feature

Наполи се вклучи во трката по Адемола Лукман

Фудбалерот на Аталанта Адемола Лукман се наметнува како опција за ново засилување на Наполи, кој ќе треба да ја зајакне својата атака во светло на потенцијалниот трансфер на Виктор Осимен во Галатасарај, соопштува телевизијата Sky Sport.

27-годишното крило има договор со Аталанта до 2027 година и моментално се проценува на околу 50 милиони евра.

Сега Наполи се наредува меѓу кандидатите за доведување на нигерискиот репрезентативец, но италијанскиот клуб не е сам во оваа конкуренција, бидејќи англискиот Арсенал одамна ги цени квалитетите на Лукман и ја разгледува можноста да го врати во Премиер лигата. Друг англиски тим, Вест Хем, и шпанскиот Атлетико Мадрид исто така ја следат ситуацијата.

И покрај интересот од англиските клубови, Адемола Лукман во моментов не е заинтересиран за враќање во Премиер лигата, што би можело да му даде предност на великанот од Серија А.

Наполи може да направи официјален чекор откако трансферот на Осимен ќе биде финализиран, но се очекува надпреварот за потписот на Лукман да се зажари во следните денови.


Киелини стана коспоственик на Лос Анџелес

Поранешниот италијански фудбалер Џорџо Киелини стана косопственик на клубот Лос Анџелес, објави оваа американска екипа.

Киелини, кој 18 години беше одбранбен столб на Јувентус и легенда на тимот, од 2022 година настапуваше за Лос Анџелес, каде што се повлече во 2023. Исто така, минатата година беше тренер во развојниот тим на клубот.

“Придружувањето на сопственичката група на Лос Анџелес за мене претставува огромна чест. Кога дојдов пред три години како играч, веднаш почувствував нешто посебно кон клубот. Тоа е амбициозна организација, изградена од извонредни луѓе и поддржана од заедницата која прави да се чувствувате како дома. Поради тоа минатата година искажав желба да станам сопственик и сега сум горд што можам да го поддржам проектот во кој искрено верувам”, изјави Киелини, се наведува во соопштението.

Киелини беше еден од најдобрите дефанзивци во светот во текот на неговата 23-годишна кариера.

Освои девет последователни титули во Серија А со Јувентус, како и титулата на Европското првенство во 2021 година со репрезентацијата на Италија.


Дарко Глишиќ нов фудбалер на Македонија ЃП

Повратникот во македонската Прва лига, Македонија Ѓорче Петров, денеска официјално го претстави своето ново засилување за претстојната сезона, искусниот Дарко Глишиќ.

Глишиќ пристигнува од редовите на Гостивар и се очекува да придонесе за зацврстување на последната линија на тимот од Скопје, во настојувањата клубот да се стабилизира по враќањето во елитата.

Искусниот стопер зад себе има богата кариера, а покрај Гостивар, настапуваше и за Вардар, кипарската Докса, бугарскиот Септември Софија, грузиски Динамо Тбилиси и неколку други клубови.


Пелистер се засили со Србинот Ристиќ

Пелистер го официјализираше своето второ засилување за новата сезона, во Битола пристигна Петар Ристиќ.

По враќањето на Стефан Спировски, битолчани ангажираа креативен плејмејкер кој ќе го диригира темпото во средниот ред. Ристиќ доаѓа од редовите на Трајал Крушевац со кој се натпреваруваше во српската Втора лига, каде што минатата сезона блескаше со осум гола и осум асистенции. Станува збор за поранешен младински репрезентативец на Србија, кој може да покрие повеќе позиции во средниот ред и по страните.

25-годишниот офанзивец има настапи и за Мачва, Радник, Раднички Ниш и Јагодина, а со Пелистер потпиша договор на една сезона. Ристиќ веќе го одработи првиот тренинг со новите соиграчи и ќе биде важен дел од плановите за сезоната 2025/26, која стартува во вториот викенд од август.


Белингем заминува на оперрација, го чека долга пауза

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем во наредните месеци ќе биде надвор од терените поради операција на рамото.

Одлуката е донесена, Белингем ќе прави операција на рамото, повреда која подолго време го мачи. Се чекаше да заврши настапот на Светското клупско првенство, па да ја санира повредата со хиркушки зафат.

Рехабилитацијата од операција се очекува да биде околу 3-4 месеци, што значи дека тој ќе пропушти значен број на натпревари за Реал Мадрид.


ПСЖ го декласира Реал и ќе игра против Челзи за светската титула

Европскиот шампион ПСЖ и англискиот гигант Челзи ќе одлучуваат за освојувачот на историската прва титула од Светското клупско фудбалско првенство. првенство

Актуелниот европски првак ПСЖ ќе му биде противник на Челзи во финалето на Светското клупско првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави.

Францускиот тим синоќа во второто полуфинале го декласираше големиот Реал Мадрид со 4-0 (3-0), во натпревар на кој хрватскиот ветеран Лука Модриќ последен пат настапи за Кралскиот клуб.

Двоен стрелец во триумфот на ПСЖ беше Фабијан Руиз (6 и 24 минута), а по еден постигнаа Дембеле (9) и Рамос (88).

Ден претходно, Челзи го победи бразилски Флуминенсе со 2-0, со головите на Жоао Педро.

Финалето на Светското клупско првенство ќе се игра в недела со почеток во 21 часот по средноевропско време.


Фоњини означи крај на професионалната кариера

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини објави денеска дека ја завршува кариерата. Мечот од првото коло на Вимблдон годинава против Карлос Алкараз, за него беше последниот во кариерата.

Мечот по голема борба заврши со победа на Алкараз од 3-2 во сетови (7-5; 6-7; 7-5; 2-6 и 6-1) по нешто повеќе од четири часа игра.

Фоњини на прес конференција во Лондон објави крај на кариерата:

„Мислам дека ова е најдобар начин да соопштам дека заминува, кусо изјави Фоњини“.


Синер и Ѓоковиќ закажаа меѓусебно полуфинале во Лондон

Најдобриот светски тенисер без многу проблеми стигна до полуфиналето на Вимблдон. Тој во денешеното четвртфинале го победи Американецот Бен Шелтон со 3-0 во сетови (7-6(2), 6-4 и 6-4) и се избори за своето второ полуфинале на Вимблдон.

Неизвесност имаше само во првиот сет, кој Синер го доби во тај брејкот со 7:2 на поени, иако Шелтон водеше со 2:0, но тоа не беше пречка за Синер кој успеа да направи серија од седум поени. Во следните два сета италијанскиот тенисер имаше по еден брејк и тоа на идентичен начин во 10.тиот гем за да ги добие двата сета со 6:4 во гемови.

Победа во три сета покажува дека повредата од осминафиналето од понеделникот е веќе минато за Јаник Синер.

Синер во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи.


Седлоски: Вардар долго го чекаше враќањето во Европа

Вардар важи за апсолутен фаворит за место во следната рунда во третото натпреварување на УЕФА. Тренерот Гоце Седлоски даде коментар за претстојниот дуел во на кој домаќинот атакува на победа.

„Одработивме добри подготовки во овие месец дена, дома и во Словенија, каде добро се подготвивме. Иако ни недостасуваа некои од странците, сите сме максимално спремни. Вардар нема играно во Европа подолго време. Знаеме каков ривал не очекува, но ние се гледаме самите себе, респект за ривалот, но јас сум фокусиран само на моите играчи. Се надевам дека ќе одиграме квалитетен натпрревар и дека ќе забележиме победа. Во денешниот фудбал нема фаворити, затоа ќе бидеме внимателни. Најважно ми е екипата да ми влезе онака како што јас барам, без опуштање.“, изјави Седлоски.

Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиорита се игра во четврток со почеток од 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“. На центарот ќе бидат Андорци. Антоан Кјарамонти е главен судија, ќе му помагаат Хуан Гују Сера и Карлос Гончалвес. Четврти судија е Андреу Симаро.


Анчелоти осуден за затајување данок

Трофејниот италијански фудбалски тренер Карло Анчелоти е осуден од шпанскиот суд на една година затвор поради даночна измама направена во 2014 година, за време на неговиот престој во Мадрид.

Судот во главниот град на Шпанија му изрече и парична казна во износ од 386.000 евра.

Според шпанскиот закон, затворски казни пократки од две години може да бидат условно суспендирани доколку осудениот претходно не бил казнет, па се очекува дека актуелниот селектор на Бразил сепак нема да оди зад решетки.

Пред Анчелоти, на мета на шпанските даночни власти беа и Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, но ниту еден од нив не ја отслужи казната во затвор.

Фудбалската федерација на Бразил, како и претставниците на Анчелоти, засега не ја коментираа одлуката на судот.

Анчелоти е единствениот тренер кој пет пати ја има освоено Лигата на шампионите (три пати со Реал Мадрид и двапати со Милан), како и единствениот со титули државен првак во Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.