feature

Лерој Сане се враќа во Англија, го сака Артета во Арсенал

Германскиот крилен фудбалер Лерој Сане летото 2020 година
премина од Манчестер Сити во Баерн за оштета од 60 милиони
евра.
Меѓутоа, Сане никогаш во целост не ги оправда очекувањата на
„Алијанц Арена“. Тој самиот не е задоволен од статусот во тимот,
па сака на лето да ја промени средината.
Сане има договор со 2025 година и влезе во последната година
од договорот, па Баерн е спремен да слушне понуди.
Најсилен интерес за 28-годишниот Германец покажува Арсенал
бидејќи Артета е голем симпатизер на неговата игра.
Сане е отворен за преселба во Премиер лигата, па сега
„топџиите“ спремаат понуда за Баерн.


Рабио го одби Ливерпул, ќе чека понуда од Јунајтед

Адриен Рабио го напушти Јувентус како слободен агент, а според
последните информации кариерата ќе ја продолжи во Премиер
лигата.
Францускиот репрезентативец не одговори на понудата на
Јувентус за продолжување на договорот и заминува како
слободен агент.
Неколку европски клубови покажуваат интерес за Французинот,
но во моментов Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот
потпис.
Рабио ја одбил понудата на Ливерпул бидејќи сака преселба на
„Олд Трафорд“, а преговорите помеѓу двете страни се во
напредна фаза.


Димитар Пандев од Кожув се сели во Пелистер

208 сантиметри, може да игра како на крилната, така и на
центарската позиција, па за очекување е дека ќе биде од големо
значење во играта под кошевите.
Пандев изминатата сезона ја помина во екипата на Кожув ,каде
бележеше 6 поени, 4 скока и 1 асистенција во просек.
Пред овој потпис екипата на новиот тренер Александар Петровиќ
се засили со Брајан Антоан, Виктор Ташовски, Андрија Бојиќ и
Бобан Стајиќ.


Кејлор Навас пред промоција во Монца

Италијанскиот калчолигаш Монца ќе го ангажира ветеранот Кејлор Навас како слободен играч, објавуваат италијанските медиуми.

Костариканецот е трикратен победник во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, трипати го освои и Светското клупско првенство со „кралскиот клуб“. Има и титула во Ла Лига во сезоната 2016/17 година, како и два трофеи од Суперкупот на Европа.

Со досегашниот клуб Пари Сен Жермен голманот стана шампион трипати, а исто толку пати триумфира и во Купот на Франција.


Набил Дирар потпиша за Гостивар.

Македонскиот фудбалски прволигаш Гостивар ја активира „трансфер-бомбата“ во ПМФЛ.

Нов член на гостиварчани ќе стане Набил Дирар, фудбалерот кој потекнува од Мароко, има 38 години и доаѓа од првенството на Луксембург каде што играше за Шифланге.

Мароканецот зад себе има и 46 репрезентативни настапи.


Саудиска Арабија го сака Мундијалот во 2034 година

Саудиска Арабија поднесе официјална апликација до ФИФА за домаќин на Светското првенство во 2034 година.

Во октомври 2023 година, Саудиска Арабија ја објави својата намера да биде домаќин на турнирот. ФИФА потврди дека земјата е единствен кандидат за Светското првенство во 2034 година.

Официјалното поднесување на апликацијата се случи на церемонијата организирана од ФИФА во Париз.

„Ја изразувам мојата искрена благодарност до нашето визионерско лидерство кое ни овозможи да ја постигнеме оваа пресвртница во историјата на саудискиот спорт. Исто така, сакам да изразам длабока благодарност до престолонаследникот и премиерот за неговата непоколеблива поддршка за развојот на спортскиот сектор. Кандидатурата на Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година е понуда за иднината. Ова е направено за нашите деца и за оние кои сонуваат. Кралството има за цел да биде домаќин на најважниот настан во светот на фудбалот, кој ќе го потврди нашето влијание на светската сцена во различни области, вклучително и спортот“, рече принцот и министер за спорт на Саудиска Арабија, Абдул Азиз бин Турки Ал Сауд за време на настанот.


Реал подигнал кредит за да го ангажира Мбапе

Килијан Мбапе конечно летово се пресели во Реал Мадрид како слободен агент, но ќе добие голем бонус при потпис на договорот.

„Кралевите“ за да потпишат договор со Мбапе мораа да платат 100 милиони евра, а исто така Французинот ќе добива и 31,2 милиони евра годишна плата.

Ова е голем финансиски предизвик за „кралевите“, кои иако немаат финансиски проблеми, сепак решија да земат кредит во износ од 130 милиони долари.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал во моментот на ангажман на Мбапе имал 82 милиони евра на сметката како пари за тековни операции.


Момир Илиќ пред промоција за нов српски селектор

Според пишувањата на српскиот спортски весник „Журнал“, Борис Ројевиќ ќе биде заменет на местото селектор на српската машка ракометна репрезентација од страна на прославената ракометна легенда Момир Илиќ.

Некогашниот капитен на Србија го заврши престојот во унгарски Веспрем каде што беше тренер па сега е подготвен за новиот предизвик во својата кариера.

Борис Рајовиќ со Србија не успеа да се пласира на следното светско ракометно првенство откако во бараж натпреварот за пласман беше елиминиран од Шпанија.


Извлечени паровите за новата фудбалска сезона во најдобрата македонска лига

Во просториите на Фудбалската  федерација беше формиран календарот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Првото коло ќе започне на 10 август со натпреварите:

Струга – Тиквеш

Беса – Шкендија

Работнички – Силекс

Брера – Вардар

Пелистер – Гостивар

Шкупи – Воска

Титулата ќе ја брани Струга ТЉ. Последните два тима ќе се спуштат во понизок ранг а 10-та екипа ќе игра плеј-оф натпревар на неутрапен терен со третопласираната екипа во Втората фудбалска лига. Работнички и Вардар ќе го делат теренот на Градски во Скопје додека во Гостивар истоимениот тим и Беса исто така ќе играат на еден стадион.


Леброн собори историски олимписки рекорд

Кошаркарот на американската репрезентација  и ЛА Лејкерс Леброн Џејмс, влезе во историјата на олимписките игри како најстар американски кошаркар кој играл на Олимписките Игри.

Кошаркарот на 39 години беше дел од селекцијата на САД на мечот против Србија.

Претходно овој рекорд го држеше Лери Бирд кој во 1992 година на Олимписките Игри во Барселона играше на 35-годишна возраст.

Ова се четврти олимписки игри за Џејмс и има бронза во 2004 година како и златен медал во 2008 и 2012 година.