feature

Роналдо го одбрани тренерот Мартинез од критиките: „Заслужува наш респект“

Кристиано Роналдо јавно го одбрани селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, критикувајќи го, „недостатокот на почит“ кон шпанскиот тренер, иако тимот има големи успеси под негово водство. Пред финалето во Лигата на Нации меѓу Португалија и Шпанија, искусниот напаѓач изрази збунетост од критиките упатени кон Мартинез и повика на поголема почит кон неговата работа. 

Во интервју за „О Жого“, Роналдо јасно ја искажа својата поддршка:„Ако еден тренер стигне до финале, тоа значи дека одлично си ја завршил работата. Да се доведе во прашање некој со спектакуларен рекорд со Португалија ми е збунувачки“, рече тој. 

Роналдо нагласи дека е важно да се признаат успесите на Мартинез, предупредувајќи дека поставувањето прашања за вакви резултати може да создаде лош преседан за идните тренери. 

Шесткратниот добитник на Златната Топка ги пофали и напорите на Мартинез да се интегрира во португалската култура и да им посвети внимание на тимот не само од тактичка, туку и од човечка перспектива. „Дури и кога победуваме, секогаш има дебати. Но тоа е од „папагалите“ дома кои даваат свои мислења. Она што е важно е ние да сме задоволни од работата на тренерот. Тој дојде од друга земја и ја пее нашата химна со страст – тоа е нешто што најмногу го ценам,“ рече Роналдо. 

Изјавите на Роналдо добија дополнителна тежина со победата на Португалија во финалето на Лигата на нации. Тимот ја освои втората титула во ова натпреварување по нерешен резултат од 2-2 против Шпанија, а потоа победи со 5-3 по изведување пенали. 

Овој триумф е уште еден важен успех во мандатот на Мартинез и ја потврдува силната одбрана што Роналдо ја даде за својот тренер, кој сега има нова меѓународна титула со Португалија. 


Португалија ја освои својата втора титула во Лигата на нации со победа над Шпанија

Минхен, Германија – По возбудливо реми 2–2 на Алијанц Арена, Португалија ја совлада Шпанија со 5–3 по изведување пенали и ја освои својата втора титула во Лигата на нации. 

Кристијано Роналдо повторно беше клучен за враќањето на Португалија во игра. Капитенот го постигна својот 138. гол за националниот тим, израмнувајќи го резултатот и носејќи го натпреварот во продолжениe. Иако поради повреда не учествуваше во изведувањето пенали, неговото лидерство и голот беа клучни за крајниот успех. 

Сепак, најдобар на натпреварот беше левиот бек Нуно Мендеш, кој блесна со извонредна игра во двата правци. Тој го постигна првиот гол за Португалија и ја неутрализираше младата ѕвезда на Шпанија – Ламин Јамал. Мендеш исто така смирено го постигна својот пенал, обезбедувајќи ја својата прва меѓународна титула. 

Јамал, 17-годишниот шпански талент, имаше тешка задача против Мендеш и не успеа значително да се наметне, што ја потврди одличната дефанзивна игра на Португалија. 

Победникот се реши по пенали, каде што Португалците беа беспрекорни и ги реализираа сите пет удари. Рубен Невеш го постигна победничкиот пенал, откако Алваро Мората промаши за Шпанија. 

Ова е втора титула во Лигата на нации за Португалија, која уште еднаш покажа зошто припаѓа во врвот на европскиот фудбал, комбинирајќи искуство и нова генерација таленти. 


Одбојкарите убедливо поразени од Финска на отворањеро на Златната лига

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево во Братислава загуби од Финска со 0-3 (20-25, 15-25 и 19-25) во првиот натпревар од годинешното издание на ЦЕВ Европската Златна лига.

Со победата Финците ја продолжуваат позитивната серија во меѓусебните пресметки.

Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши мечот со 12 поени, еден помалку освои Александар Љафтов, додека Филип Савовски имаше седум, а Илиев постигна пет поени.

Македонија првата победа во ЦЕВ Европската Златна лига ќе ја бара утре, кога во 15 часот, во „Гопас“ арената во Братислава ќе се соочи со домаќинот на првиот турнир Словачка, која исто така со 3:0 загуби од Финска во петокот.


Усвоено кратењето на Првата лига на десет клуба

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за намалување на бројот на екипи од 12 на 10 во Првата лига за сезоната 2026/27.

– Реформите кои ги најави раководството на Фудбалската федерација на Македонија се случуваат со конкретни одлуки и промени во натпреварувачкиот систем. Го менуваме системот одвнатре, поставувајќи темели за пофункционален, поквалитетен и стабилен развој на МФЛ, соопшти ФФМ.

Нов систем за натпреварување по две години ќе има и во Втората лига, како и Третите регионални лиги.

Исто така, Управниот одбор на ФФМ ја донесе одлуката за именување на Васко Дојчиновски за претседател на Комисијата за натпреварување.


Маркез ќе тргне од пол-позицијата во Арагон

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката што се одржа во рамките на Големата награда на Арагон, осмата рунда од овогодинешното првенство на Мото ГП.

Осумкратниот светски шампион ја постигна својата седма победа во спринтот оваа сезона на патеката Арагон, а се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум откако беше престигнат од неговиот помлад брат Алекс пред две недели во Силверстоун.

Алекс беше главниот конкурент на постариот Маркез во Арагон, но нивната борба не траеше долго и возачот на Гресини мораше да се задоволи со второто место, околу две секунди зад својот брат. На третото скалило на подиумот беше Фермин Алдегер, соиграч на помладиот Маркез, кој беше околу две секунди понапред.

Акцијата на патеката „Моторленд“ продолжува во недела од 11 часот, а трката во кралската класа е на програмата од 14 часот.


Дембеле и Баркола повредени, нема да играат во малото финале на ЛН

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, се соочува со сериозни прблеми во ростерот пред утрешниот меч со Германија за третото место елитната група во Лигата на Нации.

Мечот ќе биде одигран во Штудгарт во попладневниот термин од 15.00 часот. „Триколорите“ останаа без стандардните првотимци, Усман Дембеле и Бредли Баркола. Тие се повредени и се ослободени од кампот на „петлите“.

Клемент Ленгле исто така добил повреда и нема да се појави на утрешниот меч против „панцирите“. Ќе потсетиме, во битката за првото место ќе се сретнат Шпанија и Португалија.


Луис Енрике го замени Олимпик Марсеј со Интер

Италијанскиот фудбалски состав Интер, објави преку социјалните мрежи дека го обезбедила крилниот напаѓач, Луис Енрике, кој доаѓа од Франција од екипата на Олимпик Марсеј.

Бразилецот е второто летно засилување за гигантот од Милано по централниот играч за врска Петар Сучиќ. Договорот е до 2030 година и вреди вкупно 25 милиони евра со бонуси.

23-годишникот ќе добие шанса да настапи на Светското првенство за клубови во текот на летото.


Томас Франк фаворит за тренерското место во Тотенхем

Томас Франк, e главниот фаворит да го наследи Постекоглу на клупата на Тотенхем, објавија денес англиските медиуми.

Според Скај Спортс, „пчелите“ нема да му создаваат пречки ако сака да си замине. 51-годишниот Франк го предводи Брентфорд од октомври 2018 година. Во последната сезона го освои десеттото место на табелата.

Тој во 317 натпревари има 136 победи, 71 нерешени и 110 порази. „Спарси“ на листата за нов тренер го имаат ставено и Марко Силва од Фулам.


Кузмановски: Македонија е зелено-бела, Битола ќе слави титула три дена!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампионат откако во решавачкиот меч забележаа победа на гостувањето кај Вардар со 30-32. Во победничкиот состав Кузмановски постигна седум, а Пешевски и Тајник по пет. гола На крајот на шампионатот Еурофарм Пелистер го обезбеди врвот со два бода предност пред „црвено-црните“.

По победата своите импресии ги изнесоа капитените на Еурофарм Пелистер, Кузмановски и Митревски.

Филип Кузмановски
Верував во екипата, од почетокот до крајот и се надминавме. Ова е најдрагата титула за мене, за мојот матичен клуб, за мојот град и за нашите навивачи. Поминавме многу заедно и заслуживме да дојдеме каде што сме. Вечерва Македонија е „зелено-бела“. Ќе славиме титула три дена.

Никола Митревски
Сакам да им честитам на сите присутни во салата. Покажавме дека можеме да организираме натпревар со врвна организација и однесување на теренот и трибините. Имавме тешка сезона, големи падови, но кога требаше се издигнавме. Верувавме дека можеме, а кога веруваш сè е можно. На претходните два порази од Вардар 1961 сите ничии топки завршуваат кај нив. Денес сите тие топки завршија кај нас, имавме спортска среќа и затоа победивме. Вардар беше под притисок, ние немаше што да загубиме и покажавме карактер.

Осуммина пелистерци со трите шампионски титули во Суперлигата!

Со голема драма во сите три сезони и со различни тренери на клупата Еурофарм Пелистер комплетираше хет-трик на трофеи од домашниот шампионат. Мала е групата на ракометари и членови на стручниот штаб кои ги освоија сите три титули. Во генерациите 2022/23, 2023/24, 2024/25 учествуваа: Павле и Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Павле Петровиќ и Жарко Пешевски. Исто така дел од трите шампионски генерации се тренерот на голмани Ице Соколески, спортскиот директор Звонко Шундовски, кондициониот тренер Александар Марковски и физиоперапевтот Филип Милевски.

Секако, трофеите се под палката на семејството Стерјеви и компанијата Еурофарм, која е сопственик на мнозинскиот пакет акции на Еурофарм Пелистер. Дел од акциите има и Општина Битола, која секоја година несебично го помага клубот и повеќе од потпишаниот договор. По потпишувањето на платформата за ракометна Битола има само еден трофеј кој пелистерци не го освоиле – тоа е Купот на Македонија.


Еурофарм Пелистер среде Скопје ја одбрани шампионската титула!

Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 30-32 и стигнаа до трофејот.. Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17-15, а имаа и пет гола предност (15-10). Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше потечен за конечен триумф вреден титула.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски, кај вардарци се истакна Вуко Борозан со осум погодоци.

Ова е деветта титула за пелистерци и прв хет-трик на трофеи на домашни трофеи од шампионатот.