feature

Буфон: Мојата Италија е потценета на ова Европско првенство

Актуелниот европски првак Италија е во групата Б со Хрватска, Шпанија и Албанија. „Аѕурите“ го отвораат првенството против Албанија во сабота од 21 часот, потоа во четврток од 21 часот играат со Шпанија, а во понеделник на 24 јуни ќе играат против Хрватска во последното коло од групната фаза.

Шеф на италијанската делегација на ЕП е легендарниот Џиџи Буфон, кој на денешната прес-конференција рече дека смета дека Италија е потценета на ова првенство. „Аѕурите“ пристигнаа во Германија во понеделникот, а вчера го одработија првиот тренинг пред пет илјади гледачи.

Ова ќе биде прв голем меѓународен турнир за Буфон како шеф на италијанската делегација, па тој беше прашан за неговите чувства и размислувања пред саботниот дуел со Албанија.

„Ме интересираше како ќе се чувствувам во поинаква улога и каква ќе биде подготовката. Можам да кажам дека чувството е исто како кога бев играч. Нивото на адреналин и фокус е зголемено во однос на почетокот на подготовките. Сакам да дадам мојот мал придонес и се надеваме дека ќе направиме големи работи овде во Германија“, изјави познатиот голман кој во 2006 година во Германија ја освои титулата светски шампион.

„Мислам дека овој тим е потценет. Можам да кажам дека момците се исклучително конкурентни, а нивото на нивните човечки доблести е импресивно. Најмногу ми се допаѓа што сите имаат импресивно чувство за припадност кон репрезентацијата. Покрај тоа, имаме пет-шест врвни играчи, па можам да кажам дека го имаме вистинскиот тим за ова натпреварување.“


Гатузо претставен како нов тренер на Хајдук

Сплитски Хајдук поплднево објави дека легендарниот Џенаро Гатузо ќе го предводи тимот во новата сезона! Тој потпиша договор со сплиќани до летото 2026 година, а во Сплит ќе пристигне следната недела, на почетокот на подготовките на првиот тим, кога и официјално ќе биде претставен на Пољуд.

Во својата играчка кариера Гатузо освои речиси се што можеше да се освои. Стана светски шампион со Италија во 2006 година, потоа беше освојувач на Лигата на шампионите со Милан во 2003 и 2007 година, двоен освојувач на Серија А, УЕФА Суперкупот и Суперкупот на Италија, а еднаш го освои и Светското клупско првенство.

Неговиот последен ангажман како тренер беше во францускиот гигант Олимпик Марсеј, од чија клупа си замина во февруари годинава.


Полјакот Кивиор се враќа во Серија А

Три италијански врвни клубови се заинтересирани за трансферот на дефанзивецот на Арсенал и Полска, Јакуб Кивиор, објави новинарот Николо Шира на социјалната мрежа Х.

Според изворот, 24-годишниот фудбалер сака да добие поголема минутажа и изразува желба да го напушти клубот. Се најавува дека Арсенал бара 20-25 милиони евра за дефанзивецот, а Милан, Јувентус и Наполи веќе изразиле интерес за полскиот репрезентативец.

Јакуб Кивор се пресели во Арсенал од Специја во зимата 2023 година. Минатата сезона 24-годишниот играч одигра 30 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и три асистенции. Според информациите пазарната вредност на фудбалерот е 30 милиони евра.


Павловиќ се повреди и нема да настапи против Шкотска во Минхен

Александар Павловиќ кој место Србија ја избра Германија нема да настапи на Европското првенство поради повреда. Павловиќ се најде на списокот на Јулијан Нагелсман, но денеска е потврдено дека ќе го пропушти комплетниот турнир.

На почетокот се најавуваше дека ќе го пропушти само воведниот натпревар против Шкотска, но сепак ситуацијата била посериозна.

Причината поради која Павлвиќ нема да може да и помогне на Германиај е инфекција на крајниците. На негово место Нагелсман го повика фудбалерот на Борусија Дортмунд, Емре Чан.


Капело: Интер нема да ја одбрани титулата во Италија

Легендарниот тренер од Италија, Фабио Капело, верува дека во наредната сезона ќе биде многу поинтересна трка за Скудетото.

„Милан и Јувентус ќе го имаат главниот збор. Можеби и Наполи. Не верувам дека Интер ќе ја одбрани титулата. Конте ќе може да се насочи само кон домашните мечеви и тоа ќе биде голема предност за Наполи“ – вели познатиот фудбалски тренер.


Димитриевски претставен на „Местаља“

Нашиот фудбалски репрезентативец, Столе Димитриевски, го парафираше договорот со Валенсија. Тој во првиот контакт со медиумите нагласи дека доаѓа во клуб со голема традиција.

„Она што најмногу ме импресионира во клубот е стадионот  – „Месталја“ – изјави Димитриевски за новинарите при пристигнувањето.

Македонскиот голман стави потпис на двегодишен договор.


Атлетико го договори најдобриот стрелец во Примера

Џирона минатата сезона ги воодушеви сите фудбалски фанови ширум светот, го освои сензационалното трето место во шпанската Примера дивизион и за прв пат во историјата се пласираше во Лигата на шампионите.

Клубот од Каталонија до овој историски успех стигна најмногу благодарение на најдобриот стрелец во шпанското првенство, Украинецот Артем Довбик, кој постигна 24 гола и целосно „експлодира“ во една од најсилните лиги во светот.

Навивачите на Џирона се надеваат дека Довбик ќе дебитира во Лигата на шампионите, но Атлетико Мадрид е подготвен да им ги расипе плановите.

Имено, како што пренесуваат медиумите во Шпанија, клубот од Мадрид постигнал договор со 26-годишниот Украинец, кој е многу блиску да го облече дресот на „јорганџиите“.


Мароканецот Мазрауи мета на двата милански гиганти

Милан и Интер се силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.

Мазрауи пред две години пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата. Добива мала минутажа па и самиот е спремен да ја промени средината, а миланските гиганти сакаат да ја засилат десната бековска позиција.

Интер ова лето е спремен да го продаде Думфрис, па во Мазрауи гледа идеална замена, додека Милан бара алтернатив за Калабрија. Двата клуба веќе стапиле во контакт со агентот и се спремни да понудат 15 милиони евра за неговиот потпис.


Менди ставен на трансфер листа во Мадрид

Реал Мадрид го стави на продажба левиот бек Ферланд Менди, пренесуваат шпанските медиуми.

„Кралевите“ се во потрага по нов лев бек и се оптимисти дека наскоро ќе го комплетираат трансферот на Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.

Поради тоа не му понудија нов договор на Менди, кој влезе во последната година од договорот, па може да си замине ова лето.

Реал е спремен да слушне понуди, а интерес за Менди покажуваат неколку клубови од Премиер лигата како и од Саудиска Арабија.


Гринвуд и Даглас Луиз пред потпис со Јуве

Во редовите на Јувентус во летниот преоден рок ќе има промени, Тијаго Мота пристигнува како наследник на Масимилијано Алегри, Ди Грегорио треба да биде новиот прв голман (Шчесни е пред заминување), преговараат со Аталанта за Компајнерс…

Сега пристигнува информација и дека Јувентус би можел да добие две засилувања од Премиер лигата.

Даглас Луиз би можел да пристигне како последен играч за врска, меѓутоа за неговите услуги Астон Вила бара 65 милиони евра. Клубот од Торино се обидел да ја намали цената така што ги понудил Мекени и Илиг Жуниор. Од друга страна Луиз веќе ги договорил личнисте услови со „старата дама“.

Вториот фудбалер со кого преговараат од Премиер лигата е Мејсон Гринвуд. Напаѓачот зад себе има хаотичен период, но во изминатата сезона во Гетафе играше во одлична форма. Наводно, тој веќе изразил желба да се пресели во Торино.

Гринвуд во Јувентус би можел да пристигне на местото на Киеза за кого се шпекулира дека може да замине.