feature

Форест го руши клупскиот рекорд за да го доведе Џејкоб Ремзи

Нотингем Форест не се шегува. Откако клубот продаде неколку важни фудбалери, ја започна кампања за купување, со цел да остане на врвот на Премиер лигата следната сезона и да се претстави во Европа на вистински начин.

Клубот е во завршни преговори за трансферот на ред Џејкоб Ремзи од Астон Вила.

Трансферот би можел да се реализира за сума од 58.000.000 евра, со Ремзи би станал најскапото засилување во историјата на клубот.

Според британските новинари, се очекува сите детали од трансферот да бидат финализирани во следните неколку дена, по што Ремзи ќе помине медицински прегледи и официјално ќе стане член на Форест.


Крис Пол се врати во Лос Анџелес Клиперс

Американскиот кошаркар Крис Пол се врати во Лос Анџелес Клиперс.

Како што објави Шамс Чаранија, Пол размислуваше помеѓу повеќе понуди, но на крајот ги избра Клиперс.

40-годишниот Пол така се врати во Лос Анџелес по осум години. о меѓувреме играше за Хјустон, Оклахома, Финикс, Голден Стејт и Сан Антонио. Пред Клиперс, тој играше и за Њу Орлеанс Пеликанс.

Се претпоставува дека ова ќе биде последната сезона во кариерата на дванаесеткратниот Ол-стар играч, а договорот што ќе го потпише ќе биде едногодишен, со вредност од 3,6 милиони долари.

Крис Пол е далеку од својот врв, но неговото присуство ќе им значи на Клиперс во нивната потрага по титулата и ќе му помогне на Џејмс Харден во должностите на организатор на играта.

Во својот прв престој во оваа франшиза, каде што играше од 2011 до 2027 година, тој беше исклучителен со 18,8 поени, 9,8 асистенции и 2,2 украдени топки по натпревар. Тој беше петкратен член на Ол-НБА тимот и Ол-стар играч.


Синер и Ѓоковиќ го откажаа настапот на Мастерсот во Торонто

Светскиот рекет број 1, Јаник Синер, и 24-кратниот гренд-слем шампион Новак Ѓоковиќ се повлекоа од турнирот „Нешнел банк опен“ во Торонто, околу една недела пред неговиот почеток, соопштија организаторите во неделата. Двајцата тенисери како причина ги навеле своите повреди, објави Спортс илустрејтед.

Од турнирот се откажа и Џек Дрејпер, моментално петти на светската ранг-листа, кој во неделата ја објави својата одлука преку социјалните мрежи.

Синер, кој доаѓа со титула од Вимблдон, ја повредил десната подлактица за време на четвртото коло на турнирот, додека, пак, Ѓоковиќ се справува со проблем во препоните. Од друга страна, Дрејпер има проблем со левата рака, поради што ќе го пропушти и Мастерсот во Синсинати.

Ѓоковиќ досега четирипати го има освоено турнирот во Торонто, а Синер ја освои својата прва титула токму таму, во 2023 година.

Со откажувањето на Синер и на Ѓоковиќ, водечка улога кај мажите ќе имаат Карлос Алкараз од Шпанија и Александар Зверев од Германија. Кај жените, во Монтреал, главни ѕвезди ќе бидат Коко Гоф (број 2), Џесика Пегула (број 3) и Ига Швјонтек (број 4). Број 1, Арина Сабаленка, се повлече претходно оваа недела, наведувајќи дека сака да се одмори и да се подготви за УС Опен кон крајот на месецот.


Познат календарот, Евролигата почнува на 30 септември

Објавен е распоредот за регуларниот дел од сезоната на кошаркарската Евролига, за сезоната 2025/2026, која ќе почне на 30 септември со седум дуели, а следниот ден на програмата ќе бидат уште три.

Иако форматот на двокружен систем останува, проширувањето од 18 тима на 20 тима значи дека ќе има 38 кола во регуларната сезона наместо 34.

Двојки за првото коло: Хапоел Тел Авив – Барселона, Дубаи – Партизан, Анадолу Ефес – Макаби Тел Авив, Црвена звезда – Милано, Панатинаикос – Баерн, Басконија – Олимпијакос, Виртус – Реал Мадрид (сите на 30 септември), Монако – Жалгирис, Фенербахче – Париз и АСВЕЛ – Валенсија (сите на 1 октoмври).


Пол Гаскоњ хоспитализиран откако ненадејно се онесвестил

Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Пол Гаскоњ е хоспитализиран, објави „The Sun“.

Педесет и осумгодишниот Англичанец бил пронајден дома во бесознание. Неговата состојба моментално се смета за стабилна. Се очекува Гаскоњ да помине неколку дена во болница.

Гаскоњ е освојувач на ФА Купот, двократен шампион на Шкотска и освојувач на Шкотскиот Куп.

Во 2002 година, тој влезе во Куќата на славните на англискиот фудбал.

Контроверзниот Гаскоњ по завршувањето на кариерата имаше проблеми со алкохолот и често пати беше фотографиран во непристојна состојба. Во едно интервју пред неколку години кажа дека живее како бездомник и дека е алкохоличар.


Ренато Веига на пат за Мадрид

Атлетико Мадрид подготвува понуда за дефанзивецот на Челзи, Ренато Веига, кој во претходната сезона импресионираше во Јувентус но, мораше да се врати на „Стемфорд Бриџ“ откако истече договорот за позајмица.

Тој дефинитивно не влегува во плановите на менаџерот на „сините“, Енцо Мареска и затоа ќе мора да бара нова средина. Англичаните се подготвени да го продадат за пониска сума.

Шпанците веруваат дека може да ја добијат трката со англиските состави Борнмут и Вулверхемптон кои исто така се заинтересирани за потписот на Португалецот.


Заради замор Ал-Хилал го откажа настапот во Суперкупот на Саудиска Арабија

Ал-Хилал нема да игра на Суперкупот на Саудиска Арабија во август поради замор на играчите и кратка пауза по Светското клупско првенство, објави клубот. Во полуфиналето на турнирот од 19 до 23 август, тимот од Ријад требаше да игра против Ал-Кадисија, додека другиот натпревар ќе биде помеѓу Ал-Наср и Ал-Итихад.

Ждрепката за Суперкупот се одржа на 19 јуни, само еден ден по првиот натпревар на Ал-Хилал против Реал Мадрид во групната фаза на Светското клупско првенство. Во САД, претставникот на Саудиска Арабија стигна до четвртфиналето, кое се одигра на 4 јули.

По тој натпревар, тимот мораше да остане во Орландо уште три дена поради ограничувања за патување, што го намали одморот на играчите. Затоа, Ал-Хилал одлучи да го одложи почетокот на подготовките за претстојната сезона. Покрај тоа, распоредот за домашните натпреварувања, објавен на 1 јуни, не споменуваше дека Суперкупот ќе се одржи во Хонг Конг.

Одлуката на Ал-Хилал да се повлече од Суперкупот беше донесена откако голем број играчи беа физички прегледани и покажаа знаци на екстремен замор по исцрпувачката сезона што траеше една година и една недела. Многу играчи учествуваа и во тренинг камповите на националните тимови без одмор, одејќи директно на Светското клупско првенство.


Ако ја мине Лозана, Вардар ќе добие молдавски или казахстански ривал

Фудбалерите на Вардар кои набрзо ги очекуваат мечевите со Лозана во второто коло во Конференциската Лига на УЕФА, денеска ги дознаа можните противници за наредната рунда.

„Црвено-црните“ доколку го поминат тимот од Швајцарија ќе одат на мегдан со подобриот од пресметките меѓу Зимбру од Молдавија и Астана од Казахстан.

Првите натпревари од третото коло во Конференциската лига на УЕФА се играат на 7 август а реваншите се седум денови подоцна.


Ако го продаде Чахланоглу, Интер ќе го купи Џака

Хакан Чалханоглу ова лето најверојатно ќе го напушти Интер, бидејќи изрази желба кариерата да ја продолжи во Турција.

Интерес за него покажуваат Галатасарај и Фенербахче, а самиот инсистира да се пресели во Турција.

Интер веќе почна да бара негова замена, а „Газета дело Спорт“ открива дека изборот паднал на Гранит Џака.

Швајцарскиот репрезентативец е на изнезна врата од Леверкузен и се поврзуваше со трансфер во Милан.

33-годишниот Џака може да го напушти клубот за само 12 милиони евра, сума која Интер е спремен да ја плати.


Фабрегас го договори Мората во Комо

Алваро Мората, капитен на шпанската репрезентација и искусен голгетер, е новиот напаѓач на италијанскиот Комо.

За трансферот се зборуваше веќе некое време, а сега угледниот италијански инсајдер Николо Шира потврди дека сè е договорено.

Мората ги договори личните услови со италијанскиот клуб, а на крај се усогласија и сите три вклучени клуба – Галатасарај, Милан и Комо.

Трансферот беше прилично замрсен бидејќи во целата приказна беа вклучени три страни. Мората официјално е под договор со Милан, но моментално игра на заем во Галатасарај, што трае до почетокот на следната година.

Турскиот гигант има и опција за откуп на договорот за осум милиони евра, но и покрај таа клаузула, Мората се враќа во Италија!

Клучната улога во трансферот ја одигра неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата и актуелен тренер на Комо, Сеск Фабрегас (38), кој лично го посака во соблекувалната.

Фабрегас интензивно гради респектабилен проект во Серија А, а со доаѓањето на Мората дополнително го засилува силниот напад.