feature

Нувил на Хјундаи е нов светски првак во рели

Тјери Нувил е нов шампион во Светскиот рели шампионат (WRC), со што конечно стави крај на многуте разочарувања и пропуштени шанси кои го следеа низ кариерата.

Нувил ја донесе и првата шампионска титула за Хјундаи, како и за својата земја Белгија, но последниот натпреварувачки викенд донесе и конструкторска титула за најголемиот ривал Тојота.

По проблемите со турбо-полначот во петокот, Нувил успеа да се врати во голем стил во вчерашниот натпреварувачки ден, а утринава профитираше и од излетувањето на клупскиот колега От Танак, кое му помогна да ги обезбеди поените потребни за да ја потврди титулата, односно првото место во генералниот пласман.

Мало разочарување за Нувил е што Хјундаи ја загуби битката со Тојота, а откако излетувањето на Танак го искористија Ожие, Еванс и Кацута, триото на јапонскиот тим кое обезбеди разлика од три поени, што беше минимална предност, но доволна за прво место меѓу конструкторите.

Победник на последниот натпревар во Јапонија е Елфин Еванс, кој стана шестиот различен победник на рели во веќе завршената сезона и со овој успех повторно обезбеди второ место во генералниот пласман.

Искусниот Себастијан Ожие го освои второто место во Јапонија, со што заврши на четвртото место во генералниот пласман, додека победничкиот пиедестал во Јапонија е комплетиран со Адријан Формо од тимот на Форд.


Милан го сака Ансу Фати во зимскиот преоден рок

Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати би можел да го напушти каталонскиот клуб и кариерата да ја продолжи во Италија.

Според „Мундо Депортиво“, фудбалерот би можел да се пресели во Милан. Забележано е дека Фати би можел да биде вклучен во договорот за размена на португалскиот напаѓач Рафаел Леao.

Да потсетиме, сегашниот договор на Фати со клубот е до крајот на јуни 2027 година. Оваа сезона играчот одигра седум натпревари за Каталонците на кои не беше ефикасен. Според порталот Трансфермаркт, вредноста на напаѓачот е 15 милиони евра. Барселона е на првата позиција на табелата во Ла Лига, тимот има 34 бода по одиграни 14 кола.


Паоло Занети одреди карантин по дебаклот на Верона од Интер

Тренерот на Верона, Паоло Занети, реши да го затвори тимот на тренинг базата по катастрофалниот пораз во 13. коло од Серија А со Интер (05).

„Мислам дека нешто не е во ред во главите на моите момчиња што треба да се средат. Затоа, се затвораме во базата на неодреден период додека не постигнеме прифатливо ниво на игра“, изјави Занети на официјалната веб-страница на Верона.

Интер е трет во поредокот на италијанскиот шампионат со 28 бодови. Верона е на 14. место со 12 бода.

Во следниот натпревар Верона ќе игра против Каљари, натпреварот ќе се игра на 29 ноември.


Милан го спрема Алегри за наследник на Фонсека

Италијанските медиуми пренесуваат дека Масимилиано Алегри би можел наскоро да седне на кормилото на Милан.

Милан во последно време не остварува добри резултати во Серија А и заостанува зад лидерот, па притисокот врз тренерот Фонсека се зголемува.

Милан му ја потврдил довербата на тренерот, но доколку работите не се променат тогаш ќе размислува за смена, а прва меча е Масимилиано Алегри.

Алегри е слободен после заминувањето од Јувентус, а во минатото со успех го водеше Милан и освои едно скудето.


Дел Пјерo ќе се кандидира за прв човек на италијанскиот фудбал

Фудбалската федерација на Италија наскоро може да добие нов претседател, а делегатите веројатно ќе бираат меѓу неколку имиња кои засега не се потврдени.

Сепак, медиумите на „чизмата“ излегоа со интересна информација дека за оваа позиција заинтересиран е и поранешниот капитен на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро и тој наводно ќе се кандидира за местото.

Досегашните шпекулации наведуваат дека Дел Пјеро може да биде кандидат на клубовите и техничките тела кои имаат свои претставници во гласањето, а легендата на „бјанконерите“ би можел да го потврди учеството на изборите веќе наредната недела.

Изборите се закажани за 3. февруари, 2025 година, а нејасно е и дали актуелниот претседател Габриеле Гравина ќе се обиде да добие нов мандат.


Вардар му го нанесе првиот пораз сезонава на Алкалоид

Вардар 1961 забележа победа над Алкалоид од 29-27 (15-13) во дерби натпреварот од 12. коло на Суперлигата.

Ова беше прв пораз за избраниците на Кирил Лазаров во сезоната.

Сепак „црвено-црните“ не го анулираа поразот од три разлика од Автокоманда (33:30) кој на крајот може да се покаже и како клучен во битката за титулата.

Најефикасни кај победникот беа Хориха со седум и Срдановиќ со шест реализации, додека на спротивната страна Митев постигна пет погодоци.


Силекс го освои Чаир, Гостивар едвај го скрши Тиквеш

Силекс го победи Шкупи во Скопје, Гостивар со минимален резултат славеше над „фенерџијата“ Тикве, Работнички ја прекина серијата без победа против Беса, шампионот Струга ремизираше кај Брера, а Вардар одигра без голови во Охрид против Воска спорт.

По некомплетното 15. коло во Првата македонска фудбалска лига, на првите две места се Гостивар и Силекс. На лидерската позиција може да им се приклучи и Шкендија доколку слави во Битола кај Пелистер.

Пред новите газди и на прославата на 35.годишнината од формирањето на навивачката група, Шкупи не успеа да го избегне поразот од Силекс. Екипата од Кратово победи со головите на Додев во седмата и 44.минута.

Во исто време Гостивар дури во финишот успеа да го скрѓи отпорот на Тиквеш. Стрелец на единствениот гол беше Машике во 84.минута.

Работнички ја прекина серијата од пет натпревари без победа, во која четири пати ремизираше и запиша еден пораз. „Романтичарите“ имаа минус од еден гол против Беса (стрелец Ракип во 22. минута), н0 во продолжение возвратија со четири гола. Содик во 27.минута изедначи, а потоа во интервал од 60 до 76.минута најпрвин погоди Гандо, а потоа со два гола Регба го постави конечниот резултат 4:1.

Брера и Струга во Струмица постигнаа по еден гол и освоија по еден гол. Интересно во 60 секунди беа постигнати головите, Тодоровски погоди за Брера во 59., а веќе во следната минута возврати Укпа.


Лукаку го реши „Дербито на сонцето“, Наполи се зацврсти на врвот

Наполи ја победи Рома со 1-0 и се врати на челната позиција во Серија А. На дебито на Клаудио Раниери на клупата на Рома „Дербио на сонцето“ го реши екс-фудбалерот на римјаните, Ромелу Лукаку.

Лукаку, кој минатата сезона го носеше дресот на Рома, во 53.минута беше побрз од германскиот ветеран, Марс Хумелс и го постигна единствениот гол.

Наполи имаше повеќе од играта и тактички ја заслужи победата, но гостите од Рим создадоа неколку убави шанси за израмнување откако примија гол. Најдобрата пропуштија во 66. минута кога Украинецот Артем Довбик со глава ја погоди гредата.

По оваа победа, избраниците на Антонио Конте се вратија на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Аталанта, Фиорентина и шампионот Интер.

На овој натпревар на клупата на Рома дебитираше Клаудио Раниери. Поточно, за 73-годишниот тренер ова е трет пат во кариерата да го преземе кормилото на „волчицата“. Тој го наследи Иван Јуриќ, кој беше заменет по поразот од Болоња со 2:3.

Рома моментално е на 12. место на табелата со 13 бодови. Во следното коло ја пречекува Аталанта, додека Наполи гостува во Торино.


Реал се разигра во градскиот дуел и до врв ја наполни мрежата на Леганес

Фудбалерите на Реал го совладаа истоимениот домаќин со 0-3 во мадридското предградие Леганес и се вратија на второто место на табелата во Примера.

Килијан Мбапе, по поодлго време одигра добар натпревар, го постигна првиот гол во 43. минута, а победата на Реал подоцна ја потврдија Федерико Валверде (66) и Џуд Белингем (85). Лука Модриќ влезе во игра во 83. минута на местото на Килијан Мбапе. Францускиот ас беше прогласен за играч на натпреварот.

Реал со деветтата сезонска победа стигна до 30 бода и повторно го зазеде второто место кое накратко беше минат од градскиот ривал Атлетико со 29 бода. Лидерот Барселона има 34 бодови, но и натпревар повеќе од Реал Мадрид.


Димитријевиќ играше симултанка, Македонија поразена се враќа од Клаипеда

Нено Димитријевиќ се обиде да ни донесе победа, постигна неверојатни 43 поени, имаше шест асистенции и четири скокови за само 29 одиграни минути, но тоа не беше доволно за да победиме.

Водевме на полувремето со 46-43, беше изедначено и на почетокот од последниот период. Но, се повреди Димитријевиќ, Литванците го искористија тоа и дојдоа до победа од дури 22 разлика, беше 94-72 за нив.

Ние немавме ниту еден друг кошаркар со двоцифрен број на поени, Крстевски, Маслинко и Стајиќ постигнаа по шест. Во составот на Литванија Радџевициус постигна 18 поени, имаше и 11 скокови.

За Македонија шансите не се загубени благодарение на Полска која со 88-86 ја совлада Естонија.

Во последните два меча од квалификациите ќе мора да ги победиме Полска и Естонија, со Естонците ќе мора и кош разликата да ни биде подобра. Тие ја совладаа Македонија со пет поени разлика во Скопје.