feature

Милевски и Барди: Победата е наша единствена цел против Лихтенштајн

Македонската репрезентација утре од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. Нашиот национален тим ќе се обиде да стигне до домашна победа во циклусот, по реми натпреварите со Велс и Белгија.

На официјалната прес-конференција селекторот Благоја Милевски истакна дека Македонија е фаворит на хартија, но предупреди дека тоа мора да се докаже и на теренот.

„Сите играчи се здрави и подготвени. Имаме максимален респект за Лихтенштајн и воопшто нема да биде лесно. Додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниту еден противник. Нашата цел е јасна, три бода кои се исклучително важни во моментов, Задоволен сум од изданието на фудбалерите кои дебитираа против Саудиска Арабија. Лука Станковски, Елмин Растодер и Решат Рамадани покажаа дека имаат квалитет и се разбира дека сметаме на нив и на натпреварите за бодови, рече Милевски.

Капитенот Енис Барди, кој исто така се обрати пред медиумите, додаде:

„Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека не го отворивме резултатот. Сите сме свесни што нè очекува, направивме анализа и знаеме што треба да поправиме. Подготвени сме за дуелот, а три бода можат многу да ни значат за да го завршиме овој прозорец на првото место. Секогаш кога играме за Македонија мотив не е потребен, победата е нашата единствена цел“.

По гостувањето во Вадуц, каде Македонија славеше со 0:3, ова ќе биде втора пресметка со Лихтенштајн во групата, а за нашата селекција и шанса да ја израдува домашната публика со цел плен.


Алкалоид го прими пехарот од ЕХФ Европскиот Куп

Ракометниот клуб Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп за ланската сезона. Македонскиот тим во финалето од ова натпреварување заврши како победник, откако неговиот ривал грчки АЕК не се појави на терен на реваншот во Скопје.

Пехарот вечерва на капитенот на Алкалоид Игор Ѓорѓиев го предаде Божидар Ѓурковиќ претставникот од ЕХФ.

Алкалоид имаше предност и победа од првиот финален дуел, а грчкиот тим во Скопје иако се загреваше одби да го игра натпреварот.

ЕХФ донесе одлука натпреварот да биде регистриран со резултат 10:0, а АЕК заработи и две годишна суспензија.

Алкалоид е третиот македонски ракометен клуб што освоил европски пехар по двете титули европски првак на Вардар и трофејот на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров.


Италија и Турција во финалето на женскиот одвојкарски Мундијал

Репрезентациите на Италија и на Турција ќе играат во финалето на Светското првенство во одбојка за жени. Во драматично полуфинале кое тареше повеќе од 2,5 часа олимпискиот шампион Италија со 3-2 во сетови (22-25; 25-22; 28-30; 25-22 и 15-13). Во решавачкиот сет двете репрезентации се менуваа во водството, а победата им припадна на одбојкарките на Италија.

Во првото полуфинале Турција ја победи Јапонија со 3:1 (16:25; 25:17; 25:18 и 27:25). Првиот сет го добија одбојкарките на Јапонија, но тоа не беше пречка за турските одбојкарки да направат пресврт и четвртиот сет да го добијат на разлика.

Утре во малото финале ќе играат Јапонија – Бразил, а во дуелот за златото Турција – Италија.


Финска го исфрли главниот фаворит, Србија не го мина осминафиналето на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Србија важеше за прв фаворит за златото, но ги заврши настапите на Евробаскетот уште во осминафиналето, со сензационален пораз од селекцијата на Финска со 86-92. која е една од домаќините на настанот.

Најефикасен кај Србија беше Никола Јокиќ со 30 поени и 8 скокови, а Никола Јовиќ додаде 18 поени.

За Финска, Лаури Марканен забележа 26 поени и 7 скокови, Јантунен уфрли 15, Литл 13 со 8 скокови и 6 асистенции, а Валтонен постигна 13 поени.


Шеснаесет селекции обезбедија мундијалски билет

Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 48 репрезентации. Во финишот на квалификациите една третина од учесниците е позната.

Директен пласман на Светското првенство обезбедија домаќините:
– САД, Канада и Мексико.

Низ квалификациите место на Мундијалот си обезбедија:

Азија (6): Австралија, Иран, Јапонија, Јордан (дебитант), Јужна Кореја, Узбекистан (дебитант).
КОНМЕБОЛ (6): Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај.
Океанија (1): Нов Зеланд


Спанулис го донесе Недовиќ во Монако

Немања Недовиќ е нов кошаркар на Монако. Неодамнешниот играч на Црвена звезда потпиша договор со клубот од малото кенжевство, кој минатата сезона играше во финалето и загуби од Фенербахче.

Недовиќ имаше договор со Црвена звезда на крајот од минатата сезона за продолжување на соработката, меѓутоа, клубот се премисли и ја прекинаа соработката. Поради оваа причина, Недовиќ потпиша за Монако и ќе биде таму следната година.

Недовиќ ја започна својата професионална кариера во Црвена звезда, подоцна играше во Валенсија, Уникаха, Панатинаикос и во НБА за Голден стејт Вориорс. Се врати во редовите на црвено-белите во 2022 година и беше член до ова лето.


Талентот на Брага потпиша за саудискиот Ал-Итихад

Луѓето од фудбалскиот состав Брага потврдија дека големиот талент, Рожер Фернандеш, се сели во Џеда и во иднина ќе биде дел од составот на Ал-Итихад.

Според објавата, трансферот ќе биде со фиксни 32 милиони евра но, сумата може да се зголеми со одредени бонуси.

19-годишниот крилен напаѓач кој е роден во Гвинеја-Бисао, во континуитет добива повик во младинската селекција на „европските бразилци“.


Фенер преговара со Зидан

Турските медиуми објавија дека челниците на Фенербахче постигале договор со францускиот тренер, Зинедин Зидан кој треба да го наследи отпуштениот Жозе Мурињо.

Гигантот од Истанбул се определи да ја прекине соработката со Португалецот откако не обезбеди место во Лигата на шампионите за новата сезона.

Популарниот Зизу нема ангажман откако си замина од редовите на Реал Мадрид. Со „кралевите“ ги освои сите можни трофеи во краток период.


Мбапе го стигна Анри, сега го лови Жиру

Напаѓачот, Килијан Мбапе, со погодокот на мечот со Украина го израмни ефектот на Анри и се стационира на второто место на листата на најдобри стрелци на Франција на сите времиња.

Прв во рангирањето е Оливи Жиру кој има реализирано 57 голови. Мбапе кој сега има 51 погодок не крие дека е задоволен.

„Честитки до Тиери Анри! Но, сега сакам да го надминам! Чест е да се израмниш со играч како него. Рекордот се приближува“, рече Мбапе.


Луис Енрике повреден во велосипедска несреќа – следува операција

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, беше итно пренесен во болница откако доживеа несреќа со велосипед, при што ја скрши клучната коска. Како што потврди клубот, 55-годишниот стратег ќе биде подложен на хируршка интервенција. 

Инцидентот се случил во петокот, додека Енрике возел велосипед – активност која често ја практикува, особено околу Париз и близу тренинг центарот на ПСЖ. Брзата интервенција на итната помош му овозможи навремен третман. 

ПСЖ изрази целосна поддршка и му посака брзо закрепнување, но сè уште не е соопштен точен рок за негово враќање на клупата. 

Енрике стана дел од клубот во 2023 година и веќе остави силен белег, предводејќи го тимот до историска прва титула во Лигата на Шампионите минатата сезона. 

Клубот ја продолжува својата кампања во Лига 1 со натпревар против Лeнс на 14 септември, по што следи важниот дуел во Лигата на Шампионите против Аталанта три дена подоцна. Засега не е познато кој ќе го води тимот додека Енрике закрепнува.