feature

Сити го уништи Форест, Ливерпул испушти победа во Њукасл

Њукасл успеа да ја запре серијата победи на Ливерпул, во исто време Манчестер сити ја прекина својата лоша низа. Вечерва добрата форма ја потврдија фудбалерите на челси и Евертон.

На „Сент Џејмс парк“, Њукасл два пати водеше против лидерот, кој успеа да го преземе водството во 83. минута, но Шер во последната минута спаси бод за „страчките“.

Алкесандер Исак погоди во 35.минута, откако се ослободи од Ван Дајк, а потоа со прекрасен удар го совлада Келехер. Ливерпул изедначи во 50.минута преку Џонс, а 12 минути подцна Гордон му ја врати предноста на Њукасл. Потоа на сцена стапи Салах со два гола во 68. и 83.минута за целосен пресврт на Ливерпул.

Сепак, во 90. минута Келехер прави голема грешка, погрешно го процени летот на топката по центаршутот на Бруно Гимареш, а дефанзивецот Шер на втората статива го постави конечниот резултат – 3-3.

Се врати Кевин Де Брујне и ја врати насмевката на лицето на Пеп Гвардиола. Белгиецот за прв пат од средината на септември беше стартер во Премиер лигата и со капитенската лента ги предводеше „граѓаните“ до првата победа по седум последователни натпревари без победа, во таа серија Сити загуби четири натпревари во Премиер лигата.

Манчестер Сити го победи Нотингем Форест на „Етихад“ со 3-0.

Бернардо Силва го отвори резултатото во осмата минута, Де Брујне зоглеми на 2-0 во 31., а точка на натпреварот стави Доку во 57.минута.

Челси убедливо славеше во Саутемптон со 5-1, а Евертон го прегази Вулверхемптон со 4-0.


Мбапе пак промаши пенал, Реал загуби во Билбао

Реал Мадрид го доживеа вториот пораз сезонава во Примера. Вечерва на „Сан Мамес“ во Билбао, Атлетик го победи Реал со 2-1. На поразот на Реал му кумуваа Килијан Мбапе кој промаши пенал во 68.минута, кога Алтеитко имаше водство 1-0 и Феде Валверде кој им го подари вториот гол на домаќините.

Атлетик Билбао цела деценија чекаше на победа против Реал на домашен терен. Тоа се случи вечерва, со што Баските потврдија дека се во добра форма, во сите натпреварувања на последните 10 натпревари имаат седум победи.

Атлетик до предност дојде во 53.минута, Ињаки Вилијамс нафрли, Куртоа лошо ја одби топката, точно на ногата на Беренгер, кој од половина метар ја испрати во голот.

Во 68.минута, Реал доби пенал, топката ја заеде Мбапе, а неговиот удар го одбрани Агирезабала. Ова е втор промашен пенал на Мбапе во низа, откако не погоди и против Ливерпул во Лигата на шампионите.

Белингем успеа да го израмни резултатот, англискиот репезентативец ја погоди мрежата на Атлетико десет минути откако Мбапе промаши од белата точка и тогаш се чинеше дека обезбеди барем реми за Реал Мадрид.

Но следуваше нов шок за Реал, кикс на Валверде и нова шлаканица за тимот на Карло Анчелоти. Уругваецот не виде дека има човек зад грбот кога враќаше една топка назад, акцијата ја следеше Гурузета кој лесно го совлада Куртоа.


Арсенал со голови од прекин го доби дербито, прв пораз на Аморим во Англија

Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед (2-0) во дербито од 14. коло на Премиер лигата.

„Топџиите“ до триумфот стигнаа по два корнери. Најпрвин погоди Јуријен Тимбер во 54. минута, а потоа и Вилијам Салиба во 73. минута.

Екипата на Микел Артета го дели второто место со градскиот ривал Челси. Двата тима имаат по 28 бодови, седум помалку од лидерот Ливерпул.

Јунајтед падна на 11. позиција која ја држи со 19 бодови, а ова е прв пораз на Рубен Аморим на клупата на „црвените ѓаволи“.

Инаку, Арсенал и Јунајтед на 11.јануари ќе играат на исто место но во ФА Купот. Јунајтед во следното коло ќе го пречека Нотингем Форест, додека Арсенал ќе му гостува на Фулам.


Кулибали бил понуден на Јуве, но челниците на клубот ја одбиле таа опција

Италијанските медиуми наведуваат дека Јувентус не е заинтересиран за играчот на Ал Хилал, Калиду Кулибали, иако неговиот агент и го понудил на „старата дама“.

33-годишниот фудбалер од Сенегал има искуство од Серија А, бидејќи настапуваше за екипата на Наполи.

Според наведеното, составот од Торино сака да ја засили дефанзивата но, ќе се насочи кон далеку помладиот играч на Бенфика, Антонио Силва.


Адејеми неизвесен за дербито во Менхенгладбах

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, ќе го пропушти саботниот натпревар од Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах, пишува германскиот весник „Рур Нахрихтен“.

Иако се очекува Адејеми да продолжи со тренинзите со соиграчите оваа недела, тој нема да има време да се опорави 100 % за саботниот натпревар.

Карим Адејеми отсуствуваше од тренинзите на Борусија Дортмунд пред нивниот дуел во Лигата на шампионите со Динамо Загреб.

Во оваа фаза се очекува враќањето на Адејеми за натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите на 11 декември.


Еурофарм Пелистер ја уништи Висла и се доближи до плеј-офот на ЛШ

Еурофарм Пелистер – Висла Плок 21-18 (12-10)

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер славеше против Висла Плок со 21-18 и направи чекор кон осминафинале во Лигата на шампиони. Битолскиот клуб ја забележа втората победа во Лигата на шампиони, вечерва во Битола падна Висла Плоцк.

Натпреварот почна изедначено, за Еурофарм Пелистер да је превзеде контролата од средината на полувремето и на пауза замина со 12-10. Шампионот на Македонија беше подобар и на отварањето на второто полувреме и стигна до +5 (17-12). Висла Плок потоа нападна со сите сили, се обиде да се врати резултатски, но Еурофарм Пелистер умешно ја чуваше предноста и на крајот славеше со 21-18.

Со оваа победа, Пелистер се искачи на шестата позиција во групата А со шест бодови по 10 одиграни кола и направи значен чекор кон осминафинале во Лигата на шампиони.

Во следното 11. коло, во февруари 2025 година, Еурофарм Пелистер гостува во Лисабон.


Ал-Келаифи: ПСЖ денес го има најдобриот тренер во светот

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Келаифи му изрази поддршка на тренерот на тимот Луис Енрике.

Според мене, сега го имаме најдобриот тренер во светот. Тој гради проект за иднината. Резултатите се важни, но ние остануваме фокусирани на нашиот проект. Има и многу гласини за играчи, но ние сме многу јасни. Имаме една од најмладите екипи во Европа, ако не и најмладата, со просечна возраст од 22,5 години. Во медиумите секогаш има шпекулации. Новинарите само сакаат да ги продадат своите весници. Но, јас верувам во нашиот проект, нашиот систем, нашиот тренер и нашиот план, изјави Ал-Келаифи.

По 13 кола, ПСЖ води во францускиот шампионат со 33 бода. Во Лигата на шампионите парискиот тим по пет кола е на 25. место со четири бода.


Рафиња: Не сакам да застанам, играм во одлична форма

Левото крило на Барселона Рафиња, се осврна на неговиот настап во одложениот натпревар од 19. коло на Ла Лига со Мајорка.

Каталонците победија со 1-5, а Рафиња постигна два гола.

-Формата ми е во нагорна линија, но не сакам да застанам. Го сакам овој клуб и ќе направам се што можам за да помогнам на теренот, изјави Рафиња за „Football Espana“.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер постигна 16 гола и 10 асистенции во 21 настап за Барса во сите натпреварувања оваа сезона.


Осум федерации ја сакаат организацијата на Евробаскетот 2029 година

Осум национални федерации и официјално испратиле пријави за организирање на ФИБА Евробаскетот 2029 година, потврдија од европската зона на Светската кошаркарска федерација.

Естонија, Финска, Германија, Грција Литванија, Холандија, Словенија и Шпанија се имињата на земјите од кои ќе бидат одредени домаќините на наредниот собир на најдобрите европски селекции.

А согласно со принципите на ФИБА, половина од нив ќе бидат со „добитна комбинација“ односно ќе го поделат „домаќинството“ на 43. по ред, Европско првенство.

Естонија и Холандија се единствените држави на оваа листа кои никогаш не биле во улога на организатор на финалната фаза од турнирот за Евробаскетот, додека Финска би можела да биде првата земја која би организирала два шампионати по ред, со оглед на тоа дека ќе бидат домаќини на една од натпреварувачките групи за претстојниот Евробаскет во 2025 година.

Одговорот кој ќе ја добие организацијата на овој следен голем настан во европската кошарка, ФИБА ќе го „даде“, односно објави во мај, 2025 година.

Минатата седмица ФИБА објави дека групната фаза на женскиот Евробаскет во 2027 година ќе се игра и во Белгија и Шведска, кои им се придружија на Финска и Литванија како организатори на 41. издание на Европското првенство во женска конкуренција.


Винициус преферира да игра во Саудиска Арабија, а не во Европа

Винициус Жуниор сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Саудиска Арабија, објави новинарот Ромен Молина на социјалните мрежи.

Според Молина, Винициус и неговите застапници ги привлекуваат сумите што ги нудат клубовите од Саудиска Арабија. Доколку дојде до трансфер, Бразилецот би можел да стане најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Договорот на 24-годишниот Винициус со Реал Мадрид е до летото 2027 година.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 200 милиони евра. Оваа сезона Винициус одигра 18 натпревари во сите натпреварувања за шпанскиот клуб, постигнувајќи 12 гола и осум асистенции.

Претходно се појавија информации дека саудискиот клуб Ал-Ахли е сериозно заинтересиран за бразилскиот фудбалер.