feature

Клоп се враќа на работа, ќе биде шеф на групацијата Ред Бул

Трофејниот германски тренер Јирген Клоп ќе биде „Раководител
на фудбалот“ во Ред Бул, пренесува Sky Sport.
Според изворот, 57-годишниот Германец ќе биде одговорен за
развојната стратегија на РБ Лајпциг, Салцбург, Њујорк Ред Булс и
други тимови од франшизата. Клоп ќе започне со работа на 1
јануари 2025 година.
Германскито фудбалски стручњак ќе има и опција да го раскине
долгогодишниот договор доколку добие покана да стане селектор
на германската репрезентација.
Клоп летото го напушти Ливерпул, кој го водеше од октомври 2015
година. Со премиерлигашот еднаш го освои шампионатот, ФА
Купот и Суперкупот, Лигата на шампионите и Суперкупот на
Европа.


КС Групација ја спроведе 13-та крводарителска акција

Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн кои се дел од КС Групацијата денес успешно ја спроведија 13-та по ред крводарителска акција на која се собраа голем број на крвни единици.
Крводарителската акција се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола и беше со отворен карактер. Оваа крводарителска акција како и сите предходни поттикна голем интерес кај вработените од Битола, но и кај вработените од другите градови. Кон оваа крводарителска акција се приклучија и вработените од Минт Финтек Груп.


Редовното организирање на крводарителските акции е составен дел на работењето на сите компании од КС Групацијата кои со личен пример сакаат активно да допринесат за зголемување на свеста кај останатите компании кон дарувањето на крв кое е од витално значење за спасување на човечките животи.

Од менаџерскиот тим на групацијата порачаа дека организирањето на крводарителските акции ќе продолжи и во иднина бидејќи хуманоста е еден од главните постулати на програмата за општествена одговорност на самата групација.


Голем пех за Торино, заврши сезоната за Дуван Запата

Фудбалерот на Торино, Дуван Запата ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на коленото, објавија италијанските медиуми.

Запата, кој е капитен на Торино, мораше да биде изнесен од теренот во 84. минута од натпреварот против Интер во саботата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Запата ќе биде надвор од терените минимум седум месеци.


Барса го носи Сане на „Камп Ноу“?

Првите луѓе на Барселона планираат да испратат понуда до играчот на Баерн Минхен, Лерој Сане, кој полека ја загуби стартерската улога во екипата на германскиот фудбалски гигант.

Тој во сезонава ја нема посакуваната минутажа бидејќи се појави на само 4 натпревари и тоа влегуваше во игра од клупата за резерви.

Наводно, новиот тренер на шпанскиот состав, Ханси Флик, кој одлично ги познава квалитетите на Лерој Сане, сака да го ангажира на „Камп Ноу“.


Кварацкелија се предомисли, сега сака нов договор со Наполи

Грузискиот фудбалер во Наполи, Квича Кварацкелија, веројатно ќе се согласи да ја продолжи соработката со Наполи и ќе остане подолг период на стадионот – „Диего Марадона“ .

Според медиумите во Италија, претставниците на клубот и агентите на играчот за врска, деновиве ќе имаат интензивни преговори.

Искусниот фудбалер од стартот на сезоната има одиграно седум натпревари на кои забележа  три гола и имаше две асистенции.


Бонучи го одбил понудите на ПСЖ и Сити за да остане во Италија

Бонучи своевремено направи вистинска бомба потпишувајќи за Милан, но по само една година го напушти Сан Сиро и се врати во Јувентус.

Приказната околу трансферот на еден од столбовите на Јувентус и италијанската репрезентација беше многу интересна летото 2017. Тој не се раздели со Старата Дама на добра нота, на ова му претходеше лоша игра во финалето на Лигата на шампионите во поразот од Реал, а на крајот Бонучи се пресели во редовите на еден од најлутите ривали.

„Кога решив да го напуштам Јувентус во 2017 година, ме посакуваа и Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Испратија убави финансиски понуди. Пеп ме сакаше веќе во 2016 година. Сепак, решив да останам во Италија и да дојдам во Милан“, изјави Бонучи.

Сепак, тој се врати во Јувентус по само една година. Инаку, европскиот првак со Италија настапуваше и за третиот член на големата тројка на италијанскиот фудбал, Интер и со тоа се приклучи на мал, но одбран клуб на играчи во кој меѓу другите се и Роберто Баџо, Златан Ибрахимовиќ и Андреа Пирло.


Сити спреми 80 милиони евра за замена за Родри

Манчестер Сити остана без Родри до крајот на оваа сезона, а тој е играч кој беше клучен во составот на Пеп Гвардиола, па поради тоа во клубот размислуваат за негова замена.

Родри одигра голема улога во успесите на тимот на Пеп Гврдиола во изминатите сезони, па според најавите „граѓаните“ сега се спремни да потрошат 80 милиони фунти за да го заменат во јануари.

Во овој момент не е познато дали таа сума би била потрошена на еден фудбалер или па барем двајца кои ќе го надополнат неговото отсуство.

Гвардиола и останатите во неговиот стручен штаб се свесни дека без замена за толку важен играч тешко би се избориле за успешна сезона на сите фронтови.


Арсенал го купува Виктор Ѓекереш?

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лигата.

Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а оваа сезона продолжи со одличните настапи.

Спортинг ги одби сите понуди во летниот преоден рок бидејќи за неговата слобода бараше 100 милиони евра.

Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра, но и самиот изрази желба да ја промени средината. Најсилен интерес покажува Арсенал кој нема да жали пари да го доведе на Емирати.


Феран Торес се повреди, нова неприлика за Ханси Флик

Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, заработи повреда на тетивата и ќе паузира на неодредено време, соопштија од клубот во понеделник.

Торес така ќе ги пропушти натпреварите на шпанската репрезентација во Лигата на нациите против Данска во сабота и Србија следниот вторник, потврди селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте.

Медиумите пишуваат дека Феран би можел да отсуствува од шест до осум седмици откако ја заработи повредата при гостинската победа на Барса од 3-0 против Депортиво Алавес во неделата.

Барселона поради повреди веќе е без Дани Олмо, Гави, Фермин Лопез, Андреас Кристенсен, Роналдо Араухо и голманот Марк-Андре тер Штеген.


Јуве експресно го продава Даглас Луиз?

Бразилскиот играч за врска Даглас Луиз минатото лето пристигна од Астон Вила во Јувентус за 51,5 милиони евра. Тој одигра одлична сезона во Премиер лигата во Астон Вила. На 35 настапи постигна девет гола и забележа пет асистенции и одигра 3.002 минути. Се очекуваше дека ќе продолжи со добар фудбал во Јувентус, но моментално е далеку од своите најдобри изданија.

Луиз досега има осум настапи за тимот на Тиаго Мота, но ниту еден од првата минута.

Јувентус неочекувано одигра 1-1 против Каљари во Торино, а на крајот од натпреварот Луиз со несмасен фаул направи пенал, од кој гостинот доби бод. Tутоспорт пишува дека Мота не се сомнева во техничките квалитети на повремениот бразилски интернационалец.

Проблемот е во интензитетот на неговата игра, бидејќи Мота бара високо темпо и многу трчање во двата правци од сите играчи. Луиз се уште не може да го исполни ова, па затоа е во втор план.

Јувентус ќе му даде време до зимата, по што ќе одлучи за неговиот статус. Според Трансфермаркт, Даглас Луиз вреди 75 милиони евра, а беше играч и на Манчестер Сити, Џирона и Васко де Гама.