feature

Трапановски во тимот на колото на шкотскиот шампионат

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски уште во првото
коло од шкотската лига се најде во тимот на колото.
Македонецот дебитираше со гол за Данди Јунајтед во мечот
против ФК Данди и заврши 2-2.
Покрај голот Трапановски беше еден од најзабележителните и
најактивните на теренот, имаше уште неколку шанси да донесе
победа, сепак и вака направи доволно за да се најде во тимот на
колото. Трапановски беше прогласен и за играч на натпреварот.


Селекторот на Австралија поднесе оставка по поразот од Србија

Австралиската машка кошаркарска репрезентација во иднина
нема да биде предводена од Брајан Горјиан кој по поразот од
Србија во четвртфиналето на ЛОИ повеќе нема да ја врши
селекторската улога на оваа репрезентација.
Со тоа воедно завршува и вториот мандат на 71-годишниот
тренер како селектор на оваа држава. Првиот мандат го имаше од
2001 до 2009 година, а вториот од 2020 досега во кој Австралија
освои бронза на Игрите во Токио, заврши како десетта на
Светското првенство во 2023 година и претрпле четвртфинална
елиминација во Париз.


Кипјетон најнапред дисквалификувана, па помилована

Tрката на 5.000 метри на Олимписките игри во Париз донесе
вистинска конфузија во атлетиката.Златото заврши кај Беатрис
Чебет, а контроверзии имаше околу втората позиција.
Фејт Кипјегон од Кенија ја заврши трката како второпласирана, но
беше дисквалификувана.
Сепак, по деталното прегледување на снимките одземениот
сребрен медал на кениската атлетичарка и е вратен.
Така кратко на бронза се радуваше Италијанката Надија
Батоклети бидејќи сега е четврта, а третата позиција и припадна
на Сифан Хасан.


Роналдо се врати на тренинзи и ја почна третата сезона во Саудиска Арабија

Португалсака фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо се врати на
тренажниот процес во Ал Нсер.
Роналдо на социјалните мрежи објави фотографии заедно со
соиграчите. „Назад, таму каде што припаѓам“, стои во објавата на
социјалните мрежи.
Кристијано Роналдо доби слободни денови за одмор по учеството
на ЕП.
Тој го носи дресот на Ал Насер од 2022/23-та, а минатата сезона
постигна 35 гола на 31 натпревар во првенството на Саудиска
Арабија, станувајќи најдобар стрелец во првенството.


Нико Вилијамс „пресече“, ќе игра во Билбао уште една сезона

Нико Вилијамс долго време се поврзуваше со Барселона, но на
крајот и во новата сезона ќе го гледаме во Атлетик Билбао.
Посебно внимание Вилијамс привлече по одличното Европско
првенство, Барселона најмногу се поврзуваше со неговото име,
но и ПСЖ беше во игра. Во неговиот договор има клазула од 58
милиони евра и тоа не е проблем за гигантите, па така одлуката
беше само негова.
Преку видео на социјалните мрежи Вилијамс потврди дека е
среќен во Атлетик.
„Се вратив и едвај го чекам почетокот на новата сезона. Напред
Атлетик“, зборува Вилијамс во видеото.

Сега Барселона веројатно ќе се фокусира на неговиот соиграч од
репрезентацијата Дани Олмо.


Бонавентура потпиша за саудиски Ал-Шабаб

Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Шабаб објави дека го комплетира договорот со италијанскиот играч од средниот ред Џакомо Бонавентура.

34-годишниот фудбалер ја напушти Фиорентина минатиот месеци по четири години поминати на „Артемио Франки“ и одлучи да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.


Познати групите на Струшкиот ракометен турнир

Oд 14 до 17 август ќе се одржи 52. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Организаторот денеска ги објави и групите за турнирот.

Вардар, Тиквеш и Ескилстуна Гуиф ќе се натпреваруваат во групата „А“, додека во групата „Д“ силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер, Струга и грчки Паок.

Термините на натпреварите дополнително треба да бидат објавени.


Дувњак најави повлекување од националниот тим

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак со својата изјава најави дека може да се повлече од репрезентацијата и настапите во неа.

„Можевме многу повеќе од ова. Мое мислење е дека овој тим е добар. Затоа овој резултат го сметам за неуспех. Минимална цел беше четвртфинале, а ние не дојдовме до тоа. Тажен сум и разочаран, но животот оди понатаму. За овие момци ќе има уште многу шанси во иднина, за мене не. Ова беше моја последна Олимпијада. Доживеав многу работи на Олимписките игри, еве дочекав да испаднеме и во групи.

Мора да седнеме и да донесеме одлуки со ладна глава. Завршивме петти од шест екипи и тоа не е убаво. Ми беше убаво со овој тим, со овие момци, но дома ме чекаат три деца. Мора со ладна глава да размислам што ќе правам понатаму“, изјавил Дувњак пред хрватските новинари.


Ливерпул се комплетира, репрезентативците во ростерот на Слот

Шестмина од главните играчи на Ливерпул почнаа да тренираат со „црвените“. Тие се вратија во клубот по продолжениот одмор кој го добија поради учеството на Копа Америка и Евро 2024 година.

Трент Александар-Арнолд, Дарвин Нунес, Коди Гакпо, Вирџил ван Дајк, Луис Дијаз и Џо Гомез ја пропуштија турнејата на тимот низ САД, но сега се вратија во тренинг базата на Ливерпул и веќе тренираат.

Во исто време, основната група на тимот, исто така, се врати во Англија по прекуокеанскиот камп.

За тимот на Арне Слот претстојат уште две контроли пред почетокот на сезоната во Премиер лигата. „Црвените“ ќе се соочат со шпанските Севиља и Лас Палмас, а новиот тренер на тимот ќе користи две различни формации. Дуелот против Лас Палмас ќе се игра зад затворени врати.


Гаљардо се врати на клупата на Ривер

Ривер Плата повторно ќе се обиде да го освои Копа Либертадорес бидејќи „тоа е сон на сите“, изјави во понеделникот тренерот Марсело Гаљардо по враќањето во јужноамериканскиот гигант.

Ова е втор период на Гаљардо во тимот на Ривер Плата, а неговиот прв престој беше од 2014 до 2022 година, или осум и пол години. Во овој период, тој освои 14 титули, вклучувајќи го и Копа Либертадорес двапати – во 2015 и 2018 година.

„Главната цел што си ја поставив е да се борам за се што е пред нас и пред се да се фокусираме на најпрестижниот турнир, Копа Либертадорес“, рече Гаљардо на своето претставување на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес.

„Ова е сон на сите – повторно да бидеме шампиони на Јужна Америка. Ќе дадеме се за повторно да бидеме во ова натпреварување, да бидеме водечка екипа и секако да го освоиме. Затоа што да се стигне што подалеку значи само едно – да се подигне. трофејот“ рече Гаљардо.