feature

Аслани го продолжи договорот со Интер

Екипата на италијанскиот шампион Интер покажа дека има доверба во Кристијан Аслани со кого потпиша нов договор.

Интер и Аслани се договорија за соработка на дополнително уште една година и сега тој се обврза на верност до 2028 година.

Во редовите на Интер Аслани пристигна во 2022 година од тимот на Емполи. Прво играше на позајмица од 4.5 милиони евра за потоа да биде откупен за уште 10.

За Интер вкупно одигра 64 натпревари и постигна еден гол.


Баерн ја одреди цената за Мусиала

Баерн Минхен сака да го задржи еден од своите најдобри фудбалери, но не по секоја цена – Мусиала би можел да замине ако некој клуб ги исполни поставените услови од баварскиот гигант.

Според информациите англиските и германските медиуми, Баерн може да го пушти Мусиала за сума од 140 милиони евра.

Ќе потсетиме, Мусиала има договор со Баерн до 30 јуни 2026 година, а германските медиуми пренесуваат дека тој сака да го продолжи договорот, но бара и неделна плата од 350.000 евра. Во Баерн сметаат дека тоа е премногу, но сепак ништо не е готово.

Наводно тие одредиле цена и спремни се да преговараат. Со Мусиала досега се поврзуваа Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.

Кариерата Мусиала ја започна во Челзи, а во Баерн пристигна во 2019 година и за клубот од Минхен одигра 167 натпревари во кои постигна 45 гола.


Тен Хаг му порача на Антони да биде трпелив

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, зборуваше за минутажата на бразилското крило Aнтони. Сезонава Бразилецот мина вкупно една минута на теренот во еден премиерлигашки натпревар.

„Aнтони се бори, се бори за своето место на теренот. Ова е она што го очекуваме од секој играч во тимот на Манчестер Јунајтед. Играчите мора да се борат. Се разбира, Aнтони е нетрпелив, тој секогаш сака да игра, но ги имаме Амад Дијало и Гарначо кои беа многу ефикасни, Рашфорд постигна гол викендот. Ентони мора да го заслужи своето место во првиот тим на тренинзите. Другите играчи на неговата позиција играат добро, така што Ентони мора да биде уште подобар за да игра“, изјави на Тен Хег.

Да потсетиме, Антони се пресели од Ајакс во 2022 година за 95 милиони евра Актуелниот договор меѓу Манчестер Јунајтед и играчот важи за уште три години.


Конте: Лукаку е нашиот клучен човек сезонава

Тренерот на Наполи, Антонио Конте го пофали Ромелу Лукаку за неговиот настап во неделниот триумф над Каљари и рече дека белгискиот напаѓач е од суштинска важност за надежите на клубот за успех оваа сезона во Серија А.

Лукаку му се приклучи на Наполи откако поранешниот тренер на Интер и Челзи, Конте, го идентификуваше како клучна трансфер цел во летниот преоден рок. Белгискиот напаѓач имаше извонреден настап во победата од 4-0 против Каљари, придонесувајќи со еден гол и две асистенции во триумфот со кој Наполи се искачи на чело на табелата во Серија А.

„Секогаш велев дека го сакам Ромелу во Интер, го сакав и во Челзи пред да замине во Манчестер Јунајтед бидејќи е необичен напаѓач“, изјави Конте за „Скај Спорт Италија‘.

Наполи по воведните четири кола во италијанското првенство е лидер на табелата со девет бодови, пред гостувањето во Торино и дерби натпреварот против Јувентус на 21 септември.


Брахим сериозно се повреди, го чека пауза од три месеци

Се чини дека на повредите во Реал Мадрид им нема крај, откако Браим Диаз стана последниот играч на Лос Бланкос кој ќе паузира. 25-годишниот играч, кој се одлучи да игра за Мароко, стартуваше синоќа на гостувањето кај Реал Сосиедад, но почувствува болка во бутот и беше принуден да го напушти мечот во 25. минута.

Според шпанските медиуми, повредата на Диаз е тешка и тој ќе биде надвор од терените речиси три месеци. Се очекува да биде во комбинација дури на крајот на ноември.

„По денешните тестови направени врз нашиот играч Браим Диаз од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, констатирана е повреда на десната нога. Се чека развој на настаните, стои во соопштението на „кралскиот клуб“.

Се очекува Диаз да биде подложен на нови медицински тестови за околу една недела, кои ќе дадат поголема јасност за неговата состојба. Тој самиот се заблагодари на социјалните мрежи за поддршката и вети дека наскоро ќе се врати.


Рома го отпушти тренерот Де Роси

Иако Даниеле Де Роси пред само три месеци потпиша нов договор со Рома, сепак денес раководството на популарната “волчица“ реши да му врачи отказ од тренерската функција.

Во соопштението на Рома до медиумите се наведува дека на ваков потег се дојде поради интересите на клубот и дека Де Роси секогаш ќе биде како дома во Рома.

Лошите резултати на екипата на почетокот од новата сезона во Серија А беа одлучувачки фактор за разделбата со актуелниот тренер и клубот сега ќе се насочи кон потрага на негова замена.


Седум кандидати за местото прв човек на ИОК

Седум кандидати, меѓу кои и поранешниот британски атлетичар и олимписки шампион Себастијан Коу, како и Французинот Дејвид Лапартиен, поднесоа кандидатури да го наследат Германецот Томас Бах на чело на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), почнувајќи од март 2025 година. соопшти денеска ИОК.

Бах, кој е на чело на ИОК од 2013 година, најави по Олимписките игри во Париз дека има намера да се повлече од должноста.

Коу е шеф на Светската атлетика и беше организатор на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Тој е двократен олимписки шампион на 1.500 метри, повеќегодишен светски рекордер на 800 метри и има долга кариера како менаџер.

Лапартиен, од своја страна, е претседател на Меѓународната велосипедска унија и прв човек на францускиот олимписки Комитет.

Преостанатите кандидати кои официјално се пријавија се јорданскиот принц Фајсал ал-Хусеин, поранешната шампионка на Зимбабве во пливање Кирсти Ковентри, британско-шведскиот спортист Јохан Елијаш, претседателот на Меѓународната скијачка федерација Хуан Антонио Самаранч јуниор, како и претседателот на Меѓународната гимнастичарска федерација Моринаре Ватанабе.
Кандидатите ќе ја претстават својата програма пред сите членки на МОК преку видео врска за време на состанокот во Лозана во јануари идната година.


Барса одбила 250 милиони за Ламин Јамал

Ламин Јамал блесна ова лето на Европското првенство и се етаблираше во најголем фудбалски талент во светот.

Тој уште минатата сезона во тимот на Барселона најави дека има неверојатен талент, а многумина веќе го споредуваат и со Лионел Меси. Агентот на Дани Олмо, Енди Бара, откри дека Барселона одбила понуда во вредност од 250 милиони евра од ПСЖ за Јамал.

„Знам дека Барселона одби одлична понуда од околу 250 милиони евра за Ламин Јамал од ПСЖ“, изјави Бара.

Барселона во него гледа идна ѕвезда на светскиот фудбал и наскоро ќе му понуди нов договор.


Флорентино носи два бека следното лето во Мадрид

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега спрема  два големи трансфери за следното лето.

Кралскиот клуб следното лето сака да ја повтори стратегијата за доведување ѕвезди без договор, а на врвот на листата на желби се одличните дефанзивци, Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.

Дејвис е еден од најдобрите леви бекови, а Трент еден од најдобрите десни бекови во светот.

Заедничко им е тоа што и двајцата влегуваат во последната година од договорите и во 2025 година, според моменталната состојба, би можеле да ја променат средината без надомест. 


Мадар призна дека погрешил што заминал од Партизан

Познатиот израелски тренер Пини Гершон, по победата над Баерн Минхен, зборуваше за повеќе теми, а се допре и до темата со Мадар и Партизан.

Како што е познато, Мадар изненадувачки го напушти Партизан на еден доста необичен начин, па околу тоа постоеа многу верзии околу тоа кој е крив, а кој исправен.

Но сега споменатиот тренер, кој со „Гордоста на Израел“, ја освојуваше Евролигата во 2004 и 2005 година, се осврна на трансферот на Мадар од Партизан во Турција минатата сезона.

„Не знам какви опции имаше, но мислам дека сега жали што го напушти Партизан. Фенербахче беше полн со ѕвезди, против кои тој немаше шанси, не сметаа на него, тоа е разбирливо, бидејки имаа високи амбиции. Но, доколку не играш и за Баерн Минхен, не знам колку долго можеш да издржиш горе на едно високо ниво“, порача Гершон.