feature

Реал подготвува НБА засилување за следната сезона

Реал Мадрид е во фаза на преговори со НБА играчот Чума Океке.

Американецот веќе имаше неколку понуди од други клубови од Евролигата, откако дозна дека повеќе не е член на тимот на Кливленд Кавалирс.

Океке одигра 203 натпревари во НБА, каде што играше за Орландо , Филаделфија и Кливленд во пет сезони.

Тој имаше просек од 6,3 поени.

Во 2019 година, Океке беше избран како 16-ти пик на драфтот во НБА, а во кариерата бараше и минути преку развојната лига, каде што играше за подружницата на Њујорк Никс.

Досега, Реал ги доведуваше Дејвид Крамер и Тео Маледон , покрај промените на паркетот, Мадрид го смени и тренерот, па од следната сезона, шпанскиот тренер Серхио Скариоло ќе го води кралскиот клуб наместо Кус Матео.


Бањаја освои пол-позиција во Брно

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои денешната пол позиција за спринтот и главната трка за Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП.

Бањаја стигна до првата пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1.52.303.

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид и заврши втор, со заостанување од 0,219 секунди.

Фабио Куартараро од Јамаха го освои третото место, 0,305 секунди зад победникот во квалификациите.

Спринт трката за Големата награда на Чешка ќе се одржи денес од 15:00 часот, додека главната трка е утре во 14:00 часот.

Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 344 поени, Алекс Маркез е втор со 261, а Банџаја е трет со 197.


Артета најчесто купува од Челзи

Арсенал, под водство на главниот тренер Микел Артета , кој го презеде тимот во зимата 2019 година, потроши 134 милиони фунти (154 милиони евра) за купување играчи од Челзи, објави „ЕСПН“.

Синоќа, „Топџиите“ го објавија трансферот на напаѓачот Нони Мадуеке од Челзи, по претходниот трансфер на голманот Кепа Аризабалага.

Во сезоната 2023/2024, Арсенал го купи офанзивниот играч за врска Каи Хаверц од „Сините“ . Во сезоната 2022/2023, „Топџиите“ го купија играчот за врска Жоржињо .

Покрај тоа, минатата сезона тимот на Артета го позајми крилниот напаѓач Рахим Стерлинг од „Сините“ .


Реал и Куртоа постигнаа согласност за нов договор

Раководството на Реал Мадрид и голманот Тибо Куртоа постигнаа разбирање во преговорите за нов договор. Според информациите од весникот „Марка“, белгискиот голман ќе потпише нов договор со „кралевите“ до 2027 година.

Претходниот договор на Белгиецот беше до летото 2026 година, но ќе биде продолжен за уште една сезона. Новиот договор ги отстрани сите клаузули во врска со бројот на одиграни натпревари и условите за ново продолжување.

Сите детали од новиот договор се веќе разјаснети и се очекува само официјалното соопштение од Реал Мадрид.

Куртоа ќе започне со тренинзи со шпанскиот гигант на 4 август. Тој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2018 година од тимот на Челзи.


Обамејанг се договори за враќање на „Велодром“

Пјер-Емерик Обамејанг се враќа во францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј по едногодишен престој во Ал Кадисија, објави „Л’Екип“.

Напаѓачот, кој има 36 години, потпиша договор со Олимпик Марсеј до летото 2027 година.

Обамејанг постигна 30 гола во 51 натпревар за Марсеј во сезоната 2023/2024.

Напаѓачот од Габон беше играч на Милан, но како позајман играч настапуваше за Дижон,Лил и Монако, потоа за Сент Етјен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона и Челзи.


Лукман ја префрла топката кај Аталанта

Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, иако ги прифати условите на Интер за петгодишен договор со плата од 4 милиони евра по сезона, веројатно трансферот нема да се реализира во догледно време.

Имено, првите луѓе на тимот од Бергамо најавија дека немаат намера да прифатат сума помала од 50 милиони евра за 27-годишниот Нигериец додека „нероаѕурите“ испратија понуда од 40 милиони.

Црномурестиот фудбалер одигра 118 мечеви за Аталанта со ефект од 52 гола и 25 асистенции. Неговиот договор е валиден до летото во 2027 година.


Марко Арнаутовиќ се договори со Црвена Звезда

Се случи конечно и тоа! Марко Арнаутовиќ е нов фудбалер на Ѕвезда!

Како што наведува „Курир“, Арнаутовиќ ќе биде на „Маракана“ во понеделник, каде ќе биде организирано свеченото потпишување на договорот.

Арнаутовиќ доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со Интер, со кој играше во финалето на Лигата на шампионите годинава.

Како што се наведува, Арнаутовиќ можеби ќе пристигне уште утре и ќе го проследи натпреварот од првото коло на неговиот нов клуб против Јавор.

Арнаутовиќ беше блиску до Ѕвезда и минатото лето, кога беше договорено да пристигне доколку се оствари пласман во Лигата на шампионите. Тоа се случи, но на крајот се изјалови.

Случајноста сакаше Арнаутовиќ да постигне гол во дуелот меѓу Интер и Ѕвезда во Лигата на шампионите претходната сезона.


Барса пак го одложи враќањето на „Камп Ноу“

Актуелниот шпански првак Барселона објави дека враќањето на фудбалерите на Камп Ноу нема да се случи на почетокот на август како што беше претходно најавено. Ова претставува уште едно одложување на враќањето на Барселона во својот дом поради тоа што, по реконструкцијата, сè уште не се исполнети сите услови за повторно отворање на култниот стадион.

Официјален датум за враќање сè уште не е објавен, но се очекува тоа да се случи во четвртото коло од новата сезона на шпанската Ла Лига, кога Барселона ќе биде домаќин на Валенсија на 13 или 14 октомври. Во првите три кола од новата сезона, во која го брани шампионскиот наслов, Барселона ќе гостува на Мајорка, Леванте и Рајо Валјекано.

Капацитетот на стадионот на почетокот на враќањето ќе биде ограничен на околу 60.000 места додека градбата не се заврши целосно следното лето, кога капацитетот ќе достигне предвидените 105.000 места. Вкупната вредност на овој проект за реконструкција изнесува околу милијарда и пол евра. Додека траеја работите на Камп Ноу, фудбалерите на Барселона беа домаќини на олимпискиот стадион на Монжуик.


Галатасарај го сака Едерсон, но испратил многу ниска понуда

Изгледа дека Манчестер Сити очекува бурно лето зад голот. Според француските медиуми, турскиот шампион Галатасарај испратил изненадувачка, па дури и малку чудна понуда за голманот Едерсон. Овој бразилски репрезентативец, кој за Сити одигра 372 натпревари и стана клучна фигура во ерата на Пеп Гвардиола, влегува во последната година од неговиот договор.

Со оглед на тоа што во август ќе наполни 32 години, шпекулациите за потенцијално заминување од Манчестер се сé погласни. Едерсон претходно привлече внимание од богати клубови, особено од Саудиска Арабија, и му беше многу блиску заминување од Етихад. Сепак, по разговор со Гвардиола, реши да остане во клубот барем до крајот на сезоната 2025/26.

Сега во приказната учествува нов клуб. Според написите на реномираниот Л’Екип, Галатасарај испрати официјална понуда до Сити за овој искусен голман, која изнесува неверојатно ниски три милиони евра.


Кирјиос го откажа настапот од турнирот во Вашингтон

Австралискиот тенисер Ник Кирјос се откажа од турнирот во Вашингтон. Триесетгодишниот Австралиец нема да игра во сингл.

Исто така на турнирот во американската престолнина нема да игра ниту Џордан Томпсон.

Тој и Кирјос ќе бидат заменети во главниот ждреб од Александар Ковачевиќ и Јошихито Нишиока.

Турнирот во Вашингтон ќе се одржи од 21 до 27 јули. Наградниот фонд е 2.4 милиони долари.