feature

Витор Роке договори трансфер во Палмеирас

Барселона ја потврди продажбата на Витор Роке во редовите на бразилски Палмеирас.

20-годишниот Бразилец се враќа во родната земја откако не се снајде во Шпанија и немаше многу простор за напредок во Барселона. Каталонскиот гигант го купи Роке од Атлетико Паранаенсе во јануари минатата година за 30 милиони евра, а сега го продаде во Палмеирас за 25,5 што е одлична сума ако се земе в предвид колку одигра. Исто така постои опција за уште пет милиони евра низ бонуси.

За Барса бразилскиот напаѓач постигна само два погодоци, минатата полусезона ја мина на позајмица во Бетис која беше прекината за да биде продаден.

Витор Роке инаку преку Америка МГ стигна во младинските тимови на Крузеиро за кој дебитираше во сениорскиот фудбал. Потоа за 4,7 милиони во 2022 беше продаден во Атлетико, па следеше трансферот на кариерата. Откако не се снајде сега се враќа во родната земја да ја враќа формата играјќи за Палмеирас со кој потпиша до 2029 година.


Дуплантис ја подигна летвичката на 6.30 метри

Шведската суперѕвезда во скок со стап, Арманд Дуплантис, верува дека е способен да ја надмине границата од 6,30 метри оваа сезона.

„Би било фантастично да прескокнам 6.30. Тоа е мојата цел и мислам дека сум способен да ја постигнам“, изјави Дуплантис.

Светскиот рекордер во скок со стап вечерва го очекува настап на 10 Ол Стар издание во француски Клермон – Феран.

„Убаво е да се вратиш во Франција по олимпиското злато, животот малку се промени по Игрите. Но, моите цели и ривали се исти. Ќе се обидам да дадам се од себе, да скокам се повисоко и погоре“, изјави Дуплантис.


Скоро идентична Македонија како на Мундијалот ќе се соочи со Словенија

Селекторот Лазаров го одреди списокот за двомечот со Словенија

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во Шведска, Данска и Норвешка во 2026 година.

Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе одигра двомеч против селекцијата на Словенија. Првиот натпревар ќе го оддигра во СЦ „Борис Трајковски“ на 12 март со почеток во 20:00 часот, а потоа на 16 март ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се оддигра во Копер со почеток во 18:30 часот.

Собирот е закажан за 9 март со почеток во 13:30 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје.


Ал-Наср заради Роналдо не сака да игра во Техеран

Саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср сака да го игра својот натпревар против ирански Естеглал во азиската Лига на шампиони на неутрален терен поради загриженоста за безбедноста на својата суперѕвезда Кристијано Роналдо, јавио денеска ДПА.

„Поради лошот искуство на Роналдо во Техеран минатата година, натпреварот мора да се игра на неутрален терен“, напиша Ал-Наср во писмото до Естеглал.

Засега, сепак, натпреварот останува закажан за в понеделник во главниот град на Иран.

Ал-Наср играше против друг тим од Техеран, Персеполис, во септември 2023 година и илјадници фудбалски навивачи го нападнаа хотелот на саудискиот клуб за да ја видат португалската суперѕвезда. Полицијата мораше да ја растера толпата.

Според локалните медиуми, првиот човек на иранскиот фудбал Мехди Тадш, како и раководството на Естеглал, го одбиле барањето. Од клубот изразиле уверување дека се преземени мерки за Ал Наср и Роналдо да поминат пријатно во Техеран.


Илчо Ѓорѓиоски претставен како нов тренер на Струга Трим Љум

Македонсиот прволигаш Струга Трим Љум и официјално има тренер на својата клупа. Поранешниот прв човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски е наследникот на Ќатип Османи.

Ѓорѓиоски последниот тренерски ангажман го имаше во 2023 година во грчка Каламата, додека претходно беше тренер на Брегалница. Пред мандатот во Фудбалската федерација на Македонија ги водеше Вардар, Македонија Ѓорче Петров и беше селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Со двата скопски клуба има шампионски титули во ПМФЛ.

Струга Трим Љум ги загуби првите два пролетни натпревари во Првата лига од Гостивар и Вардар и се наоѓа на петтото место на табелата со 32 бода.

Во меѓувреме Струга Трим Љум се пласираше во полуфиналето на Купот на Македонија.


Почина легендарниот шахисти Борис Спаски

Рускиот шаховски велемејстор и поранешен светски шампион Борис Спаски почина на 89-годишна возраст, соопштија денеска Руската шаховска федерација и Меѓународната шаховска федеерација.

Спаски беше светски шампион од 1969 до 1972 година, а три пати се натпреваруваше за светската титула (1966, 1969, 1972 година).

Неговиот меч со Роберт (Боби) Фишер во 1972 година, прогласен за „меч на векот“, остана запаметен во шаховската историја. Спаски имаше право да го напушти дуелот и да биде прогласен за светски шампион со резултат 2-0. Но, тој реши да продолжи, а Фишер на крајот ја освои титулата.

Реваншот помеѓу Спаски и Фишер одигран во 1992 година е забележан како еден од најдинамичните мечеви. По 20 години, двајцата шаховски великани повторно се сретнаа, но овој пат во Белград и Свети Стефан во Црна Гора, во време кога беа во сила санкциите на ОН против Југославија. Фишер победи со 10:5, но со тоа ги прекрши меѓународните санкции.

Борис Спаски е роден во Ленинград, денешен Санкт Петербург, во 1937 година. Во Франција емигрирал во 1976 година, а во 1978 година станал француски државјанин.

Спаски во текот на кариерата настапуваше за Советскиот Сојуз, Франција и Русија.


Барса пикирала нов напаѓач за следната сезона

Барселона сака летово да доведе напаѓач кој ќе биде наследник на Роберт Левандовски и веќе има неколку имиња на листата на желби. Сепак, таквата одлука на клубот најмногу ќе го „оштети“ Феран Торес за кого Каталонците веќе одлучиле што ќе прават.

Каталонците оваа сезона имаат во составот само еден класичен напаѓач, а тоа е Роберт Левандовски кој е во одлична форма за давање голови, но јасно е дека на Ханси Флик би му користел уште еден играч на таа позиција.

Тоj и порано истакнуваше дека би сакал клубот да доведе напаѓач, но не некој кој ќе биде резерва на Левандовски, туку фудбалер кој ќе биде негов наследник во иднина.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона веќе има неколку имиња на листата на желби, а првиот на истата е Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Исто така, покрај него, со Барселона се поврзува и напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез.

Сепак, одлуката на Барселона е најголем удар за Феран Торес бидејќи тој е тој што игра на местото на напаѓач кога Левандовски е надвор од стартната постава, но Шпанецот не се прослави многу.

Доаѓањето на нов напаѓач значи дека позицијата на Феран е загрозена, а шпанскиот „Фихајес“ пренесува дека во Барселона веќе одлучиле дека ќе го продадат доколку успеат да ги исполнат летнјите цели.

„Фихајес“ пишува дека интерес за играчот на Барселона веќе покажале Наполи, Милан, Арсенал и Тотенхам и дека Каталонците нема да имаат проблем да го продадат овој фудбалер летово.


Липи не е одушевен од работата на Мота

Марчело Липи кој на времето седеше на клупата на Јувентус, вели дека очекувал многу повеќе од сегашниот тренер на „бјанконерите“, Тиаго Мота.

„Старата дама“ заостанува во трката за титулата во Италија и изненадувачки испадна во елиминациите во Лигата на фудбалските шампиони.

„Очекував повеќе во однос на неговиот карактер. Не сакам да го критикувам за сè но, клупата на Јувентус е како дресот, тежи повеќе”, изјави Липи.


Гасперини посакува да ја заврши тренерската кариера во Јуве

BERGAMO, ITALY – MARCH 17: Gian Piero Gasperini, Head Coach of Atalanta BC, applauds following the Serie A match between Atalanta BC and Empoli FC at Gewiss Stadium on March 17, 2023 in Bergamo, Italy. (Photo by Emilio Andreoli/Getty Images)

Џанпјеро Гасперини, актуелниот тренер на Аталанта, се уште сонува еден ден да ја преземе клупата на Јувентус, клубот во кој започна и освои трофеи на јуниорско ниво.

„Враќањето во Јувентус по 20 години би било круна на мојата кариера“, изјави Гасперини за италијанските медиуми. 63-годишниот стручњак помина девет години во Јувентус како играч и тренер на младинците, од 1994 до 2003 година. Во овој период, Гасперини го предводеше младинскиот тим на Јувентус до неколку трофеи.

Интересно, Кристијано Џунтоли, актуелниот спортски директор на Јувентус, сакаше да го донесе Гасперини во Наполи уште во 2019 година. Сепак, тоа не се случи.

Гасперини изгради репутација на еден од најценетите тренери во Италија благодарение на неговите извонредни резултати со Аталанта, која ја трансформираше во редовен учесник на европските натпреварувања.

Гасперини е познат по својот напаѓачки стил на игра и тактички иновации, често користејќи формација 3-4-1-2. Неговата способност да развива играчи и да постигнува успеси со ограничени ресурси му донесе признание во фудбалскиот свет, вклучително и две награди за најдобар тренер во Италија (2019 и 2020 година).

Правата самостојна работа ја доби во 2003 година во Кротоне. Успеа со овој тим да избори промоција во Серија Б. Потоа следеше успешен период во Џенова од 2006 до 2010 година, при што го предводеше клубот до петтото место во Серија А. По кратки и помалку успешни епизоди во Интер и Палермо, Гасперини ја презеде 2016 Аталанта.


Дали Влаховиќ ќе го издаде Јуве и ќе потпише за Интер?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезоната. Неговиот договор истекува во јуни 2026 година, а откако одби да му биде намалена платата за да ја продолжи соработката, клубот јасно му стави на знаење дека ги брои последните денови во клубот. Математиката на Јувентус е јасна, летово мора до го продаде Влаховиќ за да заработи од неговиот трансфер.

Душан Влаховиќ, како што тврдат италијанските медиуми ќе го напушти Јувентус, но ќе остане во Серија А. За да се реализира ова сценарио во игра треба да влезе и ПСЖ.

Имено, во потенцијално еден од најневеројатните трансфери, Влаховиќ би се преселил во Интер. Од овој трансфер Јувентус би заработил помеѓу 25 и 30 милиони евра што е далеку под пазарната вредност на напаѓачот.

Во зелката треба да се вклучи и ПСЖ. Домино ефектото би го задржал Рандал Коло Муани во Јувентус, а Маркус Тирам од Интер би се преселил во ПСЖ.

Интер чека понуда за Тирам за да може да влезе во траката за потписот на Влаховиќ, тврди„ Тутомеркато“. Јувентус парите од трансферот на Влаховиќ би ги искористил да го откупи договорот на Коло Муани од ПСЖ.