаа 13 интервенции.

Португалија ја предводеа братот на Мартим Кошта, 19-годшниот Франциско со осум и Итуриза со седум гола. Мартим Кошта постигна четири гола од 12 обиди, но три од тие четири гола постигна во продолжението.

Лукас Цербе седум пати реализираше од седум петри, вкупно постигна девет гола, а Јури Кнор постигна седум.

Португалија во полуфиналето ќе игра против актуелниот светски првак Данска.


Сити го фати последниот воз за нокаут-фазата на ЛШ

Заврши првата фаза од елитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампиони. 24-те најдобри екипи борбата за трофејот во Лигата на шампионите ќе ја продолжат во нокаут фазата.

Пласман во осминафиналето изборија: Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.

Последниот воз го фатија европските гиганти, ПСЖ и Манчестер Сити, но нема да им биде лесно во нокаут фазата. „Граѓаните“ и „светците“ заедно со Реал, Баерн, Јувентус, Бенфика… ќе мора да играат во плејофот за пласман во осминафиналето.


Отворено мулти-функционално игралиште во Брвеница

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, денеска го пушти во употреба новото мултифункционално игралиште во оваа општина.

Брвеница доби модерно фудбалско игралиште со вештачка трева и со трибини за 200 гледачи, како и ново кошаркарско игралиште со полипропиленски под за официјални натпревари. Изградбата на ова игралиште е финансирана од Министерството за спорт во рамките на проектите за подобрување на спортската инфраструктура во Македонија, во соработка со локалната самоуправа.

На свеченото пуштање во употреба на новото мултифункционално игралиште во Брвеница, министерот Борко Ристовски изрази задоволство од успешната реализација на овој проект и нагласи дека Министерството за спорт продолжува со заложбата за подобрување на спортската инфраструктура во целата држава како основа за подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво.


ФФМ најави имплементација на ВАР следната сезона

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видеотехнологија.

ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности

Лидерот на проектниот тим за имплементација на ВАР Дејан Јакимовски информира за динамиката на активностите.

-Одржавме првичен on-line состанок со ФИФА и веќе дефиниравме дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале – жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени. Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.

Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас е што започнавме со плановите за едукација на ВАР судии. На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот, истакна Јакимовски.

Исто така, во периодот кој следува ќе се почне со адаптирање на инфраструктурата на стадионите, односно создавање на минимум потребни за добивање лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари. Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА.

Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште и Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.

Со имплементацијата на ВАР системот во МФЛ ќе се добие подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите.


Матис Тел најави заминување од Баерн

Напаѓачот на Баерн, Матис Тел сака по секоја цена да го напушти Баерн Минхен во зимскиот преоден рок.

Тој во последните три натпревари нема одиграно ниту една минута, поради што порбарал од клупските челници да биде продаден, бидејќи тренерот Винсент Компани не смета на него.

Интерес за младиот напаѓач има од повеќе страни. Како прва опција се споменува Челзи, а се зборува и за можна размена со која Кристофер Нкунку би се преселил во Минхен.

Се уште не е дефинирано дали Тел ќе оди на позајмица или ќе биде откупен неговиот договор. Покрај Челзи, интерес за Тел покажаа и Ајнтрахт Франкфурт и Олимпик Марсеј.


Елмас пристигна на потпис во Торино

Македонскиот фудбалски интернационалецер Елиф Елмас е нов фудбалер на Торино. Играчот денес пристигна во италијанскиот град за да го стави својот потпис на договорот со овој италијански клуб.

„Подготвен сум за продолжението од сезонат, ова за мене ќе биде нова авантура. Сакам добра сезона. Се уште немам разговарано со тренерот на клубот“, беа првите зборови на Елмас како играч на Торино.

Елмас доаѓа од РБ Лајпциг, каде не доби минутажа и шанса да го покаже својот квалитет. Елмас ќе игра со позајмица во Торино до крајот на сезоната, а во истиот постои можност за откуп во висина од 17 милиони евра.

нашиот репрезентативец одлично ја познава Италија, затоа што претходно настапуваше за Наполи со кого стана шампион во Серија А.


Работен состанок на првиот човек на ФФМ и министерот за спорт

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ одржа состанок со Министерот за спорт, Борко Ристовски во „Куќа на фудбалот“. Главниот фокус во разговорот меѓу претседателот на ФФМ и Министерот за спорт е иницијативата на двете институции насочена кон развој на фудбалот и спортот, воопшто.

Дискусијата на која присуствуваше и генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу се фокусираше на распределба на средствата од државниот буџет наменети за спортот, подобрување на инфраструктурата, инвестирање во програми од грасрут и национални натпреварувања.

Министерот за спорт, Борко Ристовски ја потврди заложбата за финансирање во фудбалот и упати порака за партнерски однос со ФФМ и поддршка на иницијативите на Федерацијата, нагласувајќи дека развојот на фудбалот се усогласува со националните спортски политики.

Беа дискутирани плановите за подобрување на инфраструктурата на стадионите, подобрување на тренинг центрите и поддршка на младинските селекции.

И министерот и претседателот на федерацијата ја истакнаа важноста на соработката во фокус на јавниот интерес. Се согласија со предлогот за подеднаква распределба на средствата од Министерството за спорт за клубовите кои ги исполнуваат условите за државна поддршка.

„Нашата заложба е да ја поддржиме Федерацијата. Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме обезбедувајќи правичност и раст на сите нивоа“, истакна министерот Ристовски.

„Ние сме луѓе од спортот и навистина не радува тоа што заедно со Министерството за спорт започнуваме ново ниво на соработка, професионализам и транспарентност. Ја цениме поддршката на владата во создавањето услови за развој на спортот. Една од клучните работи за која се согласивме е распределбата на средствата од Министерството за спорт наменети за клубовите. Еднаквиот третман за сите е наш приоритет и тоа ќе го реализираме. Имаме јасна визија за вложување во фудбалот и спортот воопшто, а кога имате партнер кој точно ги знае потребите, тогаш е многу полесно“, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

На состанокот се зборуваше и за натпреварите од домашната лига, привлекување инвестиции и подобрување на севкупниот квалитет на фудбалот во земјата. Односот меѓу локалната самоуправа, клубовите и Министерството за спорт е клучен во обезбедување раст на натпреварувањата и подобрување на инфраструктурата.


Сигурдсон: Ова беше магичен натпревар

Дагур Сигурдсон со Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.

Хрватска со чудесен пресврт се избори за драматична победа против Унгарија и со гол во последната секунда славеше со 31:30, натпревар кој направи да видиме и многу емотивни реакции кај обично мирниот Исланѓанец.

„Благодарност до Унгарија за неверојатната борба и неверојатниот натпревар. Одиграа извонредно, направија работите да бидат многу тешки за нас. Се боревме за секој гол, а со оглед на заморот и повредите кои ги имавме, овој успех е неверојатен. Завршницата на натпрварот беше магична, едноставно не се опишува со зборови. Ова е ракометот, ова е нашиот спорт, вакво нешто се случува еднаш во десет години. Голема благодарност до навивачите во „Арена“, тие беа извонредни. Не се откажаа и на минус четири, но истото важи и за играчите. Некои од нив го жртвуваа своето тело за да останат на терен. Среќен сум за овој голем успех, сега сме на добар пат и мораме да уживаме во моментот“, изјав Сигурдсон на прес-конференцијата.