feature

Ненадејно хоспитализиран германскиот кошаркарски селектор

Селекторот на Германија, Алекс Мумбру од вчера е во болница поради здравствени проблеми. Германската кошаркарска федерација ја потврди информацијата за хоспитализација на Мумбру.

Во текот на вчерашниот ден 46-годишниот Мумбру е хоспитализиран како превентивна мерка откако претрпел акутна инфекција. Тој прима третман и се очекува за брзо време да закрепне, но не е јасно кога ќе може да се врати на работните обврски во репрезентацијата.

Шпанскиот кошаркарски стручњак сигурно ќе го пропушти првиот натпревар на Германија на Евробаскетот против Црна Гора. Во негово отсуство, помошникот Алан Ибрагимагиќ ќе ја преземе функцијата селектор.

Репрезентацијата на Германија утре од 15:30 ќе го има првиот свој настап на Европското првенство 2025.

Германците се во групата Б со Литванија, Финска, Велика Британија, Шведска и Црна Гора.


Валеро Ривера најави пензија од активното играње ракомет

Валеро Ривера објави дека ја игра последната сезона во својата богата ракометна кариера.

Ривера потекнува од Барселона, а потоа настапуваше за Арагон, Алгесирас, Гвадалахара и Октавио Виго, пред да се пресели во Франција.

За Нант играше од 2010 до 2016, а потоа на две сезони се врати во каталонскиот гигант, додека од 2018 година повторно е дел од Нант и ќе комплетира вкупно 14 сезони во овој клуб.

Со националниот тим на Шпанија освои злато на СП 2013, злато на ЕП 2018, сребро на ЕП 2016 и бронза на ЕП 2014 година.


Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш.

„Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско пливање. Има учествувано на 107 натпревари од светска класа во кариерата што траеше од 2007 до 2021 година. Неверојатно пливање Евгениј…..и благодарност до целиот екипаж на бродот“, се вели во информацијата на Асоцијацијата на пливање преку каналот Ла Манш.

Пред Поп Ацев од македонските пливачи Ла Манш го препливаа: Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.


Кејлор Кели потпиша за Лејкерси

27-годишниот кошаркар, Кејлор Кели, му се приклучи на составот од Лос Анџелес. Деталите од договорот не беа откриени.

Тој во изминатата сезона одигра 11 натпревари во НБА (два како стартер) за Њу Орлеанс и Далас постигнувајќи просек од 3,1 поен и 3,5 скока за 11,5 минути.

Кели кој беше во системот на Лејкерси и во претходното лето беше испратен во Г-лигата. Таму во дресот на Саут Беј Лејкерс одигра 32 меча.


Евертон потпиша со Диблинг од Саутемптон

Екипата на Евeртон објави на социјалните мрежи дека го ангажирала досегашниот фудбалер на Саутемптон, Тајлер Диблинг.

Крилниот напаѓач се согласил да потпише договор за четири сезони. Според информациите основата на трансферот е 35 милиони фунти но, ќе бидат вклучени и одредени бонуси.

Младиот играч кој има само 19 години, во претходната сезона одигра 33 натпревари во Премиер лигата и постигна 2 гола.


Сан Антонио Спарс ќе гради нова арена

Сан Антонио Спарс доби одобрение од градскиот совет за нивниот нов проект за арената. Советот гласаше за учество во изградбата вредна 1,3 милијарди долари иако градоначалникот беше против таа идеја.

Според информациите, 500 милиони ќе бидат инвестирани од клубот а 489 милиони ќе бидат обезбедени од градот.

Во почеток на ноември ќе се одржи гласање на ниво на регионот кое ќе треба да одобри учество во проектот на другите 311 милиони.


Киву: Мојот Интер покажа неспорен квалитет

Фудбалерите на Интер доцна синоќа го прегазија Торино со 5-0 во старниот меч во новата сезона во Серија A. Нивниот тренер, Кристијан Киву, не крие дека е презадоволен.

„Момците ги оставија настаните од минатата сезона и го демонстрираа вистинскиот потенцијал. Од првиот ден, сите се вратија во реалноста, работеа под голем притисок и никогаш не се пожалија“ – рече Киву.

Романецот не беше расположен да зборува за евентуални нови трансфери.


Магично деби на Киву, Интер го прегази Торино

Фудбалерите на Интер го затворија првото коло од италијанската Серија А со убедлива победа над Торино со 5-0 (2-0).

„Неро-азурите“ му ја предадоа круната на Наполи минатата сезона, а со овој почеток испраќаат јасна порака дека сакаат да го вратат „Скудетото“ во своите витрини.

„Биковите“ беа целосно инфериорни на „Џузепе Меаца“, а серијата голови отвори Алесандро Бастони во 18-та минута.

Уште толку време му беше потрбно на Маркус Тирано за да го постигне својот прв гол на оваа средба.

Во раната фаза од второто полувреме, Лаутаро Мартинез ја искористи големата грешка на одбраната на Торино за да го зголеми резултатот 3:0, а потоа Тирам постигна убав гол во 62-та минута.

Торино целосно потона, а во 72-та минута „петардата“ ја комплетираше новодојдениот Французин Бони, само пет минути по влегувањето на теренот.


Лудо дерби во Њукасл, тинејџер донесе победа на Ливерпул во 100. минута

Неверојатен натпревар и голема победа за Ливерпул против Њукасл, со голот на тинејџерот Енгумоа, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение во второто полувреме за конечни 2:3.

Њукасл и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на затворањето на второто коло од Премиер лигата, во кој „стралките“ малку ги делеше од неверојатен подвиг.

Ливерпул не одигра ништо, дури и во ситуација кога имаше играч повеќе, Њукасл доминираше, особено во првите 35 минути, кога со високиот пресинг ја загушија играта на ривалот.

Грабенберг погоди за 0:1 во 35-та минута, а десет минути подцна Гордон поради невнимателен старт доби црвен картон.

По 20 секунди игра Екетике ја зголеми предноста на ливерепул.

Њукасл немаше намера да се рпедаде, се вратија домашните во мечот со головите на Гимараеш во 57. и Осула во 88-та минута. Ја посакуваа домашните победата, и по израмнувањето напаѓаа но без бод останаа во 100-тата минута.

Ги шокира 17-годишниот тинејџер Енгумоа, кој четири минути претходно влезе на теренот. По додавањето на Салах и брилијантно промашената топка на Собослаи, тинејџерот го постигна првиот гол во сениорска конкуренција.


Девет клуба од ПМФЛ добија уште 101.000 евра од УЕФА фондот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за распределба на дополнителни средства од солидарната шема на УЕФА за клубовите од ПМФЛ за натпреварувачката сезона 2024/25.

Средствата во висина од 101.000 евра ќе бидат распределени подеднакво на девет клубови од Прва МФЛ.

Воска Спорт, Гостивар и Беса, клубови кои го откажаа учеството во лигата, нема да бидат вклучени во распределбата на средствата од солидарната шема на УЕФА.