feature

Дешон Томас објави завршување на кариерата

Американскиот кошаркар Дешон Томас ја заврши својата кариера на 34-годишна возраст.

Поранешниот играч на Панатинаикос во емотивна објава се прости од навивачите и најави дека заминува во спортска пензија.

Томас во кариерата играше за Нантер, Барселона, Анадолу Ефес, Макаби, Панатинаикос, Баерн Минхен, Хувентуд и Олимпија Милано, а последен ангажман му беше во таборот на францускиот Асвел.


ПСЖ го сака Ману Коне од Рома

ПСЖ може да го потпише 24-годишниот играч од средниот ред на Рома и Франција, Ману Коне. Францускиот клуб е подготвен да плати 60 милиони евра, објави „Кориере дело Спорт“.

Коне се приклучи на Рома од Борусија Менхенгладбах во летото 2024 година за 20 милиони евра. Тој ги одигра сите првенствени натпревари оваа сезона, помагајќи им на Рома да се натпреварува за пласман меѓу првите четири. Според „Трансфермаркт“, неговата моментална трансфер вредност е 50 милиони евра.

Дидие Дешамп го изостави Коне од почетниот состав на Франција за натпреварот против Азербејџан (10 октомври), но се очекува тој да настапи против Исланд вечерва.


Валентин Вашеро „скокна“ 164 места на АТП листата

Monaco’s Valentin Vacherot celebrates his victory against Franceís Arthur Rinderknech during the menís singles final at the Shanghai Masters tennis tournament in Shanghai on October 12, 2025. (Photo by Hector RETAMAL / AFP)

Сензационалниот победник на Мастерсот во Шангај, Валентин Вашеро, забележа огромен скок на АТП листата, на која првото место и понатаму го држи Карлос Алкараз.

Вашеро играше квалификации во Шангај, на крајот си замина со трофејот во рацете и 1.000 поени.

Тенисерот од Монако, турнирот го започна како 204-ти во светот, а по завршувањето на Мастерсот се наоѓа на 40-то место.

Шпанецот Карлос Алкараз ја држи првата позиција со 11.340 поени, Италијанецот Јаник Синер е сè уште втор играч во светот со 10.000 поени, додека Александар Зверев е трет, а Тејлор Фриц е четврти. Петтата позиција ја задржа Новак Ѓоковиќ.

Шестиот тенисер на планетата е Бен Шелтон, по него следуваат Алекс Де Минор, Лоренцо Мусети, Џек Дрејпер и Карен Хачанов.


Јуве го побара Ендрик на позајмица

Јувентус интензивно работи на трансферот на талентираниот 19-годишен бразилски фудбалер Ендрик . Италијанските медиуми објавија дека Јувентус има намера да го пизајми Ендрик. Бразиелцот од почетокот на сезоната е закован за клупата кај тренеорт Чаби Алонсо.

Во интерес на Реал би било да го позајми играчот за да има континуитет на играње некаде, Јувентус сигурно би го поздравил неговиот квалитет, а Италијанецот Карло Анчелоти, инаку селектор на Бразил, би сакал Ендрик да игра што е можно повеќе за да ја одржи формата за Светското првенство следната година.

Минатата година, Ендрик дојде во Реал од бразилскиот Палмеирас, каде што играше одлично и постигна 18 голови на 66 лигашки настапи. Тој пристигна во Реал за 60 милиони евра, а досега одигра 22 натпревари во Ла Лига и беше стрелец само еднаш.

Јувентус моментално е петти на табелата во Серија А и оваа сезона, барем во првенството, повторно се мачи офанзивно. Тој постигна само девет гола на шест натпревари, па доаѓањето на Ендрик сигурно би ги зајакнало напаѓачките опции на клубот од Торино.

Во својата кариера, Ендрик одигра 14 натпревари за Бразил и постигна три гола.


Феран Торес превентивно ќе го скокне дуелот со Бугарија

Шпанскиот фудбалер Феран Торес ќе го пропушти квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Бугарија поради повреда, објави денес Шпанската фудбалска федерација (RFEF).

„По дополнителни прегледи, медицинската служба на RFEF утврди дека Торес има преоптоварен мускул, но не станува збор за сериозна повреда. Во согласност со политиката за намалување на ризиците и давање приоритет на здравјето на играчите, одлучено е Торес да го пропушти натпреварот против Бугарија. Медицинската служба на Барселона е информирана за сите детали“, се вели во соопштението на RFEF.

Квалификацискиот натпревар од групата Е за СП 2026 помеѓу Шпанија и Бугарија ќе се игра утре во 20:45 часот во Ваљадолид. Шпанија го држи првото место во табелата во групата Е со девет бода од три натпревари.

Торес (25) одигра 51 натпревар за шпанската репрезентација и постигна 22 гола.


Нови проблеми за Тудор, Бремер мора на операција

Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Глеисон Бремер, ќе мора одреден период да отсуствува во терените.

Бразилскиот дефанзивец го пропушти натпреварот против Милан пред седум дена, поради болки во левото колено.

Клубот објави дека поради менискусот на левото колено, Бремер ќе мора да биде опериран.

Ова е нов удар за Бремер кој штотуку се врати од сериозна повреда и пауза од десет месеци.

Јувентус не го објави точниот датум на неговото враќање, ниту навестување кога би можело да биде, но според некои првични индикации, неговото враќање се очекува во ноември.

Тој ќе ги пропушти натпреварите против Комо, Наполи, но и натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.


Ангелов: Од поразите научивме многу, од натпревар во натпревар играме подобро

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година утре со почеток од 18:00 часот на гостински терен во Црна Гора го игра четвртиот натпревар во овој квалификациски циклус.

Нашите фудбалски надежи во овој дуел влегуваат по домашниот триумф над Ерменија од 2-1. До победата стигнавме откако противникот имаше предност и со двата постигнати погодоци стигнавме до првите бодови.

По овој триумф одиме на второто гостување и на соочување со селекцијата на Црна Гора.

„Од поразите против Полска и Италија извлековме многу поуки. Ги видовме нашите грешки и напредокот е евидентен. Домашниот дуел против Ерменија, добро ни дојде. Освоивме три бода, сакаме да продолжиме во таа насока. Црна Гора е доволно анализирана, знаеме што може овој противник, но и кои му се слаби страни. Нема што премногу да се осврнуваме на противникот, треба да ја дигнеме нашата игра на што е можно повисоко ниво, и да постигнеме уште еден добар резултат“ – вели нашиот капитен Матеј Ангелов.


Македонија освои бод против Казахстан, проектил на Барди од слободен удар

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Казахстан на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. По осмото коло од квалификациите за СП 2026, Македонија се наоѓа на втората позиција со 13 бода, зад Белгија која е лидер со 14.

Избраните на Благоја Милевски имаа неколку шанси во првиот дел, но не успеаја да ја погодат мрежата на противникот. Во 54. минута Казахстан неочекувано дојде во водство со голот на Караман, а во 74. минута Енис Барди израмни со прекрасно изведен слободен удар.

Во последните моменти, убава можност имаше и Никола Серафимов, но шутираше крај голот.

На крајот, реми за Македонија на домашниот дуел со Казахстан.


Почина легендарниот Илија Темелковски

Македонскиот ракомет остана без познатиот спортски работник, Илија Темелковски, кој почина на 72-годишна возраст.

Тој беше екс селектор на машката сениорска репрезентација која го освои 11 место на СП во Хрватска. Темелковски имаше забележителни настапи и со младинските селекции на неколку значајни меѓународни настани.

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:00 часот на градски гробишта Бутел.


Вардар спремен за европското деби и дуелот со Сесвете

Ракометарите на Вардар утре го имаат првиот дуел од Лига Европа, а во Скопје гостува Сесвете од Хрватска. Ова е нов предизвик за „црвено-црните“ кои имаат одличен старт во домашната лига и седум победи во исто толку натпревари.

„Вардар секогаш има победнички аспирации, без разлика каде игра. Наша желба е да стигнеме што е можно подалеку во ова натпреварување. Групата е тешка, иако имињата на ривалите не се атрактивни. Но, тоа не значи дека секој натпревар е важен, секој бод ќе биде важен. Сесвете е претставник од Хрватска, не е на нивото на Загреб или Нексе, но тоа е млада екипа од Загреб, која сака да се докажува. Македонската лига во моментов е посилна и поизедначена , за разлика од Хрватската, каде Загреб е број 1, Нексе број 2, а потоа следи Сесвете. Ние ќе се фокусираме на нашата игра и со поддршката од навивачите ќе се обидеме да „запишеме“ победа“, изјави тренерот на Вардар Иван Чупиќ на денешната прес конференција.

Натпреварот Вардар – Сесвете почнува се игра утре (вторник) со почеток во 18:45 часот. Во другиот дуел од групата играат: Тулуз и Кристијанстад.