feature

Флик ќе го гледа Ел Класико од трибините

Hansi Flick angry as Barcelona coach

Барселона извојува драматична победа од 2–1 против Жирона на 18 октомври, но завршницата беше обележана со инцидент кој ќе има последици за тимот. Ханси Флик беше исклучен во судиското надополнување и сега е суспендиран за претстојниот Ел Класико на Сантијаго Бернабеу. 

Флик доби два брзи жолти картони од судијата Хесус Гил Мансано во последните минути од натпреварот. Првата опомена ја доби поради, како што беше наведено, прекумерни протести, а веднаш потоа и втората, за дополнителен гест на несогласување.  

Иако првичната казна е суспензија од еден натпревар, што значи дека ќе го пропушти само Ел Класико, постои можност за дополнителна санкција поради неговата емоционална реакција од трибините. 

Барселона веќе поднесе жалба, тврдејќи дека гестовите на Флик не биле насочени кон судиите, и дека славењето по голот било чисто емотивен момент, а не провокација. Спортскиот директор Деко го поддржа тренерот, велејќи дека реакцијата на Флик е природна и разбирлива во такви ситуации. 

Клубот се надева на позитивен исход од жалбата, иако е свесен дека таквите казни ретко се поништуваат. Ако жалбата не успее, Флик ќе мора да го следи Ел Класико од трибините и ќе се врати на клупата по тоа дерби. 


Рафиња се враќа за дуелот со Реал Мадрид

Raphinha in a black Barcelona shirt running with the ball

Рафиња забележува значителен напредок во рехабилитацијата по повредата на задниот бутен мускул и се очекува да биде подготвен за големото дерби со Реал Мадрид на 26 октомври. Иако првично беше најавено враќање во средината на месецот, клубот одлучи да не ризикува со негов настап против Жирона, со цел тој да биде целосно подготвен за Ел Класико. 

Ханси Флик потенцираше дека враќањето ќе се случи само ако Рафиња е 100 % подготвен, истакнувајќи ја важноста од избегнување нова повреда. Можно е Бразилецот натпреварот да го почне од клупата, во зависност од конечната процена на стручниот штаб. 

Во услови на отсуство на неколку клучни играчи: Левандовски, Гави и Хоан Гарсија. Неговото враќање ќе биде клучно за офанзивната игра на Барселона. 


Женските селекции на Македонија и Русија закажаа четири теста во Струмица

Женската фудбалска репрезентација на Македонија во октомври ќе одигра два контролни натпревара против Русија, а двата меча ќе се одржат на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Првиот дуел е закажан за петок, 24 октомври, со почеток во 15 часот, додека реваншот ќе се одигра во понеделник, 27 октомври, во истиот термин.

Покрај сениорките, во Струмица ќе настапат и младинските селекции до 19 години на Македонија и Русија, кои своите пријателски натпревари ќе ги одиграат на тренинг-центарот „Горан Пандев“, на истите датуми.

Овие средби ќе бидат први меѓу двете репрезентации по натпреварите одиграни во квалификациите за Европското првенство во 2013 година.


Мегваер: Оваа победа е многу повеќе од три бода

Манчестер јунајтед конечно се израдува на победа во големото дерби со Ливерпул, славејќи со 2-1 благодарение на голот на Хари Мегваер во самиот финиш на натпреварот.

Стрелецот на победничкиот гол по не натпреваро не го криеше задоволството, истакнувајќи колку овој триумф значи за тимот и за навивачите.

„Ова ни значи многу. Беа подобри од нас во минатите години и тоа не беше добро за клубот. Не им пруживме на навивачите многу вакви денови, долго чекаа да славиме победа тука. Ливерпул притискаше, но немаа многу шанси и се чувствуваме комфорно. Зад себе ги имавме и нашите навивачи кои и сега стравуваа од нов пораз, па затоа голот и победата се многу важни. Не се ова само три бода, седум години доаѓам на овој стадион и беше тешко што не можеме да победиме.

Сепак, капитенот нагласи дека тимот мора брзо да се врати на реалноста и да не се опушти по големата победа.

„Не смее ова да не понесе, не смееме да го дозволиме тоа како клуб, мораме да се вратиме веднаш на работа. Но, сигурно дека ќе ни биде голема мотивација“, изјави Мегавер.


Зибири двоен стрелец, Мароко младински светски првак

Со два гола на Забири, Мароко ја победи Аргентина со 2-0 во финалето на Светското првенство за фудбалери до 20 години и постигна историски успех.

Аргентина која е Светски шампион во сениорска конкуренција, целеше на оваа титула и на Мундијалот до 20 години, но Мароканците беа подобри во финалето и испишаа историја.

Херојот на мечот беше Јасир Забири кој беше стрелец на двата голови.

При првиот гол судијата досуди фаул надвор од шеснаесетникот, а голманот на Аргентина не доби црвен картон. Но, Забири токму од тој слободен удар даде гол за водство од 1-0.

Во 29. минута овој фудбалер постигна уште еден погодок за 2-0 што беше и конечен резултат.

Мароканците до крајот на натпреварот ја сочуваа предноста и по последниот судиски свиреж радоста можеше да почне.


Синер доби рекет од чисто злато во Ријад

Италијанскиот тенисер Јаник Синер доби неверојатен подарок по триумфот од 6-2, 6-4 над Карлос Алкараз во финалето на овогодинешниот Куп „Шест кралеви “, кој се одржа во Ријад.

Организаторите подготвија посебно изненадување за италијанскиот ас по натпреварот, како подарок за најдобриот играч на овој егзибициски турнир, а тоа беше рекет направен од чисто злато!

Престижниот трофеј му беше врачен на посебна церемонија на крајот од натпреварот, а интересно е што и Рафаел Надал го доби истиот подарок пред една година. Тогаш, шпанскиот весник „Марка“ откри и некои интересни детали за овој луксузен подарок.Имено, златниот рекет тежи дури три килограми, додека неговата вредност се проценува на околу 250.000 евра!

Со оглед на тоа што сите учесници на турнирот собраа 1,5 милиони евра само за учество, вредноста на подарокот можеби не изгледа преголема на прв поглед, но нема сомнение дека Синер ќе најде посебно место за овој уникатен рекет во неговата колекција трофеи .


Арнаутовиќ по шест месеци заминува од Црвена Звезда

Шокантни информации пристигнуваат од Србија.Марко Арнаутовиќ, по само шест месеци, си оди од Црвена Звезда.

Репрезентативниот напаѓач на Австрија, инаку по потекло Србин, и големо име во европскиот фудбал, во летниот преоден рок потпиша за српскиот шампион за 2,5 милиони евра годишно.

Тој требаше да помогне Ц. Звезда да се пласира во Лигата на Шампионите, но не се успеа во тоа па така “црвено – белите“ играат во Лигата на Европа.

Се говори дека јавноста и фановите на Ц.Звезда се незадоволни од тоа што Арнаутовиќ досега прикажал.

Исто така се говори дека тој имач интересна понуда од Белгија, од тимот на Серкл Бриж, па нема да биде изненадување ако во јануари си замине од “Маракана“, а и Ц.Звезда нема да биде премногу разочарана од тој трансфер.


Медведев го освои турнирот во Казахстан

Рускиот тенисер Данил Медведев славеше на турнирот во Алмати, Казахстан, со што ја освои својата прва титула по подолг период.

Во финалето Медведев извојува победа со 2-1 во сетови (7-5, 4-6, 6-3) по повеќе од два и пол часа борба на терен.

Натпреварот беше исполнет со пресврти, но искусниот Русин покажа мирна рака во клучните моменти и успеа да го затвори мечот во своја корист.

Овој трофеј има особено значење бидејќи е прв по подолга пауза за Медведев, кој претходно последен пат триумфираше во 2023 година.

Победата во Алмати може да биде голем поттик за него во завршницата на сезоната и враќање на старата форма.


Аморим ликува: Ова е мојата најголема победа во Манчестер

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, конечно се радуваше на голема, многу важна победа откако седна на клупата на славниот тим.

Неговиот тим го победи Ливерпул во најголемото дерби на англискиот фудбал со резултат од 2-1 на „Енфилд“.

„Мислам дека ова е најголемата победа во мојата кариера на клупата на Манчестер. Денес значи многу, но нема да значи многу утре. Тоа се само три бода и убава победа“, рече Аморим по победата.

Јунајтед започна совршено, поведе во 62-та секунда и совршено го заврши натпреварот – со голот на Хари Магваер во 83-та минута за 2:1.

„Се боревме за секоја топка, ја изгубивме самоконтролата во второто полувреме, но духот беше тука и тоа е најважно. Ако имате дух, можете да победите во секој натпревар. Беше добар ден за нас и сега ме интересира само Брајтон. Ќе уживам, но да се фокусираме на Брајтон“, рече Португалецот.

Аморим е среќен и поради фактот што за прв пат откако го презеде Јунајтед, неговиот тим врза две победи во Премиер лигата.


Хетафе заврши со деветмина, Реал како лидер ќе го дочека „Ел Класико“

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Хетафе како гости со минимален 0-1, во деветтото коло од Ла Лига.

„Кралскиот клуб“ успеа да ја задржи лидерската позиција пред „Ел Класико“, која ја држи со 24 бода, два повеќе од Барселона. Сè беше решено во последните 15 минути, кога системот на Хетафе се распадна, а Килијан Мбапе стана херој на гостите

Иако, тој епитет можеше да го носи и Винисиус, кој успеа да изнуди два црвени картони од играчите на Хетафе за само седум минути.

За првиот ќе се полемизира во Шпанија, но судијата не ја смени одлуката. Ветеранот, Алан Нијом доби директен црвен картон помалку од една минута откако влезе во игра поради старт врз Бразилецот. Тоа беше во 77. минута, а веќе во 80. минута, Мбапе ја избегна офсајд стапицата и ја искористи асистенцијата на Арда Гулер.

Самоуништувањето на Хетафе го комплетираше Алекс Санкрис во 84. минута, кога заработи втор жолт картон, исто така поради старт врз Винисиус.

Домашниот тим, со двајца играчи помалку во судиското продолжение, речиси успеа да израмни, но Тибо Куртоа го собори голманот на Абу Камара.