feature

Наполи ја одреди цената за МекТоминеј

Наполи ја објави огромната сума што ја посакува за својата најголема ѕвезда, а тоа е секако Скот МекТоминеј.

Откако напушти Манчестер Јунајтед, клубот каде започна неговата кариера, во текот на август 2024 година и се приклучи на екипата на Наполи, животот на МекТоминеј се промени значително на подобро.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст

Во првата сезона во Италија, нашиот играч од средниот ред, под водство на Антонио Конте, го предводеше тимот до титулата во италијанското првенство и беше прогласен за најдобар играч во лигата.

Пред неколку дена, МекТоминеј постигна феноменален гол со удар од шкарите во победата против Данска, кој и помогна на неговата репрезентација директно да обезбеди место на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Америка, Мексико и Канада.

За Шкотска, ова ќе биде прво учество на Светското првенство од 1998 година наваму.

Извонредните игри на МекТоминеј не останаа незабележани, и неколку клуба покажуваат интерес да го донесат во своите редови следната година.

Кога го доведоа од Манчестер Јунајтед минатото лето, Наполи плати околу 30 милиони евра за него.

Сепак, неговите настапи во Наполи се навистина фантастични и само “идеална” понуда може да значи негово заминување од италијанскиот клуб.

Наводно, МекТоминеј сонува за враќање во Премиер лигата, но тоа мора да биде совршена понуда. Совршен клуб и проект.

Се зборува дека за него се заинтересирани Арсенал и неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, а износот што ќе треба да го платат е 80 милиони евра.


САД без две големи ѕвезди на олимпискиот кошаркарски турнир

Актуелниот олимписки шампион во кошарка, селекцијата на САД, нема да настапи без најдобрите на наредната Олимпијада во Лос Анџелес ако се знае дека токму тие ЛОИ ги игра на своја територија, па, веројатно, најубавото чувство за освојување злато е пред своја публика. Но, четирикратниот МВП на НБА и репрезентативец на САД, Леброн Џејмс, објави дека нема да игра на претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес.

– Веќе го знаете мојот одговор: ќе ги гледам – рече 40-годишниот Џејмс во поткастот „Mind the Game“, објави ЕСПН.

Но, оваа негова изјава не дава голема сигурност за тоа, бидејќи и во минатото големите НБА- ѕвезди мораа да лижат каде што имаа плукнато, односно во последен момент решија да им помогнат на репрезентативните колеги.

Инаку, Џејмс освои златни медали со тимот на САД на Олимписките игри во Париз, Лондон и во Пекинг, како и бронзен медал на Олимписките игри во Атина. Двократниот МВП на НБА и сонародник на Џејмс, Стеф Кари, исто така се појави во истата епизода од поткастот, велејќи дека има големи сомнежи за своето учество на Олимписките игри во Лос Анџелес.

– Со Божја помош, ако сè уште имам избор каде би можел да влијаам во тимот. Никогаш не вели никогаш, но се сомневам дека ќе бидам дел од тимот. Многу се сомневам во тоа – порача 37-годишниот Кари, кој освои злато на минатите Олимписки игри.


Инсиње се збогува со Торонто и се враќа во Италија

Легендата на Наполи, Лоренцо Инсиње, е пред враќање во Европа, пишува Флоријан Плетенберг. 34-годишникот е слободен агент откако го напушти Торонто.

Италијанецот помина три години во клубот од МЛС, а моментално сам ја одржува својата физичка подготвеност.

Инсиње сака повторно да игра во Серија А, но е отворен за други лиги. Тој се поврзува со преселба во Серија А, како и во Бундеслигата. Инсиње е подготвен да прифати значително намалување на платата за да потпише за нов клуб.


Интерконтиненталните баражи ќе се играат во Мексико, познати и термините

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави денеска датумите за одигрување на интерконтиненталните баражи за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Двете групи ќе се играат во Мексико, првата во Гвадалахара, а втората во Монтереј. Полуфиналињата се закажани за 26 март, додека финалните дуели ќе се играат пет денови подоцна.

Во првата група, Демократска Република Конго во финалето за противник ќе го чека победникот од полуфиналето меѓу Нова Каледонија и Јамајка. Во втората група, победникот од полуфиналната пресметка меѓу Боливија и Суринам ќе го игра во финалето против Ирак.

Пласман на Светското првенство, кое ќе се игра следното лето во САД, Канада и Мексико, ќе обезбедат победниците во двете финалиња.


Норис прв ќе тргне за ГН на Лас Вегас

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас возени утрово.

Во одлучувачкиот сегмент, најдобриот круг на Британецот беше 1 минута 47,934 секунди. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0,323 секунди), а возачот на Вилијамс, Карлос Сајнц, трет (+0,362).

Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, заврши петти (+1,027). Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари заврши на 20-то место, последното место во квалификациите.

Главната трка во Лас Вегас ќе се вози утре (23 ноември) со почеток во 5 часот по македонско време.


Премиер лигата ги смени правилата за финансиски фер-плеј

Од следната сезона, Премиер лигата ќе има нов систем на финансиски фер-плеј базиран на вредноста на тимот.

Претставниците на клубовите од Премиер лигата одржаа состанок во Лондон во петокот. На состанокот беше гласано за три можни системи на финансиски фер-плеј што би го замениле актуелниот правилник.

Системот за вредности на тимот (SCR) доби 14 гласа „за“ и четири „против“и беше усвоен со минимален потребен број гласови. Против беа Борнмут, Брентфорд, Брајтон, Кристал Палас, Фулам и Лидс кои сакаа да го задржат сегашниот принцип.

Од следната сезона, вкупната вредност на тимот ќе биде ограничена на 85 проценти од вкупниот приход на клубот, но за клубовите што ќе се натпреваруваат во Европа, односно во натпреварувањата на УЕФА, тој максимум ќе биде поставен на 70 проценти.

Вредноста на тимот ги вклучува платите на играчите, тренерите и членовите на тренерскиот персонал и надоместоците што им се плаќаат на менаџерите за трансферите на играчите.

Правилата за одржливост што ги регулираат трошоците на клубот на среден и долг рок беа едногласно усвоени.

Предлогот за ограничување на трошењето во однос на приходите на последнопласираниот клуб во лигата пропадна, доби само седум гласа „за“ и 12 „против“, а еден клуб се воздржа.

„Новите правила на SCR треба да им овозможат на сите клубови да се стремат кон успех и со тоа да го доближат финансискиот систем на лигата до постојните правила на SCR на УЕФА.

Исто така е клучно што на овој начин ќе биде можно да се следи работата на клубовите во текот на сезоната, што ќе биде можно да се спречи неуспех на некои клубови во однос на спортот, никој нема да има можност да троши повеќе отколку што заработува, а тоа ќе ја зголеми можноста за инвестиции надвор од теренот во однос на сложените трошоци кои не се поврзани со фудбалот“, се наведува во соопштението на Премиер лигата.


Скоро 2.000 билети за македонските фанови во Копенхаген

Македонската фудбалска репрезентација на 26 март идната година ќе ѝ гостува на Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство (СП), а ФИФА одреди колку билети ќе добие гостинската селекција.

Стадионот „Паркен“ во Копенхаген, каде што најверојатно ќе се игра дуелот меѓу Данска и Македонија има капацитет од 38.065 навивачи, додека нашите навивачи ќе добијат само пет отсто од билетите или околу 1.900 влезници.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март од 20.45 часот, додека финалистот ќе се соочи против победникот од средбата меѓу Ирска и Чешка пет дена подоцна во истиот термин.

Навивачите од Македонија, сепак, нема да можат да патуваат директно од Скопје кон Копенхаген затоа што летот е укинат, но затоа имаат опција да летаат до Малме, кој се наоѓа на само 40 минути возење до главниот град на Данска.


Шкупи и Пелистер наместо денес ќе играат во вторник во Струга

Натпреварот од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Шкупи и Пелистер е одложен поради лошата состојба на теренот во Струга.

Стадионот Чаир е суспендиран, па Шкупи своите домашни натпревари ги игра во Струга, но невозможно е тоа да го направи и утре кога требаше да го пречека Пелистер.

Причината е лошата состојба на теренот на овој стадион поради обилниот дожд кој врне деновиве.

Натпреварот е празакажан за во вторник со почеток од 13 часот.


Кенан Јилдиз е првата трансфер цел следното лето за Артета

Информациите од Англија велат дека Арсенал веќе почнал да работи на засилувања за идната сезона, а прв на листата е фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз.

Иако има само 20-години, Јилдиз се промовираше во најдобар играч на Јувентус, тој има и најголема пазарна вредност во италијанскиот гигант.

Претставници на Арсенал биле во Торино на средба со агентот на Жорге Мендеш и разговарале за евентуален трансфер на Јилдиз.

Се проценува дека вредноста на Јилдиз е околу 85 милиони фунти, тоа е сумата која ќе треба да ја плати Арсенал за да го добие Турчинот.


Новата премиерлигашка сезона ќе започне на 22 август 2026 година

Премиер лигата го објави денеска распоредот за сезоната 2026/2027, која ќе почне една недела подоцна од вообичаеното поради Светското првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Воведното коло од новата сезона во Премиер лигата е закажано за 22 август 2026 година, една недела подоцна од вообичаеното, а завршното коло ќе се игра на 30 мај 2027 година.

Светското првенство 2026 година ќе почне на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, што значи дека фудбалерите ќе имаат помалку време за одмор пред почетокот на национални првенства.

„Со сè повеќе згуснатиот глобален фудбалски календар, благосостојбата на играчите останува врвен приоритет за Премиер лигата. Како резултат на тоа, Премиер лигата ќе почне една недела подоцна следната сезона. Ова ќе овозможи да има пауза од 89 денови по завршувањето на тековната сезона и 33 денови по финалето на Светското првенство. Сезоната ќе заврши една недела пред финалето на Лигата на шампиони, кое ќе се игра на 5 јуни 2027 година“, се вели во соопштението на Премиер лигата.