feature

Фјури и Усик договорија реванш дуел

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври. Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено. 

37-годишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби.


Реал се откажал од трансферот на Алфонсо Дејвис

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфер сега би можел да не се случи бидејќи „кралевите“ наводно веќе се „оладиле“.

Наместо него, Анчелоти пронашол ново решение – Мигел Гутиерез. Станува збор за лев бек кој е 50% во сопственост на Реал Мадрид, остатокот од правата го има Жирона каде што игра од 2022 година.

Гтуиерез има само 22 години, а сезонава постиигна два гола и двата против Барселона, додаде и уште осум асистенции на 39 натпревари.

Реал за него би платил само осум милиони евра, што е вистинска „ситница“ во споредба со сумата која би требало да ја платат за Дејвис.


Фоден е играч на сезоната во Премиер лигата

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Филип Фоден е прогласен за најдобар играч во актуелната сезона во англиската Премиер лига. Ова го објави официјалниот сајт на „граѓаните“.

Да потсетиме, оваа сезона од англиската Премиер лига, 23-годишниот фудбалер учествуваше на 34 натпревари, на кои постигна 17 голови и 8 асистенции.

Во конкуренција на Фоден беа: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Александар Исак (Њукасл Јунајтед), Мартин Одегард (Арсенал), Кол Палмер (Челзи), Деклан Рајс (Арсенал), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Оли Воткинс (Астон Вила).

Актуелниот договор на Фоден со клубот трае до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 130 милиони евра.

Претходно, офанзивниот играч за врска на Челзи, Кол Палмер, кој потекнува од школата на Манчестер Сити, беше прогласен за најдобар млад фудбалер во тековната сезона во англиската Премиер лига.


Реал се распрашува за МекАлистер од Ливерпул

Реал Мадрид е заинтересиран за трансфер на 25-годишниот играч од средниот ред на Ливерпул, Алексис МекАлистер, пренесуваат англиските медиуми.

Според истите, во Ливерпул добиле писмо со кое јасно се искажуваат желбите за ангажирање на играчот, но се уште нема конкретна понуда од Мадрид. Реал Мадрид сака да го ангажира МекАлистер по следната сезона, кога Тони Крос и Лука Модриќ најверојатно ќе го напуштат шпанскиот тим.

Алексис МекАлистер игра за Ливерпул од летото 2023 година. Аргентинскиот играч за врска претходно настапуваше за Брајтон. Оваа сезона 25-годишниот фудбалер одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и имаше седум асистенции. Неговата пазарната вредност во моментот е околу 70 милиони евра.


Салах ја прифатил понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го
напушти Ливерпул, тврдат медиумите на Островот.
Клубовите од Саудиска Арабија не се откажуваат и на лето Салах
ќе биде нивна главна трансфер цел за кого нема да жалат пари.
Договорот на Салах со Ливерпул е до летото 2025 година и
„црвените“ не ја исклучуваат можноста да го продадат ова лето.
Претпоставката е дека тој ќе биде еден од најплатеите
фудбалери во Саудиска Арабија, со слична годишна плата од 138
милиони фунти колку што добива Нејмар.
31-годишниот Салах смета дека сега е вистински момент да го
напушти Ливерпул и е спремен да ја прифати богатата понуда од
Саудиска Арабија.


Јовиќ и следната сезона ќе го носи дресот на Милан

Лука Јовиќ миатото лето пристигна во Милан на позајмица од
Фиорентина, но „росонерите“ имаат опција да го задржат на крајот
на сезоната.
Јовиќ лошо ја отвори сезоната, но како што одминуваше сезоната
Србинот игра се подобро и моментално е во одлична форма.
Милан има опција во договорот да го задржи на крајот на
сезоната без обештетување, бидејќи Јовиќ во Фиорентина
пристигна како отстапен од Реал Мадрид.

Раководството на Милан е задоволно од неговиот учиник во тимот
и е спремно да му понуди тригодишен договор, па двете страни се
блиску до договор.


Роналдо најплатен спортист во светот во 2024 година

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го зазеде првото место во рејтингот на најплатените спортисти во светот според истражувањето на популарниот магазин „Форбс“, кое е направено за тековната 2024 година. Рангирањето може да се види на официјалната страница на магазинот и се заснова на пријавени приходи од договори, како во клубовите, така и од имиџ правата и од реклами.

Напаѓачот на саудиски Ал Наср за една година има заработено 260 милиони долари, од кои 200 милиони се неговата нето добивка во клубот, а останатите 60 милиони се од рекламни договори.

„Форбс“ забележува дека таква сума е вкупен рекорд за еден фудбалер, а самиот Кристијано Роналдо по четврти пат е на чело на рангирањето.

Роналдо и минатата година беше на врвот на оваа ранг листа со 136 милиони долари, а во 2022 година најмногу пари освои Лионел Меси.

Второто место меѓу најплатените спортисти сега го зазема шпанскиот голфер Џон Рам, чија заработка е во износ од 218 милиони долари.

На третото место е Лионел Меси. Фудбалерот на Интер Мајами може да се пофали со 135 милиони долари на сметките за годината.

Во топ 10 се најдоа и НБА играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс со 128,2 милиони долари, кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо со 111 долари, како и уште тројца фудбалери, еден кошаркар и еден НФЛ играч.


Палмер е најдобар млад фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во
Премиер лигата оваа сезона.
Играчот од средниот ред на Челзи беше прогласен за најдобар
млад играч во конкуренција на Филип Фоден и Ерлинг Халанд од
Манчестер Сити, Александар Исак од Њукасл, Коби Мејно од
Манчестер Јунајтед, Букајо Сака од Арсенал и Вилијам Салиба и
Дестини Удоџи од Тотенхем.
Траката за Златната копачка во Премиер лигата, Палмер ќе ја
заврши на второто место зад Ерлинг Халанд од Манчестер Сити,
кој постигна 27 гола.
Палмер оваа сезона постигна 22 гола и 10 асистенции за Челзи
во Премиерлигата.


Дешамп го врати Канте во репрезентацијата на Франција

Дидие Дешамп долги години ја води француската фудбалска репрезентација и тоа го прави на навистна извонреден начин, но еден од неговите најголеми квалитет според јавноста е прагматичноста.

Францускиот селектор е насочен кон успех и важни му се само резултатите, па така во својата долга етапа во неколку наврати надвор од репрезентацијата оставаше големи фудбалски ѕвезди, се со цел да го заштити интегритетот и хемијата на националниот тим.

Голмани: Мењан, Ареола, Самба

Дефанзивци: Кунде, Клаус, Павар, Конате, Упамекано, Салиба, Тео Ернандес и Менди

Среден ред: Камавинга, Фофана, Канте, Рабио, Заир Емери, Чуамени, Гризман

Напад: Дембеле, Жиру, Коло Муани, Мбапе, Тирам, Коман, Баркола


Панатинаикос ги продаде сите сезонски билети за 24 часа

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос минатото лето беше целосно ремонтиран по разочарувачката сезона 2022/23, а оваа година ги жнее плодовите од направените промени.

ПАО се засили со неколку од најдобрите играчи во Европа, Ергин Атаман седна на клупата, а сето тоа резултираше со патување на Ф4 во Евролигата во Берлин.

Избраниците на турскиот стручњак во борбата за финалето ќе играат против Фенербахче, а Атаман ја најави борбата за шампионскиот пехар.

Во исчекување на завршниот турнир во Евролигата, кој е закажан од 24 до 26 мај, од Грција стигнуваат информации дека ПАО ги распродаде сите сезонски билети за помалку од 24 часа.