feature

Фудбалерите на Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане во стручниот штаб

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат привремениот тренер Руд ван Нистелрој да остане во тимот по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, потврди голманот Андре Онана.

Холанѓанецот го презеде местот на отпуштениот Ерик тен Хаг и ги предводеше „црвените ѓаволи“ до победа од 2-0 над грчки ПАОК во Лига Европа во четвртокот.

Ван Нистелрој, поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, викендов ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ против Лестер Сити пред да му ја предаде менаџерската функција на Аморим.

Запрашан од „ТНТ Спортс“ дали играчите на Јунајтед сакаат да продолжат да работат со Ван Нистелрој, Онана рече: „100%. Тој е многу пријатен човек и многу добар тренер. Неговото искуство ни помага и ние сме среќни под негово раководство. Тоа не е нешто за што ние решаваме, тоа е она што ќе го направи менаџментот, а ние само треба да го прифатиме тоа“.


Икарди сериозно се повреди, ќе паузира до крајот на сезоната

Soccer Football – Europa League – Galatasaray v Tottenham Hotspur – RAMS Park, Istanbul, Turkey – November 7, 2024 Galatasaray’s Mauro Icardi reacts after sustaining an injury REUTERS/Murad Sezer

Заврши сезоната за Мауро Икарди. Аргентинецот поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку до крајот на сезоната.

Напаѓачот на Галатасарај се повреди на натпреварот од Лигата на Европа против Тотенхем синоќа, а по прегледите е констатирано кинење на вкрстените лигаменти на десното колено, како и оштетување на менискусот.

Оваа сезона тој постигна 4 гола на 7 натпревари во турскиот шампионат.


Месина го наполни комплименти Димитријевиќ по победата против Реал

Еторе Месина по синоќешната победа над Реал Мадрид во Евролигата не штедеше пофални зборови за македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Популарниот Нено синоќа постигна 22 поени и беше најдобар поентер на натпреварот. Извонредната партија се покажа како клучна за победата на Милано над кралскиот клуб.

Погледнете каква игра демонстрира. Да не заборавиме дека Нено е само дебитант во Евролигата. Во последната четвртина во Виторија и против Виртус имаше големо влијание на играта. Сигурен сум дека ако се навикне физички на лигата, ќе остави навистина силна трага во Евролигата, изјави Месина по дуелот.


Бобан Илиоски европски првак во кик-бокс!

Со златен медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски го заврши Европското сениорско првенство во Атина. Тој во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска и донесе втор медал за Македонија од овој голем настан.

Во финалето во категоријата лоу-кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот. Македонскиот ки-кбоксер се пласира во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис.

Нашата земја од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.

Европското кикбокс првенство во Атина почна во неделата со свечено отворање, а завршува утре, а учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 земја.


100 нови фудбалски игри во понуда!!

Евротип од денес ја зголеми својата понуда за обложување со нови игри кои со сигурност ќе го задржат вниманието на сите играчи!

Сите нови игри од понудата погледнете ги во Евротип билтенот и на www.evrotip.mk

Играјте во Евротип каде добивате Секогаш Повеќе!

ИграОпис
no 1-2Вкупниот број на голови нема да биде 1 до 2 гола
no 1-3Вкупниот број на голови нема да биде 1 до 3 гола
no 1-4Вкупниот број на голови нема да биде 1 до 4 гола
no 2-3Вкупниот број на голови нема да биде 2 до 3 гола
no 2-4Вкупниот број на голови нема да биде 2 до 4 гола
no 2-5Вкупниот број на голови нема да биде 2 до 5 гола
no 3-4Вкупниот број на голови нема да биде 3 до 4 гола
no 3-5Вкупниот број на голови нема да биде 3 до 5 гола
no 4-6Вкупниот број на голови нема да биде 4 до 6 гола
2-4 IВкупниот број на голови во прво полувреме ќе биде 2 до 4 гола
2-4 IIВкупниот број на голови во второ полувреме ќе биде 2 до 4 гола
T1 3+ & GGДомаќинот ќе постигне 3 или повеќе голови и натпреварот ќе биде ГГ
T2 3+ & GGГостинот ќе постигне 3 или повеќе голови и натпреварот ќе биде ГГ
Т1 1>2Домаќинот ќе постигне повеќе голови во прво полувреме
T1 1=2Домаќинот ќе постигне исто голови во двете полувремиња
T1 2>1Домаќинот ќе постигне повеќе голови во второ полувреме
Т2 1>2Гостинот ќе постигне повеќе голови во прво полувреме
T2 1=2Гостинот ќе постигне исто голови во двете полувремиња
T2 2>1Гостинот ќе постигне повеќе голови во второ полувреме
1&2-6Домаќинот ќе победи и ќе има 2-6 гола на натпреварот
2&2-6Гостинот ќе победи и ќе има 2-6 гола на натпреварот
1& 1+I&2+Домаќинот ќе победи, ќе има гол во прво полувреме и 2+ на цел натпревар
1& 1+I&3+Домаќинот ќе победи, ќе има гол во прво полувреме и 3+ на цел натпревар
2& 1+I&2+Гостинот ќе победи, ќе има гол во прво полувреме и 2+ на цел натпревар
2& 1+I&3+Гостинот ќе победи, ќе има гол во прво полувреме и 3+ на цел натпревар
1-1&GGIДомаќинот ќе води на полувреме, ќе победи и ГГ прво полувреме
1-1&GGIIДомаќинот ќе води на полувреме, ќе победи и ГГ второ полувреме
2-2&GGIГостинот ќе води на полувреме, ќе победи и ГГ прво полувреме
2-2&GGIIГостинот ќе води на полувреме, ќе победи и ГГ второ полувреме
12 & 2+Домаќинот или гостинот ќе победи и ќе има 2+ голови
12 & 2-4Домаќинот или гостинот ќе победи и ќе има 2-4 голови
12 & 2-5Домаќинот или гостинот ќе победи и ќе има 2-5 голови
12 & 3-4Домаќинот или гостинот ќе победи и ќе има 3-4 голови
12 & 3-5Домаќинот или гостинот ќе победи и ќе има 3-5 голови
12 & 3-6Домаќинот или гостинот ќе победи и ќе има 3-6 голови
12 & 4-6Домаќинот или гостинот ќе победи и ќе има 4-6 голови
1X & 3-4Домаќинот ќе победи или нерешено и ќе има 3-4 голови
X2 & 3-4Гостинот ќе победи или нерешено и ќе има 3-4 голови
no (1&2+)Натпреварот да не заврши 1 и 2+ голови
no (1&3+)Натпреварот да не заврши 1 и 3+ голови
no (2&2+)Натпреварот да не заврши 2 и 2+ голови
no (2&3+)Натпреварот да не заврши 2 и 3+ голови
X & NGIНатпреварот ќе заврши нерешено и NG прво полувреме
X & GGIНатпреварот ќе заврши нерешено и GG прво полувреме
X & NGIIНатпреварот ќе заврши нерешено и NG второ полувреме
X & GGIIНатпреварот ќе заврши нерешено и GG второ полувреме
X & 4+Натпреварот ќе заврши нерешено и 4+ голови
X v GGНатпреварот ќе заврши нерешено или GG
T1 3+vT2 3+Домаќинот или гостинот ќе постигне 3+ голови
GG & 1+ IДвата тима ќе постигнат гол и 1+ голови во прво полувреме
GG & 2+ IДвата тима ќе постигнат гол и 2+ голови во прво полувреме
GG & 1+ IIДвата тима ќе постигнат гол и 1+ голови во второ полувреме
GG & 2+ IIДвата тима ќе постигнат гол и 2+ голови во второ полувреме
GG & 1+ I & 1+ IIДвата тима ќе постигнат гол и 1+ во прво и 1+ полувреме во второ полувреме
GG I & 4+Двата тима ќе постигнат гол во прво полувреме и 4+ голови
GG II & 4+Двата тима ќе постигнат гол во второ полувреме и 4+ голови
GG&1>2GG и повеќе голови во прво полувреме
GG&1=2GG и исто голови во двете полувремиња
GG&2>1GG и повеќе голови во второ полувреме
NG&1>2NG и повеќе голови во прво полувреме
NG&1=2NG и исто голови во двете полувремиња
NG&2>1NG и повеќе голови во второ полувреме
NG&0-2NG и 0 до 2 голови на наптреварот
NG&3+NG и 3+ голови на натпреварот
Odd IВкупниот број на голови ќе биде непарен број
Even IВкупниот број на голови ќе биде парен број
0-1I&1-2II0-1 голови во прво и 1-2 голови во второ полувреме
0-1I&1-3II0-1 голови во прво и 1-3 голови во второ полувреме
0-2I&1-2II0-2 голови во прво и 1-2 голови во второ полувреме
0-2I&1-3II0-2 голови во прво и 1-3 голови во второ полувреме
0-2I&2+II0-2 голови во прво и 2+ голови во второ полувреме
0-2I&2-3II0-2 голови во прво и 2-3 голови во второ полувреме
1+I&0-1II1+ голови во прво и 0-1 голови во второ полувреме
1+I&0-2II1+ голови во прво и 0-2 голови во второ полувреме
1+I&1-2II1+ голови во прво и 1-2 голови во второ полувреме
1+I&1-3II1+ голови во прво и 1-3 голови во второ полувреме
1+I&2-3II1+ голови во прво и 2-3 голови во второ полувреме
1-2I&0-1II1-2 голови во прво и 0-1 голови во второ полувреме
1-2I&0-2II1-2 голови во прво и 0-2 голови во второ полувреме
1-2I&0-3II1-2 голови во прво и 0-3 голови во второ полувреме
1-2I&1+II1-2 голови во прво и 1+ голови во второ полувреме
1-2I&1-3II1-2 голови во прво и 1-3 голови во второ полувреме
1-2I&2+II1-2 голови во прво и 2+ голови во второ полувреме
1-2I&2-3II1-2 голови во прво и 2-3 голови во второ полувреме
1-3I&1+II1-3 голови во прво и 1+ голови во второ полувреме
1-3I&1-2II1-3 голови во прво и 1-2 голови во второ полувреме
1-3I&2+II1-3 голови во прво и 2+ голови во второ полувреме
1-3I&3+1-3 голови во прво и 3+ голови на натпреварот
2-3I&0-2II2-3 голови во прво и 0-2 голови во второ полувреме
2-3I&1+II2-3 голови во прво и 1+ голови во второ полувреме
2-3I&1-2II2-3 голови во прво и 1-2 голови во второ полувреме
2-3I&1-3II2-3 голови во прво и 1-3 голови во второ полувреме
2-3I&2+II2-3 голови во прво и 2+ голови во второ полувреме
2+I&2-3II2+ голови во прво и 2-3 голови во второ полувреме
1-2 I & 3+1-2 голови во прво и 3+ голови на натпреварот
1-2 I & 4+1-2 голови во прво и 4+ голови на натпреварот
2+I & 3+2+ голови во прво и 3+ голови на натпреварот
no (1+I & 1+II)Нема да има 1+ голови во прво и 1+ голови во второ полувреме
no (1+I & 2+II)Нема да има 1+ голови во прво и 2+ голови во второ полувреме
no (2+I & 1+II)Нема да има 2+ голови во прво и 1+ голови во второ полувреме

Голем спортски настан во Охрид, започна Европскиот Куп во параглајдинг

Околу педесетина натпреварувачи од Европа од четиринаесет земји ќе настапат на Европскиот Куп во параглајдинг, кој од денес до недела се одржува во Охрид.

На терените на на СРЦ „Билјанини извори“ параглајдеристите пред полните трибини со ученици од основните и средни училишта од Охрид го развиореа знамето на Охрид во чест на Денот на ослободувањето на градот.

„Ова случување го направи денов уште повеличествен ако се земе во предвид дека европската фела од областа на параглајдерството е токму во Охрид. Неколку десетици параглајдеристи од земјава и странство ќе прелетаат над охридското небо и ќе го направат денов, посебен, незаборавен. Во ремен или во кожурец како „мешун“ виси под крилото од ткаенината спортистот со исклучителен авантуристички дух. Лесни, слободно летачки, едрилици со пешачки авион без цврста примарна структура денес ќе ја красат небесната шир и ќе крадат многу воздишки од сите нас. Посакувам сите вие да се рекреирате и забавувате, но нека победи најдобриот оној кој „најмудро“ ќе соработува со ветрот“, рече претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

На Европскиот куп во параглајдинг учесниците ќе се натпреваруваат во индивидуална и тимска категорија, во машка и женска конкуренција.


Леонардо Жардим го менува Креспо во Ал Аин

Поранешниот предводник на Монако, Леонардо Жардим, ќе биде нов тренер на Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Жардим на клупата на Ал Аин ќе седне на место на Ернан Креспо, кому во средата клубот од Абу Даби му го раскина договорот. Според информациите, Жардим ќе потпише договор до јуни 2025 година.

Поранешниот аргентински репрезентативец Креспо, беше отпуштен по поразот саудиски Ал Наср од 5-1 во последното коло од азиската Лига на шампиони, што беше четврти последователен натпревар во кој неговата екипа не успеа да забележи победа


Турската федерација го казни Жозе Мурињо

Професионалната фудбалска дисциплинска комисија на Турската фудбалска федерација (ТФФ) го суспендираше тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо на еден натпревар. Тој е казнет и со приближно 2.600 евра.

Мурињо во изјава за телевизијата „Беин спортс“ ги критикуваше судијата Огужан Чакир и ВАР судијата – Атила Караоглан.

„Ги обвинувам луѓето од Фенербахче кои ме доведоа овде. Ми кажаа само половина вистина. Не ми ја кажаа целата вистина бидејќи да ми ја кажеа целата вистина немаше да дојдам. Но, со половина вистина и моите момци се бориме против противникот и системот. Тој (Караоглан) беше подготвен да досуди два пенали кои судијата не ги досуди, а потоа пиеше турски чај кога беше чист пенал за нас, а тој не го досуди“, изјави Португалецот по дуелот со Трабзонспор.

Фенер моментално е на третото место во турската прва лига со пет бода помалку од лидерот Галатасарај.


Заврши голготата, Алаба започна со тренинзи во Мадрид

Австрискиот дефанзивец Давид Алаба се врати на тренинзите со топка и влезе во нова фаза на опоравување, речиси 11 месеци откако ги скина вкрстените лигаменти на коленото во декември минатата година.

Целосното закрепнување се уште се очекува да биде за неколку недели и може да се очекува тој да се врати на терените до стартот на 2025 година. Враќањето на играчот на теренот треба да биде постепено, како што секогаш се препорачува по такви повреди, а исто така земајќи ги предвид компликациите што ги претрпе Алаба.

32-годишниот фудбалер имаше две операции на коленото.


Криза во Пери, уапсен првиот човек на фудбалската федерација

Претседателот на Перуанската фудбалска федерација е уапсен поради создавање криминална група. Агустин Лозано е обвинет дека ја водел криминалната група Галактикос, во која има и други функционери од федерацијата.

Групата се товари за криминални активности во врска со имотот на правното лице, како и за незаконско прикривање на информации за работата во спортското село Чаклакајо. Директорот на полицијата Нилтон Сантос Вилалта изјави дека 17 имоти во Лима и провинциите биле конфискувани како дел од истрагата за активностите на групата.