Суперѕвездата Нејмар официјално го продолжи договорот со Сантош, објави бразилскиот клуб. 33-годишниот напаѓач ќе остане во својот матичен тим барем до крајот на 2025 година, а договорот вклучува опција за продолжување.
„Каде што сè започна. Каде што никогаш нема да заврши“, напиша Сантош во соопштението со кое го објави новиот договор.
Бразилскиот репрезентативец се врати во клубот кон крајот на јануари оваа година и оттогаш има 12 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола.
Нејмар е производ на академијата на Сантош и го имаше своето деби за првиот тим во 2008 година пред да се пресели во Барселона во 2013 година.
Француската Лига 1 го исфрли Лион во понизок ранг
Фудбалскиот клуб Олимпик Лион е исфрлен во втората француска лига поради неусогласеност на финансиите на клубот со прописите на натпреварувањето.
Олимпик Лион е седумкратен шампион на Франција и петкратен освојувач на Купот.
Според француските медиуми, долгот на клубот ја пробил границата од половина милијарда евра.
Во среда, Француската фудбалска федерација ја потврди одлуката донесена минатата зима, во меѓувреме, Лион не успеа да ги „испегла книгите“ и долговите што ги имаше, па следеше драконска казна.
Лион има право да поднесе жалба на оваа одлука од Француската фудбалска федерација.
Вернер го остави Вердер и седна на клупата на РБ Лајпциг
Неодамнешниот тренер на Вердер, Оле Вернер, е новиот шеф на тренерскиот штаб на РБ Лајпциг. Вернер со „биковите“ кого потпиша двегодишен договор.
Лајпциг бараше нов тренер откако го отпушти Марко Росе на крајот на март.
Золт Лев, кој претходно беше задолжен за развој на млади фудбалери во клубот, го презеде раководењето со првиот тим до крајот на сезоната, но не успеа да избори место во европските купови. Лајпциг сезоната ја заврши на седмото место.
„Оле е млад, амбициозен и исклучително посветен шеф на стручниот штаб кој ќе го направи следниот чекор во својот развој со нас“, рече генералниот менаџер на Лајпциг, Марсел Шефер.
Лајпциг ќе биде третиот клуб на Вернер како главен тренер. Откако ја заврши својата фудбалска кариера на само 22 години, тој работеше во младинските и резервните тимови на Холштајн Кил, пред трајно да го преземе првиот тим во 2019 година.
Тој го задржа Кил во Цвајта во текот на сезоната 2019/20, а следната сезона ги доведе на работ на Бундеслигата, но беа поразени од Келн во плејофот.
Во ноември 2021 година, тој беше назначен за тренер на Вердер Бремен, кој во тоа време се мачеше во втората лига. Сепак, Вернер успеа веднаш да се врати во Бундеслигата, а потоа со „зелено-белите“ постигна пласман на 13-то, 9-то и 8-мо место во три последователни сезони во елитниот ранг, надминувајќи ги очекувањата секој пат.
Вернер се раздели со Вердер откако изрази желба да не го продолжи договорот што важеше до 2026 година, па клубот го отстрани од тренерската позиција.
Бенфика го совлада Баерн и му го одзеде првото место во групата
Бенфика го победи Баерн со 1-0 и го освои првото место во Ц групата на клупскиот Мундијал. Натпреварот во Шарлот се одигра во нехумани услови, на температура од речиси 40 степени Целсиусови. Клубот од Лисабон во 14.меѓусебен дуел успеа да го победи Баерн.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Андреас Шлердуп во 13-та минута од натпреварот.
Репрезентативецот на Норвешка одлично се позиционираше и по остриот центаршут на Аурсенс и го совлада Мануел Нојер со шут во долниот агол.
Винсент Компани реши малку да го освежи својот тим пред натпреварот Хари Кејн, Мајкл Олисе, Јошуа Кимих и Џамал Мусијала останаа на клупата. Без нив Баварците беа безопсни во нападот во рпвиот дел.
Се се смени со влегувањето на францускиот крилен напаѓач. Вторите 45 минути им припаднаа целосно на Баварците. Шансите се редеа, голот на Кимих го поништи ВАР, Лајмер ја погоди стативата, а Сане промашуваше од сите можни позиции.
Талентираниот голман Анатолиј Турбин брилијантно го бранеше голот на Бенфика, ја заслужи наградата за играч на натпреварот.
„Орлите“ од Лисабон ја забележаа првата победа против Баерн во својата историја. Од 1976 година до денес, одиграа 13 натпревари, имаа 10 порази и три нерешени резултати.
Дарио Ивановски победи на трката на 5.000 метри на Европскиот тимски шампионат
По Андреас Трајковски кој триумфираше во скок во далечина и најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски оствари победа за Македонија на Европското тимско првенство во Марибор, Словенија во рамките на 3-тата дивизија. Тој беше најбрз на трката на 5.000 метри за втора победа на Македонија на првенството.
Ивановски ја заврши трката со време од 14:04,06 минути, што е негов најдобар резултат во оваа сезона.
Нотингем Форест договори две засилувања од Јувентус
Англискиот фудбалски состав, Нотингем Форест, ќе ги обезбеди услугите на двајца играчи на Јувентус, објавија денеска дел од медиумите.
Според „ESPN“, клубовите постигнале договор за трансфер на Тимоти Веа и Самуел Мбангула за вкупни 22 милиони евра.
Веа одигра 30 натпревари и постигна 5 голови во претходната сезона во Серија „А“ додека Мбангула има 23 настапи и 3 гола.
Бразилецот Матеус ќе го чува голот на Црвена Звезда
Бразилскиот голман Матеус ќе стане нов играч на Црвена звезда, објави португалскиот „Рекорд“.
Овој голман од Бело Хоризонте ќе потпише тригодишен договор (по принципот 2+1) со српскиот шампион.
Црвена звезда ќе ѝ плати на Брага еден милион евра, додека трансферот би можел да се зголеми за уште 250.000 во зависност од настапот на Матеус.
Искусниот голман е член на Брага од 2014 година, а последната полусезона ја помина на позајмица во Ајакс.
Бранеше 10 пати за тимот од Амстердам, додека во Брага собра дури 372 настапи во изминатата деценија.
Со Брага освои два португалски купа, како и два Лига купа.
Трансферот на Матеус значи дека Израелецот Омри Глејзер ќе мора да си најде нов клуб. Глазер не импресионираше минатата сезона, а проблем повеќе пртствува и фактот што тој во овој момент не може да го напушти Израел, поради ситуацијата на Блискиот исток.
Италијанецот Лиши е нов тренер на Осасуна
Италијанскиот фудбалски стручњак Алесио Лиши е назначен за нов тренер на Осасуна, објави шпанскиот клуб.
Лиши потпиша договор со Осасуна до 30 јуни 2027 година. Италијанскиот стручњак го замени Висенте Морено, кој ја напушти Осасуна на крајот од сезоната во Ла Лига.
Клубот од Памплона ја заврши сезоната 2024/25 на деветтото место во Ла Лига.
Лиши ја започна својата тренерска кариера во Леванте, а е на чело на Мирандес од 2023 година. Италијанскиот стручњак оваа сезона со Мирандес стигна до финалето од плејофот за промоција во Ла Лига.
Сепак, Мирандес не успеа да се квалификува за Ла Лига, откако го победи Овиедо со 1:0 во првиот натпревар од финалето на плејофот, а потоа загуби со 1:3 во реваншот.
Мареј ќе добие статуа на Вимблдон
Британскиот тенисер Енди Мареј ќе добие статуа во комплексот Вимблдон.
Мареј, кој го заврши 77-годишниот пост на Британците на Вимблдон, ќе биде почестен на теренот на Ол Ингланд Клубот.
Мари го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во 2013 година, а ја освои титулата во 2016 година со триумф над Милош Раониќ.
Тој се повлече од тенисот минатото лето, по Олимписките игри во Париз.
Деби Џиванс, директорка на Ол Ингланд Клубот, вели дека планот е статуата да биде поставена во 2027 година.
Тоа ќе биде на 150-годишнината од турнирот Вимблдон, кој се игра од 1877 година.
За потсетување бронзена статуа на Фред Пери беше поставена на Вимблдон во 1984 година, на 50-годишнината од неговата прва титула.
Вардар ќе игра директно во групната фаза на Европската лига на ЕХФ
Македонија следната натпреварувачка сезона во Европската лига на ЕХФ ќе има најмалку еден претставник, затоа што Вардар 1961 профитираше од „вајлд-картата“ на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и доби директно место во групите.
„Црвено-црните“ со второто место на табелата чекаа епилог што ќе биде со шампионот на Македонија, а откако тој е позитивен, тоа ги израдува и „црвено-црните“.
Вардар 1961 ќе биде директно во групите на Европската лига на ЕХФ.
Се чека на статусот со Алкалоид, кој како освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ може да игра исто така директно во Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда побара место во Европската лига и го чека одговорот на ЕХФ.
Ситуацијата со учесниците во групната фаза и во квалификациите на Европската лига ќе се знаат на почетокот на јули.