feature

Милан подготви ретро дресови за јубилејот – 125 години од основањето

Милан претстави ретро дрес на официјалната веб-страница во чест на 125-годишнината на клубот.

Дресот е со широки црни и црвени риги, шорцевите се бели. Навивачите го избраа овој модел со гласање.

Ќе бидат произведени вкупно 1.899 парчиња во ретро стил, секое со единствен сериски број и ексклузивно пакување.

Милано е основан на 16 декември 1899 година. Во текот на својата историја, клубот стана 19-кратен шампион на Италија, 5-кратен победник на Националниот куп, како и 7-кратен победник на Европскиот куп/Лига на шампиони, 5-кратен победник на УЕФА Суперкупот и победник на Светското клупско првенство.


Раниери има четири зимски желби за посилна Рома

Рома се подготвува за зимскиот преоден рок. Клаудио Раниери има своја визија и смета дека на тимот му требаат засилувања на одредени позиции.

Искусниот тренер од челните луѓе побарал лев и десен бек, напаѓач и дефанзивен играч од редот за врска. Значи во јануари се очекува четворица нови играчи да пристигнат на „Олимпико“.

Лев бек е Анхелињо кој одигра многу натпревари, а нема адекватна замена. Слична е ситуацијата и со десниот бек, Зеки Челик одигра речиси 1.500 минути, а се работи за играч кој минатата сезона не беше ни стартер.

Што се однесува до напаѓачката позиција, Елдор Шомуродов е единствената замена за Артем Довбик, а на Раниери му треба уште најмалку еден квалитетен стрелец.

Рома е на 15. место во Серија А со 13 освоени бода во 14 натпревари.


Мусиала доби пет пати поголема плата за нов договор во Минхен

Џамал Мусијала, младата ѕвезда на Баерн Минхен, ќе го продолжи договорот со клубот. Актуелниот договор на Мусијала истекува во јуни 2026 година. Баерн успеа во намерата да го задржи 21-годишниот фудбалер, кој е иднината на клубот и кој треба да биде најважниот играч во проектот на Баерн.

Шпански „Фихајес“, пишувајќи за Мусијала, потенцираше дека сериозен интерес за фудбалерот покажале Реал Мадрид и Манчестер сити.

Мусијала ќе го продолжи договорот на четири или пет години. Тој ќе добие значително покачување на платата. Се шпекулира, со новиот договор неговата годишната плата ќе биде пет пати поголема, одноно ќе добие милиони евра.

Џамал Мусиала ќе стане најплатениот играч на баварскиот тим. Тој ќе има годишна плата од 25 милиони евра.

Да потсетиме, Џамал Мусиала беше промовиран во првиот тим на Баерн во 2020 година како 17-годишник.


Гвардиола: Премиер лигата секоја сезона е посилна и посилна

Менаџерот на фудбалскиот клуб Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим имал тежок период и посочи дека тимот мора да продолжи да победува по триумфот против Нотингем Форест, пренесуваат британските медиуми.

Манчестер сити во средата на домашен терен го победи Нотингем Форест со 3-0 во 14. коло од Премиер лигата.

Граѓаните ја постигнаа првата победа во Премиер лигата по повеќе од еден месец. Пред дуелот со Нотингем Форест, Манчестер сити не триумфираше на последните седум натпревари во сите натпреварувања, а во Премиер лигата беше во серија од четири порази.

„Минавме низ тежок период, но мораме да ги прифатиме предизвиците и да се справиме со нив. Мислам дека овој пат бевме добри. Сите гледаме дека Премиер лигата е се потешка и потешка, секој противник е тежок. Секој на секого му одзема поени. Мора да се подобриме, прво да се обидеме да продолжиме да победуваме, а потоа за неколку месеци ќе видиме до каде сме“, изјави Гвардиола.

Манчестер сити е на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 26 бодови, а во следното коло му гостува на Кристал Палас.


Амбасадорот на БиХ во официјална посета на КФСМ

Денес во просториите на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија делегација од Амбасадата на Босна и Херцеговина и претставници од Владата беше во официјална посета.

Драган Јаќимовиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина, заедно со Министерот за безбедност, господинот Ненад Нешиќ, ги посетија канцелариите на КФСМ.

Мандатот на Драган Јаќимовиќ како амбасадор на Босна и Херцеговина во Македонија започна во 2019 година додека господинот Ненад Нешиќ, ја обавува функцијата Муинистер за безбедност на Босна и Херцеговина од 2022 година.


Мбапе: Време е да ја сменам ситуацијата и да покажам кој сум

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се смета за виновен за поразот од Атлетик (1-2) синоќа во одложениот натпревар од 19. коло на шпанскиот шампионат. Французинот промаши пенал во 68. минута.

„Лош резултат. Направив голема грешка на натпревар каде што секој детаљ е важен. Ја преземам целосната одговорност за ова. Тежок момент е, но сега е време да ја сменам ситуацијата и да покажам кој сум“, напиша Мбапе на социјалната мрежа.

25-годишниот Французин го промаши вториот пенал во низа. Претходно не успеа да постигне гол од пенал на натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул (0:2) на 27 ноември.

Реал е на 2. место во шпанското фудбалско првенство со 33 бодови.


Салах го сруши рекордот на Руно

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на натпреварот од 14. коло на англискиот шампионат синоќа против Њукасл (3-3).

32-годишниот Египќанец со гол и асистенција го собори рекордот за најмногу натпревари. Тој има 37 вакви средби.

Претходно, рекордот за најмногу натпревари со најмалку еден гол и една асистенција му припаѓаше на Вејн Руни кој настапуваше за Евертон и Манчестер јунајтед.

На Салах му требаа 214 меча помалку од Руни за да го достигне рекордот.


Селекцијата до 19 години ги доби противниците за квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 19 години на извлекување во Нион, Швајцарија ги доби противниците за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство.

Португалија, Белгија и Естонија се противниците на македонската репрезентација од групата 11 за пласман во Елитната квалификациска фаза за Европско првенство.

Квалификацискиот турнир ќе се одигра од 12. до 18. ноември 2025 година.

Домаќин на натпреварите ќе биде Португалија.


Виртус се раздели со тренерот Лука Банки

Лука Банки повеќе не е тренер на Виртус. Според „Газета дело Спорт“, тој по тешкиот пораз од Алба во Евролигата на играчите им рекол дека си заминува од таа позиција.

Виртус, синоќа, по едно продолжение загуби од Алба 88:90. Утре во Болоња гостува Црвена звезда.

Она што се случуваше по натпреварот е кулминација на лошите односи во Виртус бидејќи Бјанки имал жесток конфликт со генералниот директор Паоло Рончи.

Веќе на почетокот на сезоната тој имаше недоразбирања со Вил Клајбурн и оттогаш се се искомплицира, а меѓу играчите наводно ја имал поддршката само од Марко Белинели.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Бјанки на клупата ќе биде заменет од човекот на чие место дојде минатата сезона, Александар Ѓорѓевиќ. Поранешниот селектор на Србија го водеше тимот од Болоња од 2018 до 2021 година.

Единствена пречка е што 57-годишниот Ѓорѓевиќ сака повеќегодишен договор.

По поразот од Алба, Виртус остана сам на дното на табелата во Евролигата со само две победи и 11 порази.


Челзи нема зимава да го продава Мудрик

Украинскиот фудбалски интеранционалец, Михаил Мудрик, ќе остане во Челзи барем до крајот на сезоната, тврди инсајдерот, Бен Џејкобс.

Тој наведува дека лондончани немаат намера да го испратат крилниот напаѓач на позајмица или евентуално да го продадат во јануарскиот трансфер период.

23-годишниот фудбалер во сезонава одигра 7 натпревари во Премиер-лигата но, не успеа да се запише во листата на стрелците.