feature

Тешки обвинувања на адреса на Томас Парти

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, официјално е обвинет за пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад врз три различни жени.

Обвиненијата се однесуваат на настани што се случиле помеѓу 2021 и 2022 година, пишува „Дејли меил“.

Репрезентативецот на Гана, чиј договор со Арсенал истече на 1 јули 2025 година, официјално ќе се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер на 5 август.

Ова сигурно ќе му го отежни наоѓањето нов клуб, ако воопшто продолжи да игра фудбал, по силните обвинувања што се упатуваат против него.

Истрагата започна во февруари 2022 година, кога една од жртвите ја започна „лавината“.

Подоцна ѝ се придружија уште две жени, кои презентираа докази врз основа на кои Обвинителството официјално покрена обвинение против Парти.

„Разбираме дека оваа вест ќе предизвика силни реакции. Наш приоритет останува да ги поддржиме жените кои имаа храброст да се јават“, рече инспекторот Енди Ферфи.

Парти играше за Арсенал во последните четири години, имајќи 130 настапи и постигнувајќи девет гола. Претходно поголемиот дел од својата кариера го помина во Атлетико Мадрид.


Флуминенсе прв полуфиналист на Светското клупско првенство

Фудбалерите на Флуминензе први изборија пласман во полуфиналето на клупскиот Мундијал во САД. Бразилскиот клуб во првото четвртфинале, на стадионот во Орландо, го победи Ал Хилал со 2-1 (1:0).

Бразилскиот клуб се пласираше во следната рунда благодарение на головите на Мартинели во 40-та минута и на Херкулес во 70-та минута, додека стрелец за Хилалбио беше Леонардо во 51-та минута од натпреварот.

Флуминензе во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Челзи и Палмеирас


Нико Вилијамс никогаш нема да заигра за Барса

Првата ѕвезда на преодниот рок во Шпанија, па и пошироко, Нико Вилијамс, повотрно ја одби Барселона. Крилниот напаѓач го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035. Откупната клаузула во договорт сега изнесува 95 милиони евра. Откако втор пат ја одби Барселона, Каталонците решија да му ја затворат вратата засекогаш.

За потсетување, медиумиуте тврдеа дека Вилијамс го договорил трансферот во Барселона преку својот менаџер. Дел од медиумите во Шпанија пишуваат дека се премислил бидејќи Барселона не можела да гарантира дека ќе биде регистриран.

Поради тоа решил да остане во Билбао, каде го добил најголемиот договор во историјата на клубот.

Барселона дозна, преку официјалната веб-страница на Атлетико, дека Вилијамс ја продолжил соработката со актуелниот клуб.

Фактот што претходно не ги информирал за својата одлука не му се допаднал на Џоан Лапорта. Првиот човек на Барселона, како што дознава каталонскиот „RAC1“, решил засекогаш да му ја затвори вратата на Вилијамс.


Словенецот Ник Хенигман петто засилување за Еурофарм Пелистер!

Малата словенечка колонија во Еурофарм Пелистер добива уште еден нов член. Дресот на шампионот на Македонија ќе го носи левиот бек на словенечката репрезентација, Ник Хенигман, кој во Битола доаѓа од францускиот Шартр. 29-годишниот Хенигман потпиша на една сезона, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни.

Се работи за искусен лев бек, кој во кариерата играл за домашната Рибница, унгарскиот ПИК Сегед и француските клубови Сант Рафаел и Шартр. За словенечката репрезентација има околу сто натпревари и претставува еден од клучните елементи во системот на сите селектори, вклучувајќи го и актуелниот. Најголем успех му е бронзата од Светското првенство во Франција во 2017 година.

Хенигман е висок 201 сантиметар, поседува квалитет и харизма, кој лесно беше забележлив во сите негови клубови и националната репрезентација.

Неговото претставување во Битола е предвидено на крајот од јули, по почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2025/26.


Ендрик побарал заминување од Мадрид

Изненадувачка вест доаѓа од Шпанија – како што пренесува реномираното радио „Копе“, претставници на младиот бразилски напаѓач Ендрик веќе стапиле во контакт со раководството на Реал Мадрид за евентуално заминување уште ова лето.

Ендрик, кој допрва треба да му се приклучи на шпанскиот гигант по полнолетството, веќе подолго време е третиран како еден од најголемите таленти на јужноамериканскиот фудбал.

Неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ се очекуваше со голем оптимизам, но новите информации фрлаат сенка врз тој план.


На Лион итно му требаат 200 милиони за да се спаси од испаѓање

Според „Л’Екип“, Лион може да се спаси од исфрлање во Лига 2, но за тоа да се случи ќе им требаат многу пари.

Информациите велат дека на Лион треба да уплати 100 милиони евра на сметка пред 10 јули кога е сослушувањето по нивната жалба откако беа исфрлени во втората француска лига.

Покрај тоа, ќе му бидат потребни уште 100 милиони евра како гаранција за следната сезона.

Тоа значи дека на францускиот клуб му се потребни 200 милиони евра за да остане во елитата.

Клубот е исфрлен во втора лига поради огромниот долг кој го има, а тој изнесува 500 милиони евра.


Порто уште една сезона ќе го позајми Чико Консеисао во Јуве

Јуве е подготвен повторно да го позајми Консеисао со задолжителна откупна клаузула од 28 милиони евра. Порто сака веднаш да го продаде крилниот напаѓач, па преговорите се уште течат.

Порто ја одби новата понуда на Јувентус за Франциско Консеикао, но торинскиот клуб изрази желба повторно да го изнајми, овој пат со задолжителна откупна клаузула. 22-годишниот португалски репрезентативец и сам настојува да остане во Италија, што е веројатно уште еден предуслов Јувентус да го добие и за следната сезона.

На 40 натпревари минатата сезона во сите натпреварувања, Консеисао постигна 7 гола и имаше 6 асистенции за Јувентус.


Нико Вилијамс се предомисли и потпиша нов договор со Атлетик Билбао

Шпанскиот крилен напаѓач Нико Вилијамс, денеска го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035 година, соопштија од баскискиот клуб. Претходниот договор на играчот со клубот истекуваше во летото 2027 година.

Иако цело време се пишуваше дека Барселона стигнала до последната фаза од преговорите за трансферот на Нико Вилијамс и е целосно уверена дека ќе може да го регистрира во блиска иднина, Вилијамс се одличи да остане во Атлетик.

Минатата сезона, Вилијамс одигра 45 натпревари во сите натпреварувања, постигна 11 гола и имаше седум асистенции.


Дориан Бабунски се врати во унгарскиот фудбал

Македонскиот фудбалер и поранешен репрезентативец Дориан Бабунски се враќа во Унгарија и ќе заигра за Ниреѓихаза, клуб со кој денеска потпиша двегодишен договор.

Ниреѓихаза минатата сезона беше на осмо место во унгарската лига, а Бабунски ја познава лигата бидејќи претходно настапуваше за Дебрецин.

„Многу сум среќен што се приклучив на клубот. Една од најдобрите сезони во кариерата ми беше кога играв во Унгарија и голема чест е што сега можам да се борам и да играм за Њиреѓхаза. Клубот, персоналот и играчите ме пречекаа фантастично. Би сакал да им се заблагодарам на сите што ја поддржуваат нашата работа во клубот и едвај чекам да се сретнам со навивачите на стадионот“ – рече Дориан.


Тајсон Картер ја замени Уникаха со Црвена Звезда

Белградска Црвена Звезда од синоќа има нов кошаркар во својот состав. Станува збор за американскиот шутер-бек, Тајсон Картер.

27-годиошниот Картер потпиша договор со Црвена Звезда и ќе биде ново засилување за тимот во пресрет на новата сезона.

Картер ги помина последните три сезони во шпанскиот тим Уникаха. Минатата сезона тој имаше просек од 12,8 поени и 4,3 асистенции по натпревар во Лигата на шампионите, помагајќи му на својот тим да го освои турнирот, а притоа и стана најкорисен играч на Фајналфорот.