feature

Магдебург му го продолжи договорот на Феликс Клар

Шведскиот плејмејкер Феликс Клар, кој во оваа сезона пристигна во Магдебург, веднаш ги задоволи критериумите на стручниот штаб и си доби продолжување на договорот.

Средниот бек иако имаше актуелен договор со ланскиот освојувач на титулата во ЛШ, клубот му понуди нов договор, па така Клар во германскиот првак ќе остане најмалку до 30 јуни, 2028 година.

Репрезентативецот на Шведска на 30 одиграни натпревари во Бундес лигата има постигнато 158 гола и беше меѓу најзаслужните за освоената домашна титула. Во групниот сегмент од ЛШ постигна 64 гола, додаде плус 13 во четвртфиналниот двобој со Келце.


Откажана трката за ГН на Индија во МотоГП

Овогодишната трка за Големата награда на Индија во МотоГП е откажана поради оперативни причини, соопштија денеска организаторите, додавајќи оти трката ќе се врати во календарот за 2025 година.

Минатогодишната премиерна трка во Индија се одржа во топли и влажни услови во септември и беше скратена за три круга откако возачите побараа приспособување на растојанието на трката.

„ФИМ, ИРТА и Дорна спортс објавуваат дека Големата награда на Индија нема да се одржи во 2024 година и Мото ГП го одложува своето враќање во земјата за почетокот на 2025 година поради оперативни причини“, се вели во соопштението на МотоГП.


Каташ доби нов договор во Макаби

Израелскиот евролигаш Макаби Тел Авив ја продолжи соработката во тренерот Одед Каташ до крајот на сезоната 2025/26 официјализирајќи нов двегодишен договор.

Каташ го превзема Макаби пред сезоната 2022/23 и во двете сезони поминати на кормилото на тимот успеа да се избори за место во плеј-офот, но претрпе два порази во четвртфиналната „мајсторка“.

„Среќен сум што потпишав нов двегодишен договор со Макаби. Се чувствувам ценет. Благодарам за довербата. Подготвен сум за предизвиците кои следат“, изјави Каташ.


Закажан реваншот меѓу Усик и Фјури

Oлександар Усик и Тајсон Фјури ќе имаат реванш борба на 21. декември во Саудиска Арабија, потврдија организаторите денеска.

Усик пред десет дена стана апсолутен боксерски шампион во тешка категорија, откако го совлада Фјури. Украинецот по 12 го победи Америманецот по 12 рунди боксување со судиска одлулка која беше поделена.

Имаше Усик шанса и да го нокаутира Американецот во шестата рунда, но кога Фјури го „преживеа“ тој напад се врати во борбата и остана на нозе до самиот крај.


Астон Вила не го сака, Галатасарај го продава Заниоло во Серија А

Астон Вила нема намера да го откупи Николо Заниоло и тој на крајот од сезоната ќе се врати во Галатасарај.

Италијанецот не сака да остане во Турција и сака да се врати во Серија А, а два гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Милан и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата и сакаат на лето да го доведат во своите редови.

Цената на Заниоло во моментов изнесува 20 милиони евра, сума која двата клуба се спремни да ја платат.


Бруно Гимараеш е примарна цел на Пеп ова лето

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба е ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш.

Голем интерес за неговите услуги покажуваат неколку европски гиганти, а најсериозен е интересот на Манчестер Сити.

Гимараеш неодамна го продолжи договорот со „чавките“, но во него има откупна клаузула, а Сити веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Њукасл остана без играње во Лигата на шампиони, па 27-годишниот Бразилец сака да ја промени средината, а трката за неговиот потпис веќе започна.

Англиските медиуми тврдат дека Сити ќе ја победи конкуренцијата и е во пол-позиција за неговиот потпис.


Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградната игра “Евротип Милионер” е во полн ек и битката за милионот се заострува!

Ранг листата со потенцијални добитници на огромните парични награди се менува од ден на ден а посебно е интересен “дуелот“ на двајцата типувачи од Кичево, Влатко и Александар, кои во моментот се во мртва трка за Милионот.

Драги типстери ве потсетуваме дека колку поголем број на тикети составувате и уплаќате, толку вашите шанси за добивка на главната награда од еден милион денари како и останатите огромни парични добивки на крајот од наградната игра се зголемуваат!

Со Евротип добивате #СекогашПовеќе!

Правилата од наградната игра “Евротип Милионер“ погледнете ги на следниов линк https://www.evrotip.mk/contest


Јокиќ добива лудо висок договор со Денвер

Најавите се дека новиот договор на Јокиќ би можел да изнесува неверојатни 418 милиони долари.

Медиумите во САД најавуваат дека најсилната кошаркарска лига во светот планира да ги зголеми дозволените буџети за плати во клубовите и Јокиќ би требало да стави потпис на договор за соработка до сезоната 2032/2033.

Јокиќ во 2028/2029 според тој договор во би требало да добие 72 милиони долари, една сезона потоа 78 милиони долари, во сезоната 2030/31 83 милиони, па 89 милиони долари и најмногу во сезоната 2032/2033 95 милиони долари.


Тедеско нема да го поведе Куртоа на Европското првенство

FILE PHOTO: Soccer Football – UEFA Euro 2024 Qualifier – Group F – Belgium v Austria – King Baudouin Stadium, Brussels, Belgium – June 17, 2023 Belgium’s Thibaut Courtois reacts REUTERS/Yves Herman/File Photo

Белгискиот селектор Џакомо Тедеско, изненади сите со составот на Белгија за Европското првенство во Германија 2024, откако не го повика првиот голман Тибо Куртоа кој го чува голот на Реал Мадрид, и кој се врати после тешката повреда.

Тедеско објасни дека Куртоа и натаму не е подготвен да игра за Белгија, но чуден е фактот што тој брани во финишот на сезоната за Реал Мадрид, па дури може да се најде меѓу диреците во финалето во ЛШ на први јуни во Лондон.

„Тибо најдобро си го познава своето тело. Тој не е подготвен за настап на Европско првенство“, рече Тедеско.


Итудис ја презема Барселона следната сезона

Кошаркарската секција на Барселона ќе бара нов тренер и дека веќе е најдено идејно решение. Во Каталонија се незадоволни од учинокот на Роже Гримау, а идеална замена гледале во грчкиот тренер Димитрис Итуидис.

Грчкиот тренер низ кариерата е доста трофеен во Евролигата. Два пати славеше во најпрестижното натпреварување со ЦСКА, во 2016 и 2019 година.

Во клубот од Москва мина осум сезони, а беше и тренер на ПАОК, Мент, Банвита, Фенербахче, а беше и селектор на грчката репрезентација.