Повредата на Лара Гут Бехрами е сериозна, дури и кариерата доведена во прашање
Една од најдобрите светски скијачки Лара Гут Бехрами од Швајцарија ја заврши сезонава откако доживеа тешка повреда. Таа на тренинг трка во супервелеслалом во Купер Маунтајн во Колорадо.
Таа најави дека ова ќе и биде последна сезона во кариерата, а првиот настап сезонава требаше да го има на 29.ноември (сабота).
Гут Бехрами заработи оштетување на менискусот и кинење на лигаментите на коленото.
Се вбројува во најдобрите во женското скијање со 48 победи во Светскиот куп во три дисциплини (супервелеслалом, спуст и велеслалом). Во два наврати беше победничка на Светскиот куп (2016 и 2024 година), а има и седум мали кристални глобуси.
Дел Пјеро верува во талентот на Кенан Јилдиз
Алесандро Дел Пјеро, имаше пофални зборови за младиот фудбалер на Јувентус, Кенан Јилдиз, кој има забележителни настапи во континуитет. Легендарниот играч на „старата дама“ исто така реагираше и на играта што ја покажува тимот од Торино.
„Јувентус треба да покаже карактер во моментите кога е потребно. Клучно е за нив да ја завртат сезоната“.
Доаѓањето на Лучијано Спалети им даде емотивен поттик но, тоа треба да се поддржи на теренот со големи победи. Навивачите го очекуваат токму тоа“ , нагласи легендата на Јуве.
Македонија со убедлива победа над Азербејџан ги започна претквалификациите
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87-49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Шкендија поразена се враќа од Косово
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1-0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2-1).
Фермин Лопез две недели надвор од терените
Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб.
22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември.
Откако ги повреди препоните на крајот на септември, тој се врати во тимот како плејмејкер пред сонародникот Дани Олмо. Тој постигна пет гола и четири асистенции во шест натпревари.
По поразот од 3:0 против Челзи во Лигата на шампионите, Барселона, која е втора во шпанското првенство со 31 бод, еден помалку од првопласираниот Реал, игра против Алавес во сабота.
Аморим нема намера да го менува системот на игра во Јунајтед
Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, инсистираше дека не е опседнат со препознатливата формација 3-4-3 која на времето ја користеше во Спортинг.
Португалецот претходно изјави дека формацијата не проблем за неговиот тим и дека нема да ја напушти но, сега е подготвен да го стори спротивното.
„Размислувавме за Брајан како централен напаѓач бидејќи е многу брз во транзициите. Може да биде поопасен и можеме да го искористиме во иднина“, рече Аморим.
Петар Мијалков нов европски првак во мотоциклизам
Македонија годинава доби нов европски шампион во мотоциклизам – Петар Мијалков, човек кој со огромна посветеност, храброст и дисциплина успеа да се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат.
Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт.
Во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде што љубителите на мотоциклизмот го поздравија и му оддадоа признание за европскиот успех. Минатиот месец, по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, Петар Мијалков доби и специјална награда и признание од градоначалникот Иван Јорданов и од Градот Штип, како благодарност за огромниот придонес и промоција на градот на меѓународната спортска сцена.
Кој е Петар Мијалков?
Петар ја носи љубовта кон мотоциклизмот од најрана возраст. Иако желбата отсекогаш постоела, недостигот на финансии и услови го одложиле неговиот почеток. Во 2017 година го купува својот прв мотор и започнува да вози по улични патеки, но сонот за вистинска тркачка стаза секогаш стоел како недостижна цел. Кога конечно ги обезбедува потребните средства, започнува да тренира на стаза – и во 2023 година официјално влегува во светот на трките.
Активно се натпреварува само три години, но резултатите зборуваат сами за себе. Во втората натпреварувачка година (2024) ја освојува својата прва голема титула – БМУ Европски вицешампион и Државен шампион на Македонија. Веќе следната година, неговиот талент и труд кулминираат: Петар е на самиот врв и на БМУ Европскиот шампионат и на Државниот шампионат за 2025 година.
Надвор од патеката, Петар е смирен, вреден и семеен човек. Во брак е три години со сопругата Стефанија. Татко е на синот Драган, а семејството наскоро ќе се зголеми – тие ја очекуваат својата принцеза. Токму семејната поддршка, како што вели самиот Петар, му дава сила да продолжи, да се усовршува и да чекори кон уште поголеми цели.
Маџунков ќе игра за Лувен бво Лигата на шампионите
Репрезентативниот среден блокер Филип Маџунков по една сезона мината во редовите на матичниот клуб, Струмица 47&72 повторно се враќа на интернационалната сцена и тоа во позната средина, во тимот на белгиски Лувен. Нашиот одбојкар и клубот се обврзаа на соработка до крајот на сезоната.
Маџунков ќе биде значајно засилување за Лувен како во белгиското првенство, каде што екипата во моментов е на втората позиција, така и во ЦЕВ Лигата на шампионите, каде тимот во групната фаза ќе се соочи со италијански Лубе Цивитанова, Монпеље од Франција и полска ПГЕ Варшава.
Средниот блокер денеска ќе и се приклучи на екипата и ќе стартува со тренажен процес, додека дебито за ново-стариот клуб треба да го има престојниот викенд.
Маџунков покрај дресот на Струмица на домашна сцена бил играч и на Вардар, додека интернационалната кариера ја гради со настапи во националните првенства на Црна Гора, Италија, Германија, Хрватска, Полска и сега повторно Белгија.
Киву: Мојот Интер двапати игра одлично, но на крајот губи
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги сподели своите впечатоци за синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Шпанскиот тим победи со 2-1, нанесувајќи му го на Интер првиот пораз сезонава во елитното фудбалско натпреварување.
„Беше разочарувачки пораз бидејќи сакавме да направиме повеќе од тоа само да си одиме дома со празни раце. Добро го започнавме натпреварот, но потоа примивме гол. Успеавме да одговориме со интензивна игра. По некое време, малку се повлековме. Пофалби за нашите противници. Од никаде на крајот се појави корнер. Ги имавме нашите најдобри играчи во шеснаесетникот, способни за скок-игра, но сепак примивме гол. Ова е втор пораз по ред каде што игравме добро, но не успеавме да си заминеме со бодови. Треба да ги засукаме ракавите, да покажеме упорност и да ја завршиме работата на теренот“, изјави Киву.
Интер по пет коло во ЛШ се наоѓа на четвртото место со 10 бода, Атлетико Мадрид собра девет бода и е на 12. позиција.
Јанта волеј убедливо поразена од Младост Загреб во ЦЕВ Купот
Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела Вода претрпеа убедлив пораз со 3-0 во сетови вечерва во првиот натпревар од 1/16 финалето од ЦЕВ купот од Младост Загреб. Резултат по сетови: 6-25; 12-25 и 19-25.
Гостинската екипа од Хрватска фаворитската улога ја потврди веќе во првиот сет, кој го доби на убедлив начин со само шест загубени поени, а во вториот сет Јанта Волеј КВ го зголеми бројот на освоени поени, но и тој сет заврши со убедлива разлика. Одбојкарките на македонскиот претставник најголем отпор „пружија“ во третиот сет кога освоија 19 поени.