feature

Верстапен има на маса огромна понуда да замине од Ред Бул

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, добил неверојатна понуда кариерата да ја продолжи во Астон Мартин. Доколку ја прифати ќе стане најплатениот возач во историјата на Формула 1.

Италијанската „Газета дело Спорт“ откри дека Астон Мартин на Холанѓанецот му понудил неверојатни 264 милиони евра за тригодишен договор.

Понудата ги опфаќа сезоните 2026, 2027 и 2028 година, а Астон Мартин очигледно нема намера да штеди пари кога е во прашање доведувањето на актуелниот шампион.

Според овој извор, зад оваа астрономска понуда стои државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија — Фонд за јавни инвестиции (PIF).

Овој фонд веќе поседува 20% од компанијата „Астон Мартин лагонда“, а преку нафтениот гигант „Арамко“ е и главен спонзор на тимот.

Договорот на Ферстапен со Ред Бул е до крајот на 2028 година, но одредени клаузули овозможуваат тој да биде и пред време раскинат.


Реал пресилен за Баерн, „кралевите“ последен учесник во плеј-офот

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Баерн со 93-71 во последниот натпревар одигран во рамките на плеј-ин во Евролигата.

Реал ја комплетира листата на учесници во плеј-офот, во четвртфиналето ќе игра против Олимпијакос.

Избраниците на Чус Матео го диктираа ритамот од стартот на мечот, во ниту еден момент не му дозволија на Баерн да се врати и забележаа рутинска победа. Реал во првите десет минути ги реши сите дилеми кога оствари предност 33:17. Тимот од Минхен беше ослабен, Карсен Едвардс остана надвор од тимот поради повреда.

Кај Реал Мадрид најрасположен беше Марио Хезоња со 19 поени со седум скока и една асистенција, а го следеше Џанан Муса со 16 поени и пет скока.

Двоцифрени беа и Алберто Абалде со 13 поени и три асистенции, Факундо Кампацо со 12 поени, четири скока и пет асистенции, како и Валтер Таварес со 10 поени и три скока.

Кај Баерн се истакна Шабаз Напиер со 19 поени, четири скока и три асистенции, а го следеше Андреас Обст со 12 поени и три скока.

Двоцифрен беше и Девин Букер со 10 поени и три скока.

Плејо-фот започнува следниот вторник на 22 април (Фенер – Париз од 19:45 часот и ПАО – Ефес од 20:30 часот) и ќе трае најдоцна до 7 мај доколку има потреба мајсторки.


Евролигата ќе седне на заедничка маса со ФИБА и НБА лигата

Претседателот на турскиот кошаркарски гигант, Фенербахче свика состанок на сопствениците на клубовите во Евролигата. Според најавата, сопствениците на евролигашките тимови ќе се сретнат во Истанбул.

Претседателот на Фенербахче Али Коч ги повика сопствениците на клубовите од Евролигата на состанок следниот викенд во Истанбул за заеднички да одговорат на предлогот на НБА и ФИБА.

Како што истакнува новинарот Марк Мунде, многу е тешко да се замисли дека на средбата ќе бидат присутни Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Жоан Лапорта (Барселона).


Еурофарм Пелистер го освои Букурешт и ќе игра на Ф4 на младинската ЛШ!

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер го победи и домаќинот Динамо Букурешт (36-37) и се пласираа на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во Лигата на шампионите! Младите битолчани одиграа нов одличен натпревар во Букурешт, па со втора победа стигнаа до место меѓу четирите најдобри во Европа во младинскиот ракомет.

Алем Хаџиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 12 постигнати голови, додека Станчиу и Димитру запишаа по 11 погодоци за Динамо. На завршниот турнир во младинската Лигата на шампионите во Келн веќе се пласираа Барселона, Веспрем и дански ГОГ Гудме.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер: Алем Хаџиќ, Леонид Лозановски и Јован Марковски се најдоа во идеалниот тим на турнирот на Лигата на шампионите во младинска конкуренција во Букурешт.

Алем Хаџиќ со 26 гола е најдобар стрелец и прогласен за најкорисен ракометар на турнирот (МВП).


Баркола добива нов договор во ПСЖ

Раководството на Пари Сен Жермен планира да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Бредли Баркола, објави новинарот Николо Шира на својата страница на социјалната мрежа Х.

Според изворот, новиот договор со фудбалерот ќе трае до 2030 година. Исто така, се истакнува дека клубот ќе ја зголеми платата на играчот.

22-годишниот офанзивен играч за врска Баркола одигра 48 натпревари за парижаните во сите натпреварувања во сезоната 2024/2025, постигнувајќи 18 гола и 16 асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 70 милиони евра.


Чаби Алонсо го води Џонатан Тах со себе во Мадрид

Централниот дефанзивец на Баер Леверкузен и германски репрезентативец Џонатан Та би можел да го следи Чаби Алонсо во Реал Мадрид доколку шпанскиот стручњак биде назначен за нов тренер на „кралскиот клуб“.

Според информациите на Флоријан Плетенберг од „Скај Спорт Германија“, евентуалната преселба на Алонсо во Мадрид би можела да го отвори патот за трансфер на Џонатан Та на „Сантијаго Бернабеу“. Реал Мадрид има итна потреба од освежување на одбраната, откако минатото лето не успеа да потпише замена за Начо, а сезоната 2024/25 започна со само тројца природни централни бекови – Едер Милитао, Антонио Рудигер и Давид Алаба.

Сепак, Милитао заработи втора последователна тешка повреда на вкрстените лигаменти на коленото, а другите двајца сега имаат над 30 години. Ова бараше употреба на играчот од средниот ред Аурелиен Чумане како импровизиран централен дефанзивец, додека Раул Асенсио почна да се наметнува како опција во одбраната.

„Доколку Чаби Алонсо се пресели во Реал Мадрид, фокусот на трансферот нема да биде толку на Флоријан Вирц, туку на Џонатан Та. Тој е оној кој би можел да го следи во Шпанија“ напиша Плетенберг.


Три гиганти го сакаат Зубименди од Реал Сосиедад

Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, ова лето е приоритет на трансферот во Реал Мадрид, ова го објавија дел од медиумите во Шпанија.

Според истите, и Кралскиот клуб е многу заинтересиран за 26-годишниот фудбалер. Претставниците на Реал Мадрид стапиле во контакт со Зубименди и му кажале за плановите за него.

Претходно медиумите објавија дека интерес за шпанскиот играч за врска покажуваат и Арсенал и Манчестер Сити.

Сезонава Зубименди одигра 42 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна два гола и имаше две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност е 60 милиони евра.


ПАО ги продаде сите сезонски билети за само два дена!

Панатинаикос веќе ги продаде сите претплатни билети за идната натпреварувачка кампања.

Верноста на навивачите кон актуелниот европски шампион се покажа со тоа што атинскиот клуб околу 15 илјади сезонски билети, а остатокот од околу 4.000 ќе бидат пуштени во слободна продажба, пред натпреварите.

Панатинаикос е трет најгледан тим во Евролигата оваа сезона со вкупно 292.670 гледачи на своите натпревари на домашен терен, а пред него се само Партизан и Црвена Звезда.


Аргентинецот Дијаз доби отказ од клупата на Коринтијанс

Бразилскиот фудбалски гигант Коринтијанс му врачи отказ на тренерот Рамон Дијаз по само четири кола од националниот шампионат.

Под водство на аргентинскиот стратег, Коринтијанс минатиот месец го освои Паулиста, трофејот во првенството во сојузната држава, но имаше очаен старт во бразилскиот шампионат.

Четирите бодови освоени во првите четири кола од бразилскиот шампионат и поразот од Флуминенсе со 0-2 пред два дена, заедно со лошите настапи во Копа Судамерикана, придонесоа за одлуката на клупското раководство да ја прекине соработката со аргентинскиот тренер.

Дијаз (65) беше на чело на Коринтијанс од јули минатата година, а лани го спаси клубот од испаѓање.


Шортс во идеалниот тим на сезоната во Евролигата

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и член на Париз, Ти-Џеј Шортс, доби големо признание и се најде во идеалната петорка на регуларниот дел на Евролигата.

Плејмејкерот во францускиот дебитант имаше сезона од соништата, во повеќе наврати беше МВП на колото и на месецот, а во просек заврши со 18,8 поени, 7,5 асистенции и 23,3 индекс-поени по меч.

Тоа му донесе место рамо до рамо со Саша Везенков (Олимпијакос), Најџел Хајс-Дејвис (Фенербахче), Кендрик Нан (Панатинаикос) и Карсен Едвардс (Баерн Минхен).

Париз да подсетиме ќе игра историска серија во четвртфиналето во Евролигата против турски Фенербахче.