feature

Серена Вилијамс: Да имав случај како Синер ќе добиев суспензија од 20 години

Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 грен слем титули и поранешен број 1 на ВТА листата, го коментираше случајот со допинг на италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Таа во својата изјава за „Тајмс“ се осврна и на поранешната ривалка Марија Шарапова.

„Го сакам момчето, го сакам спортот. Тој е одличен за тенисот. Му треба на машкиот тенис. Но, да бидеме искрени – ако јасго направев тоа, би добила 20 години казна. Сите мои титули од грен слем турнирите би ми биле одземени”, изјави Вилијамс и додаде:

„Најчудно е што не можам да не размислувам за Марија (Шарапова)] цело ова време. Не можам да не се сочувствувам за неа“.

Јаник Синер моментално отслужува тримесечна суспензија поради прекршување на антидопинг правилата во пролетта 2024 година. Се очекува тој да се врати на наредниот месец, на Мастерсот во Рим.

Во 2016 година, Марија Шарапова сама свика вонредна прес-конференција и откри дека била позитивна на забранетата супстанција, мелдониум. Таа беше суспендирана 24 месеци.


Лаутаро: Овој Интер има машкост

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, по драматичното реми 2-2 со Баерн и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите изјави дека „нероаѕурите“ покажале дека имаат и срце и глава за вакви натпревари.

Баварците имаа три добри шанси по 90. минута до самиот крај, но не успеаја да изборат продолженија.

„Ова беше дефинитивно епски натпревар, кој ќе го паметиме долго, бидејќи Интер има огромен м***ња“, изјави Лаутаро, стрелецот на првиот гол за Интер. Овој гол беше него 150. во кариерата во дресот на Интер.

„Толку многу труд и вложивеме за да се пласираме во полуфиналето. Никогаш не се откажуваме, имаме и срце и глава“.

Ова е второ полуфинале за Интер во Лигата на шампионите во последните три сезони.


Александер-Арнолд се врати на тренинзи по повредата против ПСЖ

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека десниот бек, Трент Александер-Арнолд, кој паузираше поради повреда речиси еден месец, се вратил во тренинг процес.

Тој пропушти четири натпревари меѓу кои и финалето на Карабао купот против Њукасл.

Засега останува дилемата дали Александер-Арнолд ќе може да игра на неделното гостување кај Лестер.


Мењан заминува од Милан ова лето

Голманот на Милан, Мајк Маињан, може да биде ставен на трансфер-листата во текот на летото, најавија дел од медиумите во Италија.

Наводно, „росонерите“ се расположени да се разделат со францускиот интернационалец доколку добијат понуда во висина од 40 милиони евра.

Чуварот на мрежата на екипата од „Сан Сиро“ има тековен договор до летото во 2026 година. За 29-годишниот фудбалер наводно се заинтересирани англиските состави Манчестер Јунајтед, Челзи и Астон Вила.


Алегри фаворит за клупата на Милан следната сезона

Луѓето од Милан прават големи напори да обезбедат ново име на клупата за наредната сезона, тврдат медиумите во Италија.

Според нив, Серхио Консеисао, во текот на летото ќе си замине од редовите на „росонерите“ кои имаат разочарувачка сезона. „Газета дело Спорт“ , наведува дека неколку имиња се во преден план да седнат на клупата на Милан.

Прв на листата е искусниот Масимилијано Алегри а веднаш зад него е ставен актуелниот тренер на Болоња, Винченцо Италиано.


Компани: Повредите беа голем проблем за нас во овој двомеч

Баерн Минхен одигра нерешено 2-2 на „Џузепе Меаца“ во Милано против Интер, а тој резултат му донесе елиминација од Лигата на шампионите, оставајќи го менаџерот Винсент Компани да размислува за кризата со повреди што го снајде неговиот тим пред четврт-финалето.

„Мислам дека голем проблем пред Интер беа повредите. Моравме да сфатиме што можеме без Хироки Ито, Дајот Упамекано, Џамал ​​Мусиала, Мануел Нојер, Алфонсо Дејвис, Кингсли Коман, Александар Павловиќ“, реше Компани по натпреварот.

„Мислам дека на првиот натпревар ја покажавме добрата страна на Баерн Минхен, не зборувам за резултатот туку за играта. На вториот натпревар во Милано исто така покажавме позитивен став. Имавме многу шанси да постигнеме гол, повеќе од Интер. Имам измешани чувства. Суровата реалност е дека нема да го играме финалето на Лигата на шампионите дома. Не можеме да го промениме тоа. Освен тоа, проблем се секогаш големиот број на натпревари во краток период со многу патувања, што ја зголемува тензијата кога има отсутни“ изјави Компани.


Црвена Звезда го совлада Вардар во хуманитарниот натпревар за Кочани

Фудбалерите на Црвена звезда го победија Вардар со 3-1 на хуманитарниот натпревар одигран во Скопје.

Приходот од влезниците ќе им биде дониран на семејствата на настраданите во пожарто во Кочани.

Пожарот во дискотеката во Кочани однесе 61 живот, а повредени беа се речиси 200 луѓе, главно тинејџери.

Ова беше прво гостување на Звезда во Скопје по точно триесет години. И беше многу емотивно.

Звезда ја оправда улогата на фаворит, славеше по пресвртот, откако Вардар дојде до предност со голот на Маневски во 27.минута. Стрелецот на голот го соблече дресот и заплака откако по соло акција го совлада Глазер.

Под дресот носише маица со името на Андреј Лазарова, фудбалер на Шкупи, кој кобната вечер загина во дискотека во Кочани.Црвена звезда до крајот на првиот дел направи пресврт, во интервал од три минути во 41. и 44. по убави кации голови постигнаа Илиќ и капитенот Ктаи.

Конечниот резултат го постави Урош Сремчевиќ во 87.минута.


Њукасл го декласира Палас и скокна до третото место на табелата

Комплетирано е 32. коло во Премиер лигата, по кое Њукасл се искачи на третото место на табелата. Вечерва Њукасл го декласира Кристал Палас со 5-0 (4-0).

Њукасл од самиот почеток тргна во офанзива, па Александар Исак имаше одлични шанси веќе во осмата и десеттата минута, првиот негов обид го одбрани голманот на гостите, вториот беше непрецизен.

Њукасл поведе во 14. минута преку Џејкоб Марфи. Имаше потоа Палас шанса преку Езе, а од 38.минута започна потпот на гостите од Лондон.

Марк Гуехи си постигна автогол во 38. минута. Гуехи е вториот играч кој си постигнал автогол и дома и на гости во дуел со ист противник. Пред него, Џејми Карагер ја имаше таа несреќа против Тотенхем во сезоната 1998/99.

Во втората минута судиското надополнување во првото полувреме, Харви Барнс го постигна третиот, а шест мунути подоцна Фабијан Шер се запиша во листата на стрелците за 4-0.

Конечниот резултат го постави Александер Исак во 58.минута.

Тимот на Еди Хау, кој го пропушти вториот меч поради воспаление на белите дробови, сега е на третото место на табелата со 59 бодови, два повеќе од Нотингем Форест. Кристал Палас е на 12 место со 43.


Арсенал и Интер ја комплетираа најдобрата четворка во ЛШ

Фудбалерите на Интер и Арсенал им се приклучија на Барселона и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Топчиите“ го елиминираа европскиот шампион Реал, победија во Мадрид со 2-1 и со вкупен резултат 5-1 се пласираа во полуфиналето. Во Милано Интер и Баерн одиграа 2-2, италијанскиот шампион со вкупни 4-3 влезе меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Реал не успеа да направи уште едно чудо на „Бернабеу“ во Мадирд. По поразот 3-0 во Лондон, Реал имаше тешка задача и уште потежок противник. Арсенал упте еднаш тактички одигра перфектно.

Ритамот и концентрацијата не им ги поремети ниту промашениот пенал на Букајо Сака во 12. минута. Несериозно, Сака се обиде со „Паненка“, но лошо го направи тоа и Тибо Куртоа го прочита одбрани.

Реал го имаше поседот на топката, но тоа не му донсе резултат. Како одминуваше натпреваро видлива беше нервозата кај играчите во бели дресови. Колку беа немоќни најдобро покажува податокот дека во текот на целиот меч немаа ниту една сериозна шанса, а првиот удар во рамките на голот го упатија во 58. минута.

Сака беше тој што му донесе водство на Арсенал во 65. минута. Само две минути подоцна Винисиус успеа да израмни, по катастрофалната грешка на Вилијам Салиба, нотоа беше се од Реал вечерва.

Мадриѓаните сакаа барем почесна победа, но наместо тоа Мартинели погоди во третата минута од судиското надополнување и им донесе нова победа и големо славје на „топџиите“ во Мадрид.

Арсенал во полуфиналето ќе игра против Пари Сен Жермен, кој во претходните две кола елиминира два англиски клуба Ливерпул и Астон Вила.


Гризман уште две сезони ќе игра во Атлетико Мадрид

Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид барем уште во наредните две сезони, објави шпанскиот „Релево“.

Се најавуваше дека Гризман би можел да ја продолжи кариерата во МЛС лигата, меѓутоа последните информации говорат дека тој ќе остане на „Ванда Метрополитано“ до 2027 годна.

Неговиот актуелен договор истекува летото 2026 година и со одредена оштета можеше да замине, меѓутоа тоа нема да се случи.

Најчесто со името на Гризман се поврзуваше Лос Анџелес кој сакаше Гризман да игра во тандем со Жиру.