feature

Рашфорд ги одби понудите од Саудиска Арабија и ќе ја чека Барса

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, одбил одлична финансиска понуда од екипа од Саудиска Арабија.

Медиумите во Англија трвдат дека брзоногиот напаѓач добил понуда со која може да заработи големи 40 милиони евра но, истата ја одбил. Рашфорд не крие дека сака да го облече дресот на Барселона и повторно да игра во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ имаат намера да го испратат на позајмица за максимум 30 милиони евра.


Кол Палмер е најкорисен фудбалер на СКП

Со постигнати два гола во финалето и една асистенција за погодокот на Жоао Педро, англискиот репрезентатигвец Кол Палмер ја доби наградата за најдобар играч на првото издание во овој формат на Светското клупско првенство.

Челзи го совлада ПСЖ со 3:0 во финалето во Њујорк, а собра и добар дел од индивидуалните признанија на ФИФА.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, лично му го додели големиот пехар на Палмер, кој го круниса за МВП на овој турнир кој траеше еден месец. Челзи извојуваше шест победи на седум натпревари и загуби само во групната фаза од Фламенго.

Најдобар стрелец на шампионатот е Гонзало Гарсија од Реал Мадрид со четири гола и две асистенции. Ист број на голови постигнаа и Ди Марија, Гираси и Маркос Леонардо.

Роберт Санчез од Челзи е најдобар голман, а Дезире Дуе од ПСЖ најдобар млад фудбалер.


Палмер го сруши ПСЖ, Челзи е светски клупски првак

Челзи е првиот освојувач на Светското клупско првенство во овој формат, сините со убедливи 3-0 го совладаа европскиот шампион ПСЖ и заслужено го кренаа големиот трофеј, Кол Палмер и голманот Роберт Санчез се хероите на англискиот тим.

ПСЖ беше доминантен во европскиот фудбал во изминатите месеци, па тие ја имаа фаворитската улога и во денешното финале. Работите овојпат се одвиваа поинаку.

Челзи уште од почетокот тргна фокусирано и се обидуваше да воспостави доминација, тоа и им успеа, а брзо почнаа да доаѓаат и головите.

Резултатот беше отворен во 22. минута кога по асистенција од Густо, Палмер убаво ја пласираше топката во голот на Донарума за водство од 1-0.

Осум минути подоцна повторно Палмер е главен, овојпат погоди за предност на Челси од 2-0, уште поубав гол.

Во финишот од првото полувреме Палмер ја имаше улогата на асистент, одлично додаде до Жоао Педро кој погоди за водство од 3-0 што беше и конечен резултат.

Во второто полувреме ПСЖ се обидуваше да се врати, создаде неколку шанси, но не успеа да постигне гол, Челзи на голот го имаше денеска одличниот Роберт Санчез.

На крајот Челзи заслужено се радува на големиот трофеј кој ветува многу подобра сезона за момците на Мареска.


Марк Маркез се радува и во Германија и ја продолжува серијата победи

Возачот на Дукати, Марк Маркез, денес победи на Големата награда на Германија и го зголеми своето водство во генералниот пласман.

Во 200-тата трка во својата кариера, Маркез водеше од првиот до последниот круг и победи со време од 40:42.854 минути.

Тој ја постигна својата деветта победа на патеката Заксенринг.

Тоа беше неговата 95. победа во кариерата, а 69. во „кралската“ класа. Само познатиот Валентино Роси има повеќе во Мото ГП – 89.

Шпанскиот возач има седум победи оваа сезона, од кои четири се последователни, а во саботата победи и во спринтот.

Неговиот помлад брат Алекс Маркез денес го освои второто место, со заостанување од 6,380 секунди.

Франческо Бањаја од Дукати беше трет со заостанување од 7,080 секунди.

Возачот на Јамаха, Фабио Куартараро стигна до четвртото место, додека Фермин Алдегер од Гресини беше петти.

Марк Маркез е прв со 344 поени, пред Алекс Маркез кој има 261 и Бањаја со 197 поени.

Шампионатот продолжува следниот викенд, а трката за Големата награда на Чешка се одржува во недела во 14 часот во Брно.


НХЛ лигата ги промени правилата за новата сезона

НХЛ и Здружението на хокеари ги променија правилата за надминување на ограничувањето на платите поради повреди.

Новиот колективен договор (кој важи од 2026 до 2030 година) поставува ограничување: ако играчот се врати во акција за време на регуларната сезона или плејофот, максималниот вишок не може да биде поголем од просечната годишна плата во лигата (минатата сезона беше 3,82 милиони долари).

За вишокот да биде поголем, повредениот играч не смее да се врати на мразот ниту во регуларната сезона ниту во плејофот. Треба да се напомене дека новите правила ќе стапат на сила почнувајќи од сезоната 2026/27.


Модриќ утре доаѓа на потпис во Миланo

Лука Модриќ ќе ги помине медицинските прегледи во Милан в понеделник, објави инсајдер Фабрицио Романо.

Според изворот, „росонерите“ добиле одобрение од адвокатите на поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид во врска со потпишувањето на едногодишен договор.

39-годишниот ветеран од Хрватска ќе заработи околу 3, 5 милиони евра за една сезона.


Голден Стејт го сака Леброн за следната сезона

Челниците на Голден Стејт разгледуваат потенцијален договор со кошаркарот, Леброн Џејмс, кој очигледно не е задоволен со развојот на настаните во Лос Анџелес Лејкерс.

Имено, легендата ја искористи опцијата за 52,6 милиони долари по што неговиот договор ќе заврши.

Тоа ги мотивира луѓето од Голден Стејт да испратат понуда за Џејмс кој цели 23 сезони игра во најсилната лига на светов.


Жоао Феликс спремен да ја намали платата за да се врати во Бенфика

Бенфика и Челзи продолжуваат со преговорите за трансфер на фудбалерот, Жоао Феликс. Според најавите португалскиот клуб нема намера да им плати на „сините“ повеќе од 20 милиони евра за 50% од правата на играчот.

Самиот Феликс сака да се врати во својот матичен клуб и го информирал претседателот на Бенфика, Руи Коста, дека е подготвен да прифати значително намалување на платата.

На 41 натпревар на сите турнири за Челзи и Милан, играчот од средниот ред има 10 гола и 3 асистенции


Фирмино ја замени Саудиска Арабија со Катар

Роберто Фирмино има нов клуб, неговиот престој во Ал Ахли заврши, новиот клуб му е Ал Сад.

Фирмино замина од Садусика Арабија и се пресели во Катар.

Фирмино со Ал Ахли успеа да ја освои азиската Лига на шампиони и за овој клуб одигра 65 натпревари во кои постигна 65 натпревари, постигна 21 гол и додаде 17 асистенции.

Трансферот е по малку и изненадувачки бидејќи заминува во послаба лига, но ќе ја дели соблекувалната со тројца сонародници, Паоло Отавио, Џовани и Клаудињо. Тимот од клупата го предводи Шпанецот, Феликс Санчез.

Ал Сад ги освои последните две титули во првенството на Катар, а четири пати беше шампион во последните пет години.


Реал одлучи да го позајми Ендрик на една сезона

Најтрофејниот шпански клуб, Реал Мадрид, донесе конечна одлука кога е во прашање иднината на бразилскиот интернационалец Ендрик.

Иако, малдиот напаѓач, на неколку пати изјавуваше дека и покрај скромната минутажа сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“, раководните лица на „кралскиот клуб“ дошле до заклучок дека најдобро ќе биде Бразилецот новата сезона да ја одработи како позајмен фудбалер во некој друг клуб.