feature

Илон Маск сака да го купи Ливерпул, нуди луда сума од преку 7 милијарди!

Илон Маск, контроверзниот милијардер, наводно размислува да го купи Ливерпул, за кој е подготвен да издвои повеќе од седум милијарди евра. Ова го потврди неговиот татко Ерол во интервју за Радио Тајмс.

Маск постариот првично одби да ги коментира гласините бидејќи тоа може да ја зголеми цената на клубот од „Енфилд“, но на инсистирање на водителот призна дека Илон навистина сака да го купи славниот фудбалски клуб, а објасни и зошто токму Ливерпул.

„Точно е дека Илон изрази желба да го купи Ливерпул, но тоа не значи дека тој навистина ќе го направи тоа. Дали тој сака да го направи тоа? „Секако, кој не би сакал, би сакал и јас да го направам тоа“, изјави Ерол Маск. „Баба му е родена во тој град, таму имаме роднини, а Битлси пораснаа со некои од моето семејство“, објасни Ерол за мотивацијата на неговиот син, кој се поврзал со градот кога татко му го однел во Ливерпул како момче.

Теоријата за интересот на Илон Маск за купување ја лансираше Weekend Sport, според кој цената би била 7,2 милијарди евра, што е помалку од два отсто од богатството на Маск, кое се проценува на 400 милијарди евра.

Маск е сопственик на поранешниот Твитер, сега познат како платформа Х, како и фабриката за автомобили Тесла.


Дориан Бабунски се раздели со Грасхоперс

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски од денес не е повеќе играч на швајцарскиот клуб Грасхоперс.

28-годишникот беше дел од „скакулците“ од месец август 2023 година, но не успеа да се наметне. Иако тргна добро и успеа да постигне голови, следеше една повреда која го сопре. И оттогаш, немаше голема минутажа.

Оваа сезона во швајцарската Суперлига, Бабунски одигра два натпревари без гол, додека во Купот на Швајцарија даде гол во единствениот настап.

Низ кариерата Дориан Бабунски настапуваше и за Дебрецен од Унгарија, Ботев Враца од Бугарија, Мачида и Кагошима од Јапонија, потоа Радомље и Олимпија од Словенија, како и Фуенлабрада и младинските категории на Реал Мадрид во Шпанија.


Ефес има нов тренер, Банки го менува Мијатовиќ

Анадолу Ефес реши да доведе замена за Томислав Мијатовиќ и тоа ќе биде италијанскиот стручњак Лука Банки.

Банки и самиот неодамна доби отказ и тоа од Виртус Болоња, но многу бргу успеа да најде нов ангажман и сега ќе се обиде да ги подобри резултатите на турската екипа.

Мијатовиќ прифатил да остане во клубот, односно во иднина да биде дел од стручниот штаб на Банки и сигурно ќе му биде од помош на италијанскиот тренер.

Ефес во домашното првенство заостанува само два бода зад лидерот Фенербахче, додека во Евролигата врза два пораза и сега има ефект 10:9 за место на средината на табелата.


Се повреди Блонц, Норвешка без битен ракометар на Мундијалот

Норвешката ракометна репрезентација ќе биде ослабена за едно големо име на престојното ракометно СП откако репрезентативниот повик го одби искусниот Александар Блонц, најдобриот стрелец на Норвежаните на последните две големи првенства.

Причината е повреда на коленото и други потешки околности поради која стрелецот на 29 голови на Олимписките игри и 37 голови на последното Европско првенство, овој пат нема да настапи во репрезентативниот дрес.

„Нема да можам да играм на Светското првенство, тоа е јасно. Жал ми е, но се случија разни работи“, изјави Блонц кој не сакаше да ја откри конкретната причина за одлуката, најавувајќи дека во иднина сака да остане дел од најголемите собири.


Хјуит го врати Кирјиос во австралиската репрезентација

Селекторот на тениската репрезентација на Австралија, Лејтон Хјуит го повика Ник Кирјос во екипата за дуелот против Шведска во Стокхолм.

Австралија на 31 јануари и 1 февруари ќе игра против Шведска, а освен Кирјос се повикани и Алекс Де Минор, Џордан Томпсон и Танаси Кокинакис.

Контроверзниот Кирјос нема настап во Дејвис Купот уште од 2019 година, а на спортот му се врати на почетокот на годинава по проблемите со повреди.


Легендарниот Леб се откажа од релито Дакар

Легендата на рели-спортот, Французинот Себастиен Леб ги заврши своите настапи на релито Дакар 2025 година. Французинот се преврте во третата етапа и загуби повеќе од еден час од своите ривали.

По финишот се покажа дека е оштетен заштитниот кафез на автомобилот Дачија. Во согласност со правилата на ФИА, екипажот не може да ја продолжи трката.

Леб е деветкратен светски шампион во рели кој се уште не го освоил Дакар. Себастијан ја заврши трката на второто место трипати и двапати беше трет.


Почнува шпанскиот Суперкуп, домаќин пак Саудиска Арабија

Саудиска Арабија од денес ќе биде домаќин на заршницата на шпанскиот Суперкуп. Веќе денеска на програмата го имаме првиот полуфинален меч во Џеда.

Барселона во битката за ново фунале во Суперкупот ќе се сретне со екипата на Атлетик (Б), додека утре Реал Мадрид ќе се соочи со Мајорка.


Дешамп заминува по Мундијалот во 2026 година

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп најави заминување од позицијата по Светското првенство во 2026 година.

„Не сум тука да објавам, но тоа ќе се се случи во 2026 година. Со репрезентацијата работам од 2012 година, договорот е до 2026 година, до следното Светско првенство. И тогаш тоа е тоа, во одреден момент треба да завршите. Во мојата глава созреа јасна одлука. Мојата работа ја извршувам со постојана желба и страст да се осигурам дека француската репрезентација го одржува највисокото ниво. 4 години е многу време. Не сум тука за рекорди, најважно е францускиот тим да остане на врвот, каде што е долги години“, рече Дешамп.

Под негово водство, „триколорите“ ги освоија Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2021/22, а станаа и сребрени на Евро 2016 и Светско првенство 2022 година.


Саинц по само две етапи се откажа од релито Дакар

Шпанецот Карлос Саинц влезе на релито како актуелен шампион, но 48-часовната втора етапа се покажа како точка од која рели ветеранот не може да го продолжи настапот со својот копилот Лукас Круз.

Саинц се извртел со својот Форд Рептор по излетување од песочна дина со брзина од 327 км/ч, при што го оштетил заштитниот кафез, а стјуардите по деталната истрага процениле дека тој е сериозно оштетен и поради не постојат услови за продолжување на релито.

Оценката на одговорните е дека Саинц и Круз би биле во голема опасност при повторување на сличен инцидент, па го искористиле правото да ја елиминираат шпанската посада од настапот на Рели Дакар.

Негативното сценарио е удар и за Форд, кој се врати на релито со големи амбиции, а веќе имаше проблеми и со Нани Рома, кој и покрај техничките проблеми ќе може да продолжи со настапот во третата етапа.

Поврзани теми


Сем Декер од Хувентуд се сели во Реал

Реал Мадрид сака да го доведе Сем Декер, крилниот центар на Хувентуд од Бадалона.

Американецот кој е висок 203 сантиметри има привремен договор со тимот од Каталонија кој истекува на 18 јануари, а по тој датум би можел да премине во кралскиот клуб.

Еден од најзаслужните е што Хувентуд е меѓу клубовите кои изборија пласман на завршниот турнир од Купот на кралот.

Во Ендеса лигата просечно бележи 14,3 поени со 52 отсто шут за два и 50 отсто за три поени.