feature

Европските гиганти се распрашуваат за Виктор Фрохолт од Порто

Данецот Виктор Фрохолт, по извонредниот старт во дресот на Порто и неговиот одличен влез во данската репрезентација, сега веќе е на мета на неколку англиски премиерлигашки клубови.

Според информациите кои доаѓаат од Островот, Манчестер Јунајтед и Тотенхем ја следат младата данска ѕвезда, и нема да биде изненадување доколку се обидат да го донесат во своите редови на крајот на сезоната.

Извештаите од Португалија сугерираат дека Порто има поставено сериозна цена како отштета за новата данска ѕвезда во тимот, односно откупната клаузула во догогорот на Фрохолд е во висина од 85 милиони евра.


Барса го сака Кенан Јилдиз од Јуве

Големата турска ѕвезда вод ресот на Јувентуис, Кенан Јилдиз, е едно од најспоменуваните имиња на трансфер пазарот и како таков веројатно ќе остане и во текот на зимата. Ова лето, Челзи имаше понуда за турскиот репрезентативец која беше одбиена од Јувентус, а сега се зборува дека посебна стратегија за него подготвува Барселона.

Јувентус, пак, е спремен да го продолжи договорот со 20-годишниот Турчин и да му ја подобри платата во обид да ги одврати потенцијалните додворувачи.

Тековниот договор на Кенан Јилдиз со клубот од Торино е со важност до 2029 година.


Синер и Алкараз во финалето на турнирот во Ријад

Двајцата најдобри тенисери во светот, Карлос Алкараз и Јаник Синер се пласираа во финалето на турнирот „Шест Кралеви“ во Ријад. Турнирот е егзибиција, не е во калнедарот на АТП, а во полуфиналето Алкараз и Синер беа супериорни против Тејлор Фриц, односно Новак Ѓоковиќ.

Јаник Синер во два сета со 6-4, 6-2 го победи Ѓоковиќ. Најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ нема решение за Синер. Италијанецот ја забележа седмата последовна победа против Ѓоковиќ.

Она што треба да го загрижи Ѓоковиќ што нема никакво решение за играта на Синер. Италијанецот направи брејк во вториот гем, а откако го доби првиот сет, со брејк го отвори вториот, а уште еден брејк направи во петтиот гем, со што птактично и го реши мечот.

Исто како и Синер и Карлос Алкараз славеше со 6-4, 6-2 во дуелот со Тејлор Фриц.

Овој меч имаше речиси ист тек како и дуелот Синер-Ѓоковиќ. Алкараз во првиот сет направи брејк во петтиот гем, во истиот гем му го одзеде сервисот на противникот и во вториот сет, а потоа направи брејк и во седмиот гем.


Чешка ќе добие нов селектор, Хашек доби отказ

Раководството на Фудбалската федерација на Чешка едногласно го прифати денес предлогот на претседателот Давид Трунда за разрешување на селекторот Иван Хашек и неговиот помошник Јарослав Веселех. Одлуката е донесена по состанокот на Федерацијата по враќањето на националниот тим од Фарските Острови и поразот од 1:2 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Првиот човек на чешкиот фудбал Трунда изјави дека, по анализата на резултатите од октомврискиот мундијалски циклус од натпреварите против Фарските Острови и Хрватска, е донесена одлука за итна смена на селекторската клупа.

Нов селектор ќе биде предложен во наредните денови, а целта, како што нагласи Трунда, останува иста – пласман на Светското првенство следната година.


Пеп го сака Андерсон од Форест во Сити

Манчестер сити е заинтересиран за потпишување на играчот од средниот ред на Нотингем Форест, Елиот Андерсон.

Според „Експрес“, трансферот на 22-годишниот Англичанец би можел да го чини Сити приближно 87 милиони евра.Челзи е исто така заинтересиран за играчот

Во сезоната 2025/26, Андерсон имаше една асистенција во девет настапи во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата трансферна вредност на 35 милиони евра.


Брогдон одлучи да ја заврши кариерата

Малколм Брогдон одлучи да се пензионира од НБА по девет сезони

„Официјално се пензионирам од кошарката. Гордо ги посветив мојот ум, тело и дух на играта во изминатите неколку децении. Иако морав да жртвувам многу за да стигнам до тука, добив многу награди. Длабоко сум благодарен што стигнав до овој момент по мои услови и сега ги жнеам наградите од мојата кариера со моето семејство и пријатели. Од дното на моето срце им се заблагодарувам на сите што беа дел од моето патување“, го цитираше 32-годишниот Американец ESPN.

Брогдон имаше просек од 12,7 поени, 3,8 скока и 4,1 асистенции во 24 натпревари за Вашингтон визардс во сезоната 2024/25.

Кошаркарот беше избран од Милвоки како 36-ти избор на НБА драфтот во 2016 година. Тој играше и за Индијана, Бостон и Портланд. Тој се приклучи на Њујорк никс пред сезоната 2025/26.


Интер неколку недели без Дармијан

Фудбалерот на Интер, Матео Дармијан, ќе ги пропушти претстојните натпревари на тимот, потврди калчо-лигашот.

Во соопштението на лекарскиот тим се вели дека дефанзивецот има истегнување на тетивата на левата нога и дека ќе биде надвор од терените најмалку неколку недели.

Дармијан нема да игра против Рома в сабота во Серија А и на натпреварот од Лигата на шампионите со белгискиот тим Ројал Унион.


Маратон за пелистерци: Четири меча во седум дена за момците на Даскаловски

Екипата на Пелистер се врати назад во Битола, каде од утре ќе стартува со подготовки за пеколниот ритам на натпревари што ќе ги очекува „пелистерци“ во наредниот период.

Дуелот од третото коло во Супер-лигата ќе го играме против екипата на Маџари, договорено е со промена на домаќинствата тој меч да биде одигран во Битола, но поради одржувањето на „Локалните избори 2025“ натпреварот Пелистер – Маџари е закажан за следниот петок (24 октомври во 19 часот, сала „Боро Чурлевски“).

Претходно, Пелистер в среда го очекува првиот домашен меч од ФИБА Европа купот во кој битолчани пред своите верни навивачи ќе го пречекаат словачкиот тим Превидза.

По тој дуел закажан за 22 октомви и мечот со Маџари на 24 октомври, Пелистер до крајот на следната седмица ќе одигра уште еден меч, на 26 октомври во рамките од Супер-лига против скопски Феникс, по што ќе следи гостувањето против кипарски Керавнос во третата рунда од ФИБА Европа купот.


Барса го носи Влаховиќ како замена за Левандовски

Барселона ја разгледува можноста напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, да биде замената за Роберт Левандовски. Претходно беше објавено дека поранешниот играч на Баерн Минхен ќе ја напушти „блауграна“ ова лето.

Договорот на српскиот репрезентативец со клубот од Торино истекува на крајот од тековната сезона. Освен Барселона, за играчот е заинтересиран и Баерн Минхен.

25-годишниот Влаховиќ постигна четири гола и имаше една асистенција на осум натпревари за клубот оваа сезона. 37-годишниот Левандовски постигна четири гола на девет натпревари.


Клајверт не е повеќе селектор на Индонезија

Патрик Клајверт повеќе не е селектор на репрезентацијата на Индонезија. Менаџментот на федерацијата се одлучи да му каже благодарам на легендарниот холандски фудбалер, а сега тренер, откако тој не успеа да ги постигне посакуваните резултати со тимот.

Клајверт стана селектор на Индонезија на почетокот на оваа година и потпиша двегодишна соработка. Сепак, резултатите не се очекуваните, земјата очекуваше успех во квалификациите, и конечно пласман на еден голем турнир, што не се случи.

Иако Индонезија за прв пат под негово водство стигна до четвртото коло од азиските квалификации, надежите беа уништени минатата недела. Поразите од Саудиска Арабија и Ирак ги уништија соништата на Индонезија да игра на своето прво Светско првенство.