feature

Тројцата браќа Рустемовски на прием кај градоначалникот на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денес организираше прием на браќата Ружди, Ален и Ардијан Рустемовски, кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето загуби од Украинецот Зименко.

Градоначалникот им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.


Фудбалерките договорија два теста против Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора. Контролните натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов, се одлучи да повика девет интернационалки.

Голмани:
Берна Кабакчи (Карсон Универзитет, САД)
Виктортија Пачурува (Тиверија Брера)
Кристина Павлоска (Топ Гол)

Одбрана:
Ана Милчевска (Грузија)
Ане Бошевска (Тиверија Брера)
Павлинка Николовска (Тиверија Брера)
Викторија Недева (Тиверија Брера)
Сара Коларовска (Скопје 2014)
Теона Галабовска (Тиверија Брера)
Елена Панеска (Олимпија, Словенија)
Бојана Петкова (Љуботен)

Среден ред:
Меланија Гроздановска (Истатов)
Стефанија Маринковска (Каменица Саса)
Хава Мустафа (Љуботен)
Александра Марковска (Љуботен)
Симона Мајер (Израел)
Ленче Андрееска (Турција)
Ихмете Лимани (СВ Веинберг 67, Германија)
Наташа Андонова (Саудиска Арабија)

Напад:
Јилза Максути (Ас Јунајтед)
Гентијана Рочи (Финска)
Лора Сулејмани (Франција)
Билјана Паневска (Брера Тиверија)

Првата контролна средба е закажана на 30 ноември со почеток во 13:00 часот. На 3 декември овие две селекции во 12:00 часот ќе ја одиграат и втората контролна пресметка.


Шкриниар во јануари се сели во Јуве?

Јувентус напредува во трката по потписот на Милан Шкриниар. Јуве е во потрагата по нов дефанзивец откако Глејсон Бремер доби сериозна повреда на коленото.

„Бјанконерите“ постигнале вербален договор со поранешниот играч на Интер, а сега се очекува „Старата дама“ да почне преговри и со ПСЖ. И покрај тоа што Словакот не е редовен стартер, францускиот првак бара значителна сума за да се раздели со него. Те инсистираат да го продадат целосно и не сакаат да разговараат за позајмица.

Ветеранот собра само пет настапи оваа сезона, но ги започна и ги заврши последните два натпревари во Лига 1.


Лотито: Сакаме семејна атмосфера, Лацио не е автобуска станица

Претседателот на италијанскиот фудбалски клуб Лацио, Клаудио Лотито, изјави дали играчите побарале од него да вклучи бонуси за учинок во нивните лични договори.

„Играчите побараа да се додадат бонуси поврзани со перформансите во нивните договори. Ова не одговара на нашиот пристап. Во едно семејство, главата на семејството гледа како се однесуваат луѓето и оценува дали заслужуваат награда. Играчите се платени за нивните настапи. Овде сакаме семејна атмосфера каде сите придонесуваат, сите се обединети, сите се корисни и никој не е незаменлив. Ако се убедени дека Лацио е дестинација, а не отскочна штица или автобуска станица за некаде на друго место, тоа е ок“, вели Лотито.


Бонифејс следното лето се сели на „Олд Трафорд“

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифас може да ја продолжи кариерата во Англија, пишуваaт англиските медиуми.

Според британскиот медиум, Манчестер јунајтед е сериознио заинтересиран за 23-годишниот Нигериец. Јунајтед го вклучија напаѓачот во потесниот список на напаѓачи кои можат да бидат ангажирани во летниот преоден рок.

Сезонава Бонифас одигра 15 натпревари на кои постигна осум гола и креираше една асистенција.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 45 милиони евра.


Нено Димитријевиќ е МВП на четвртото коло од евро-квалификациите

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е МВП на четвртото коло од квалификациите за Евробаскет 2025. Македонецот успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат. На средбата во неделата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43 поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер.

За жал, неговиот перформанс не беше доволен за Македонија да ја изненади Литванија на гостински терен, иако Димитријевиќ постигна седум тројки, имаше и шест асистенции, четири скока, и три освоени топки. Ова беше доволно за индекс 40, највисок во колото.

Во ТОП 5 на ФИБА се најдоа и Чеди Осман, кошаркарот на Турција (роден во Охрид), имаше 36 индексни поени, Камар Болдвин од Грузија, Матеуш Понитка (Полска) и Ондреј Балвин од Чешка.


Ѓорческа со победа стартуваше на фјучрсот во Селва Гардена

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ фјучрс турнирот во Селва Гардена, Италија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Ѓорческа забележа победа од 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за 65 минути игра.

Македонската тенисерка успеа да освои речиси двојно повеќе поени (60-37) од ривалката Словенката Кристина Новак, а искористи четири од шестте брејк топки, додека ривалката имаше 0/4.

Во првиот сет по 1-1 во гемови, Ѓорческа направи серија од 5-0 и го заврши првиот сет до 6-1, а слична слика беше и во вториот сет кога Новак имаше водство од 1-0 и 2-1 во гемови, а потоа македонската тенисерка имаше уште една серија од четири гема и сетот го заврши со 6-2.

Во следната рунда македонската тенисерка ќе игра против осмата носителка Британката Амарни Бенкс, која во денешниот меч славеше победа полската тенисерка Урсула Радванска со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

2 reads


Бентнер нападнат со нож во Њујорк

Поранешниот фудбалер Никлас Бентнер беше нападнат со нож во Њујорк додека се шетал со свој другар.

Екс играчот на Арсенал во текот на својата кариера го пратеа бројни скандали, но оваа ситуација е посериозна од останатите. Популарниот „Лорд“ додека се шетал со својот другар бил нападнат од зад грб од лице кое во раката држел нож. Само чиста среќа го оставила Бентнер без повреда, додека неговиот пријател останал со рани на лицето и увото.

Никлас Бентнер во својата кариера играше за многу клубови, меѓу кои за Арсенал, Бирмингем, Сандерленд, Јувантус, Волфсбург, Нотингем Форест, Розенброг и Копенхаген.


Милан без Леао на гостувањето во Братислава

Според последните информации, Милан би можел да стартува без Рафаел Леао на вечерашното гостување против Слован Братислава, иако Пауло Фонсека изјави дека „тој е добро“ за време на неговата прес-конференција пред натпреварот.

Леао по се изгледа вечерва ќе остане на клупата за резерви. Според повеќе медиуми во Италија, Милан ќе мора да го одмори Леао, а на негово место во стартните единаесет се очекува да се појави Ноа Окафор.

Според шпекулациите се очекува да стартуваат и Кристијан Пулишиќ и Самуел Чуквуезе.

Фонсека не беше подготвен да даде премногу индиции за неговите почетни 11 против Слован Братислава, навестувајќи дека Леао „можеби ќе игра“.


Панатинаикос преговара со Кампацо од Реал

По заминувањето од Црвена звезда, аргентинскиот кошаркар Факундо Кампако имал најмалку уште една понуда на маса, освен онаа на Реал Мадрид, кади и замина.Кампацо бил баран од грчки Панатинаикос, неговиот тогашен агент Јоргос Пану инсистирал на трансфер, а Аргентинецот потоа го отпуштил. Сето ова се случило во 2023 година, а деталите ги откри токму Пану.

„Имаше недоразбирање со Кампацо, кој ја доби најголемата понуда во историјата на европската кошарка од Панатинаикос и не ја прифати. За три години му беа понудени 12 милиони долари, а за една третина од тоа замина замина во Реал Мадрид. Сумата што ја сакаше е да игра во Мадрид“, вели Пану.

Како резултат на тоа, Кампацо се разделил со Пану.

-Секој си замина по својот пат бидејќи тој мислеше дека го тераме да оди таму каде што не сака, не веруваше во проектот. Тој повеќе сакаше да замине во Реал Мадрид, додаде Пану.