Руне ги замрси сметките на Алкараз и го освои турнирот во Барселона
Данскиот тенисер Холгер Руне ја освои титулата на турнирот од серијата 500 во Барселона.
Руне стигна до петтиот трофеј во кариерата откако во финалето го совлада Карлос Алкараз со 7-6, 6-2.
Алкараз, победникот во 2022 и 2023 година, го мачеше и повреда на мускулот на десната нога, поради која не можеше да биде на ниво, особено во вториот сет.
Првиот сет беше драматичен, Руне најпрво ја надополни негативата од брејк, а потоа пропушти две сет-токи, пред да го материјализира петтата во тај-брејкот.
Алкараз побара медицински тајм-аут во средината на вториот сет, Руне потоа направи брејк, па уште еден и ги реши дилемите околу победникот.
Алкараз се држеше до крајот, но практично статираше на теренот.
По овој пораз Алкараз од утре ќе падне на втората позиција на АТП листата.
Грчките гиганти го сакаат Ти Џеј Шортс
Кошаркарот на Париз, натурализираниот Македонец Ти Џеј Шортс одигра историска сезона во Евролигата и со своите фантастични партии го одведе тимот во плеј-офот на дуел против Фенербахче. Македонскиот плеј Ти Џеј Шортс желба на евролигашите Панатинаикос и Олимпијакос.
Со своите игри во најквалитетното европски натпреварување македонскиот репрезенативен плејмејкер го привлече вниманието на најбогатите клубови од Стариот континет.
Според информациите на „BasketNews“ бекот на Париз летово ќе биде еден од најбараните и најскапи кошаркари во Европа.
За феноменалниот плеј голем интерес веќе искажаа неколку екипи, како Панатинаикос и Олимпијакос, но доколку некој тим сака да го ангажира ќе мора да издвои неверојатна цифра од 2.000.000 евра.
Според извори на „Баскет Њуз“, заинтересираните веќе се натпреваруваат, па во оптек е сумата од 2.500.000 евра, а постои можност таа дополнително да се зголеми доколку во трката за македонскиот бек се вклучи уште некоја екипа.
175 санитиметри високиот Ти Џеј сезонава во Евролигата има просек од 18,8 поени, 2,7 скока, 7,5 асистенции и една украдена топка за просечни 23,2 индексни поени по натпревар.
Дарио Ивановски прв Македонец што истрчал 10.000 метри под 30 минути
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд на 10.000 метри и тоа подобрувајќи го стариот за 33 секунди и стана прв Македонец кој 10 километри на тартан истрчал за помалку од половина час.
На денешната трка од националниот Куп која се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Дарио испиша историја со време од 29 минути, 31 секунди и 27 стотинки.
И претходниот национален рекорд беше негов, времето беше 30 минути, 04 секунди и 66 стотинки.
Попович пуштен на домашно лекување
Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Попович е дома и се чувствува добро откако вчера додека вечерал во локален ресторан му се слошило и бил пренесен во болница.
Американските медиуми објавија дека службите за итни случаи одговориле на повикот дека некој се онесвестил во ресторанот.
Попович го пропушти поголемиот дел од оваа сезона поради „благ мозочен удар“ што го доживеа на 2 ноември.
Грилиш ќе си замине од Сити на крајот од сезоната
Англискиот фудбалер Џек Грилиш според англиските медиуми ќе замине Манчестер Сити.
Грилиш повремено знаеше да прикажува солидни настапи, но далеку од тоа дека ги оправдува вложените финансиски средства во него.
Како можни опци се споменуваа Њукасл и Тотенхем, но и враќање во Астон Вила.
Најавите од Островот се дека Манчестер сити за него ќе прифати понуда од околу 80 милиони евра.
Грилиш во Англија одигра над 200 натпревари за Астон Вила, додека за Манчестер сити настапи на 97 натпреварии во кои постигна 12 погодоци.
Петрушев се враќа во НБА лигата
Српскиот кошаркар Филип Петрушев бележи во просек од 14,1 поен и 4,9 скока во Евролигата.
„Сакам што поскоро да се вратам во НБА-лигата. Подобро е да го направам тоа сега отколку кон крајот на кариерата. Немав среќа во Филаделфија. Кога почнав да играм, ме трејдуваа. Сега ја вратив самодовербата и сакам да добијам втора шанса“, изјави Петрушев.
Крилниот центар има клаузула во својот договор со Олимпијакос дека може веднаш да замине во САД доколку добие понуда од некој НБА клуб.
Конте индиректно најави заминување од Наполи
Фудбалерите на Наполи синоќа ја победија Монца на гостински терен со 1-0 во 33. коло од Серија А и со 71 бод се изедначија со Интер на првото место на табелата, иако Интер има натпревар помалку а тоа е вечерашното тешко гостување во Болоња.
Наполитанците во преостанатите пет кола имаат многу полесен распоред од бранителот на титулата, а треба да се напомене и дека Интер ќе биде оптоварен со полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона и полуфиналето од Купот на Италија против Милан. Наполи, пак, до крајот на сезоната има само натпревари во Серија А.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте синоќа одржа бурна прес-конференција по тешкиот триумф во Монца, а од неговиот говор се чини дека „не му цветаат рози“ на „Марадона“ и покрај одличните резултати.
„Јас имам одговорност и вие, медиумите, први го потенциравте тоа со зборовите дека ако Конте е на клупата, тимот мора да победи. Бидејќи тоа ми го припишавте мене, не сакам да ги изневерам навивачите. Не можам да се потпрам на чуда наместо на план. Го почитувам и го ценам претседателот на Наполи (Аурелио де Лаурентис) Навивачите на Наполи имаат високи стандарди ако не победат, се лутат“, рече Конте и додаде:
„Морам да одмерам сè, и не сум будала. Направив голем притисок врз себе, но ми треба вистинско оружје за да се борам. Во спротивно, тоа е масакр и не сакам да ме исечат. Ќе седнам на преговарачка маса со претседателот, а потоа ќе видиме. Ќе имаме приходи од квалификациите за Лигата на шампиони, ни помогна и трансферот на Кварацхелија, но сега искрено ќе разговарам со претседателот. Дадов се од себе, со камата. Сега сакаме да победиме заедно со момците кои напорно работат“.
„Имам добар однос со Де Лаурентис, но исто така ми треба почит. Морам да се заштитам себеси, инаку сето ова ќе биде само убаво, но завршено патување. Тука сум за навивачите на Наполи и за себе. Нема да правам будала од себе и да ги оставам да ме тепаат. Мора да продолжиме да веруваме и се надевам дека ќе имаме и малку среќа. Од јануари среќата не беше на наша страна. Веруваме во нашите можности. Играчите се одлични во тешки ситуации и ние градиме силни темели преку тие предизвици“.
Ливерпул го отпиша Дарвин Нуњез, Уругваецот заминува од Ливерпул
Дарвин Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика во летото 2022 година за сума од 85 милиони евра. Тој стана најскапиот играч во историјата на клубот. И покрај тоа што има договор со „црвените“ до летото 2028 година, клубот повеќе не смета на него.
Ова го објави Фабрицио Романо: „Се очекува Нуњез да го напушти Ливерпул на лето. Клубот ја одби понудата од Ал Наср во јануари, но во следните месеци ќе ги разгледаат сите опции. Нуњез исто така е отворен за нов предизвик”.
Ливерпул плати рекордна сума за уругвајскиот напаѓач откако тој одигра одлична сезона за Бенфика, но не успеа да се манетне на „Енфилд“.
На 138 настапи за Ливерпул, тој постигна 40 и постави 26 гола, но стана далеку попознат по своите бројни и големи промашувања.
Сезонава на 42 настапи постигна седум гола, но само 17 пати беше стартер.
„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 50 милиони евра.
Гвардиола: Ако не се пласираме во ЛШ, некои засилувања нема да пристигнат
Манчестер Сити одамна не е конкурентен во борбата за титулата англиски шампион, а до крајот на сезоната ќе води жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Им оди во прилог и податокот дека Англија следната сезона во елитата ќе биде застапена со пет клуба.
За ова е свесен и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој истакна дека клубот ќе се најде во исклучително тешка ситуација доколку следната сезона не обезбеди учество во Лигата на шампионите.
„Прилично сум сигурен дека играчите прво ќе ги изберат оние клубови кои ќе играат во Лигата на шампионите. Можеби некои играчи ќе дојдат дури и ако не играме во Лигата на шампионите, но сигурно ќе има и такви кои нема да сакаат да дојдат доколку не избориме пласман. Се уште не сум разговарал со никого, па не знам”, изјави шпанскиот тренер на прес-конференцијата пред натпреварот со Евертон.
Тој се осврна и на заминувањата откако Кевин де Брујне објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Освен Кевин де Бруине, другите имаат договори. Сега сме фокусирани на крајот на сезоната, имаме шест натпревари во првенството, плус Купот, а потоа 10 дена одмор и веднаш ќе одиме во САД на Светското клупско првенство“, изјави Пеп Гвардиола, чиј договор со „граѓаните“ е до летото 2027 година.
Ајнтрахт бара 100 милиони за Уго Екитике
Првите луѓе на Ајнтрахт Франкфурт објавија неверојатно голема сума за потписот на напаѓачот Хуго Екитике, кој влегува на радарот на неколку фудбалски гиганти од Европа.
Германскиот состав ќе бара околу 100 милиони евра за да го ослободи од обврските 22-годишниот Французин кој има договор до 2029 година.
Екитике кој влегува во плановите на челниците на Арсенал и Манчестер Јунајтед, во тековнава сезона постигна 21 гол и направи 9 асистенции во сите конкуренции.