feature

Де ла Фуенте: Имаме одлична генерација, но секое натпреварување е тешко

Фудбалерите на Шпанија ги очекуваат последните два меча во Лигата на нации. „Фуријата“ ќе игра со Данска и Швајцарија а нејзиниот селектор, Луис де ла Фуенте, верува дека ќе бидат остварени две победи.

„Реков дека натпреварување е тешко, нема групна фаза, ние сме меѓу шеснаесетте најдобри селекции во Европа. Сите мечеви во плеј-оф се многу тешки. Имаме одлична генерација и максимално се обидуваме да го искористиме квалитетот“, рече Фуенте.


Кан: Нојер треба да најде вистински момент за пензионирање

Torwart Manuel NEUER GER nach Spielende, applaudiert, Aktion,Einzelbild,angeschnittenes Einzelmotiv,Portraet,Portrait,Porträt. Fussball Laenderspiel Deutschland GER – Ukraine UKR 0-0 am 03.06.2024, Max Morlock Stadion Nuernberg *** Goalkeeper Manuel NEUER GER after the end of the match, applauding, action,single picture,cropped single motif,portrait,portrait,portrait football match Germany GER Ukraine UKR 0 0 on 03 06 2024, Max Morlock Stadium Nuremberg

Поранешниот голман на Баерн Минхен и германската фудбалска репрезентација, Оливер Кан, го предупреди актуелниот чувар на мрежата на Баварците, Мануел Нојер да не го пропушта вистинскиот момент за пензионирање, пишуваат германските медиуми.

„Никој не сака да биде исвиркуван на стадионот на крајот од кариерата“, изјави Кан.

Поранешниот репрезентативец додаде дека „совршениот тајминг“ би бил на крајот од оваа сезона доколку Баерн може да ја освои титулата во Лигата на шампионите на својот стадион.

Кан, исто така, го предупреди Нојер дека неговата форма може драстично да падне по неговото повлекување од националниот тим.

„Не ме чуди што на некои од натпреварите оваа година не ја гледаме формата на Мануел од претходните сезони“, додаде Кан.


Новина во Формула 1: Сите клубови заеднички ќе ги претстават новите болиди

Прес-службата на Формула 1 објави дека во 2025 година ќе има заедничко претставување на тимовите пред почетокот на сезоната.

„За првпат во историјата на Формула 1, сите 10 тима – Алпин, Астон Мартин, Ферари, Хас, Кик Заубер, Мекларен, Мерцедес, РБ, Ред Бул и Вилијамс – и нивните 20 возачи, како и директорите на тимовите, ќе им се придружи на фановите на специјален настан со кој ќе биде означен стартот на новата сезона. Воедно, на презентацијата ќе се прослави „75-годишнината од Кралските трки“, се вели во соопштението за печатот на веб-страницата на Формула 1.

Настанот ќе се одржи во Лондон во „The O2“ на 18 февруари 2025 година.


Спалети: Нема да калкулираме, ќе играме на победа во Белгија

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети очекува победа во натпреварот од Лигата на нации против Белгија.

„Одиме во Белгија за да победиме, нема да се задоволиме со еден бод. Треба да имаме правилен начин на размислување и да не земаме ништо здраво за готово“, изјави Спалети.

Натпреварот Белгија – Италија ќе се одигра утре (14 ноември) со почеток во 20:45 часот.


Барса собира пари за да го регистрира Дани Олмо

На Барселона и требаат околу 50 милиони евра за да го ангажира играчот од средниот ред Дани Олмо за вториот дел од сезоната, пренесува –„ Football Espana“.

Повредите на голем број играчи на каталонскиот клуб во почетокот на сезоната овозможиле Олмо да биде пријавен до 31 декември.

Сега, Каталонците нема да можат да го користат таквиот метод и ќе мораат да ја платат сумата за регистрација.


Аморим сака супер-талент на Фламенго во Јунајтед

Челниците на Манчестер Јунајтед би можеле да го ангажираат 18-годишниот бразилски фудбалер Лоран кој ги брани боите на Фалменго.

Англискиот клуб размислува во трансферот да го вклучи и Антони кој во сезонава има само 4 натпревари и 1 гол. Неговиот договор е до летото во 2027 а трансферната сума се движи до 20 милиони евра.

Се претпоставува дека „црвените ѓаволи“ за потписот на Лоран ќе издвојат максимум 10 милиони евра.


Одбојкарките на Работнички немоќни против Алба Блај од Романија

Женскиот одбојкарски тим на Работнички ги заврши европските настапи сезонава и тоа во првата елиминациска рунда во ЦЕВ Купот. Нашите шампионки беа поразени и на домашен терен од тимот на Алба Блај од Романија.

Гостинките во арената „Борис Трајковски“ денеска славеа во три сета со 14-25, 11-25 и 11-25. И на првиот натпревар во Романија, Работнички загуби со максимални 3-0. Антонија Баталаковска со шест поени беше прв поентер, додека Ирма Ѓурѓевиќ и Андротеа Милевска постигнаа по четири поени.

За потсетување, Работнички сезонава на меѓународната сцена дебитираше во Лигата на шампиони на ЦЕВ, каде беше елиминиран од уште еден романски тим Волунтари, па продолжи да игра во ЦЕВ Купот.


Пешиќ ја одбил моќната Барса за да остане селектор на Србија

Светислав Пешиќ, изјави дека имал понуда да се врати во Барселона, но дека ја одбил за да остане селектор на српската кошаркарска репрезентација, Пешиќ во два мандати беше во Барселона, со клубот стана европски првак во 2003 година.

Оваа информација Пешиќ ја неодамна, кога фудбалскиот клуб Барселона и гостуваше на Црвена звезда во Белград, во Лигата на шампионите. Овој натпревар Пешиќ го следеше од ВИП ложата во друштво на првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта.

„Беше одлично тој сака да доаѓа во Србија. По натпреварот бевме кај Бодирога, 20 нивни играчи дојдоа на натпреварот во Белград. Беше супер, мохата ќерка работи во акедемијата на Барселона, што значи дека никогаш не ја прекинав врската. Мојата популарност во Барселона е поголема него во Белград, но се случи репрезентацијата на Србија па се откажав. Имав договори околу Ла Масија, таму каде што се произведуваат најдобрите играчи во светот. И ден денес во Ла Масија има дел за кошаркарите“, рече Пешиќ.


Ѕвездата на Фенер скрши коска на раката, го чека долга пауза

Фенербахче скапо ја плати победата над Баерн Минхен во деветтото од Евролигата.

Тимот од Истанбул подолг период ќе биде без услугите на Девон Хол, кој заработи тешка повреда на раката.

Информациите од Турција велат дека тој ја скршил метатарзалната коска и ќе мора да оди на операција.

Американецот во Фенербахче дојде од Милано на почетокот на оваа сезона. Тој има просек од 7,7 поени, 1,8 скока и 3,7 асистенции.

Ова е голе удар за Фенербахче, бидејќи во првото коло се повреди Скоти Вилбекин. Американецот ги скина лигаментите поради што ја заврши сезоната.


Галатасарај пред потпис со Лука Јовиќ

Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ наскоро би можел да потпише договор со Галтасарај.

Пред неколку дена започнаа шпекулациите дека актуелниот шампион на Турција сака Јовиќ да го замени повредениот Маури Икарди. Аргентибецот заработи тешка повреда, поради која ја заврши сезоната, против Тотенхем во Лига Европа.

Наводно, Галата сака да го доведе Јовиќ на позајмица со можност за откуп на крајот од сезоната.

Србинот не е во преден план кај Пауло Фонсека, што потврдува податокот дека од почетокот на сезоната на теренот минал само 78 минути.

Јовиќ е свесен дека нема да игра во Милано, а во Галатасарај би можел да игра во тандем со Виктор Осимен.

Тој наводно е отворен за заминување во Истанбул, па се очекува наскоро клубовите да постигнат договор, а фудбалерот официјално од 1.јануари 2025 година да стане играч на Галатасарај.