feature

Се повреди Палиња, Баерн неколку недели без „моторот“ во средниот ред

Баерн во следните неколку недели нема да може да смета на дефанзивниот играч за врска Жоао Палиња поради повреда на 29-годишниот фудбалер.

Гигантот од Минхен на својата официјална веб-страница потврди дека 190 сантиметри високиот Португалец се повредил додека тренирал со репрезентацијата, која во понеделникот ремизираше 1:1 со Хрватска на Пољуд во „А“ дивизијата од Лигата на нации.

Следниот натпревар Баерн ќе го има во петок против Аугсбург на „Алијанц Арена“, а следниот вторник Баварците ќе му гостуваат на Пари Сен Жермен во петтото коло од Лигата на шампионите.

Во сабота, на 30 ноември, „Дер Класикер“ со Борусија Дортмунд е на програмата на „Вестфален“, а три дена подоцна осминафиналето од Купот на Германија против Баер Леверкузен.

Палиња оваа сезона одигра 13 натпревари за Баерн во сите натпреварувања.


Меси ќе добие нов тренер, Интер Мајами се раздели со Тата Мартино

Интер Мајами сезонава не постигна резултатски успех, а по испаѓањето од МЛС купот остана и без тренер.

Херардо „Тата“ Мартино ја напушти клупата на Интер, а причината не се резултатите…

Искусниот аргентински стручњак го напушти Мајами поради, како што се вели, лични причини. Интер од Мајами не го постигна резултатот кој го посакуваше и очекуваше, па сега ќе мора да бара нов тренер. Ниту Лионел Меси ниту Луис Суарез не помогнаа, па Мајами следната година ќе мора да бара успех со нов тренер.

Интер беше претставен како ран фаворит за освојување на ова натпреварување, но шокантно беше елиминиран уште во првото коло од Атланта Јунајтед.

Мартино како тренер на клубот од Флорида беше на клупата на 67 натпревари и оствари 38 победи.


Романецот Драгушин сака по секоја цена да остане во Премиер лигата

Фудбалерот на Тотенхем, Раду Драгушин, нема намера да ја менува средината, потврди неговиот агент задолжен за трансфери.

Според него, централниот стопер ја отфрли можноста да замине на позајмица во друг клуб во јануарскиот трансфер период.

Романецот во сезонава забележа само четири настапи во Премиер лигата и три во Лига Европа. 22-годишниот играч има уште пет години од договорот со „спарси“.


Јуве се интересира за Лиам Делап од Ипсвич

Фудбалерот на Ипсвич, Лиам Делап, влегува на радарот на екипата на Јувентус , објавија денес дел од медиумите во Европа.

Англичанецот кој беше купен од Манчестер Сити за околу 18 милиони евра, на 11 сезонски мечеви има постигнато 6 голови и направено една асистенција.

Со тој ефект, 21-годишниот фудбалер го привлече вниманието на луѓето од Торино кои сакаат да го засилат нападот.


Спанулис е наследникот на Обрадовиќ во Монако

Кошаркарскиот клуб Монако, во понеделникот објави дека Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер. На српскиот тренер му пресуди поразот од Ле Ман во домашното првенство. Медиумите тврдат дека Монако има договор со легендарниот Грк, Василис Спанулис.

Спанулис моментално е зафатен со обврските со репрезентацијата и квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство.

Спанулис тренерската кариера ја започна во Перистери.

Како играч три пати го креваше трофејот во Евролигата и во моментот кога замина во пензија беше најдобар стрелец во историјата на елитното европско натпреварување. Минатата сезона неговиот рекорд го подобри Мајк Џејмс, актуелениот МВП и кошаркар со кого Спанулис во иднина ќе има блиска соработка.

Како играч во својата професионална кариера, Спанулис играше за Гимнастикос, Маруси, Панатинаикос, Хјустон повторно Панатинаикос, од кој во шокантен трансфер во 2010 година се пресели во најголемиот ривал Олимпијакос.

Со зелениот тим на Атина освои една Евролига, а потоа со клубот од Пиреја два пати беше европски првак, во 2021 година ја заврши кариерата.

Во морето трофеи и индивидуални награди се издвојуваат европското злато и светското сребро со грчката репрезентација (2005 и 2006 година), како и МВП наградата за сезоната 2012/2013 во Евролигата.


Виеира е замената за Џилардино во Џенова

Алберто Џилардино ја заврши мисијата во Џенова иако на последните два меча освои четири бода.

Како што пренесува Фабрицио Романо, а истакнуваат и некои други медиуми во Италија, Џенова постигнала договор со Патрик Виеира.

Искусниот Французин минатата сезона раководеше со Стразбур, но на крајот од сезоната реши да го напушти клубот и оттогаш е слободен.

Поранешниот француски репрезентативец кариерата ја започна во резервниот тим на Манчестер сити, а потоа како прв тренер работеше во Стразбур, Њујорк сити, Ница и Кристал Палас.


Бразил повторно го контактира Анчелоти за селектор

Фудбалскиот сојуз на Бразил го обнови интересот за Карло Анчелоти, откако стана јасно дека Италијанецот нема до крај да го одработи договорот со Реал. Анчелоти има договор до јуни 2026 година, но се погласни се шпекулациите дека по завршувањето на сезоната на неговото место ќе дојде Чаби Алонсо.

Шпанскиот новинар Едуардо Инда открива како Бразилците се решени да го ангажираат Анчелоти и цврсто веруваат дека ова му е последна сезона во Мадрид.

„Фудбалскиот сојуз на Бразил уште еднаш му пристапи на Карло Анчелоти. Тие веруваат дека неговото столче во Мадрид е разнишано и дека на крајот од сезоната неговата одлична епизода во клубот може да заврши. Анчелоти и Гвардиола се опции за Бразил”, изјави Инда.

65-годишниот Италијанец се врати во Реал во 2021 година. Тој имаше огромен успех во изминатите три и пол години и освои се што можеше.

Италијанецот својата богата тренерска кариера ја започна во Реџана, а потоа работеше за некои од најголемите тимови во светот на фудбалот. Ги водеше Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Баерн, Наполи, Евертон.


Милитао успешно опериран, се враќа следната сезона

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао во вторникот успешно го оперирал повреденото колено. Прогнозите се дека тој на терените ќе се врати за девет месеци.

„АС“ објави дека операцијата поминала добро. Милитао, пред 10 дена против Осасуна ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено.

Се очекува 26-годишниот бразилски фудбалер да се шојави на подготовките на Реал за следната сезона.

Милитао го пропушти поголемиот дел од минатата сезона откако ги скина лигаментите на левото колено. Тој се врати на терените во март и учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и титулата во Ла Лига.

Реал во јануари сигурно ќе излезе на пазарот и ќе бара нов стопер. Според медиумите во комбинација се Лапорт, Та и Лукеба.


Елмас ги заврши настапите годинава, се враќа на терените во 2025 година

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас поради повреда нема да игра фудбал до крајот на годината.

Елмас се повреди повреди во средата, во претпоследното коло во Лигата на нации против Латвија во Скопје. Поради повредата беше заменет во првото полувреме.

Лекарските прегледи направени во клубот, потврдиле дека повредата е посериозна, Елмас скинал мускулни влакна поради што ќе отсуствува шест недели.

Ова значи дека на тренереот Марко Росе ќе му биде достапен по Божиќните празници, односно кога Лајпциг ќе ги започне мини подготовките за вториот дел од сезоната. Вообичаено во Бундес лигата има пауза меѓу есенскиот и пролетниот дел од сезоната. Вториот дел од сезоната во Германија ќе започне на 12.јануари.

Прашање е дали Елмас ќе му се стави на располагање на тренееот Росе, од причина што сака да замине бидејќи во Бундес лигата сезоната настапи на само два натпревари и одигра вкушно 44 минути.

Нејсно е и доколку Елмас реши да замине дали ќе оди на позајмица или Лапјциг ќе го продаде.

Наводно сериозен интерес за него покажале турските великани Фенербахче и Галатасарај.


Влаховиќ не е сериозно повреден, но нема да го игра дербито со Милан

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ ќе пропушти неколку натпревари на Јувентус. Влаховиќ се повреди вчера настапувајќи за својата репрезентација. Во финишот на натпреварот против Данска (0:0) тој побара измена.

Попладнево во медицинскиот центар на Јувентус, Влаховиќ ги обавил прегледите „Газета дело Спорт“ пренесува дека повредата не е сериозна, но не е ниту наивна.

Медицинските тестови исклучија посериозни проблеми, но потврдија дека има проблем со задната ложа. Истиот извор наведува дека состојбата на Влаховиќ ќе се следи секојдневно.

24-годишниот напаѓач ќе пропушти неколку натпревари на Јувентус, вклучувајќи и некои многу важни. Јасно е дека Србинот нема да биде во тимот на дербито од 13. коло од Серија А против Милан на „Сан Сиро“, а ќе го пропушти и натпреварот од Лигата на шампионите со Астон Вила на 27 ноември во Бирмингем.