Пелистер се засили со младите Бошалески и Крстевски
Кошаркарскиот клуб на Пелистер работи на формирање на
ростерот за натпреварувачката 2024/2025, а нови имиња во
истиот се двајца македонски кошаркари.
Клубот од Битола ги обезбеди потписите на Петар Бошалески и
Дамјан Крстевски. Бошалески е младински репрезентативец на
Македонија кој во новата средина доаѓа од редовите на
Работнички.
Крстевски пак во минатата кампања беше дел од ТФТ каде на 29
средби во Првата лига имаше учинок од 5,3 поени, 4,6 скока и 1,2
асистенции, додека во АБА2 лигата на 13 средби реализираше
5,4 поени и 3,9 скокови.
Дуплантис и Ворхолм закажаа трка на 100 метри
Двајца светски рекордери ќе се сретнат во егзибициска трка на
100 метри на 4 септември.
Тоа се олимпискиот шампион и светскиот рекордер (6,25 метри)
во скок со стап, Швеѓанецот, Арманд Дуплантис и сребрениот
медалист на 400 метри со пречки во Париз, Норвежанецот,
Карстен Ворхолм.
Двојката ќе го реши пријателското ривалство за тоа кој е побрз на
100 метри на стадионот „Лецигрунд“ во Цирих, Швајцарија, еден
ден пред натпреварите во Дијамантската лига. Ниту Дуплантис,
Ворхолм имаат трчано на 100 метри на официјални натпревари
во оваа деценија.
Синот на Роналдињо потпиша зас Барнли
Синот на прославениот бразилски фудбалер Роналдињо, Жоао
Мендеш се пресели во Барнли од шпанска Барселона. 19-
годишниот фудбалер го напушти каталонскиот клуб и потпиша
договор со англискиот клуб.
Договорот со тимот кој настапува во Чемпионшип е на две години.
Од март 2023 година, Жоао Мендеш тренираше во академијата
на Барселона.
Роналдињо беше дел од Барселона од 2003 до 2008 година. Како
дел од каталонскиот клуб, напаѓачот ја освои Лигата на
шампионите, двапати стана шампион на Шпанија и освои два
Суперкупа во земјата.
Бруно Кабокло се одлучи за премин во НБА лигата
Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло ќе се врати во НБА лигата,
каде последен пат настапуваше во сезоната 2020/21.
Одличниот бразилски крилен центар доби повик од екипата на
Кливленд и голема е веројатноста наскоро да потпише
двегодишен договор објавија американските медиуми.
Кабокло одигра една сезона за Партизан, а претходно
настапуваше за Сакраменто, Торонто, Мефис и Хјустон во НБА
лигата. Исто така, ги бранеше боите на Лимож, Сао Паоло и
Ратиофарм Улм.
Сити го позајмува Калвин Филипс на позајмица во Ипсвич
Калвин Филипс има договор со Манчестер Сити до 2028 година,
ама повеќе од јасно е дека тој нема иднина во овој клуб или
барем се додека на кормилото на истиот е Пеп Гвардиола.
Англичанецот не се снајде и не ја искористи шансата додека
можеше, па така во минатата сезона не се прослави ниту на
позајмицата во Вест Хем, па пак се врати меѓу „граѓаните“ и беше
на летните подготовки.
Меѓутоа беше јасно дека е прашање на време кога ќе замине на
друго место и тоа место ќе биде Ипсвич Таун.
Јуве го отстрани Киеза од првиот тим
Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус го отстранил
Федерико Киеза од првиот тим, напаѓачот е приморан да тренира
сам се додека не пронајде нов клуб.
„Старaта дама“ инвестираше 60 милиони евра во ангажман на
Федерико Киеза, напаѓачот минатата сезона беше еден од
клучните играчи, но Тиаго Мота не смета на него, па Италијанецот
беше ставен на продажба.
Дека нема иднина за Федерико Киеза во Торино покажува и
последниот потег, играчот е отстранет од првиот тим на Јувентус.
Федерико Киеза е приморан да тренира сам се додека не
пронајде нов клуб.
Неговата цена е 15 милиони евра, односно сумата која стои во
сметководствените книги и нема да значи загуба за Јувентус.
Се говори дека Интер, Милан и Рома внимателно ја следат
ситуацијата и би можеле да достават понуди во последните
денови од летниот преоден рок.
Јуве и Аталанта пред договор, Копмајнерс се сели во Торино
Јувентус доставил нов предлог за ангажман на Тун Копмајнерс,
на маса е ставен пакет вреден 59 милиони евра.
„Старта дама“ силно притиска за ангажман на Тун Копмајнерс, кој
е главна цел за засилување на средниот ред.
Откако Аталанта одби понуда вредна 50 милиони евра, плус
додатни 5 милиони евра, Јувентус се врати со нов предлог.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека на маса е ставен пакет
составен од 52 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 7
милиони евра во бонуси.
„Црно-сините“ од Бергамо поставија цена од 60 милиони евра,
последната понуда на Јувентус е вредна 59 милиони евра, па
останува да се види дали ова ќе биде доволно за компромис
помеѓу двете страни.
Борнмут потроши богатство и го купи Еванилсон од Порто
Досегашниот фудбалер на Порто и бразилски репрезентативец,
Еванилсон кариерата ќе ја продолжи во Борнмут.
Според најавите Еванилсон до крајот на денот би требало да
пристигне во Англија каде што ќе ги помине лекарските прегледи
и ќе потпише повеќегодишен договор со Борнмут.
Англискиот тим се согласил да плати оштета од 47 милиони евра,
а португалскиот клуб успеа да договор и право на 10% од сумата
од следниот трансфер на бразилскиот фудбалер.
Еванилсон во Порто пристигна во 2020 година и од тој момент
одигра 42 натпревари и постигна 25 голови. За репрезентацијата
на Бразил дебитираше оваа година.
Бузалковски бронзен на Европското првенство во Хрватска
Христијан Бузалковски, македонскиот мотоциклист, продолжува да го потврдува својот статус како еден од најталентираните натпреварувачи на европската сцена. Изминатиот викенд, на предизвикувачката стаза во Гробник, Хрватска, тој ја возеше 7-та и 8-та трка од ФИМ Европскиот шампионат во класата STK1000 и успеа да се закити со бронзен медал, надминувајќи конкуренција од триесетина врвни мотоциклисти. Со овој нов успех, Бузалковски ја зголеми својата колекција на медали од престижниот шампионат и покажа дека е подготвен за нови предизвици и уште поголеми успеси. „Сите освоени медали ми се драги, но овој особено ако се има во предвид дека стазата во Гробник е една од потешките, а возевме при екстремно топло време, температурата на асфалтот достигна 60 степени. Успехот ме радува и поради тоа што во саботата имавме технички проблеми, кои сепак успеавме да ги надминеме. Впрочем, ние имавме само една цел, да стигнеме до подиум! Оваа година конкуренцијата е поголема од лани, има доста брзи и добри натпреварувачи, па затоа целиот викенд работевме напорно на сетапот на моторот,” вели Бузалковски, кој посочува дека од секоја трка црпи искуство, кое му користи на секое наредно натпреварување. „Од секоја трка учиме по нешто ново за моторот и за неговите можности, а со тоа и за мојот перформанс на стазата, па нè радува што секогаш имаме некои унапредувања од технички аспект,” додава талентираниот македонски мотоциклист.
Коле по петнаесет години не е повеќе селектор на француската репрезентација
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Франција
Винсан Коле реши да го напушти кормилото на националниот
тим.
Коле важеше за селектор со најдолг стаж во Европа ако се знае
дека цели 15 години седеше на клупата на Франција, но според
весникот „Л’Екип“ тој уште пред ОИ во Париз им соопштил на
челниците на федерацијата дека не планира да ја продолжи
соработката.
Искусниот стручњак е подготвен да го отстапи своето место на
нов стратег, а во договор со федерацијата веста се криела од
кошаркарите и од јавноста за да не влијае врз фокусираноста на
играчите за време на натпреварите од Олимписките Игри.