feature

Лина Ѓорческа доби тенисерка од Шпанија во квалификациите за Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка утре ги стартува квалификациите на Вимблдон.

Нејзина ривалка во првата рунда од квалификациите ќе и биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда (26 години). Ривалката на Ѓорческа се наоѓа на 213.место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 турнирски победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг и бил 190.место.

Ѓорческа на Вимблдон има настапувано во 2017 и 2024 година, кога настапот го завршуваше во првата квалификациска рунда.

Мечот од првото коло треба да биде на програмата утре (вторник), а женските квалификациски мечеви ќе се играат од вторник до 25.јуни.


Панатинаикос го официјализираше враќањето на Обрадовиќ

Жељко Обрадовиќ имаше спектакуларен прием во салата „ОАКА“ во Атина.

По 14 години, Обрадовиќ се врати на клупата на Панатинаикос.

Пред прес-конференцијата, Обрадовиќ отиде во салата, каде што речиди 3.000 навивачи на Панатинаикос се собраа на трибините.

Тие го скандираа неговото име и создадоа одлична атмосфера со запалени факели. Обрадовиќ беше без работа од ноември минатата година, кога го напушти Партизан.

Во својот прв мандат, Жељко го водеше Панатинаикос од 1999 до 2012 година и дури пет пати ја освои Евролигата.

Тие беа шампиони на Грција 11 пати и седум пати го освоија Купот.

ZELJKO IS BACK HOME. OFFICIALLY. ☘️#paobcaktor pic.twitter.com/PKe


Тотенхем ќе отпочне преговори за Рашфорд

Тотенхем не запора со летните потписи и го означи Маркус Рашфорд како своја следна главна цел. Спарс наводно подготвуваат официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој имаше успешна сезона на позајмица во Барселона.

Спарс веќе го обезбедија Јан Пол ван Хеке од Брајтон за 62 милиони евра, како и слободните трансфери на Ендру Робертсон и Маркос Сенеси, и испратија огромна понуда од 95 милиони евра за Сандро Тонали од Њукасл.

Иако Јунајтед и Рашфорд се согласија за откупна клаузула од 47 милиони евра за ова лето, Тотенхем наводно не е подготвен да ја плати таа сума. Наместо тоа, раководството на Спарс има намера да започне со пониска понуда за да види дали „Црвените ѓаволи“ се отворени за преговори.

Некои медиуми тврдат дека Рашфорд би сакал повторно да замине во странство или да се врати во Јунајтед и да се обиде да избори место во тимот. Трансфер во друг клуб од Премиер лигата во моментов не е во неговите планови, што претставува сериозна пречка за Спарс.

Сепак, напаѓачот можеби ќе мора да ја преиспита својата позиција. Јунајтед сака да го продаде за да го ослободи буџетот од неговата астрономска плата.

Иако Рашфорд доживеа ренесанса на позајмица на „Камп Ноу“, извори од Јунајтед се категорични дека клубот нема да потпише нов договор за позајмица со Барселона. Оваа одлука доаѓа откако каталонскиот гигант не ја активираше опцијата за откуп за 31 милион евра за да го задржи во тимот.


Телмо Арканжо на цена по одличниот Мундијал

Еден натпревар на Светско првенство понекогаш е доволен за целосно да ја промени кариерата на еден фудбалер. Токму тоа му се случува на Телмо Арканжо, кој со својата одлична партија во ремито 2-2 против Уругвај привлече големо внимание од европските клубови.

Дваесет и петгодишниот репрезентативец на Зеленортските Острови остави силен впечаток со својата смиреност, брзина и продорност, квалитети што не останаа незабележани кај бројните скаути присутни на Мундијалот.

Според информациите на новинарот Руди Галети, интерес за Арканжо веќе покажуваат повеќе клубови од Англија, Турција и Грција. Телефоните во неговиот клуб, португалска Виторија Гимараеш, сè почесто ѕвонат, додека потенцијалните купувачи внимателно ги следат неговите настапи на Светското првенство.

Арканжо зад себе има солидна сезона во португалскиот шампионат, во која настапи на 34 натпревари и постигна два гола. Иако статистиката не изгледа спектакуларно, многумина веруваат дека крилниот фудбалер има значително поголем потенцијал од она што досега го покажал.


Познат распоредот за новата Суперлига, на стартот дерби во Охрид

Новата ракометна сезона 2026/27 во македонската Суперлига ќе започне на крајот на летото, а веќе е позна календарот за целата сезона. Во првото коло двата битолски клуба, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 гостуваат.

Вака изгледаат паровите од првото коло.

Суперлига 2026/27
Прво коло:
Бутел Скопје – Младост Богданци
Пролет – Тиквеш
Прилеп – Куманово
Охрид – Еурофарм Пелистер
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Алкалоид – Мулти Есенс

Наскоро ќе биде обелоденет целиот распоред од нашата елитна категорија.


Серена Вилијамс доби „вајлд карта“ за настап на Вимблдон

Американката Серена Вилијамс ќе му се врати на тенисот на Вимблдон откако ја доби последната покана за настап на грен слем турнирот во женска конкуренција што ќе се игра од 29 јуни до 12 јули 2026 година.

23-кратната шампионка на грен слем турнирите, Вилијамс, се врати од пензија на почетокот на јуни, првично играјќи само во двојки откако се врати на теренот.

Таа беше партнерка на Викторија Мбоко во „Квинс“ и играше со Каролина Мухова во Берлин, а исто така објави дека ќе игра во парови со нејзината сестра Венус на Вимблдон.

Се чинеше дека се откажа од враќањето во сингл турнирот „Ол Ингланд Клуб“ кога не беше вклучена во првичното објавување на поканите со вајлд карта. Сепак, сè уште има три достапни покани во ждрепката за женска конкуренција во сингл, а сега е потврдено дека таа ќе ја прифати.


Премиите неисплатени, бунт во сенегалската репрезентација

„Спорт њуз Африка“ во саботата објави дека во кампот на Сенегал се појавиле први сериозни проблеми. Неисплатени бонуси, лоши услови и немање договор за селекторот на репрезентацијата, Папе Тио, беа само некои од проблемите што создале немири околу тимот.

Вчера Сенегал одржа прес-конференција пред натпреварот против Норвешка, а проблемите природно станаа тема на разговор.

– Ова се работи за кои дискутираме интерно. Не вадиме валкани алишта јавно. Ние сме професионални играчи кои треба да го претставуваат својот тим.

– Мораме да го направиме најдоброто што можеме. Точно е дека има некои работи што треба да се решат. Но, и играчите, и јас и Федерацијата сме фокусирани на натпреварот утре. Тоа е најважното нешто“, истакнал селекторот на Сенегал.


Михаел Свобода пред потпис со Брајтон

Брајтон е се поблиску до својот најнов потег за регрутирање играчи за идната сезона, откако стана јасно дека се подготвуваат да ја активираат клаузулата за откуп на капитенот на Венеција, Михаел Свобода. Австрискиот централен бек е пред трансфер во Премиер лигата по одличната сезона во Италија каде што го врати својот тим во првата лига.

Според Џанлука Ди Марцио, Брајтон го идентификувал Свобода како примарна цел во одбраната и е подготвен да го финализира договорот. „Галебите“ се подготвени да ја платат клаузулата за ослободување од 6 милиони евра за да ги обезбедат услугите на 27-годишникот.


Двојно повеќе црвени картони на овој отколку на Мундијалот во Катар

На Светското првенство во 2026 година веќе има двојно повеќе црвени играчи отколку на последното Светско првенство. Досега на Мундијалот во САД, Мексико и Канада се покажани осум црвени картони.

Вчера, Натан Нгој од белгиската репрезентација беше исклучен на натпреварот против Иран (0:0).

Рекордот за црвени картони на едно СП беше поставен на турнирот во 2006 година кога имаше 28 исклучувања.


Салах дојде на еден гол до националниот рекорд

Големата ѕвезда на египетската репрезентација, Мохамед Салах, постигна гол на натпреварот од второто коло на Светското првенство во 2026 година против Нов Зеланд и со тоа дојде на чекор до голем рекорд.

Ова беше 68-ми гол на 34-годишниот поранешен играч на Ливерпул за националниот тим.

Рекордер на египетската репрезентација е нејзиниот сегашен тренер, Хосам Хасан, кој постигна 69 гола на 176 натпревари. Салах игра во својот 118-ми натпревар и се надева дека веќе на следниот меч може да се израмни со легендарниот Хасан.