feature

Имобиле сака да се врати во Италија, сам се понудил на Милан

Чиро Имобиле му се понудил на фудбалскиот клуб Милан, објавува „Кориере дела Сера“.

Искусниот фудбалер, по сопствена иницијатива, стапил во контакт со новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, кого го познава многу добро бидејќи работеа заедно во Лацио неколку години.

Имобиле играше за Бешикташ минатата сезона, но би сакал да се врати во родната Италија и веќе избрал клуб.

Бидејќи Лука Јовиќ ќе го напушти Милан,а исто така Тами Ејбрахам ќе се врати во Рома, Имобиле верува дека тој е идеален кандидат да биде ангажиран како резервен напаѓач.

Сиромашниот напаѓач, иако во доцните играчки години, зад себе имаше успешна сезона во турското првенство. Одигра 41 натпревар за Бешикташ и постигна 19 гола.


Дуплантис по дванаесетти пат го собори светскиот рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд по дванаесетти пат во кариерата.

Најдобриот скокач со стап на сите времиња повторно се надмина себеси, овој пат на митингот во Дијамантската лига на домашен терен во Стокхолм.

Дуплантис повторно, како и секогаш, се натпреваруваше сам со себе, и успеа да прескокне рекордни 6,28 метри. Светскиот рекорд го постави од првиот обид.

Надмоќта на Дуплантис во однос на конкуренцијата најдобро го отсликува податокот дека втор беше Маршал Куртис со скок од 5,90, дури 38 сантиметри помалку од Швеѓанецот.

Поради победата на митингот во Стокхолм, Дуплантис ќе добие награда од 20.000 долари, а светската атлетика го наградува секој соборен светски рекорд со 100.000 долари, што значи дека досега заработил 1,2 милиони долари само од соборувањето на рекордот.


Магдебург доминантно до европската титула во ракомет

Германски Магдебург повеќе од заслужено стигна до трофејот во Лигата на шампионите по третпат во својата клупска историја. Германскиот вицешампион ја победи Барселона во полуфиналето со 31-30, а потоа и германскиот шампион, тимот на Фухсе Берлин во финалето со 32-26 (16-12).

Во натпреварот за третото место, Нант ја победи немотивираната Барселона со 30-25.

Во тимот на Магдебург доминираа Сергеј Ернандез со 14 одбрани, Гисли Кристијансон со осум, Феликс Клар и Омар Магнусон со по шест гола. Во Фухсе Берлин, Матијас Гидсел и Хакун Тејгум постигнаа по седум гола.

Магдебург се врати на тронот по 2023 година кога последен пат се закити со европската круна.


Пике: Сакам Ламин Јамал да ја освои „Златната топка“

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, откри кому би ја дал „Златната топка“. Играв и со Усман Дембеле и со Ламин Јамал. Многу ги сакам. Усман ми беше како брат. Ламин исто така. Тој е многу, многу талентиран, посебен. Би го избрал Ламин затоа што сега е во Барселона, а игра и во Кралската лига. Но, ако Усман победи, ќе бидам среќен за него, изјави Пике за „Марка“.

Минатата сезона, 17-годишниот Јамал одигра 55 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и 25 асистенции.

28-годишниот Дембеле има 33 гола и 15 асистенции во 49 натпревари за ПСЖ


Тареми заглавен во Техеран, му виси настапот на Светското клупско првенство

Напаѓачот на Интер, Мехди Тареми, не може да го напушти родниот Иран и малку е веројатно дека ќе може да игра на Светското клупско првенство во САД.

Поради конфликтот меѓу Иран и Израел и сè што се случува на Блискиот Исток, во овој момент тој нема начин како да го напушти Техеран.

Според информациите објавени од италијанскиот „Скај Спорт“, тој моментално е во Техеран, каде што сите авиони се приземјени и немаат дозвола за полетување.

Неговите соиграчи од Интер веќе се во Лос Анџелес каде се подготвуваат за почетокот на Светското клупско првенство на ФИФА. Сигурно е дека ќе мора да се справат без него.

Првиот натпревар на Интер под водство на новиот тренер Кристијан Киву е закажан за среда, 18 јуни во 3 часот наутро против Монтереј, а потоа следат натпреварите со Урава и Ривер Плата.

Тагови: Интер Милано


Германско финале на завршниот турнир на ЛШ во Келн

Luis Diogo DA SOUSA FRADE, Felix CLAAR, Antonio SERRADILLA, Dika MEM and Magnus Saugstrup JENSEN, SF2 – Barça vs SC Magdeburg, TruckScout24 EHF FINAL4 2025, Cologne, Germany, 14.06.2025, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Бундеслигашите Фуксе Берлин и Магдебург ќе играат во финалето на годишното издание на „фајналфор“ турнирот во Келн.
Видео:Германско финале во ракометната Лига на шампиони, Барса „падна“ по последната секунда

Ова е епилогот по двете денешни полуфинални средби во кои германските екипи ги совладаа своите ривали од Франција, односно од Шпанија.

Во првото полуфинале Фуксе Берлин го „растури“ Нант со 34-24.

Вториот германски претставник на завршниот турнир во елитното ракометно натпреварување, славеше минимален триумф над Барселона со 31-30. Магдебург ја доби фаворизираната Барселона со гол во последната секунда од мечот.

Финалето ќе се игра утре со почеток во 18:00 часот. Три часа претходно е дуелот за третото место.


Руи Кошта потврди: Нема договор меѓу Бенфика и Реал за Карерас

Португалскиот великан Бенфика ќе настапува на Светското клупско првенство, а еден од членовите во тимот ќе биде и Алваро Карерас.

Овој фудбалер одамна го привлече вниманието на Реал Мадрид и шпанскиот клуб направил конкретен чекор пред одреден период во оваа насока, но понудата била одбиена од страна на Бенфика.

Тоа го потврдил претседателот Руи Кошта, кој јасно ставил до знаење дека Реал ќе треба да ги исполни барањета на Бенфика ако сака да го добие Карерас во своите редови.

„Не постигнавме договор со Реал Мадрид. Карерас е фудбалер на Бенфика и ќе игра за нас на Светското клупско првенство. Имаше понуда, но таа не ги исполни нашите очекувања, останува да видиме што ќе се случува до крајот на преодниот рок“, рекол Руи Кошта.

Во својот договор, Карерас има откупна клаузула од 50 милиони евра.


Ал Наср сака да го замени Пиоли со Спалети

Лучијано Спалети се повлече од селекторската функција во италијанската репрезентација и повторно може да ги разгледува опциите кои ги има за наредната етапа во тренерската кариера.

Италијанските медиуми тврдат дека Спалети добил понуда од Ал Наср и истата подразбира годишна плата од 18 милиони евра, сума до која искусниот стручњак сигурно не може да се надева во Европа.

Клубот од Саудиска Арабија стапил во контакт со агентот на Спалети веднаш по прес-конференцијата на која најави заминување, па сега тој треба да одлучи дали сака да се пресели во Ријад и да соработува со Кристијано Роналдо и другите ѕвезди на Ал Наср.


Маријанучи од Емполи се сели во Наполи

Дефанзивецот на Емполи, Лука Маријанучи, е нов играч на италијанскиот шампион Наполи, објави клубот од Неапол, потпишувајќи петгодишен договор со 20-годишниот Италијанец.

Според информациите во италијанскиот печат, зделката е вредна 9 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Маријанучи одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, имаше 2 асистенции и доби 2 жолти картони и 1 црвен картон.


ГОГ Гудме пресилен, Еурофарм Пелистер ќе игра за трето место во ЛШ

, YHC – SF1 – HC Eurofarm Pelister vs GOG , TruckScout24 EHF FINAL4 2025, Cologne, Germany, 14.06.2025, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес загубија од загубија ГОГ Гудме од Данска со 36-21 во полуфиналето на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони. Данскиот тим ја диктираше играта и ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар.

Веќе по првите 30 минути ГОГ Гудме водеше со пет голови предност, за на крај предноста да биде убедлива.

Најдобар стрелец кај ГОГ беше Емил Соренсен со осум гола, а Виљас Карбо имаше шест, додека кај пелистерци, Алем Хаџиќ и Карло Буторац стрелаа по четири пати

Во натпреварот за трето место Еурофарм Пелистер утре ќе се сретне со Барселона.