feature

Ѓорческа го загуби финалето во Куршумлјиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на турнирот W 75 Куршумлијска Бања, Србија што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешн ао неа беше домашната тенисерка Теодора Костовиќ со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) за два часа игра. Ова за Ѓорческа беше второ финале во две недела во Куршумлијска Бања, а трето на истата локација оваа година (има една победа и два пораза) во финалните мечеви.

Ѓорческа за пласманот во финалето ќе освои 49 поени и ќе забележи значителен скок на ВТА листата од околу 70 места.

За Ѓорческа по двете финалиња, следува пауза и следниот настап ќе го има во Битом во ПОлска селедниот понеделник (25.август).


Гасперини: Ако си замине Коне, тоа ќе биде голема загуба за нас

Тренерот на Рома, Џанпјеро Гасперини даде свој коментар за можниот трансфер на играчот од средниот ред Ману Коне во Интер.

„Ќе видиме што ќе се случи во следните петнаесет дена. Коне е играч од врвно ниво. Неговото заминување би било голема загуба за нас. Треба да видиме што можеме да направиме. Сите знаете дека финансискиот фер-плеј е проблем за нас. Не сме активни на пазарот повеќе од дваесет дена. И не сум задоволен од тоа.

Ќе видиме дали можеме да постигнеме нешто без да изгубиме играчи. Јасно ставив до знаење што треба да се направи. И клубот беше многу отворен со мене. Се надеваме дека можеме да го постигнеме она што го сакаме“, рече 67-годишниот италијански тренер на прес-конференција.

24-одишниот француски играч од средниот ред Ману Коне игра за Рома од август 2024 година. Во сезоната 2024/25, тој постигна два гола и направи три асистенции во 46 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година.

Трансфермаркт ја проценува трансферната вредност на играчот на 40 милиони евра.


Гвардиола: Не сум најзадоволен со така голем ростер на фудбалери

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Пеп Гвардиола, изјави дека во моментов има премногу играчи во тимот.

„Ми се допаѓа кога силен тим игра во сите натпреварувања, но не сакам да ги оставам играчите дома. Тоа е штетно. Невозможно е да се создаде добра атмосфера. Секој треба да чувствува дека може да игра и да помогне. Клубот знае за ова уште од минатата сезона, не е вест, но ситуацијата е таква каква што е. Во следните две недели ќе разговараме со фудбалерите и нивните агенти за да најдеме решение“, рече 54-годишниот шпански специјалист на прес-конференција.

Во првиот натпревар од сезоната 2025/26 во Премиер лигата, Манчестер сити вчеравечер го победи Вулверхемптон на гостински терен со 0-4.


Екитике: Темпото во Премиер лигата е пеколно

Новото засилување на Ливерпул, Уго Екитике призна дека бил изненаден од темпото и физичките барања на Премиер лигата по еден од неговите први натпревари на Островот.

„Интензитетот е различен. Тие не лажат за Премиер лигата. Добив грчеви во 60-тата минута“, изјавил напаѓачот.

Французинот имаше одлично деби во Премиер лигата за клубот од Мерсисајд, постигнувајќи еден гол и асистирајќи за друг во натпреварот од првото коло против Борнмут.


Охрид првпат го освои Струшкиот ракометен турнир

Екипата на Охрид за првпат во својата клупска историја го освои традиционалниот струшки турнир, откако во битката за трофејот беше поуспешна од македонскиот ривал Бутел Скопје, победувајќи го со 30-24 (14-11).

На тој начин новиот тренер на охриѓани, Борис Ројевиќ со трофеј ја започна својата мисија покрај езерото, која продолжува со турнирот на домашен терен за неколку дена.

Дарко Ѓукиќ со девет гола беше најдобар стрелец во победничкиот тим, а шест погодоци даде најкористниот играч на турнирот Анте Иванковиќ. Давид Јаневски со седум гола беше најдобар во тимот на Бутел Скопје. Се истакнаа и двајцата голмани Блажески и Трајкоски.

Третото место го освои екипата на Тиквеш, која што во драматичен натпревар по изведувањето на пеналите беше поуспешна од турска Бурса.


Луис Енрике: Целта на ПСЖ се две титули во ЛШ по ред

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за целите на тимот за сезоната 2025/26.

„Да продолжиме да создаваме историја. Ова е целта што ја следам од првиот ден кога пристигнав тука. Во моментов, го правиме тоа, но многу е тешко да се освои Лигата на шампионите двапати по ред. Но, ова е нашата цел. Многу сме амбициозни. Знаеме дека ќе биде тешко, но за таков менталитет, ова е нормално. Сè ќе зависи од нас, од нашето ниво“, изјави Енрике за „RMC Sport“.

Во сезоната 2024/25, парискиот клуб, предводен од шпанскиот специјалист, ја освои Лигата на шампионите, стана шампион на Франција, а исто така го освои и Купот и Суперкупот на земјата.

На 13 август, ПСЖ го победи Тотенхем во натпреварот од Суперкупот на УЕФА (2-2, на пенали 4-3).


Швед одлучи да го напушти Зенит

36-годишниот Алексеј Швед, го одработи договорот со рускиот кошаркарски состав Зенит по што ќе го напушти клубот од Санкт Петербург.

Швед потпиша договор за време на регуларната сезона 2024/25 и му помогна на тимот да дојде до првото место по втор пат во историјата.

Бекот одигра 33 натпревари за Зенит, постигнувајќи просек од 9 поени, 2,2 скока и 5,1 асистенции.


Бепе Марота купи акции на Интер

Интер соопшти дека претседателот на клубот, Џузепе Бепе Марота стана и дел од сопственичката структура купувајќи акции.

Марота купил 2% од акциите на Интер. Во соопштението се вели дека неговата инвестиција ја покажува комплетната приврзаност и верба во клубот на долг рок.

Тој во клубот е веќе седум години, а од минатата година ја доби претседателската функција.


Вест Хем се вклучи во трката по Елмас

Во финишот од преодниот рок Елиф Елмас би можел да направи атрактивен трансфер во Премиер лигата, македонскиот фудбалер е на врвот на желбите на Вест Хем.

Наполи сака да го врати Елмас, но италијанскиот шампион не е единствениот кој се интересира за македонскиот репрезентативец.

Последните информации велат дека Вест Хем е сериозно заинтересиран за Лајпциг и за разлика од Наполи може да ја плати целата сума која ја бара германскиот клуб.

Чеканите бараат играч од средниот ред, а предноста на Елмас е што може да игра на сите позиции во средината.

Во меѓувреме Елмас одбил годишна плата од 5 милиони евра од Бешикташ, тој сака да игра во Серија А или во Премиер лигата.


Шкендија и Башкими носат значајни победи од Скопје

На двата денешни прволигашки натпревара од второто коло гостинските екипи остварија победи.

Шкендија ја совлада Македонија ЃП со 1-3, Башкими го освои трите бода на дуелот со Работнички славејќи победа со 0-2/

И вчера се радуваа гостинските екипи. Вардар го победи Тиквеш со 1-2, додека Струга ТЛ го совлада Арсими исто така со 1-2.

Службена победа во второто коло ќе оствари и Силекс, откако нивниот домаќин Шкупи не успеа да обезбеди терен за одигрување на дуелот што требаше да се игра утре.

Во понеделник се игра дуелот АП Брера Струмица – Пелистер.