feature

САД прв финалист на Светското првенство во хокеј на мраз

Репрезентацијата на САД попладнево ја победи Шведска во полуфиналето на Светското првенство со 6-2. Натпреварот се одигра во Стокхолм.

Головите за Американците ги постигнаа Брејди Ши, Катер Готје, Мајкл Ајсимон, Џексон Лакомб, Конор Гарланд и Шејн Пинто, кој имаше и две асистенции.

Вилијам Ниландер и Елиас Линдхолм ги постигнаа головите за Швеѓаните.

Репрезентацијата на САД стигна до финалето на Светското првенство за прв пат од 1960 година.

Американците во финалето ќе играат против победникот од натпреварот Швајцарија – Данска (почеток 18:20 за трофејот на Светското првенство во 2025 година, додека Шведска ќе се соочи со поразената селекција во натпреварот за бронзениот медал. И двата натпревари ќе се играат на 25 мај.


Баптиста се врати како тренер во Реал Мадрид

„Марка“ објави дека раководството на Реал (М) дало зелено светло за ангажирање на Жулио Баптиста како тренер и тој ќе работи во некоја од категориите во младинската академија на шпанскиот клуб.

Популарниот „Ѕвер“ своевремено дојде во Реал како напаѓач во 2005 година и за него на Севилја и беа платени 20 милиони евра, a остана на „Бернабеу“ до 2008 година.

Според „Марка“, иако не помина многу години во Реал, тој со својот однос и начинот на кој се раздели со мадридскиот состав си оставил отворена врата и останал во одлични односи со менаџментот.


Де Брујне се согласил на трансфер во Наполи

Кевин Де Брујне, попладнево ќе го одигра последниот натпревар за Манчестер сити, а потоа ќе го напушти клубот чии дрес го носеше цела деценија. Сити гостува кај Фулам, со победа ќе заврши на третото место со пласман во Лигата на шампионите.

Светските медиуми објавија дека Де Брујне, кариерата ќе ја продолжи во Наполи. Клубот од југот на Италија, во петокот ја освои четвртата титула во клупската историја.

Фабрицио Романо, објави дека преговорите меѓу Де Брујне и претставниците на Наполи траеле цела ноќ.

Нивната последна понуда за Де Брујне е тригодишен договор, а дури е познато и колку ќе заработува Белгиецот во новиот клуб.

Во првите две сезони, Де Брујне ќе има плата од шест евра годишно, а во третата сезона ќе има пет евра, а ќе добие и бонус за потпис на договорот.


Ѓоковиќ ја освои стотата титула во кариерата

Тенисерот Новак Ѓоковиќ ги искажа своите впечатоци од финалниот меч на турнирот во Женева по освоената 100-та титула во кариерата.

Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач со 5-7, 7-6, 7-6 и повторно покажа зошто е најдобар досега.

„Морав да работам за ова. Имав шанси во првиот сет, направив двојна грешка на сет топка. Мечот можеше да оди и на друга страна. Не знам како направив брејк, можно е и тој да ми го подари. Неколку поени го одлучија победникот, но тоа се случува на вакво ниво. Прекрасна атмосфера, полн стадион, одличен меч, ми е драго што ја освоив стотата титула“, изјави Новак Ѓоковиќ.


Британецот Кларк е победник на Македонија Опен 2025

26-годишниот Британец Џеј Кларк е победник на годинашново издание на АТП Челинџер 75 тунриот Македонија Опен откако во финалето кое траеше 84 минути го победи квалификантот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 (6-2, 6-3). За триумфот на тунирот тој освои 75 поени и 1920 евра, додека Фатиќ освои 44 поени и 7.620 евра.


Сандерленд последен избори место во Премиер лигата

Екипата на Сандерленд денес на „Вембли“ успеа да стигне до пласман во Премиер лигата следната сезона, откако славеше со пресврат од 2-1 против екипата на Шефилд Јунајтед.

Големиот камбек на „црните мачки“ дојде во второто полувреме. Шефилд денес беше подобриот противник, имаше неколку шанси, постигнаа втор гол (кој беше дискутабилно поништен), беа на дофат на 2-0 во неколку ситуации, и на крајот – загубија!

Кембел ги донесе фудбалерите на Шефилд до водство од 1-0, а пресвртот на Сандерленд го најави во 76. минута со голот на Мајенда.

Длабоко во судиското продолжение една голема грешка на средината направија фудбалерите на Шефилд Јунајтед, а тоа го искористи младиот Вотсон кој погоди за 1-2.


Тетекс, Шкендија Арачиново и Слога Виница обезбедија учество во Втората лига

Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс се последните патници во Втората фудбалска лига на Македонија. Денеска на бараж-натпреварите, најинтересно беше во Кавадарци, каде пред 5.000 гледачи Шкендија Арачиново со 2-1 успеа да слави против Осогово и со тоа следната сезона ќе игра во ВМФЛ.

На теренот на Фудбалската федерација на Македонија, Слога Виница беше убедлива против Преспа и славеше со 3:0, додека на стадионот во Ѓорче Петров гледавме вистинска драма.

Тетекс до 87. минута имаше сигурни 2:-0, за да тимот на Горно Коњари со два гола за три минути да израмни на 2-2. Мечот заврши со пенали по кои Тетекс славеше со 3-1.


Елмас: Во Торино се чувствувам како дома

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас имаше квалитетни настапи во дресот на Торино оваа пролет, но се уште не се знае дали ќе продолжи кај „биковите“ со оглед на тоа што е позајмен играч од Лајпциг со кого е под договор до 30 јуни 2028 година.

Меѓутоа повеќе од јасно е дека оваа средина и Италија како држава повеќе му лежи на Елмас и тоа самиот го признава.

„Се чувствувам одлично во Торино, храната е добра и животот е добар, враќањето во Италија беше прекрасно. Тука е поинаку отколку во Германија, таму се се затвора во 18 часот и нема никој надвор што за мене беше чудно. Мојата адаптација во Торино беше брза и одлична благодарение на моите соиграчи и навистина топлите фанови, веднаш се почувствував како дома. Така е кога ќе се сретнеш со вистински луѓе“, порача офанзивецот кој за калчолигашот постигна 4 гола на 12 натпревари.


Конте го израмни рекордот на Капело во Серија А

Наполи го победи Каљари (2-0) синоќа во 34. коло и стана шампион на Италија.

Тренерот на „наполитанците“, Антонио Конте, сега е еден од двајцата тренери кои го освоиле италијанското првенство со три различни клуба.

Во сезоните 2011/12, 2012/13 и 2013/14, тој ја освои Серија А со Јувентус, а во сезоната 2020/21 со Интер.

Претходно, само Фабио Капело успеа да го направи ова, водејќи ги Јувентус, Милан и Рома до победи во италијанското првенство.

Сепак, шампионските титули на тимот од Торино во сезоните 2004/05 и 2005/06 беа поништени поради корупциски скандал.

Конте е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2024/25 во Серија А.


Салах е фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во Премиер лигата, соопшти прес-службата на лигата.

Триесет и двегодишниот Египќанец одигра 37 натпревари, постигна 28 гола и имаше 18 асистенции.

На едно коло до крајот на првенството, Салах е лидер во трката за најдобар стрелец и асистент во Премиер лигата.

Салах стана петтиот фудбалер во историјата кој ја освоил наградата повеќе од еднаш. Тиери Анри, Кристијано Роналдо, Немања Видиќ и Кевин де Брујне сите го постигнале ова во минатото.