feature

ФФМ драконски го казни Гостивар заради напуштањето на теренот против Работнички

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска донесе одлуки по се она што се случуваше во рамките на 29. коло во Првата и 23. коло во Втората фудбалска лига на Македонија.

Алпер Потук – фудбалер на ФК Гостивар АД се казнува со забрана на настап во период од 2 (две) години поради повикување на директни учесници на натпревар да го напуштат натпреварот од 29. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.

ФК Гостивар се казнува со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.

ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот (службени простории) на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ против ФК Работнички.

ФК Гостивар АД се казнува со забрана на одигрување на 10 (десет) натпревари на свој терен како домаќин, односно 100 километри надвор од теренот кој го имаат пријавено како домашен терен.

Енес Уста – претседател на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.

Блажо Панов – шеф на стручен штаб на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.

Сите играчи на натпреварот од ГФК Гостивар кои биле во официјалниот записник на натпреварот против ФК Работнички се казнуваат со парична казна од 500,00 евра за фудбалер поради напуштање на натпреварот против ФК Работнички.


Суперкомпјутер го предвидува победникот на Лигата на шампионите по возбудливите полуфинални натпревари

Сите четворица конкуренти сè уште имаат вистински шанси за освојување на трофејот и суперкомпјутерот Опта ги даде своите предвидувања за најверојатниот победник оваа сезона. 

Компјутерот ја проценува веројатноста на секој натпревар (победа, реми или пораз) со користење на коефициентите од пазарот за обложување.

Шансите и рангирањето се базираат на претходните перформанси на тимот.

Натпреварот во целост е симулиран 10.000 пати за да се добие конечна проекција за секоја страна.

Париз Сен Жермен е на врвот со најголема шанса – 41.9%.
Потоа следува Барселона со 25.8%, која исто така е силен кандидат.
Интер има 20.2% шанса, додека Арсенал е со 12.1%, но сепак останува во контенција.


ГОГ Гудме стои на патот на јуниорите на Еурофарм Пелистер до европско финале

Јуниорскиот состав на Еурофарм Пелистер како што е познато ќе ја претставуа Македонија на завршниот турнир од Лигата на шампионите во јуни во германскиот Келн.

Ждрепката која денеска се одржа во седиштето на ЕХФ го спои битолскиот состав со данскиот тим ГОГ Гудме во првото полуфинале. За момците од Еурофарм Пелистер ова ќе биде прво учество на елитниот младински собир. До оваа фаза, македонскиот тим стигна со две импресивни победи во квалификацискиот турнир во Букурешт, каде што ги совладаа Киелце и домаќинот Динамо.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат европските гиганти Веспрем и Барселона.

Термините за натпреварите се 14 и 15 јуни, а ЕХФ дополнително ќе ги потврди саатниците за натпреварите.


Голема веројатноста за Џулс Кунде да го пропушти вториот натпревар против Интер

Барселона доживеа огромен удар три минути пред полувремето во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони.

Откако Каталонците се вратија во игра благодарение на голот на Ламин Јамал и уште еден од Феран Торес, Кунде падна на земја со повреда.

Французинот доби третман на теренот, но Ханси Флик беше принуден да го замени со Ерик Гарсија.

Тестовите извршени на Џулс Кунде покажаа дека тој има повреда на дисталната тетива на левата нога.


Комотни победи за трите англиски тимови во Европа

Беше совршена европска вечер за Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи.

Огромна е веројатноста за англиско финале во Европа Лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем, по нивните убедливи победи во полуфиналето над Атлетик Клуб и Бодо Глимт.

Статистичарите од Опта му даваат на Јунајтед 97% шанса да стигне до финалето, а 91% на Тотенхем – што значи 88% шанса за англиско финале.

Тоа би било само шестото англиско финале на големо европско првенство – со половина од нив вклучувајќи го Тотенхем.

Во меѓувреме, Челзи има една нога во финалето на Конференциската Лига по удобната победа на гостински терен против Џургарден.


Почина најпознатиот светски навивач

Тажни вести пристигнуваат за сите фанови на шпанската репрезентација. Почина најпрепознатливиот фан на „фуријата“, Маноло Касерес Артесеро, или попознат како „Маноло Ел Дел Бомбо“.

Навивачот кој со својот тапан и уникатна облека беше присутен на сите натпревари на Шпанија почина во 76. година од животот.

Веста за неговата смрт ја објави угледниот „Мундо Депортиво“, изразувајќи длабоко сочувство за неговото семејство. Навивачите се збогуваат со својот омилен Маноло, кој остави длабок траг како навивач со искрена емоција и човек кој секогаш пленеше со своето присуство.


Лопетеги именуван за нов селектор на Катар

Шпанскиот стручњак Хулен Лопетеги е новиот селектор на најдобрите катарски фудбалери.

Потпиша договор до крајот на Азискиот куп во 2027 година, кој се одржува во Саудиска Арабија.

– Катарската фудбалска асоцијација официјално го објавува назначувањето на шпанскиот селектор Хулен Лопетеги за нов селектор на репрезентацијата на Катар, наследувајќи го сонародникот Шпанец Луис Гарсија – се вели во соопштението на асоцијацијата.

Првата задача на новиот селектор ќе биде да се обиде да го одведе Катар до место на Светското првенство во 2026 година преку дополнителни квалификации.


Гоф и Сабаленка ќе играат за титулата во Мадрид

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на турнирот од серијата 1.000 во Мадрид, Шпанија, победувајќи ја Елина Свитолина.

Сабаленка ја победи Свитолина со 2-0 во сетови 6-3 и 7-5. Белорусинката, тенисерка број еден во светот, се пласираше во своето трето последователно финале на ВТА 1.000, како и во своето трето последователно финале во Мадрид.

Таа ќе ја брка својата 20 титула во сабота против Коко Гоф која ја совлада Ига Швјонтек.

Ова беше петта победа на Сабаленка во шесте досегашни мечеви против Свитолина.Финалето во Мадрид е закажано за в сабота од 18.30 часот. Тоа ќе биде 10 средба меѓу Сабаленка и Гоф, а Американката моментно води со 5:4.


РФМ ги одреди цените за мечот Македонија – Естонија

Македонската машка ракометна репрезентација ја очекува завршница на квалификациите за Европското првенство, дуели со Естонија и Литванија од кои овој вториот се игра во Скопје во во СЦ „Јане Сандански“.

Истиот е закажан за 11 мај од 18 часот, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја одреди цената на билетите за тој натпревар. Продажбата на влезницици започнува во петок, а истите се со цена од 200 и 300 денари.

Ќе можат да се набават на сите продажни места на МК Тикетс низ државата и на online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk)


Штип УГД слави во третиот меч, финалната серија се сели во Струмица

Одбојкарите на Штип УГД дојдоа до првата победа над Струмица 47&72 во финалната серија во најсилниот домашен шампионат.

Ова за тимот на Кристијан Ристески беше да се биде или не, притисокот беше голем, но токму во овој меч одиграа најдобро и на највисоко ниво и запишаа славје од 3-0 во сетови со 25-21, 25-23, 25-15.

Сега освојувачот на Купот на Македонија губи со 2-1 во серијата и ќе се обиде в понеделник во Струмица да се избори за мајсторка во пресметката.

Најдобар играч на домаќините беше Задмард со 18 поени, Арсов и Багаев имаа 12 и 10 поени. Милев имаше 8 поени кај поразените.