feature

Конте го сака Бонџорно како прво засилување за својот Наполи

Антонио Конте наскоро ќе седне на кормилото на Наполи, а позната е и неговата најголема трансфер желба.

Приоритет на Конте ќе биде засилување на одбраната, а прва желба е италијанскиот репрезентативец Алесандро Бонџорно.

Дефанзивецот на Торино важи за еден од најголемите италијански таленти и веќе е стандарден во италијанската репрезентација.

Наполи сака да му ја исполни желбата на Конте и  почнал да работи на трансферот, а Торино за неговата слобода бара 40 милиони евра.


Реал ќе го откупи договорот на Хоселу

Еден од клучните играчи на Реал Мадрид низ годинашниве настапи во Лигата на шампиони, Хоселу и дефинитивно во иднина останува фудбалер на „кралевите“.

Хоселу досега играше на „Сантијаго Бернабеу“ како позајмен фудбалер од Еспањол, но Реал Мадрид се одлучи сега да го откупи неговиот договор за 1,5 милиони евра откупна клаузула која „кралскиот тим“ ја активираше за да го задржи во тимот.

Тоа е еден вид награда за 34-годишниот напаѓач, кој оваа сезона беше херој од сенка за „кралевите“ и со своите два гола го елиминира Баерн во полуфиналето од ЛШ.


Пасквал ќе го презме Веспрем, Динамо Букурешт ќе добие 200.000 евра

Шпанскиот тракометен тренер Чави Пасквал ќе го преземе унгарскиот ракометен гигант Веспрем.

Искусниот стратег треба да потпише четиригодишен договор со унгарскиот шампион. Според романска „Газета“, понудата од Веспрем не можела да се одбие, а Унгарците се согласиле да ја платат и потребна ослободителна клаузула која шпанскиот тренер ја имаше со Динамо.

Пасквал ќе заработува преку 30.000 евра месечно во Веспрем, а негова цел ќе биде трофејот во Лигата на шампионите. Ослободната клаузула која унгарскиот клуб мора да ја плати на Динамо е 200.000 евра.


Пропадна продажбата на Евертон

Фирмата „777 Партнерс“, со седиште во Мајами, не успеа да го затвори договорот за купување на англискиот Евертон. Иако во септември минатата година, компанијата постигна договор со мнозинскиот акционер Фарад Мошири, од клубот соопштија дека понудата е раскината бидејќи не била комплетирана пред истекот на рокот.

„Договорот меѓу 777 Partners и Blue Heaven Holdings Limited за продажба на мнозинскиот удел во клубот истече. Клубот ќе продолжи да работи нормално додека работи со Blue Heaven за да ги разгледа сите опции за идната сопственост на клубот“, објавија „карамелите“.


Челзи му забрани на Енцо Фернандез да игра на Олимписките игри

Луѓето од фудбалскиот состав Челзи му забранија на Енцо Фернандез, да настапи за селекцијата на Аргентина на претстојната Олимпијада во Париз.

23-годишниот играч од средниот ред иако имаше желба да игра во Франција, не се најде на списокот на повикани бидејќи доби забрана од неговиот клуб.
Фернандез во последната сезона имаше 40 средби за „сините“ на кои постигна седум голови и направи три асистенции.


Спогодбено се разделија Јуве и Макс Алегри

Јувентус нема да му плати обештетување на Масимилијано Алегри кој заработи отказ на 17 мај. Двете страни направиле договор и спогодбено ја прекинале соработката.

„Сакаме да му се заблагодариме на Алегри за сите успеси постигнати во текот на годините. Му пожелуваме се најдобро во неговите наредни активности“, стои во објавата на  „старата дама“ на социјалните мрежи.

Алегри во 2021 година по втор пат се активираше во екипата од Торино.


Варан е идеалното засилување за Милан

Еден од приоритетите на Милан во летниот преоден рок ќе биде заслување на одбраната, а најново име на списокот на „росонерите“ е Рафаел Варан.

Варан ќе замине од Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната како слободен агент. Интерес за Французиннот покажуваат неколку европски гиганти, како и клубовите од Саудиска Арабија.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан, кој веќе имал средба со неговиот агент.

„Росонерите“ му нудат двегодишен договор на искуниот Французин, кој е отворен за преселба во Серија А.


Бруно Фернандеш прва желба на Компани во Баерн

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш би можел да направи трансфер ова лето.

Најконкретен интерес за Фернандеш покажува Баерн Минхен, кој веќе почнал да работи на трансферот.

Баерн Минхен имал разговори со агентот на Бруно Фернандеш, Мигуел Пињо и ја разгледува можноса да го доведе на „Алијанц Арена“.

Португацот истакна дека сака да остане во Јунајтед, но сака да освојува трофеи и важен му е следниот проект. Баварците се оптимисти дека ќе испратат понуда што фудбалерот нема да може да ја одбие.


Kрос: Чест ми е што осумката ќе му ја оставам на Валверде

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос проговори за фактот дека бројот осум, со кој настапуваше за Реал Мадрид, следната сезона ќе му припадне на Федерико Валверде.

„Следната сезона мојот број осум ќе биде слободен. Ќе ми биде голема чест да му го дадам мојот број на ова момче, Федерико Валверде“, изјави Крос за „Марка“.

Тони Крос ја заврши кариерата на клупски план во дресот на Реал Мадрид со настапот во финалето од ЛШ во Лондон, а останува да ги одигра последните натпревари во дресот на репрезентацијата на Германија на ЕП каде неговата земја е организатор, по што дефинитивно ќе заврши си професионалниот фудбал.


Прославена шампионската титула на РК Еурофарм Пелистер

Во луксузниот амбиент на Голд Фелициа во Битола на 3ти јуни со свечена прослава РК Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула и го означи крајот на тековната сезона. На прославата покрај играчите и стручниот штаб беа присутни спонзорите и поддржувачите на клубот.

На настанот свое обраќање имаа челните луѓе на клубот кои им се заблагодарија на сите играчи за нивниот максимален влог во текот на сезоната кој триумфираше со освојувањето на шампионската титула. Прославата беше искористена и за проштален поздрав со седумте ракометари кои го напуштаат клубот.

Со шампањ и заеднички фотографии за спомен на добрата сезона се заокружи свечената прослава на РК Еурофарм Пелистер клубот кој го етикетира градот Битола како ракометен град.