feature

Аморим го сака Валверде во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед подготвува една од најамбициозните операции во наредниот летен преоден рок. Целта на клубот е Федерико Валверде, вицекапитен и еден од клучните играчи на Реал Мадрид.

Според последните извештаи, раководството на „Олд Трафорд“ е подготвено да понуди над 100 милиони фунти за да го убеди Реал да го пушти Уругваецот.

Иако англиските медиуми претходно пишуваа за понуда од околу 87 милиони фунти, Јунајтед е свесен дека Реал го цени својот универзален играч за врска значително повеќе.

„Црвените ѓаволи“ затоа подготвуваат пакет кој би надминал деветцифрена бројка – што би го направило Валверде еден од најскапите играчи за врска во историјата на клубот.

Според „Goal.com“, Валверде – и покрај неговиот статус на клупска икона – би можел да биде отворен за нови размислувања поради наводното заладување на односите со тренерот Чаби Алонсо. Сепак, „кралевите“ бараат дури 130 милиони и прашањето е дали Јунајтед може и сака да ја плати таа сума.

Валверде освои сè во Мадрид – неколку титули во Ла Лига, две Лиги на шампиони, а во финалето во 2022 година постигна клучна асистенција за трофејот. Неодамна стана Уругваецот со најмногу настапи во дресот на „кралскиот клуб“ и беше промовиран во вицекапитен.


Криза во Тотенхем, се ниша столчето на Томас Франк

Тотенхем во последните десет натпревари во сите натпреварувања, Франк забележа само две победи.

Во Премиер лигата, Тотенхем не славеше повеќе од два месеци, последниот пат беше на гостувањето кај Евертон на 26 октомври (0:3), а потоа во Лигата на шампионите како домаќин, го победија Копенхаген – 4-0 и тоа е сè во последните 10 натпревари.

И внимавајте на уште пошокантни детали – Тотенхем е вториот најлош домашен тим во Премиер лигата со резултат 1-2-4, тие имаат пет од можни 21 бод. Тотенхем го победи Барнли со 2-0 во првиот натпревар сезонава и оттогаш не победил никого во Премиер лигата пред свои навивачи. Пред Фулам, Борнмут, Астон Вила и Челзи славеа на „Лејн“. Тотенхем е подобар како гостин, откако ги победи Сити, Вест Хем и Лидс и претходно споменатиот Евертон, и со тоа има само пет победи во лигата и ја зазема десеттата позиција со 18 освоени бода.

На сето ова, треба да се додаде дека Тотенхем веднаш испадна во Лига Купот од Њукасл, на кого му гостуваат во следната рунда.


ПУМА минува во кинески раце

Кинескиот производител на спортска опрема „Анта спортс“ размислува за понуда за преземање на „Пума“, а акциите на германската фирма скокнаа за 14 проценти по оваа вест.

Според анонимни информирани извори, „Анта спортс“ соработува со советник за евалуација на понудата за „Пума“ и би можел да ги здружи силите со приватен инвестициски фонд доколку одлучи да продолжи понатаму во процесот, објавува „Блумберг“.

Други кандидати би можеле да покажат интерес за Пума, како што се кинескиот Li-Ning , кој веќе разговара со банките за потенцијално финансирање на трансакцијата, како и јапонскиот Asics, додаваат изворите.

Компанијата „Анта спортс“, која ги поседува брендовите „Фила“ и „Џек Волфскин“ , забележа зголемување на вредноста на своите акции од 10 проценти оваа година, а нејзината пазарна вредност се проценува на околу 31 милијарда долари.

Германскиот производител на спортска опрема „Пума“, пак, не бележи добри резултати, а новиот извршен директор Андреас Хуберт, кој ја презеде функцијата во јули, се обидува да спроведе план за реструктуирање за да ја врати компанијата кон раст на профитот.

Целта на Пума е да се врати на раст до 2027 година и да се етаблира како еден од трите најголеми спортски брендови во светот.


Мареска: Челзи беше подобар ривал на овој меч

По вчерашното реми со Арсенал во дербито на колото, менаџерот на Челзи Енцо Мареска изјави дека е горд на своите играчи.

„Благодарение на напорите на играчите дојдовме до овој резултат. Арсенал е лидер во Премиер лигата, лидер во Лигата на шампионите, ја има најдобрата одбрана во Премиер лигата и веројатно најдобрата во Лигата на шампионите. Тоа значи дека тие се најдобриот тим во моментов. И 11 на 11, игравме подобро од нив“, рече главниот тренер на Челзи.

Челзи со овој бод дојде до третото место на табелата со бод заостанување зад Манчестер Сити.


Илиевски: Овие две победи најавуваат позитивни работи

По двете остварени победи на стартот од претквалификациите за Евробаскетот 2029, селекторот Марјан Илиевски и неговите избраници можат да бидат задоволни пред продолжението на циклусот во кој сега влегуваме со реални шанси и за првото место во квалификациската група.

„Првично, сакам да им честитам на играчите, бидејќи од една негатива и од лош почеток се вративме во втората четвртина, дури и завршивме со два поени предност за нас. Ова е голема гостинска победа. Игравме во Даблин по меч по кој бевме три дена заедно, се рехабилитиравме на тој тренинг што ни беше дозволен. Го сработивме она кое го посакувавме и среќен сум и горд на играчите, од прв до последен. За нас најважно е здравствениот биланс да биде како што треба кога повторно ќе се собереме. Ние во овие денови се соочувавме со проблеми, односно неколку играчи имаа повреда, но пак го дадоа максимумот за Македонија. Со еден збор, се создава нешто што е позитивно. Да бидеш во колектив, каде никој не се штеди, е прв показател дека се случува нешто позитивно и дека сме на добар пат. А, сето она што ќе биде резултат на самиот терен е нешто друго“, вели селекторот по успешно реализираниот план во ноемврискиот ФИБА „прозорец“.


Реми во борбеното и грубо лондонско дерби

Дерби натпреварот на 13.коло Премиер лигата меѓу Челзи и Арсенал заврши без победник 1-1. Лидерот Арсенал не ја искористи предноста со играч повеќе откако поради груб старт во 38.минута беше исклучен играчот на Челзи Каиседо.

Иако со играч помалку „сините“ од Лондон први дојдоа во водство со голот на Чалоба во 48.минута. Водството на Челзи не траеше долго бидејќи Мерино изедначи на асистенција на Сака во 59.минута. До крајот на дуелот ниту една од екипите немаше сериозна шанса за да дојде до водство.

На другите денешни натпревари во Премиер лигата: Кристал Палас – Манчестер Јунајтед 1-2, Вест Хем – Ливерпул 0-2, Астон Вила – Вулверхемптон 1-0 и Нотингем Форест – Брајтон 0-2.


Лејсон Зеќири по победата над Ирска: Завршивме голема работа, но нема опуштање

Лејсон Зеќири даде свој придонес во многу важниот триумф на гостински терен во Даблин, каде бевме подобро од репрезентацијата на Ирска (88-76), за втора победа н почетокот на претквалификациите за Еврбаскетот 2029.

Како високото крило на нашата најдобра селекција го виде дуелот во националната Арена во Даблин:

„На почетокот, мечот не беше на наша страна заради цврста игра на ривалот. Но брзо се адаптиравме и дадовме одговор. На крајот од втората четвртина поведовме, а потоа продолживме по тој пат.

Третиот период имаше добар „проток на топка“, добра одбрана, лесни поени во напад и потоа успеавме да ја изградиме разликата која ни ја донесе победата.

Со овие две победи 90% си завршивме работа, но не значи дека ќе се опуштиме. Ќе работиме да ги добиеме и тие дуели, кои на хартија можеби се полесни“, потенцираше Зеќири по зарпувањето на средбата во Даблин.


Голема победа на македонските кошаркари во драмата во Даблин

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа се враќа од гостувањето во Даблин каде го одигра вториот натпревар од претквалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2029 година. Македонија славеше против домашната репрезентација на Република Ирска со 88-76.

Овој триумф беше многу важен за нашата селекција, а сега следи директен дуел со Луксембург кој исто така има две победи по првите две кола. Тој натпревар ќе се игра во февруари во Македонија, а местото на одигрување дополнително ќе биде утврдено.

Дуелот во Даблин почна во знакот на домаќинот, кој имаше добар старт и поведе со 8-0. Сепак потоа Македонија заигра многи подобро во нападот и успеа да го заврши првиот период со 27-20. Во вториот период многу подобра игра на Макеоднија и на одмор се замина со предност од 42-40. Се играше изедначено се до финишот од натпреварот кога Македонија се одлепи на 5 поени разлика 72-77, а подоцна знаеше да ја искористе секоја шанса и да дојде до конечните 76-88.

Најдобар кај Македонија беше Андреј Јакимовски со 26 поени, го следеше Џејкоб Вајли со 20 поени и девет скока, Мекиќ додаде 12, а Стојановски 11 поени. Кај Ирска, Самуел Алаџики имаше 26 поени.


Калеро си поднесе оставка, Леванте ќе доведе нов тенер

Шпанскиот клуб Леванте ја објави оставката на Хулијан Калеро од функцијата главен тренер. Соопштението беше објавено на официјалната веб-страница на клубот по одлуката на одборот.

Заминувањето на Калеро се случи еден ден по поразот на Леванте од Атлетик Билбао на домашен терен со 2:0. Клубот му изрази благодарност на 55-годишниот стручњак за неговата работа и му посака успех во понатамошната кариера.

Калеро го презеде Леванте во летото 2023 година. Под негово водство оваа екипа одигра 58 натпревари. Во овој период, тимот победи на 25, одигра 16 нерешено и загуби на 17.

Леванте е на 19-то место на табелата во шпанското првенство, со девет бода од 14 натпревари.


Шампионот првпат не победи во Битола, Алкалоид носи бод од „Боро Чурлевски“

Еурофарм Пелистер не победи на натпревар на кој се чинеше дека ги има бодовите во свои раце. Избраниците на Гарабаја пропуштија убава шанса да го добијат дербито со Алкалоид, водеа скоро цел натпревари, на моменти и со седум разлика, но дуелот заврши 26-26 (17-13).

Еурофарм Пелистер беше поуверлив во добар дел од мечот и заслужено стигна до навидум комотна предност. Највисоката изнесуваше 23-16 во раната фаза на второто полувреме сепак не се покажа како одлучувачка за важна победа. Тимот од Автокоманда почна да ја топи предноста и го натера Пелистер да игра со далеку поголема нервоза, па во завршната минута се влезе со еден гол позитива за домаќините (26-25).

Капитенот Кузмановски не реализираше напад кој сигурно ќе значеше и победа, а во следниот напад, Ѓоргиев погоди по шести пат од шестиот обид и донесе израмнување на триесет секунди пред крајот. Гарабаја доби тајм-аут и нацрта напад за победа, па откако гостите направија прекршок во опасната зона, Пелистер доби шанса за победа од седум метри.

Радивојевиќ ја презема одговорноста да го изведува пеналот, но разбранетиот Галевски одлично беше поставен и успеа со одбрана да ја замолкне салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со девет гола, Филип Кузмановски погоди пет пати, а Никола Митревски имаше 13 одбрани. Кај Алкалоид, Марко Стојковиќ заврши со осум гола, а Игор Ѓорѓиев имаше шест. Кај голманите Иван Галевски фати седум, а Марко Кизиќ четири топки.